Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека планира да ги зголеми царините за увоз на челик во САД од 25 на 50 проценти. „Ќе воведеме зголемување на царините од 25 проценти. Ќе ги зголемиме царините за челик во САД од 25 на 50 проценти, што дополнително ќе ја обезбеди челичната индустрија во САД“, рече тој на митинг во Пенсилванија. Во февруари, Трамп ги зголеми царините за челик и алуминиум на 25 проценти „без исклучоци или ...

Семејствата на загинатите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по осми пат ќе излезат на протестен марш. „Маршот за ангелите“ ќе започне во 16.05 часот во Паркот на револуцијата, а потоа ќе се движи по веќе утврдената рута односно преку трговскиот центар, Општинската зграда и зградата на полицијата, а ќе завшри пред зградата на Судот и Обвинителството. Семејствата на настраданите ги повикаа и роднините на повредените да се ...

Традиционално, Охрид викендов е домаќин на „Фајнал фор“ турнирот на македонскиот куп во ракомет. Програмата започнува во 17.00 часот со супер интересната пресметка помеѓу РК Алкалоид и РК Вардар, а од 19.30 во второто полуфинале ќе се сретнат домаќините РК Охрид и РК Пелистер Еурофарм. Финалето на купот е закажано за утре, недела, први јуни. Минатата година трофејот го освои РК Алкалоид а најтрофејна е екипата на Вардар со вкупно освоени 16 ...

Финалната серија во Источната конференција на НБА лигата сè уште трае, откако кошаркарите на Њујорк ја совладаа синоќа Индијана со 111-94 на домашен терен во Медисон Сквер Гарден и со тоа го намалија резултатот на 2-3 во серијата до четири победи. Со овој пораз Индијана ја пропушти првата шанса за пласман во големото финале, а втората ќе ја има ноќта меѓу сабота и недела кога шестиот натпревар се игра во Индијанаполис. Њујорк до втората победа ...

Големите поплави, предизвикани од обилни врнежи, кои ја погодија Романија вчера се закануваат да го уништат рудникот за сол Праид, кој се смета за еден од најголемите резервоари на сол во Европа. Станува збор за најлошите поплави во последните 30 години, и поради тоа властите го затворија рудникот во централниот романски округ Харгита, бидејќи надојдениот поток во близина поплави дел од рудникот. Рудникот Праид е омилен меѓу туристите поради ...

Европската Унија и шест нејзини земји членки во Обединетите нации ги депонираа своите инструменти за ратификација на Договорот за заштита на отвореното море, информира Мисијата на ЕУ при ОН. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, со ова, покрај ЕУ, кон Договорот се придружија и Кипар, Летонија, Португалија, Словенија, Унгарија и Финска, откако на почетокот на годинава тоа го сторија и Франција и Шпанија. Според европскиот комесар за ...

Англискиот репрезентативец Трент Александар-Арнолд потпиша денеска договор со Реал Мадрид. Александар-Арнолд имаше важечки договор со Ливерпул до крајот на јуни оваа година, но Реал одлучи да ја плати откупната клаузула за да може 26-годишниот дефанзивец веднаш да се приклучи на мадридскиот тим за настап на претстојното Светско клупско првенство. Целата своја кариера Александер – Арнолд ја мина во Ливерпул, дебитирајќи за првиот тим во 2016 ...

Шефот на регионалната воена управа на Запорожје (ОВА) Иван Федоров изјави дека Русите во изминатите 24 часа извршиле 507 напади врз 17 населени места во областа Запорожје, во кои две лица загинале, а пет се ранети, пренесе Укринформ. Харков и Запорожје беа цел на масовен напад на руски беспилотни летала во последните 24 часа, а во нападите загинаа две лица, додека шестмина беа ранети, потврдија денеска украинските власти. Шефот на регионалната ...

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека бројот на случаи на инфекција со коронавирус повторно се зголемува во одредени делови на светот, со појавата на нов вид на вирусот, означен како „NB.1.8.1“, но дека ризикот за јавното здравје во моментов се проценува дека е низок на глобално ниво. Зголемување на бројот на заболени е регистрирано пред се во земјите од Источниот Медитеран, Југоисточна Азија и Западниот Пацифик. Американските ...

Едно или повеќе непознати лица пристапиле до личниот мобилен телефон на шефицата на кабинетот на Белата куќа, Сузи Вајлс, и го користеле нејзиниот телефонски именик за да контактираат со високи американски функционери и да се претстават како неа, потврдија извори за CBS News. Некои од примателите препознале дека нешто не е во ред бидејќи повиците и пораките доаѓале од непознат број, а лицето кое се претставило како Вајлс побарало комуникацијата ...

