На свечена церемонија во Париз, на која по 69-ти пат ќе биде доделена Златната топка, наградата „Лав Јашин“ за најдобар голман во светот му беше доделена на Џанлуиџи Донарума. Италијанскиот голман исто како и неговиот поранешен тренер Луис Енрике, минатата сезона со Пари Сен Жермен ги освои Лигата на шампионите, Лига 1, Суперкупот и Купот на Франција. Ова лето, тој се пресели во Манчестер Сити за 40.000.000 евра, бидејќи влегуваше во ...

Трофејот „Јохан Кројф“, кој се доделува на најдобрите тренери во машка и женска конкуренција, на вечерашната церемонија во Париз го освоија Луис Енрике (Пари Сен Жермен) и Сарина Вигман. Покрај Енрике, номинирани беа и Ханси Флик, Енцо Мареска, Арне Слот и Антонио Конте, но како што се очекуваше, наградата му припадна на европскиот шампион. Покрај титулата во Лигата на шампионите, Енрике со ПАЖ ги освои првенството и Купот на Франција. Инаку, ...

На свечената церемонија во Париз за доделување на „Златната топка“, Ламин Јамал беше избран прв, во категоријата најдобар млад играч. Играчот на Барселона ја доби наградата „Копа“. Суперѕвездата на Барселона дојде во „градот на светлината“ за да ја прими главната награда за најдобар играч во светот, но на почетокот на вечерта ја доби истата награда што ја освои и минатата година. Така, тој стана првиот играч во историјата што ја одбрани оваа ...

Познат е поредокот од 30-то до 11-то место во изборот на Златната топка. Главниот настан на 69-то издание на церемонијата за најдобриот фудбалер во светот, во изборот на „Франс фудбал“, која многумина ја сметаат за најпрестижна во светот, е пред нас. За разлика од минатата година, кога „протече“ дека играчот од средниот ред на Манчестер сити и шпанската репрезентација Родриго Ернандез ќе го освои овој трофеј, а делегацијата на Реал Мадрид го ...

Фудбалерот на Барселона, Гави, ќе биде подложен на артроскопија на десното колено поради повреда на внатрешниот менискус. Шпанскиот репрезентативец не играл од крајот на август, а интервенцијата е закажана за вторник, откако претходните третмани не дале резултати. Барселона изјави дека Гави прво бил подложен на „конзервативен третман“, а потоа на „интензивни спортски стрес-тестови“, но дека е одлучено да се изврши мала операција за да се ...

Карим Бензема (37) би можел да дојде во Бенфика, пишува „Гол Франс“. Францускиот напаѓач е на радарот на Бенфика, на чија клупа минатата недела седна Жозе Мурињо. Доколку трансферот се реализира, судбината веќе нуди филмско сценарио: дуел против неговиот поранешен клуб Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Португалскиот тренер знае што му е потребно за да напредува во проектот: искуство, лидерство и цели. Тука се вклопува Бензема. Мурињо не ја ...

Кристијан Хорнер официјално го напушти Ред Бул откако беше постигнат договор за раскинување на договорот и пакет за отпремнина во вредност од 60 милиони евра, објави Би-Би-Си. Британецот (51) беше на чело на тимот од неговото основање во 2005 година и во тој период го водеше тимот до осум шампионски титули во конкуренција на возачи и шест во конкуренција на конструктори. Имаше годишна плата од 12 милиони евра, а неговиот договор беше важечки ...

Сергеј Милинквоиќ-Савиќ, поранешна ѕвезда на Лацио, би можел да се врати во Италија. Фудбалерот од средниот ред на Ал Хилал се пресели во Саудиска Арабија пред две години, а претходно играше за Лацио осум години. Сепак, неговата дестинација нема да биде Рим, туку Торино. Според медиумите во Италија, Игор Тудор се пожалил на недостатокот на играчи во средниот ред, а раководството на „старата дама“ го гледа Сергеј како идеално решение. Од друга ...

