
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Извор/ ffm.mk Македонската фудбалска репрезентација ги започна подготвиките за квалификациските натпревари за СП 2026 против Белгија (6. јуни, Скопје) и Казахстан (9. јуни, Астана). Напаѓачот Александар Трајковски смета дека сите треба максимално да се стават во функција на тимот. „Овој циклус е многу важен за нас и мора максимално да се фокусираме на овој циклус. Првиот меч ни е дома со Белгија, потоа одиме во Казахстан, мислам дека сите ...
Марк-Андре тер Штеген (33) ќе мора да ја напушти Барселона. Голманот кој изминатите години беше еден од симболите на Барселона, дозна колку суров може да биде приофесионалниот фудбал. Тер Штеген ја пропушти речиси целата сезона, во која Барселона освои три трофеи. Како замена клубот од пензија го врати Војчех Шчесни, што се покажа како полн погодок. Сега како што стојат работите двајцата ќе ја напуштат Барселона, Тер Штеген бара нов клуб, а ...
Манчестер сити сака да ги заврши повеќето од своите летни трансфери пред почетокот на Светското клупско првенство на 14 јуни. По неуспешна сезона и само еден трофеј и тоа на отворањето на сезоната (Комјунити Шилд), челниците на клубот од „Етихад“, заклучија дека ќе биде потребно да се доведат нови играчи. Реконструкцијата започна во зимскиот преоден рок, кога Сити потроши речиси 200 милиони евра на трансферите на Мармуш, Хусанов, Реис и Нико ...
Поранешниот германски репрезентативец и најдобар играч во Европа во 1996 година. Матијас Замер буквално избега од Интер по само шест месеци, Денис Бергкамп исто така си замина разочаран, но Дарко Панчев беше тврдоглав, со голема желба да им докаже на Италијанците дека е во право и на крајот не беше во право: „За жал, поединецот не може против клубот“, вели во интервју за „Спорт клуб“, Златната копачка на Европа од 1991 година. Дарко Панчев ...
Додека во Наполи се уште трае еуфоријата поради освојувањето на Скудетото, навивачите во градот под Везув добија уште една вест која дополнително ќе ја подигне еуфоријата. Откако Антонио Конте ја врати титулата во Неапол, во трка со фото-финиш со Интер, гласините дека ќе го напушти клубот и ќе се врати во „својот“ Јувентус стануваа сè погласни. Дури и во Торино почнаа да подготвуваат терен за неговото враќање, но сопственикот на Наполи, ...
Кошаркарите на Њујорк намали на 3-2 против Индијана во финалето на плејофот од Источната конференција на НБА лигата, бидејќи победија со 111:94 во петтиот натпревар. Њујорк ја оствари својата прва победа на домашен терен во оваа финална серија и ќе се обиде да стане 14-тиот тим во историјата на лигата што ќе направи пресврт во серијата откако губеше со 1-3. Ниту еден тим досега не победил во финале на конференцијата откако ги загубил првите ...
Илија Несторовски го одигра целиот натпревар за Славен, додека Јован Манев мечот го гледаше од клупата за резерви кај Риека. Динамо Загреб исто така се радуваше на овој исход. Победата на Риека им овозможи на „модрите“ директен пласман во Лига Европа. Динамо има најдобар клупски коефициент од сите квалификанти. Доколку Славен го освоеше хрватскиот Куп, „сините“ ќе се префрлеа во Конференциската лига, и тоа од втората квалификациска рунда. ...
Трофејниот аргентински фудбалер Анхел Ди Марија се врати во Аргентина, поточно во својот роден град и клубот каде што ја започна својата кариера. Станува збор за тимот на Росарио Централ, за кој дебитираше во 2005 година и играше до 2007 година, кога замина во Бенфика. Во тимот од Лисабон ги помина претходните две сезони, а сега, како 37-годишник, дојде да му помогне на клубот каде што ги направи своите први фудбалски чекори. Ди Марија има ...
Освојувањето на Лига Европа му обезбеди на Тотенхем место во Лигата на шампионите, сега тимот треба да се засили за следната сезона. Прв на листата на желби е Лерој Сане, 29-годишниот крилен напаѓач на Баерн чиј договор со Баварците истекува во јуни. Германскиот репрезентативец би можел да дојде во англискиот клуб без обештетување. Досега преговорите со Баерн не беа успешни. Несогласувањето се случи бидејќи двете страни во преговорите имаат ...
Црвена звезда и Дубаи изборија мајсторки во полуфиналните серии, во АБА лигата, против Будуќност, односно Партизан. Натпреварите број 2, во Белград и Дубаи домаќините ги добија со 100:81, односно 100:95. Црвена звезда во целост и се реваншира на Будуќност за поразот во понеделникот со 34 поени разлика. Црвено-белите го отворија натпреварот со 8:1 и во ниту еден момент не ја испуштија предноста. Филип Петрушев го предводеше црвено-белиот тим до ...
