Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Танкер во сопственост на државната нафтена компанија на Абу Даби, АДНОК, беше нападнат додека минуваше низ Ормуската Теснина, јавија денеска државните медиуми во Емиратите. Нападот се случил синоќа и нема повредени. Тоа е трет таков напад врз бродови управувани од АДНОК во критичниот воден пат во изминатата недела. ОАЕ претходно го обвинија Иран за нападите, но не го коментираа веднаш инцидентот од синоќа. Британскиот Центар за поморски ...
Прес-конференција на СДСМ, Кети Штерјова Поминаа повеќе од пет недели од здравствената катастрофа во Гостивар а досега нема никој одговорен од власта. Цел град отруен од загадена вода, 5.000 граѓани завршија во болница, а одговорност сè уште нема. Функционери и политичари држат здравица, пијат вода пред камери а цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Срам и брука. А одговорност нула! Доколку јавниот обвинител Ненад Савески се ...
Двоспратен автобус со српски регистерски таблички кој превезувал 84 патници излетал рано утрово од автопатот „Тракија“ во Бугарија и според досегашните информации на белградски медиуми, во инцидентот нема повредени. Автобусот на туристичката агенција Go2travelling, кој превезувал српски државјани на одмор во Кушадаси, излетал од патот во Бугарија, на околу 150 километри од Софија. Несреќата се случила околу пет часот наутро. Од засега ...
Автопатот Охрид – Кичево се гради со предвидената динамика, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Фејсбук. Тој сподели фотографии од работниот состанок со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски оценувајќи дека се работи со силна динамика и се решаваат сложени инженерски проблеми. – Силна координација и силна динамика на терен. Автопатот се гради со предвидената динамика и сите ...
Прес-конференција на СДСМ, Маја Борозан Во Гостивар вчера видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица, пијат вода пред камери, велат „на здравје” и дека е „многу вкусна”. А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Цел град беше отруен, 5.000 луѓе беа заболени. Прво најавуваа дека резултатите ќе бидат готови дури на 20 август. Сега, под притисок на јавноста, наеднаш велат дека водата е чиста – ...
Земјотрес со интензитет од пет степени ја погоди пошироката област на Гранада во јужна Шпанија рано утрово, при што се оштетени згради, фасади, покриви и автомобили, но нема повредени, соопштија регионалните власти. Според Националниот географски институт (IGN), земјотресот е регистриран во 1:04 часот наутро, со епицентар на длабочина од два километри во Алхендин, во метрополитенската област Гранада, објави „Паис“. Земјотресот е почувствуван ...
Имало или немало загадување во случајот Мазут? Ова прашање е можеби прашањето за кое македонската јавност е најзагрижена во врска со овој случај. Инаку „Мазут“ е моментално на одлучување во Вишото јавно обвинителство, откако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција реши да ја запре истрагата поради недостаток на докази. Во Македонија постои Правилник за квалитетот на течните горива каде се пропишуваат ...
Полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп. На 14.08.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „Јорго Костовски“, на место викано „Тепсија“ во Битола, го лишија од слобода Е.К. (39) од Битола, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор. Претходно, на 13.08.2026 во 23:10 часот, полициски службеници од ...
На територија на државата активни се шест пожари, а еден е под контрола. Центарот за управување на кризи информира дека до 07:30 часот утрово регистрирани се вкупно 27 пожари од кои 20 се изгаснати. Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – Вртекица – Рамни Габер, кај месноста Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица во општина Македонски Брод и кај селото С’лп во општина Велес. Активни пожари има и кај селото Копанце во општина ...
Седум лица беа убиени, а тројца ранети во израелски воздушен напад врз јужен Либан рано утрово, објави државната либанска национална новинска агенција. Спасувачите се уште ги пребаруваат урнатините за други евентуални жртви. Oвој воздушен напад е еден од најсмртоносните откако Либан и Израел објавија „рамковен договор“ на 16 јуни, во кој е наведен план за повлекување на израелските сили од јужен Либан во замена за разоружување на ...
Одделението за оперативни работи во координирана акција со МВР изврши контрола врз 38 пловни објекти на Охридското езеро. Извршени се проверки на статусот на пловилата и лицата кои ги управуваат, а согласно Царинскиот закон, Законот за внатрешна пловидба и останатите регулативи со кои е регулиран увозот, прометот и управувањето на пловните објекти. „Во изминатиот период се забележува зголемена активност на платени увозни давачки за пловни ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја прогласи Ормуската Теснина за „територија на САД“. „Откако ќе го победиме Иран… ќе ја прогласам Ормуската Теснина за територија на Соединетите Американски Држави“, рече Трамп со мала насмевка на митинг во Гарден Сити, во близина на Њујорк. Американски медиуми јавија дека не е јасно колку е сериозен коментарот на Трамп и дали го одразува неговиот нов политички став. „Она што го правиме ...
Иран не донел одлука за продолжување на разговорите со САД. Пораките испратени преку Катар и Пакистан не претставуваат преговори, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи. Арагчи во интервју за иранскиот медиум „Шахара њуз“ изјави дека во моментов се водат одделни консултации со Оман за да се утврди рута низ Ормуската Теснина што ќе се користи се додека САД не ги исполнат условите за продолжување на комерцијалниот превоз ...
Јапонски тим научници објави дека се на работ на вакцина што ќе ги уништи застарените, уште наречени и „зомби“ клетки, чијшто број се зголемува со возраста и што влијаат на околните клетки, што доведува до нарушувања поврзани со возраста, вклучително и намалена еластичност на артериите. Застарените тн. „зомби“ клетки што престанале да се делат, но не умираат, предизвикуваат воспаление со ослободување хемиски соединенија што ги оштетуваат ...