Поранешниот фудбалер, тренер и спортски директор на Реал Мадрид, Хорхе Валдано, зборуваше за шпанска телевизија за Винисиус Жуниор, кој веќе некое време не е на највисоко ниво. Винисиус не го криеше незадоволството, кога во 70-та минута, беше заменет на натпреварот против Еспањол. Валдано истакнува дека, пред сè, мора да го подигне своето ниво, а потоа да го убеди тренерот дека може да игра, а потоа рече: „Ваквите ставови изразени јавно не се ...

Шпанската кошаркарска федерација го назначи Чус Матео за нов селектор на „црвената фурија“. Поранешниот тренер на Реал Мадрид со тоа го наследи новиот шеф на „кралскиот тим“, Серхио Скариоло, кој беше на чело на националниот тим повеќе од десет години. Шпанија доживеа вистински колапс на последното Европско првенство, каде што го завршија натпреварувањето веќе во групната фаза. Една од најтрофејните репрезентации во Европа минува низ ...

Еден од најзначајните играчи на Барселона од почетокот на оваа сезона, Фермин Лопез, се повреди во победата на својот тим над Хетафе. Барселона лесно го победи Хетафе со 3:0 во петтото коло, два гола постигна Феран Торес, еден Дани Олмо. Победата на Барселона, остана во сенка на повредата на Фермин Лопез. Доби медицинска помош, наводно со солзи во очите, а тренерот Ханси Флик не можеше да каже по натпреварот дали станува збор за посериозна ...

Ѕвездата на Мајами Хит, Тајлер Хиро, го оперираше левото стапало во петокот и нема да игра на почетокот на новата НБА сезона. Извори за „ESPN“, изјавија дека се очекува Хиро да отсуствува осум недели, што значи дека веројатно ќе ги пропушти првите 12 натпревари од регуларната сезона. Хиро се мачеше со повреди на левото стапало минатата сезона, а потоа за време на тренинг сезоната претрпе посериозна повреда на глуждот што доведе до одлуката да ...

Фудбалерот на Евертон, Џек Грилиш, го обвини судијата Дарен Ингланд дека донел неколку одлуки под влијание на публиката на „Енфилд“ на штета на неговиот тим во дербито против Ливерпул. Грилиш доби жолт картон по завршувањето на натпреварот, во Мерсисајд дербито кое му припадна на Ливерпул (2:1). „Карамелите“ беа исто така незадоволни што судијата додаде само три минути во продолжението додека тие бркаа израмнување. „Очигледно, понекогаш се ...

Греам Потер е пред отказ во Вест Хем. Тимот изгледа многу лошо на почетокот на сезоната, победата кај Нотингем Форест е единствениот позитивен резултат по воведните пет кола од Премиер лигата и раководството на клубот знае дека нешто мора да се промени. Дури и летната пауза, реновирањето на тимот не донесе резултати, па според британскиот „Телеграф“, се очекува поранешниот менаџер на Брајтон и Челзи да биде отпуштен. Само шест победи во 25 ...

Ниту еден од фудбалерите и членовите на тренерскиот штаб на Пари Сен Жермен нема да се појави на гала-церемонијата за доделување на Златната топка, која ќе се одржи во вечерва во 20 часот. Поточно, тие се спречени да се појават, бидејќи токму во тој момент тимот на Луис Енрике ќе го игра најголемото дерби на Франција против Марсеј на гостински терен. Дуелот требеше да се одигра во недела, но беше одложен за 24 часа поради бури и обилни врнежи ...

Серхио Бускетс планира да ја заврши својата богата кариера на крајот од сезоната 2025 во американската МЛС лига, кога ќе завршат неговите обврски во Интер Мајами. 37-годишниот играч од средниот ред, кој освои 32 трофеи со Барселона и имаше 143 настапи за Шпанија, одлучи да се пензионира две години откако му се придружи на Лионел Меси во Интер Мајами. Според извештаите што доаѓаат од САД, Бускетс изјавил дека ќе се пензионира кога ќе му истече ...