По краткорочната соработка со Јелена Рибакина, Горан Иванишевиќ се враќа на АТП турнејата! Иванишевиќ се договорил со Стефанос Циципас за пробна работа, а нивниот прв заеднички турнир веќе ќе биде во Хале. Иванишевиќ ќе биде единствениот тренер, а во минатото одлично зборуваше за потенцијалот на Циципас. Гркoт, двократен вицешампион на грен слем, веќе подолго време е во пад, а на последните четири грен слем турнири вкупно има само две победи. ...
Италијанскиот фудбалски тренер Винченцо Италијано го продолжи договорот со Болоња до 30. јуни 2027 година, објави клубот денес. Италијано ја презеде функцијата на почетокот од оваа сезона и ја предводеше Болоња до титулата во Купот на Италија, првиот трофеј на клубот по 51 година. „Среќен сум што ја продолжуваме нашата соработка. Со нетрпение очекуваме да учествуваме во возбудливи натпреварувања и да ги постигнеме целите заедно. Се гледаме во ...
По Родриго и Милош Вељковиќ, засилување на Црвена Звезда ќе биде и голманот Марко Дмитровиќ, објавува „Моцартспорт“. Искусниот српски голман и поранешен репрезентативец на Србија ги договорил личните услови и како слободен играч ќе потпише договор со Црвена звезда. Дмитровиќ бранеше за Леганес, но не успеа да избори опстанок во Примера. Неговиот договор со Леганес заврши автоматски по испаѓањето на овој клуб во Сегунда. Инаку, Дмитровиќ ...
Масимилијано Алегри се врати на клупата на Милан, тимот со кој стана шампион на Италија во 2011 година. Ексклузивни информации за враќањето на стратегот на „Сан Сиро“ објави италијанскиот инсајдер Даниеле Лонго, новинар на „Калчомеркато“. Тренерот од Ливорно потпишал тригодишен договор со клубот кој 19 пати го освои скудетото, а ќе инкасира 5.000.000 евра по сезона. Тој им донесе една од тие 19 титули на „росонерите“, кога прекина седумгодишен ...
Севилја град поделен меѓу навивачи на два клуба. Синоќа еден дел од градот тагуваше, другиот славеше. Бетис не успеа да го освои првиот европски трофеј во клупската историја. Зелено-белите загубија од Челси (1:4) во финалето во Конференциската лига. Бетис против Члеси одигра извонредно прво полувреме, по кое стекна гол предност и припупти две големи шанси, на паузата меѓу двете полувремиња да замине со поголема разлика. Во вториот дел ...
Поминаа две години откако Џанлуиџи Буфон ја заврши својата долга кариера и се пензионираше од професионалниот фудбал. Во текот на децениите поминати меѓу стативите, тој стана едно од препознатливите лица на италијанската репрезентација, со која ја освои титулата светски шампион во 2006 година. Со оглед на сè што постигна, неговите коментари сè уште имаат голема тежина во јавноста. Неговите неодамнешни изјави во кои се осврна на промените во ...
Управниот одбор на Евролигата донесе одлука за проширување на лигата почнувајќи од наредната сезона. Од сезоната 2025/26 во Евролигата ќе се натпреваруваат 20 екипи. На денешното гласање победи опцијата што подразбира зголемување на бројот на учесници од претходните 18 на 20. Ова значи дека во следната сезона ќе играат 17 клуба од сезоната зад нас, Хапоел Тел Авив како победник на Еврокупот, како и Валенсија и Дубаи. Од 18-те клуба што се ...
Денес, светскиот шампион се огласи на „Инстаграм“ и предизвика „земјотрес“ во Мото ГП светот со две објави. Накратко. ова е првата и последна сезона на Хорхе Мартин во Априлија, во која минатата зима ја донесе титулата светски шампион во „кралската класа“, освоена на Прамак Дукати. Сепак, започна лошо од првиот ден и, очигледно, нема да заврши поинаку. „Поздрав до сите, Сакам да им понудам на сите фанови, медиуми и луѓе кои ја следат мојата ...
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ќе го напушти Ал Наср. Како што објави Хозе Феликс Дијас, новинар на „Марка“, таа вест ќе ја потврди спортскиот директор на клубот, Фернандо Јеро, на денешната конференција. Роналдо веќе ја објави разделбата, кога по завршувањето на последното коло на социјалните мрежи сподели слика во дресот на Ал Анср и напиша „дека поглавјето е завршено“. This chapter is over. The story? Still being written. ...
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ретко признава грешки, овој пат е подготвен да го стори тоа, сака да го врати офанзивниот играч за врска Нико Паз (20), кој е дете на клубот, но му беше продаден на Комо пред една година за шест милиони евра. Паз, блесна под водство на Сеск Фабрегас, постигнува шест гола и забележа осум асистенции, беше прогласен за најдобар млад играч во Серија А. Перез има среќа, бидејќи според клаузулата во ...
