Оваа обука се спроведува како дел од активната мерка од Оперативниот план за 2025 година, која покрај превенција од пожари вклучува и активности за унапредување на животната средина, особено преку пошумување на локално ниво. На јавниот повик се пријавиле вкупно 499 кандидати, од кои 364 се појавиле на обуката. Од нив, 352 успешно ги совладале предвидените активности и утре ќе потпишат договор за работен ангажман со Агенцијата за вработување. ...

Израелската војска синоќа соопшти дека нападнала неколку цели на Хезболах во јужен Либан, вклучувајќи складишта за оружје, места за лансирање ракети и објекти што се користат за складирање на техничка опрема. Либанските медиуми, исто така, објавија дека израелските воздушни напади во регионот се извршени претходно во текот на денот. Нападите се случуваат и покрај прекинот на огнот што е во сила меѓу Израел и милитантната група поддржана од Иран ...

Во текот на неделата, дневните температури ќе се искачуваат од 32 до 39 степени Целзиусови, а на одредени места во земјава се очекува да го надминат и прагот од 40 степени. Особено жешко ќе биде во централниот и југоисточниот дел од земјата, како и во Скопје, каде што термометрите ќе покажуваат до 37°C. Покрај високите температури, метеоролозите најавуваат и засилен северен и североисточен ветер, кој повремено ќе го раздвижува жешкиот воздух, ...

Денеска се случуваше спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри, објави ЦУК. Денес доцна попладне од страна на полициската станица Крушево бевме информирани дека странски државјанин, додека летал со параглајдер удрил во дрво високо над 30 метри, од ударот се здобил со повреди и останал да виси на дрвото. Несреќата се случила во близина на Крушево. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, изјави дека лицето не се ...

Тој на својот Инстаграм напиша дека дошол во болницата Тор Вергата за да го посети својот лекар за редовна процедура. „Да, Дада (како што ме викаат моите деца) е добро, ја користам можноста додека сум во Рим да направам процедура за ажурирање на мојата 30-годишна атријална фибрилација со големиот италијански доктор – д-р Андреа Натале! Добро сум!“ напиша Копола на Инстаграм. Копола, режисерот на филмовите „Кум“ и „Апокалипса сега“, беше ...

Во својата претходна проценка објавена кон крајот на мај, ФАО изјави дека помалку од пет проценти од земјоделското земјиште е обработливо и достапно, врз основа на податоци од УНОСАТ, сателитски центар на ОН. Според новата изјава од 28 јули, 8,6 проценти од земјоделското земјиште во Појасот Газа сè уште било пристапно, или 1.301 хектари, но само 1,5 проценти било пристапно и не било оштетено (232 хектари). „Газа сега е на работ на широко ...

„Над 3 милијарди и 100 милиони леки(320 милиони евра) е сметката што Централната изборна комисија ја плати за гласање и во земјата и надвор од неа. Она што ги направи мајските парламентарни избори најскапи беше гласањето на дијаспората. Спроведено за прв пат, тоа е една од главните причини зошто изборите во 2025 година поставија рекорд на потрошени пари“, објавија медиумите во Тирана. Поделен во две категории, најголемиот дел од буџетот бил ...

Регионалниот гувернер Иван Федоров на својот канал на Телеграм изјави дека Русија извршила „најмалку четири напади“, најверојатно со авионски бомби, рано утринава околу 6:00 часот по локално време. На објавените фотографии од украинските служби за вонредни ситуации се гледаат телата на жртвите и пожарникари како се борат со пожарот што го зафатил одморалиштето. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека овој напад нема воена цел, ...

Националниот џез оркестар ќе одржи концерт на 10 август 2025 година на сцената во Долни Сарај, заедно со својот гостин – енергичниот и инспиративен Шеун Кути, саксофонист, вокален уметник и музички наследник на легендарниот Фела Кути. Диригент на концертот е Џијан Емин. Се очекува коцерт полн со енергија, слобода и автентичен звук кој ги надминува сите граници. Афро-џез експлозија која го слави животот и културната моќ на музиката од Нигерија до ...

Планот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за повторна окупација на целата територија на Појасот Газа е “длабоко загрижувачки” и може дополнително да ги загрози животите на палестинските цивили, како и на израелските заложници кои сè уште се држат од страна на Хамас, предупреди високиот претставник на Обединетите нации. Помошникот генерален секретар на ОН, Мирослав Јенча, обраќајќи се пред Советот за безбедност, потенцираше дека според ...

