
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорни денеска даде изјава во која тврди дека руски борбен авион СУ-35 извршил заканувачки маневар во меѓународниот воздушен простор над источниот Медитеран кон француски беспилотно летало Reaper кое било ангажирано во мисија за набљудување. Овој инцидент се случи во време кога европските земји се обидуваат да ги зголемат трошоците за одбрана и да дадат поголема поддршка за Украина, пренесува Ројтерс. ...
Тренерот на Барселона, Ханс Дитер Флик е против можното враќање на бразилскиот фудбалер во Барселона. Тој се сомнева во ползата што би ја имал неговиот тим поради возраста и физичка кондиција на нејмар, пишува „Diario Sport“. Претходно беше објавено дека Нејмар сака да се врати во каталонскиот клуб, а Барселона е подготвена да размислува за потписот на напаѓачот доколку тој постигне 15 гола за Сантос до крајот на сезоната. Сепак, Флик преферира ...
Израелското Министерство за одбрана соопшти дека ги отстранува експлозивните направи од подрачјето на Голанска Висорамнина во близина на границата со Сирија. Мини и други неексплодирани средства се отстрануваат во областа околу заедницата Ајн Зиван. Голем број области на Голанска Висорамнина се полни со мини останати од претходните војни со Сирија во изминатите децении, а операциите за расчистување мини таму не се невообичаени. Голанска ...
Туристичката понуда на Македонија, најатрактивните локалитети во земјава и локалните туристички продукти ќе бидат презентирани на Меѓународната туристичка берза што од денеска наредните три дена ќе се одржува во Берлин, Германија. На големиот саем за патувања, иновации, знаење и инспирација за поместување на туристичките граници, ќе се претстават 190 земји и региони со 5.600 излагачи, сите со свои атрактивни и иновативни туристички продукти. ...
Скопје сити мол и студентската заедница во Македонија „Студентарија“ на 15 и 16 март организираат Саем за образование чија цел е да ги поврзе младите – матурантите и студентите со универзитетите, да се запознаат со можностите за образование, специјализација и професионален развој, како и со академии за дигитални вештини и компании. Ќе учествуваат десет универзитети со над 80 факултети од земјава, како и академии за дигитални вештини и продажба и ...
Покрај тоа, настанаа физички конфликти помеѓу пратениците, вклучувајќи жестока размена на удари меѓу пратениците како Митровиќ и Јованов, како и Ѓилас и Булатовиќ. Во текот на инцидентот, пратеничката Јасмина Обрадовиќ беше погодена од шок бомба и беше итно пренесена во болница, а претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, изјави дека таа доживеала мозочен удар и е во животна опасност. Покрај хаосот во салата, во близина на Собранието беше ...
Со почеток во 20:00 часот, во големата сала на Филхармонија, Лајбах во живо ќе ја претстави својата нова концертна програма базирана на култниот албум „Opus Dei“, првиот ремастериран албум на групата. Покрај овој материјал, програмата вклучува и селекција од нивните класици и одбрани песни од богатиот опус, вклучувајќи ги и објавените пред „Opus Dei“. Концертот се одржува во рамки на офф-програмата на фестивалот „Таксират“ и е дел од светската ...
На 7 март со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе впечатливата балетска претстава „Дамата со камелии“. Оваа драматична и раскошна претстава е работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. Претставата ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј ...
Холивудската легенда Џин Хекман, неговата сопруга Бетси и нивното куче беа пронајдени мртви во нивниот дом во Санта Фе, Ново Мексико. Телата ги открил нивниот чувар, а околностите под кои починале сè уште не се утврдени. Познатиот актер Ренди Квејд тврди дека станува збор за убиство. „Џин Хекман и неговата сопруга се жртви на убиство. Некоја банда ѓубриња го изведе ова и се обидува да го исценира. Престанете да зборувате само за неговите филмови ...
Ако ова откритие се потврди и во практична примена, не само што би можело да го продолжи човечкиот живот, туку и да ги ублажи или спречи болестите поврзани со стареењето, како што се остеопорозата, срцевите заболувања, некои видови рак и невродегенеративните болести. Како функционира AP2A1? Во процесот на стареење, клетките стануваат сè помалку активни – не се делат, но и не умираат, состојба позната како клеточна сенесценција. Притоа, тие ...
Доли Партон на социјалните мрежи објави дека нејзиниот сопруг Карл, за кого се омажи кога имала само 20 години, починал, оставајќи голема празнина во нејзиниот живот. „Карл и јас поминавме многу прекрасни години заедно. Зборовите не можат да ја опишат љубовта што ја делевме повеќе од 60 години. Ви благодарам за молитвите и сочувството“, напиша таа, пренесуваат странските медиуми. Карл и Доли важеле за еден од најскладните парови во јавниот ...