Интер забележа важна победа над Сасуоло, 2:1, со што ја прекина серијата од два последователни порази во Серија А. Домашниот тим поведе во 14-та минута преку Федерик Димарко по убава акција на Барела и Сучиќ. Иако „нероазурите“ доминираа, гостите беа опасни во контранападите, па дури во 81-та минута Карлос Аугусто, со многу среќа и со помош на едно одбивање, ја дуплираше предноста. Сасуоло не се предаде, Чедира на крајот го намали резултатот ...

Фудбалерите на Барселона го затворија 5-то коло од шпанската Ла Лига со победа од 3:0 (2:0) над Хетафе. Херој на победата беше Феран Торес, кој го трасираше патот на Барса до победата со два гола во првото полувреме. Прво постигна гол во 15-та минута, а потоа и во 34-та минута, по што сè беше решено во раната фаза. Во второто полувреме, Дани Олмо само стави точка на победата со прекрасен гол во 62-та минута. Барса се врати на второто место со ...

Италијанскиот судија Антонио Рапуано ќе ја дели правдата во натпреварите од Серија Б во остатокот од сезоната поради неколку грешки за време на натпреварот помеѓу Верона и Јувентус. Одлуката да се премести на пониско ниво од натпреварувањето се чека само на bide официјалнo потврдeна, бидејќи неколку италијански медиуми дојдоа до овој заклучок од извори блиски до Сојузот и Лигата. Рапуано е „обвинет“ дека во два наврати го оштетил гостинскиот ...

Арсенал и Манчестер сити одиграа нерешено 1:1 во Лондон во натпреварот од петтото коло од Премиер лигата. Ерлинг Халанд постигна гол за Манчестер сити, а Габриел Мартинели за Арсенал во 93-та минута. Манчестер сити поведе во деветтата минута. Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, го коментираше натпреварот. „Разочаран сум од резултатот. Бевме неверојатно силни. Зад нас е тешка недела. Тешко е да се игра со ова темпо. Противникот беше многу ...

Фудбалерите на Арсенал и Манчестер сити ремизираа 1:1 (0:1) во дербито на 5-то коло од англиската Премиер лига. Над сите очекувања, во Лондон беа видени „само“ два гола, а првиот падна во рана фаза, во 9-та минута. Ерлинг Халанд го започна и заврши одличниот контранапад на „Граѓаните“. Тоа беше шестиот гол на Норвежанецот во пет одиграни натпревари во Премиер лигата и продолжение на феноменалната серија оваа сезона. Сити играше добро, неговите ...

Мајорка и Атлетико Мадрид одиграа 1:1 во петтото коло, во Ла Лига. Двата тима имаа лош старт на сезоната, мајорка се уште е без победа, додека Атлетико само еднаш победи во првите пет рунди. Атлетико се самоуништи на „Сан Моиш“. Доминираа „јорганџиите“ во најголемиот дел од натпреварот, имаа посед 80-20, но не успеаја да го совладаат Лео Роман. Во првите 14 минути, Бариос ја погоди стативата, а потоа Роман му одбрани пенал на Хулијан Алварез. ...

Маркус Рашфорд беше човекот на одлука во првиот натпревар на Барселона оваа сезона во Лигата на шампионите. Англискиот напаѓач се врати во својата татковина со каталонскиот клуб, каде што Барса играше против Њукасл и го реши натпреварот. Постигна два гола, ја освои наградата за играч на неделата и покажа дека може да игра на најголемата сцена. Рашфорд се раздели со Манчестер јунајтед, но само привремено. Англискиот репрезентативец е на ...