Управата за хидрометеоролошки работи за денес, најавува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне, ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Од утре ќе следи стабилизација на времето и температурите кои се типични за овој период од годината. Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до ...

Во Женева, Швајцарија, започнаа преговорите за историски договор со кој би се ставил крај на кризата со пластичното загадување. Ова е шестиот круг на разговори, а надежта е дека ќе биде и последен. Спорот се однесува на тоа дали договорот треба да вклучува ограничување на производството на пластика, како и фазно укинување на пластиките за еднократна употреба и одредени хемикалии. Повеќе од 100 земји поддржуваат обврзувачки договор за намалување ...

„Тековната војна во Газа повеќе не е војна за постигнување политички цели или ослободување на заложници“, рече Сиси на прес-конференција со неговиот виетнамски колега Луонг Куонг. Сиси додаде дека војната одамна ја надминала „секоја логика или оправдување и станала војна на глад и геноцид, како и средство за истребување на палестинското прашање“. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно денеска изјави дека Израел мора целосно да го ...

Според локалните извештаи, планот на Нетанјаху се соочува со отпор од страна на началникот на Генералштабот и други високи воени команданти. Анонимниот функционер остро реагирал на тие несогласувања: „Ако тоа не му одговара на началникот на Генералштабот, нека поднесе оставка.“ Планот, меѓу другото, предизвика загриженост кај семејствата на израелските заложници, од кои 20 од 50 се верува дека сè уште се живи во Газа. Јавните анкети покажуваат ...

Најновиот пакет трговски мерки на САД вклучува зголемување од 15 проценти на царините за увоз на луксузна стока, значително зголемувајќи ја цената на производите од висока мода за американските потрошувачи. На 27 јули, САД и Европската Унија постигнаа трговски договор за царина од 15 проценти, со што завршија месеци неизвесност, објави американскиот претседател Доналд Трамп по состанокот со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер ...

Во разговор со новинарите во Долниот дом на Парламентот, Тајани повтори дека Италија не е подготвена да ја признае државата Палестина. „Признавањето на Палестина кога Палестина не постои е правна фикција, тоа не е дури ни политичка одлука. Ние сме за палестинска држава, тоа е јасно, тоа го кажуваме со години“, истакна тој. Тајани рече дека Италија работи на изградба на палестинска држава. „Веќе кажав што треба да се направи и што сме подготвени ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе предложи целосно повторно окупирање на Појасот Газа на состанокот со својот кабинет за безбедност, јавуваат израелските медиуми. „Коцката е фрлена. Се стремиме кон целосно освојување на Појасот Газа – и кон победа над Хамас“, локалните новинари цитираат висок функционер. Одговарајќи на извештаите дека началникот на армијата и другите воени лидери се противат на планот, неименуваниот функционер рече: „Ако ...

Вечерва, на Националната Арена “Тодор Проески, македонскиот фудбалски првак Шкендија, игра нов натпревар од квалификациите за најпрестижното европско клупско натпреварување. Во Скопје на првиот меч од квалификациското коло, доаѓа Карабах, шампионот на Азербејџан, сериозен клуб со моќна европска репутација и искуство што се градело повеќе од деценија. Тренерот на екипата од Тетово, Јетон Беќири верува дека неговиот тим може да одигра на високо ...

Изложбата ќе биде отворена на 6 август (среда), во 12 часот, во галеријата „Метаноја“ на улицата Максим Горки бр. 19 во Скопје. Познат по својот препознатлив стил и симболиката на цветот како универзален знак на љубов и мир, Цветин со децении создава уметност која се обраќа на совеста на поединецот. Неговите дела се наоѓаат во над 50 земји ширум светот, а цвеќето што го слика постојано е посветено на хуманизам, толеранција и мирна иднина. Со ...

Партнери во проектот се: Општина Св. Ана од Гвадалуп – Франција и невладината организација Men A Lespwa – Асоцијација за помош на реформската црква во Гвадалуп – Франција; Општина Пазарџик од Бугарија и НВО Фонд за превенција на криминалот ИГА од Бугарија, како и Општина Кочани и Здружението на Роми „Авена“ од Македонија. Целта на проектот е дизајнирање и имплементирање на меѓудисциплинарна програма за пренасочување на адолесценти, информираат ...

Температурата во пустинскиот град Свеихан достигна 51,8 степени Целзиусови на 1 август, што е само малку пониско од највисоката температура на сите времиња во ОАЕ од 52,1 степени Целзиусови, која беше измерена во јули 2002 година, исто така во Свеихан. Иако метеоролозите ги предупредија жителите да го ограничат изложувањето на сонце и да избегнуваат престој на отворено во најжешкиот дел од денот, ваквите мерки на претпазливост не се секогаш ...