На 13 март од 21:30 часот, во Котур ќе се одржи концерт на турскиот пост-панк бенд, DUCKTAPE. Билети во продажба на www.drugastrana.mk и во Кафе и филм Котур. Ducktape е турско пост панк дуо, составено од Çağla Güleray (вокал, клавијатури) и Furkan Güleray (гитара, бас и тапани). Бендот спојува меланхолични мелодии со енергичен ритам и турско англиски лирики исполнети со емоции и чувства, со што создава уникатен звук, под големи влијание на ...
Студентската конференција „Дигитална слобода и родова еднаквост: Скини ги синџирите на онлајн насилството“ ќе се одржи на 10 март во амфитеатарот на Правниот факултет во Битола со почеток во 11.00 часот. Целта на оваа студентска конференција е да се фокусира на активното ангажирање на младите, особено фокусирајќи се на студентките, во адресирањето, препознавањето и справувањето со родовите дезинформации и формите на дигитално родово-базирано ...
Се е подготвено за мадридското дерби кое ќе се одигра во вторник во рамките на осминафиналето на Лигата на шампионите на УЕФА (21 часот). Во воведниот натпревар од двомечот Реал ќе биде домаќин на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, а Атлетико се надева дека со евентуален „брејк“ би можел да го отвори патот за реваншот на домашен терен. Карло Анчелоти пред натпреварот одржа прес-конференција, а новинарите накратко се потсетија на двомечот помеѓу ...
Соединетите Американски Држави одлучија привремено да ја прекинат воената помош за Украина, потврди Белата куќа, неколку дена по вербалниот конфликт помеѓу американскиот и украинскиот претседател во Белата куќа. Оваа одлука беше потврдена од страна на официјален претставник на Белата куќа, кој истакна дека помошта ќе биде паузирана додека не се увери дека украинските лидери се сериозно посветени на мирот. Според информациите, прекинот се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најавените царини од 25 проценти кон Мексико и Канада денес ќе влезат во сила, додавајќи дека овие две земји и трговските партнери на САД „немаат простор“ за понатамошни преговори. Трамп истакна дека царините се поставени за да ги „казнат“ земјите кои, како што рече, земаат од американската економија, но не и враќаат доволно. Претходно, советникот за трговија на Белата куќа, Питер Наваро, изјави ...
Илјадници унгарски судии и нивни поддржувачи денеска излегоа на протест пред Министерството за правда во Будимпешта, барајќи поголема независност на судството, слобода на изразување за судиите и поголема плата. Незадоволството на судиите почна во ноември, кога унгарската Влада и трите главни судски органи потпишаа договор со кој зголемувањето на платите беше условено со широки реформи. Според критичарите, Националниот судски совет бил под ...
Папата Франциск, кој е хоспитализиран поради пневмонија, во текот на денот имаше две епизоди на акутна респираторна инсуфициенција, поради што беше потребна употреба на неинвазивна механичка вентилација, соопшти Ватикан. Ватикан претходно објави дека папата бил симнат од респиратор и е во стабилна состојба откако помина две недели во болница. Папата Франциск не е виден во јавноста откако на 14 февруари беше примен во римската болница „Агостино ...
Сепак, само 90 минути подоцна рекоа дека ситуацијата е расчистена, но националната железничка компанија ОББ предупреди дека се очекуваат континуирани одложувања и откажувања. Иако полицијата не ја опиша заканата, некои австриски медиуми велат дека станува збор за закана за бомба. Австрија минатата година претрпе серија празни закани за бомби што поттикнуваат евакуции на поголемите станици, предизвикувајќи одложување на возниот сообраќај. ...
Главната железничка станица во Виена повторно е отворена за сообраќај откако попладнето беше евакуирана поради неодредена закана, а некои австриски медиуми објавија дека станува збор за закана за поставена бомба. „Добри вести! Нашите возови повторно сообраќаат на главната станица во Виена. Очекувајте продолжување на доцнењата и откажувањата на возовите“, соопшти националната железничка компанија ОББ. Австриската полиција претходно ја евакуираше ...
Можеби една од „најзачинетите“ шеги на Конан О’Брајан како водител на „Оскарите“ утрово, беше околу препукувањето меѓу поп-пејачите Дрејк и Кендрик Ламар. „Така, дојдовме на средина од шоуто, што значи дека сега е време Кендрик Ламар да излезе тука и да го нарече Дрејк „педофил“… Не грижете се, адвокати стојат зад мене!“, рече О’Брајан низ смеење. Алузијата беше на настапот на Ламар на полувремето на „Супербоул“ овој февруари, кога низ својот ...