Купувате домати, но не сте сигурни кој е најдобар? Можете да го проверите квалитетот со три едноставни тестови: погледнете ја кората, нежно притиснете го плодот и помирисајте го. Прво, обрнете внимание на изгледот. Квалитетниот домат не треба да има темни дамки, големи пукнатини или оштетувања. Ако кората е кашеста или плодот е видливо вдлабнат, подобро е да го прескокнете. Потоа нежно притиснете го со прстите. Добриот, зрел домат треба да ...
Најмалку 20 луѓе загинаа, шест се повредени, а две лица се водат како исчезнати по силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени што утрово ја погоди источна Индонезија. Земјотресот го погоди подрачјето во близина на островот Флорес во 5:58 часот по локално време, на длабочина од околу 10 километри, а епицентарот бил во море, околу 30 километри североисточно од Нагекео, во покраината Источна Нуса Тенгара. По главниот удар, регистрирани се ...
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 28 до 33 Целзиусови степени. Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневни ...
Голема меѓународна полициска акција против организирана криминална група е во тек, а во операцијата се вклучени надлежните институции од Македонија, Косово и Грција. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, акцијата ја спроведува Одделот за криминалистичка полиција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и со службите за борба против недозволена трговија со дрога од ...
Утрото по катастрофалниот пожар што го зафати подрачјето околу Омиш и Сплит откри сцени на пустош – изгорени автомобили, уништени куќи, опожарени бродови и огромна материјална штета. Во огнената стихија загина едно лице, а 42 лица се повредени. Осуммина од нив се во критична состојба и се борат за живот на респиратор. Сплитската полиција го пронашла телото на починатата жена на локацијата Мала Лука. Според првичните неофицијални информации, ...
Земјотрес со локална магнитуда од 2,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска попладне во 18:08 часот во Охридско-Ресенскиот регион. Според автоматските податоци од сеизмолошките апликации, епицентарот на потресот бил лоциран во близина на селото Куратица, североисточно од Охрид и Лескоец. Земјотресот бил регистриран на длабочина од околу 15 километри. Потресите со магнитуда од околу 2 степени спаѓаат во категоријата на многу ...
Двајца пожарникари биле нападнати додека интервенирале на пожар во близина на Прилеп, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според Ангелов, пожарникарите со помало противпожарно возило биле првите што пристигнале на местото каде што горела штала во која била складирана поголема количина тутун. Додека се обидувале да го изгаснат пожарот, наводно биле физички спречувани од сопственикот на објектот. ...
Пратеничката Славјанка Петровска повторно побара целосно расчистување на случајот со водата во Гостивар, оценувајќи дека еден месец по труењето јавноста сè уште нема одговори за институционалната одговорност. Повод за нејзината реакција е фотографијата на претставници на институциите пред чешма, со која, според Петровска, се испраќа порака дека проблемот е надминат. „Од големи планови за иднината, стигнавме до групна фотографија со чаши вода. ...
Локалните власти и ЈКП „Бошава“ воведоа целосна забрана за пиење и подготовка на храна со водата од градскиот водовод во Демир Капија, откако две лабораториски анализи направени во различни институции покажале спротивставени резултати за нејзината исправност. Според информациите од комуналното претпријатие, примероците биле земени во понеделник и вторник од истото мерно место, но анализите не дале ист одговор на прашањето дали водата ги ...
Втор смртен случај од западнонилска треска е регистриран во земјава. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починал 72-годишен маж од Скопје кај кого лабораториски била потврдена инфекција со вирусот Западен Нил. Информацијата ја соопшти директорот на Клиниката, Фадил Цана, кој посочи дека пациентот имал тешка клиничка слика на менингоенцефалитис. „Поради транспарентност и коректно информирање на јавноста, сакам да ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар. Несериозно и неодговорно е, по сè што се случуваше во Гостивар, од граѓаните повторно да се бара да веруваат само на изјави. Особено затоа што власта постојано даваше различни информации а изјавите на владините функционери во изминатите пет недели беа различни и контрадикторни. Прашање е и зошто досега ниту еднаш јавно ...
Во голема меѓународна полициска операција, спроведена координирано на територијата на повеќе држави, сузбиена е криминална група осомничена за меѓународна трговија со наркотици. Во досегашниот тек на акцијата се уапсени неколку лица и запленети се околу 300 килограми марихуана. Од македонска страна во операцијата учествува Министерството за внатрешни работи преку Одделот за криминалистичка полиција, во координација и соработка со мешовити ...
На 13.08.2026 во 14:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Јабланица” во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(20) од с.Калишта, струшко и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. Известен е јавен ...
Откако водата од градскиот водовод беше прогласена за безбедна за пиење, неколку функционери денеска се напија вода директно од јавна чешма во Гостивар. Со овој симболичен потег, тие сакаа да покажат дека водата повторно може слободно да се користи за пиење и секојдневна употреба. Пред присутните, функционерите се напија вода од чешма, со што испратија порака до граѓаните дека по извршените проверки, водата е оценета како безбедна за ...
На 13.08.2026 во 13:45 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода О.С.(37) од Скопје. Претходно, 62-годишен скопјанец пријавил дека најпрвин во неколку наврати го измамил за сума од над 7.000 евра за наводно посредување на царинска документација за внес на патничко возило од странска земја, по што почнал да го избегнува оштетениот. Откако увидел дека е измамен ги побарал парите што му ги ...
Од денеска водата во Гостивар е безбедна за пиење – соопшти на прес-конференција директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, шеф на Главниот штаб за управување со кризи. Ова доаѓа по последните добиени резултати потврдуваат дека водата е миркобилошки и бактериолошки исправна. „Со тоа се исполнети условите водата повторно да се користи за пиење“ изјави попладнево директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство. Водата ...