Попладнево дождот го зафати главниот град, носејќи значително освежување по претходните пеколни денови. Според метеоролошките најави, врнежите ќе продолжат до околу 19 часот. Со пристигнувањето на дождот, температурите опаднаа во голема мера, и моментално се движат околу 22°C. Влажното и посвежо време донесе олеснување за граѓаните, особено по неодамнешните горештини. Граѓаните се советуваат да понесат чадори доколку планираат активности на ...

Слаб земјотрес со епицентар во регионот меѓу Тетово и Гостивар беше регистриран попладнево во 16:14 часот од страна на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според првичните податоци, земјотресот бил со магнитуда од 2.7 степени според Рихтеровата скала и бил почувствуван во околните населени места. Ова го информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Од ...

Тие истакнаа дека се потребни 539 милиони долари за да им се помогне на најранливите семејства во таа земја. Речиси 10 милиони луѓе, една четвртина од населението на Авганистан, се соочуваат со „акутна несигурност за храна“. Како резултат на тоа, едно од три деца е заостанато во растот. Светската програма за храна соопшти дека зголемувањето на неисхранетоста кај децата е поврзано со намалувањето на итната помош за храна во последните две години ...

Некои луѓе продолжуваат понатаму и ги забораваат оние кои им помогнале во тие времиња. Но, има хороскопски знаци кои никогаш не го прават тоа. Тие можеби не зборуваат често за своите чувства, но длабоко во себе паметат сè – секој поглед полн разбирање, секој збор утеха и секоја подадена рака кога биле на дното. За нив, благодарноста не е само моментална емоција – таа е основа на секоја врска. Шкорпија Шкорпиите се познати по својата емоционална ...

Повеќе од 10.000 хотели од повеќе од 25 европски земји покренаа заедничка тужба против Booking.com, тврдејќи дека биле принудени да се придржуваат до таканаречените клаузули за „најдобра цена“ што им забранувале да нудат соби по пониски цени насекаде освен на платформата Booking.com, дури и на нивните сопствени страници. Хотелскиот сектор ја темели својата тужба на пресудата на Европскиот суд на правдата од 19 септември 2024 година, во која се ...

Не ги менувајте околностите, туку – мозокот Не мора да се преправате дека сте среќни, да чекате надворешни промени или да форсирате позитивни мисли. Клучот е да го репрограмирате алгоритмот на мозокот за да го засили она на што се фокусирате. Ако го започнете денот со стрес – тој само се множи. Ако се фокусирате на проблемите – тие се шират. Трик – телото не знае да лаже Лајф тренерката Јована Прибиќ објаснува едноставен трик што го користи ...

Екстремната жештина во Португалија минатата недела уби 264 лица, според податоците објавени од Португалскиот генерален директорат за здравство. Екстремната жештина предизвика смртни случаи, особено кај лицата со хронични заболувања и кај оние над 75 години. Владата на Португалија прогласи состојба на тревога поради ризикот од шумски пожари, особено поради новиот топлотен бран што почнува денеска и се очекува да ја погоди земјата до 7 август. ...

Независните граѓански иницијативи од Скопје формираат партии со цел учество на локалните избори кое им беше оневозможено. „Зелен Хуман Град“ кои настапуваат независно на овие локални избори, но и „Шанса за Центар“ кои формираат партија заедно со „Независни за Карпош“ и „Зелените од Гази Баба“ го почнаа процесот на собирање 1000 потписи за основање на политичка партија. Овие граѓански иницијативи ги повикуваат граѓаните кои сакаат да дадат ...

Градот Скопје од денеска ќе почне со терестричната дезинсекција против комарци, која ќе трае до четврток. Градските власти информираат дека прскањето ќе се реализира од 22 до 3 часот наутро, а доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, активноста ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. Градот Скопје апелира пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1015
weather icon

Белград

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
84%
1017
weather icon

Загреб

4ᴼ / 0ᴼ
1.03
87%
1016
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1016
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.54
92%
1019
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 2ᴼ
0.51
97%
1018
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
0.89
84%
1014
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
82%
1013
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1014
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
6.71
91%
1020
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
0.89
87%
1020
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
94%
1014
Currency

61.5137

Currency

53.3948

Currency

69.8011

Currency

34.5859

Currency

37.8411

Currency

66.1753

Currency

7.49216

Currency

0.65521

Currency

0.34892

Currency

0.52589

Currency

0.60216

Currency

1.26793