Тренерот на Манчестер, сити, Пеп Гвардиола се пожали на квалитетот на топката во ФА Купот. Манчестер Сити се пласираше во четвртфиналето на турнирот откако го совлада Плимут со 3:1. Сити имаше 10 шута кои поминаа над голот или надвор од него. Во ФА Купот екипите играат со топка од „Mitre Sports“. „Обично по такви удари топката оди во голот. Оваа е тешко да се контролира. Многу фудбалери и тренери зборуваат за ова со години. Кога губите, звучи ...
Илјадници диви коњи во источна Австралија беа застрелани од хеликоптери во рамки на контроверзен план за контрола на нивната популација, со цел заштита на природната средина, јавија австралиски медиуми. Дивите коњи, познати како „брaмби“, се присутни во Националниот парк „Косцјушко“ во Снежните Планини на државата Нов Јужен Велс веќе 200 години. Тие се дел од австралиската култура и се споменуваат во песни, романи и филмови. Властите на Нов ...
Бунарот Шендитаке 1 се наоѓа во басенот Тарим во пустината Такла Макан во провинцијата Ксинџијанг во западна Кина. Дупчењето го изврши државната нафтена компанија CNPC како дел од потрагата по наоѓалишта на нафта и гас и научно истражување за историјата на Земјата и геологијата на нејзината внатрешност. Работата започна на 30 мај 2023 година, а дупчењето траеше повеќе од 580 дена, достигнувајќи длабочина од над 10.000 метри побрзо од кој било ...
Како што објави неговиот соработник Стефан Лазаров, откопувањето на гробот било откриено од семејството на Василевски и дека тоа било пријавено во полиција и дека се надеваат оти во најбрз можен рок ќе бидат пронајдени сторителите. „Таман кога човек ќе помисли дека полошо не може да биде се случува ваква работа. Некој го откопал гробот на Зоки, претпоставувам барајќи злато или вредни работи… Па добро бе , остана ли малку човечност помеѓу нас ...
Јанг не прецизираше датум, но рече дека тоа ќе биде „бесплатен концерт за сите“, а деталите ќе бидат објавени на неговата веб-страница. Јанг, еден од најуспешните музичари на својата генерација, е цврст поддржувач на Украина од почетокот на руската инвазија, а исто така е остар критичар на американскиот претседател Доналд Трамп. „Keep on Rockin’ in the FREE WORLD“, напиша тој на својата веб-страница, повикувајќи се на стиховите на неговиот хит ...
Кечерството, коешто повеќе важи за театар и глума отколку за боречки спорт, синоќа „шокантно“ го претстави Џон Сена како новиот „лош“ кечер во рингот, пишува „Јаху ентертејнмент“. Глумецот, инаку 16-кратен „ВВЕ“ шампион, досега важеше за „доброто момче“. Предвидувачите на сценариото велат дека овој потег на продукцијата е донекаде очекуван, затоа што Сена треба „да ги закачи своите боречки патики“ на крајот на оваа сезона, но сепак, е ...
Орадите и бранците обично привлекуваат најголемо внимание од купувачите, но нутриционистите почнаа да ја истакнуваат помалку позната, но еднакво хранлива риба а тоа е скушата. Оваа риба, која често се занемарува на нашите трпези, нуди низа здравствени предности кои ја прават одлична алтернатива на поскапите видови риби. Скушата е сина риба која се одликува со висок удел на омега-3 масни киселини, кои се клучни за здравјето на срцето. Омега-3 ...
Владината агенција привремено го забранила преземањето DeepSeeк и истакнала дека апликацијата повторно ќе биде достапна кога ќе се осигура дека нејзината работа е во согласност со законите за заштита на лични податоци во земјата. DeepSeek многу брзо стана популарна во Јужна Кореја и скокна на врвот на продавниците на апликации со преку еден милион корисници неделно. Нејзиниот пораст на популарноста привлекол внимание на земји ширум светот, па ...
Во Скопје доаѓаат Јелисавета Милетиќ, Марко Дражиќ, Виктор Марковиќ и Ненад Милосављевиќ, автори и сценаристи на Njuz.net, како и дел од тимот на „24 минути“ со Зоран Кесиќ. Нивната работа одамна го надмина локалниот контекст – Njuz.net стана препознатливо име низ целиот регион, благодарение на умешноста да ги претворат политичките и општествените апсурди во остроумна сатира. По шоуто, дружењето ќе продолжи во „Трн во око“. Билетите се достапни ...