Макс Ферстапен победи на трката за Големата награда на Азербејџан. Актуелниот шампион ја забележа четвртата победа сезонава, 67-ма во кариерата. Холанѓанецот забележа Ф1 Гренд слем, ја освои пол-позицијата, водеше во тркатата од првиот до последниот круг и го возеше најбрзиот круг во трката. Трката на патеката во Баку, ја обележаа и Оскар Пајстри, Карлос Саниц и Џорџ Расел. Пјастри, лидерот во генералниот пласман, имаше кошмар на стартот. ...

Фудбалерите на Рома го победија Лацио со 1:0 во дербито на Рим. Натпреварот, во матине терминот, не беше сепктакуларен, раа на срце и не се очекуваше дека ќе биде. Една шанса го реши победникот, онаа што Лоренцо Пелегрини ја претвори во гол. Рома ја имаше иницијативата на теренот, но Лацио имаше поконкретни шанси во првиот половина час од играта. Во 29-та минута, Закањи го тестираше Свилар со одличен удар под пречката, голманот на Рома ...

Предраг Мијатовиќ, претседателот на ФК Партизан, влезе во жестока вербална расправија со навивачите на за време на 177-то „вечно“ дерби. Во еден момент од натпреварот, во кој неговиот тим на крајот беше поразен (2:1), Мијатовиќ се навали преку оградата од ложата и почна да се расправа со луѓето собрани на западната трибина. Не требаше долго време видеото, кое го прикажува Мијатовиќ како се расправа преку ложата брзо да се прошири на ...

Напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман, кој беше суспендиран од клубот ова лето поради обид за трансфер во Интер, е вклучен во составот за натпреварот против Торино во недела. „Тој разговараше со мене, со тренерскиот штаб и соиграчите, и ми се чини дека тие објаснувања беа добро прифатени. Тој сè уште не е во целосна форма бидејќи веќе некое време тренира самостојно или со резервите. Дали ќе игра утре? Сè уште не сум одлучил, ќе видиме дали ќе ...

Фудбалерите на Црвена звезда го победија Партизан со 2:1, во 177-то „вечно“ дерби одиграно во рамките на деветтото коло од српската Суперлига. По петти пат по ред во домашното првенство, а вкупно шести, црвено-белите ги надиграа своите ривали и со тоа уште еднаш ја потврдија, во овој момент, својата доминација во српскиот фудбал. Прв пат од 1974 година Црвенз звезда успеа два пати по ред да победи на теренот на најголемиот ривал. Минатата ...

Жозе Мурињо по четврт век се врати на клупата на Бенфика и со победа го започна вториот мандат. Бенфика забележа гостинска победа кај АФС со 3:0. Првите два гола Бенфика ги постигна од пенали. Судаков беше стрелец во судиското продолжение од првото полувреме, а Павлидис во 56-та минута. Потоа Мурињо побара од своите играчи трет гол, односно гол од игра. Фрањо Ивановиќ го постигна во 64-та минута по асистенција од Павлидис. Тоа беше само ...

Фудбалерите на Манчестер jунајтед го победија Челзи со 2:1 во петтото коло од Премиер лигата. Ова е втора победа на Јунајтед оваа сезона, а прва над Челзи од 2023 година. „Црвените ѓаволи“, барем на 24 часа се вратија во горниот дел од табелата и се наоѓаат на деветтото место, со бод помалку од „сините“, кои го забележаа првиот пораз сезонава во Премиер лигата. Рубен Аморим и неговите избраници имаа голема помош, бидејќи Челзи остана со играч ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1031
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
82%
1029
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
0.51
90%
1027
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.57
76%
1029
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
1.13
100%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.89
85%
1029
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1029
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1029
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
2.68
87%
1028
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
1.79
96%
1029
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Платина

61733.50

Паладиум

52470.02

Иридиум

145787.60

Бакар

10.93

Цинк

3.03

Рутениум

29192.88

Калај

42.35

Сребро

2128.87

Родиум

258009.74

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.90

Злато

139470.53