Бохум и Вердер приредија вистински сензации во 25.коло во Бундес лигата. Овое екипи славеа победи кај водечките две екипи во лигата, Баерн Минхен и Баер Леверкузен. Победата на Бохум во Минхен, кај лидерот Баерн, веројатно е најголемата сензација оваа сезона во Бундес лигата. Зошто: Бохум е еден од најлошите тимови во Бундес лигата, имаше негатива од два гола по само 28 минути игра, а можеше да биде и 3:0 доколку Гнабри реализираше пенал. ...

Парма и Торино одиграа 2:2 во 28. коло во Серија А на стадионот „Енио Тардини“. Гостите поведоа преку македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, на кого му асистираше Чезаре Касадеј. Емас го постигна третиот гол во четвртиот натпревар за Торино. Terzo gol di Elmas in quattro gare, tre reti in tre presenze da titolare. Impatto devastante per Eljif nel mondo granata, contentissimo per lui pic.twitter.com/tuSG8cXNjY — Guido Olivares🇮🇹 ...

Фудбалерите на Нотингем Форест го совладаа Манчестер сити (1:0) во дерби натпреварот од 28. коло на Премиер лигата. Херој на „шумарите“ беше Калум Хадсон-Одои, кој го постигна единствениот гол во 83. минута. Хадсон-Одои ја прифати топката што му ја испрати Морган Гибс-Вајт, влезе во шеснаесетникот и покрај статичниот Јошко Гвардиол, благодарение на лошата реакција на голманот Едерсон, гаѓаше и го погоди поблискиот агол. „Граѓаните“ беа ...

Никола Јокиќ, изминатата ноќ против Феникс, одигра историски натпревар. Денвер, надополни негатива од 21 поен и по едно продолжение го победи Феникс со 149:141. Јокиќ стана првиот играч со најмалку 30 поени, 20 скока и 20 асистенции на еден натпревар. Актуелниот МВП во НБА лигата, натпреварот го заврши со 31 поен, 21 скок и 22 асистенции. Јокиќ успеа да оствари трипл-дабл во двете полувремиња, нешто што никому досега не му успеало во НБА. Во ...

Милан е во очајна форма. Тие се без победа на четири меча во Серија А (три порази и едно реми), а тренерот Серж Консеисао се соочува со отказ. Милан поради лошите резултати му врачи отказ на Паоло Фонсека. На неговото место дојде Серж Консеисао, но неговиот ангажман на клубот му донсе само инстант успех. Неколку добри резултати по неговото доаѓање, меѓу кои е и освоениот Суперкупо на Италија. Кога помина почетниот период, тимот повтоно влезе ...

Андреас Трајковски го освои осмото место, во скок во далечина, на Европското првенство во сала. На шампионатот во Апелдорн, Холандија, Македонија прв пат во историјата имаше финалист во една атлетска дисциплина. Трајковски во квалификациите постави нов македонски рекорд, со прескокнати 7,85 метри. Во финалето, три пати престапи, имаше тр успешни скока. Скокот од 7,65 му ја донсе осмата позиција. Златниот медал во оваа дисциплина го освои ...

Александар Зверев, светскиот број 2, се наоѓа во слободен пад откако во јануари го загуби финалето на Австралија опен. Зверев на четири турнири по ред доживеа елиминација во раната фаза. Доцна синоќа на Мастерсот во Индијан Велс, Германецот доживеа елиминацја во второто коло до Талон Грикспур. Зверев, поради суспензијата на Синер, имаше шанса даго преземе првото место, но по серијата лоши резултати тоа едноставно е невозможно. „Првично ...

Кристијано Роналдо постигна уште еден гол. Вкупно 926 во неговата богата фудбалска кариера, што уште повеќе го доближи до магичната бројка од 1.000 постигнати голови во кариерата. Ако продолжи во ова темпо, нема никаква дилема дека Португалецот ќе ја оствари својата цел. Но, она што е неверојатно е неговата ефикасност откако наполни 30 години. Од овие 926 гола, Роналдо постигна точно половина, 463 гола, откако го прослави 30. роденден. Во ...

Коби Мајно, најталентираниот играч на Манчестер јунајтед, ќе ја одбије понудата за нов договор, тврди „Гардијан“. Според овој извор, доколку тоа се случи Манчестер јунајтед е бил подготвен да го продаде Мајно. Еден од најталентираните играчи во Европа на својата позиција, според „Трансфермаркт“ вреди 55 милиони евра. Иако Манчестер унајтед е подготвен да размислува за продажба, сепак постои надеж дека Мајно ќе се предомисли и ќе прифати да го ...