Челзи, синоќа со импресивен пресврт во Вроцлав, го победи Бетис со 4:1 и го освои трофејот во Конференциската лига. „Сините“ сега се единствениот тим со трофеј во сите натпреварувања во организација на УЕФА. Титулата во Конференциската лига на Челси им донесе и парична награда, кој сепак е мизерна во однос на наградите кои се делат во Лигата на шампионите. Сезоната во Конференциската лига, Челси ја заврши без пораз, со само еден нерешен ...
Поранешниот играч и капитен на Баер Леверкузен, Џонатан Та, потпиша за Баерн Минхен. Германскиот дефанзивец, дојде во Баерн како слободен играч, со Баварците потпиша договор до 2029 година. Тој ќе го носи дресот со број четири. „Во Џонатан Тау, добивме играч со меѓународно искуство и квалитет, на кого нема да му треба долго време да се етаблира во нашата одбрана. Тој ќе биде добро и важно засилување за нас со своите технички квалитети, како и ...
На денешен ден пред 34 години, фудбалскиот клуб Црвена звезда го освои најзначајниот трофеј во богатата историја. Во финалето на во тогашниот Куп на шампионите, Црвена звезда го совлада Олимпик Марсеј со 5:3 по изведување пенали. Дел од таа шампионска генерација беа Македонците, Дарко Панчев и Илија Најдовски. Натпреварот се играше во Бари, а бидејќи во регуларните 90 минути немаше голови, се играа продолженија. Во дополнителните 30 минути ...
Српскиот стручњак Игор Кокошков наскоро би можел да се врати во европската кошарка. Потврда за наводите што се појавија претходно во сезоната, а во врска со неговото преселување во Истанбул, пристигнува од Италија. Додека Лука Банки сè уште беше тренер на Анадолу Ефес, беше јасно дека по завршувањето на сезоната тој ќе ја напушти функцијата и тогаш името на Игор Кокошков беше меѓу фаворитите за замена на италијанскиот стручњак. Наводно, сега е ...
Интер Мајами го победи тимот на Монтреал со од 4:2 и ја прекина лошата серија во МЛС лигата. Тимот од Мајами не славеше во последните четири натпревари, но осовината од Барселона, Меси-Суарез стави крај на лошата низа. Аргентинецот постигна два гола и асистираше во првата победа на Интер во последните пет натпревари. Му помогна и неговиот поранешен соиграч од Барселона, Луис Суарез, кој исто така постигна два гола и забележа асистенција. Во ...
Кошаркарите на Оклахома се пласираа во финалето на плејофот на Американската професионална кошаркарска лига (НБА). Во петтиот натпревар од финалната серија на Западната конференција, играчите на Тандер ја победија Минесота со 124:94 на домашен терен. Оклахома ја доби серијата со вкупен резултат од 4:1, а за најкорисен играч (MВП) на финалето на Западната конференција беше прогласен плејмејкерот на Тандер, Шеј Гилџес-Александер, кој во ...
Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, верува дека неговите играчи ќе имаат корист откако беа со свирежи испратени од теренот во Куала Лумпур. „Црвените ѓаволи“ загубија со 1:0 од АСЕАН Ол-стар тимот. Откако ја завршија лошата сезона во Премиер лигата со победа против Астон Вила во неделата, клубот прелета 6.600 милји до Малезија, но ни таму не успеаја да ги тргнат проблемите што ги следат низа целата сезона. Натпреварот се одигра по ...
Новиот спортски директор на Милан, Игли Таре, веднаш се зафати со работа, целта му е да го убеди Масимилијано Алегри да го преземе тимот. Милан на Алегри му подготви тригодишен договор, според кој би заработувал 10,5 милиони евра фиксна плата плус разни бонуси. Поранешниот тренер на Јувентус, ја одбил понудата. Бара фиксни пет милиони евра по сезона, односно 15 милиони евра за три години. Алегри веќе работеше како шеф на тренерскиот штаб во ...
Најголемиот фаворит пред почетокот на натпреварите во Конференциската лига, Челси, го освои трофејот во ова натпреварување. Челси на „Турчински арена“ во Вроцлав го победи Бетис со 4:1 (0:1). Челси е првиот тим со титули во трите натпреварувања во организација на Европската фудбалска унија. „Сините“ од Лондон, во вториот дел, во интервал од 18 минути го скршија Бетис, чија игра целосно се распадна по 52.минута, кога поради повреда теренот го ...
Две шокантни елиминации донесе третиот ден на Ролан Гарос. Вториот Гренд слем турнир во сезоната заврши за осмиот носител Каспер Руд и поранешниот финалист, Стефанос Циципас. Матео Гиганте, мораше да игра квалификации за пласман на главнио турнир. Во втората рунда тој го победи Стефанос Циципас со 3-1 во сетови. Гркот моментално е 20-тиот играч на планетата, во кариерата има едо финале на Ролан Гарос,од Италијанецот загуби со 6:4, 5:7, 6:2, ...