Сулфатите веќе неколку години се претставуваат како нешто што ќе ја уништи косата на секоја жена, додека многумина не знаеле дека всушност се препорачува за одреден тип. Иако често избираме шампони за да постигнеме сјајна и здрава коса, ретко обрнуваме внимание на состојките што ги содржат овие производи. Една од најчестите и најконтроверзните состојки, сулфатите, со години предизвикува дебата меѓу експертите и корисниците. Во Србија се ...

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година. Со оваа награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност. Конкурсот за државната награда ќе трае од 1 до 30 јуни 2025 ...

По повод 1 Јуни, Меѓународниот ден на детето, во Домот на културата во населбата Ѓорче Петров во Скопје, на 02.06. (понеделник) во 11 часот ќе биде отворена изложбата на цртежи насловена „Моите херои” на Јана Иванова (10 години). Ова е трето ликовно претставување на Јана која, изминатиот месец со истата поставка се претстави во Младинскиот центар „Матично” и на Филозофскиот факултет во Скопје. Со своите бравурозни прикази на своите јунаци кои ...

Студентите во блокадата за попладнево во Белград најавија протест наречен „Сакаме избори“. Според објавите на социјалните мрежи, протестот треба да започне во 16 часот и 30 минути. кај поранешната Главна железничка станица, која ќе биде збирно место. Во 17 часот и 15 минути ќе има говор, како и 16 минутен молк за жртвите од падот на новосадската настрешница на 1 ноември минатата година, а потоа ќе се упатат кон Вишото јавно обвинителство на ...

Повеќе од 17.000 луѓе од канадската покраина Манитоба беа евакуирани во средата поради шумските пожари што се шират. „Владата на Манитоба прогласи вонредна состојба на целата покраина поради ситуацијата со пожарите“, изјави премиерот на Манитоба, Ваб Кинеу, на прес-конференција. „Ова е најголемата евакуација што Манитоба ја има доживеано”, додаде тој. Кинеу изјави дека побарал од премиерот Марк Карни да ја ангажира војската за помош во процесот ...

Огромен дел од глечер на швајцарските Алпи вчера се отцепи предизвикувајќи свлечиште од мраз, кал и карпи што го затрупа поголемиот дел од планинско село кое беше евакуирано поради ризик од одрон на карпи, соопштија локалните власти. Едно лице во моментов се води како исчезнато, соопштија официјални лица. Снимки од дрон емитувани од швајцарскиот национален радиодифузер СРФ покажаа огромна површина од кал и земја која целосно покрива дел од ...

Економијата на САД во првиот квартал од годината забележа пад од 0,2 отсто на годишно ниво, што е прво намалување во изминатите три години. Растот во првиот квартал беше намален од наглиот пораст на увозот, бидејќи американските компании брзаа да увезуваат артикли пред претседателот Доналд Трамп да воведе огромни царини. Падот на бруто домашниот производ (БДП) од јануари до март уследи по раст од 2,4 проценти во четвртиот квартал од 2024 година. ...

Управата за водење на матични книги попладнево информираше дека е постигнат меѓуинституционален договор со кој свечената сала во објектот „Порта Македонија“ ќе може да се користи за граѓански венчавки. „Според договорот, Управата ќе има право да ја користи просторијата во деновите четврток, петок, сабота и недела, во термин од 14:00 до 17:30 часот, за реализација на службени венчавки“, информираа од Управата за водење на матични книги. ...

На претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен денеска и беше врачена Меѓународната награда „Карло Велики“ за придонес на европското единство. За време на церемонијата на доделување, што се одржа во Ахен, Германија, шпанскиот крал Фелипе Шести ја нарече Лајен „олицетворение на европскиот дух“. Лајен годишната награда „Карло Велики“ ја доби во момент кога Европска Унија се соочува со војната во Украина, трговската војна на со САД и ...

Албанската влада ја одобри одлуката со која се утврдуваат процедурите, начинот и правилата за враќање на резервниот воен персонал во активна служба на вооружените сили на земјата. „Одлуката има за цел да ги зајакне одбранбените способности на земјата преку транспарентен процес, заснован на принципите на еднаквост, меритократија и недискриминација, да има вооружени сили со квалификуван персонал, по најдобрите модели на земјите на НАТО, стои во ...

Полициските службеници затекнаа „морничава глетка“ кога одговорија на повиците за истрели од огнено оружје регистрирани во паркот Хари Тод во Лејквуд, соопшти локалната полиција. Досега никој не е уапсен. Повеќе од 100 луѓе биле во паркот, што се наоѓа во близина на Американ Лејк, кога било пукано, соопшти полицијата. Инцидентот се случи неколку дена по пукањето на Денот на сеќавањето во парк во Филаделфија, во кое загинаа две лица, а девет беа ...