Нотингем форест и Манчестер сити, во 13.30 часот ќе ја отворат 28.рунда во Премиер лигата. Ова ќе биде дуел на екипи кои до последната рунда ќе се борат за место во Лигата на шампионите, заедно со Челси и Њукасл, веројатно и Борнмут, односно Брајтон. „Мумарите“ и „граѓаните“ пред меѓусебната пресметка на табелата ги дели само еден поен. Пеп Гвардиола проговори токму на оваа тема и можноста неговиот тим да не се пласира во Лигата на шампионите ...

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) успеа во намерите да му биде зголемена суспензијата на голманот на Милвол, Лијам Робертс. Голманот на Милвол, минатата недела доби црвен картон по само осум минути игра, во осминафиналето на ФА купот, против Кристал Палас. Во осмата минута Робертс, брутално стартуваше врз напаѓачот на Кристал Палас, Жан-Филип Матета. Судијата Мајкл Оливер дури по интервенцијата од ВАР собата ја прегледа снимката и го ...

Никола Јокиќ одигра натпревар каков што досега не забележан историјата на НБА лигата. Денвер Нагетс во неверојатен меч го совлада Феникс Санс со 149:141, по продолжението откако надополнија негатива од 21 поен. Јокиќ постигна 31 поен (13/22 од поле) со 22 асистенции и 21 скок. Србинот стана првиот играч во историјата на НБА кој постигнал најмалку 30 поени, 20 скока и 20 асистенции. Погоди 10/15 за два поени, 3/7 за три и 2/3 од линијата за ...

Нов член на „најбрзиот циркус“ од 2026 година ќе биде познатиот американски „Кадилак“, соопшти Формула 1 организацијата. Светската автомобилска федерација (ФИА) и Ф1 дадоа конечно одобрение за тимот на Кадилак да им се приклучи на Ферари, Мекларен, Ред Бул и други, а тимот, поддржан од TWG Motorsports и General Motors, ќе влезе во натпреварувањето во 2026 година. ФИА и управата на натпреварувањето објавија дека новиот тим ги исполнил сите ...

Судот за спортска арбитража (CAS) и нареди на Африканската фудбалска конфедерација (CAF) да ја прифати кандидатурата на претседателот на Фудбалската федерација на Камерун, Самуел Ето, за позиција во нејзиниот извршен комитет. „CAS ја прифаќа жалбата на Самуел Ето и му наредува на CAF да го вклучи неговото име на листата на кандидати“, се вели во соопштението за печатот на судот со седиште во Лозана. CAF, во јануари ја отфрли кандидатурата на ...

На денешен ден во 2007 година беше постигнат најбрзиот гол во историјата на Лигата на шампионите. На натпреварот помеѓу Баерн и Реал, легендарниот Холанѓанец Рој Макај го постигна првиот гол за Баварците по само 10,12 секунди игра. Со што топката тргна од центарот, Роберто Карлос погреши, Хасан Салихамиџиќ ја украде топката и му ја додаде на холандскиот напаѓач, кој го совлада Икер Касиљас. До денес никој не го соборил тој рекорд. Баерн го ...

Луис Хамилтон, новиот возач на Ферари, тврди дека е целосно подготвен за почетокот на новата сезона во Формула 1. Во четвртокот илјадници фанови на Ферари се собраа на Пјаца Кастело во Милано и имаа можност да уживаат во возењето на Луис Хамилтон и неговиот нов тимски колега, Шарл Леклер. Хамилтон го возеше SF-21 од 2021 година, додека Леклер го возеше SF90, болидот со кој го освои своето прво Гран При во 2019 година. Lewis Hamilton and ...

Заврши фазата по групи во ракометната Лига на шампиони. Директен пласман во четвртфиналето изборија Веспрем и Спортинг Лисабон од А групата, односно Барселона и Олборг од Б групата. Македонскиот првак, Еурофарм Пелситер, со три победи, две нерешени и девет порази, заврши на претпоследното место во Б групата. Пелситер осум бодови, полош учинок остварија само Загрен и Фредериција. Европската ракометна федерација во објави костурот за ...

Мејсон Гринвуд, најдобриот играч на Олимпик Марсеј го смени спортското државјанство. Одлуката на Гринвуд ја поврди и Фудбалската асоцијација на Англија (ФА). Гринвуд поднел официјално побарал дозвола да настапува за Јамајка, а во иднина ќе го носи дресот на оваа репрезентација. Гринвуд е роден во Бредфорд, а како играч ги помина сите младински селекции на репрезентацијата на Англија од У15 до У21. Младинската кариера ја изгради во Манчестер ...