За брза интервенција и поддршка на локалните служби, во текот на јули и август, околу 650 пожарникари од 14 европски земји ќе бидат стратешки распоредени на ризични локации во Франција, Грција, Португалија и Шпанија. Тие ќе ги засилат локалните капацитети за справување со пожари. Покрај човечките ресурси, ќе бидат ангажирани и 22 противпожарни авиони и 4 хеликоптери, стационирани во 10 земји-членки, подготвени за брза реакција при потреба. Овие ...

На 28 мај во просториите на барот “Глуво Куче” во Скопје, се случи слушачка промоција на винилот за последниот албум на групата Суперхикс насловен како “Сила и Нервоза” На промоцијата беа присутни бројни фанови, пријатели и новинари. Ова е второ винилно издание на Суперхикс по она од 2107-тата година за “Андерграунд Евергринс” а истото е во издание на Корпус Деликти и Кичма Рекордс и ќе може да се најде на неколку локации. Албумот е сниман и ...

,,Ја возев и ја фотографирав и првата Критична маса – пред 13 години. И тогаш беше уживање, и сега е. Толку позитивна енергија на едно место – деца од 2 години, весели пензионери со 70+, сите насмеани, ведри, на точак, низ Скопје. Уживанција. Ова беше 91-вата Критична маса, по неколку години пауза. Ни фалеше. Баш ни фалеше. Убави беа улиците на Скопје, полни со луѓе на точаци, полни со добра енергија. Ако не бевте – дојдете следниот пат. Ќе ве ...

Фестивалот inFusion останува доследен на својата мисија – да ја промовира културата, различностите и еднаквите можности за сите. Организаторите најавуваат разновидна и инклузивна програма, наменета за публика од сите возрасти и профили, а особено за оние кои веруваат во силата на заедништвото и културната разноликост. „Ова не е само фестивал, туку платформа за гласност, креативност и соработка. inFusion ја слави инклузијата како начин на ...

Широката музичка лепеза и разноликоста во жанрови, емоции и доживувања на скопската публика ќе ѝ приредат неповторливо искуство и ќе ја зацврстат позицијата на ОФФест како еден од најпознатите европски фестивали за музика на светот. Повеќе информации за фестивалот, на следниот линк: http://www.offest.com.mk/mk/ Програма: 5 јуни Национална опера и балет | 20ч. Dragan & Ratko Dautovski (С. Македонија) Canzoniere Grecanico Salentino (Италија) 6 ...

Зошто е важно? Премногу натриум во исхраната може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања и висок крвен притисок. Затоа се препорачува намалување на внесот на сол, особено кај луѓе кои веќе имаат дијагностициран висок притисок. Но, не мора целосно да се откажете од конзервираната храна – многу производи се достапни во верзии со низок или без додаден натриум. Дури и обичното испирање на конзервираната храна со вода може да ја намали ...

Во последните недели се забележува зголемена појава на мечки во близина на населени места, што според управата на паркот, е резултат на намалената достапност на природна храна во нивните живеалишта. За да се намалат несаканите средби со луѓе и да се заштитат и мечките и локалното население, паркот започнува акција за контролирано хранење на мечките на безбедни и оддалечени локации. Прифатливи се само јаболки и пченка без хемиски третмани, а ...

Стресот и несоницата станаа секојдневие за многумина, а сè повеќе луѓе бараат природни решенија наместо синтетички лекови. Додека камилицата со децении е прв избор за смирување, сè поголем број луѓе ја откриваат моќта на една билка што може да биде уште поефикасна – валеријаната. Што е валеријана и како делува? Валеријана (Valeriana officinalis) е билка што се користи со векови како природен седатив. Нејзиниот корен содржи соединенија кои го ...

Првите 30 возови се веќе купени од шпанскиот производител Talgo, и ќе можат да достигнат брзина до 230 км/ч, со пристап без скали – погоден и за лица со попреченост. Flix има и опција за дополнителни 35 возови. Вредноста на целата инвестиција изнесува 2,4 милијарди евра, а ова е значителен чекор напред за компанијата што досега оперираше со само 13 возови, управувани преку партнерски фирми. Иако FlixTrain нуди помал број услуги, неговите цени ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
1.54
29%
1012
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
2.06
39%
1011
weather icon

Загреб

28ᴼ / 26ᴼ
0.51
50%
1012
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
0.51
30%
1013
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
2.98
21%
1012
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
1.03
64%
1013
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
4.12
38%
1013
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
3.6
35%
1014
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
3.09
37%
1014
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 30ᴼ
2.06
31%
1014
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
2.68
41%
1013
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
3.6
61%
1014
Currency

61.535

Currency

52.3098

Currency

70.8688

Currency

34.5577

Currency

37.8834

Currency

65.9346

Currency

7.33712

Currency

0.62805

Currency

0.35707

Currency

0.52482

Currency

1.26743

Currency

0.59369