Враќањето на Ник Кирјос на теренот во Индијан Велс беше краткотрајно и заврши во солзи. Австралискиот тенисер мораше да му го предаде мечот на Ботик ван де Зандшулп откако го загуби првиот сет со 6:7, а во вториот Холанѓанецот водеше со 3:0. Кирјос мораше да го предаде мечот поради повреда на зглобот на десната рака. Со оваа повреда Австралиецот долго време се мачи и како што стојат работите поради хроничната болка ќе ја заврши кариерата. ...

Кошаркарот на Олимпија Милано, Никола Миротиќ заработи фрактура на опашката на натпреварот против Фенербахче во Евролигата. Миротиќ мораше да го напушти теренот во третата четвртина поради силни болки откако доби удар кој го испрати на подот. Најпрво изгледаше како проблем со ногата, но во официјалното соопштение на клубот беше појаснето дека тој доживеал удар во опашката. Клубот најави дека на Миротиќ во наредните часови ќе му бидат извршени ...

Германските и англиските медиуми пишуваат дека поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг требало да ја преземе тренерската функција во Лајпциг. „Скај Спортс“ објави дека, во клубот сериозно размислувале за ангажманот на 55-годишниот Холанѓанец во случај да го разрешат сегашниот тренер Марк Росе. Сепак, предлогот за назначување на Ерик Тен Хаг го блокирал од Јирген Клоп. Како што е познато, поранешниот менаџер на Ливерпул од ...

Шпанскиот фудбалер Алваро Негредо (39) на социјалните мрежи објави дека става крај на професионалната кариера. Напаѓачот е без клуб од крајот на минатата сезона. Кариерата ја започна во 2003 година во Рајо Ваљекано. Од 2009 до 2013 година играше за Севилја, потоа се пресели во Манчестер сити и ја освои титулата во англиската Премиер лига во 2014 година. По Сити настапуваше за Валенсија, Мидлсброу, Бешикташ, Ал Наср, Кадиз и Ваљадолид. За ...

Реал Мадрид реши да ги испрати на позајмица Арда Гулер и Ендрик. Шпанскиот весник „El Desmarque“, тврди дека двајцата счедната сезона ќе играат во Бундес лигата. Неспорно е дека Гулер и Ендрик се големи талент, меѓутоа во ниту еден момент не успеаја да се наметнат во системот на Карло Анелоти. Јасно е дека влијание има и конкуренцијата во тимот на Реал. Поради огромната конкуренција трпи развојот на овие двајца млади фудбалери, клубот реши да ...

Пред десетина дена се чинеше дека Баерн и Џошуа Кимих дефинитивно ќе се разделат на крајот од сезоната. Германскиот репрезентативец не одговори во дадениот рок на предложениот нов договор, а генералниот директор Јан-Кристијан Дресен рече дека „понудата е повлечена и тоа не е одлична вест“. Сепак, челниците на Баерн, во текот на вчерашниот ден, повторно седнаа на маса со капитенот на германската репрезентација и според информациите, двете ...

Меѓународниот одбор на фудбалска асоцијација (ФИФА) соопшти дека ќе го разгледа изненадувачкиот предлог на јужноамериканскиот фудбал за проширување на Светското првенство на 64 репрезентации во 2030 година. „Предлогот да се анализира Светско првенство со 64 тима за прослава на стогодишнината во 2030 година беше спонтано изнесен од член на Советот на ФИФА под точката „разно“ на дневниот ред кон крајот на состанокот на Советот на ФИФА“, се вели ...

Лос Анџелес Лејкерс ги победија Њујорк Никс со 113:109 по продолжение на домашен терен и го забележаа осмиот последователен триумф во НБА лигата. Најефикасен во тимот на Лејкерс беше Лука Дончиќ со 32 поени, 12 асистенции и седум скока. Леброн Џејмс додаде 31 поен, 12 скока и осум асистенции, Гејб Винсент постигна 12 поени, додека Далтон Кнехт уфрли 11 поени. Њујорк го предводеше Џејлен Брансон, кој забележа дабл-дабл со 39 поени и 10 ...

Нестварна ноќ на римските клубови, Рома и Лацио во првите осминафинални натпревари во Лига Европа. Рома со голот на Шомуродов во 94.минута го победи Атлетик Билбао со 2.1, а Лацио во Чешка, со двајца помалку на теренот, со голот на Исаксен во 98.минута ја победи Викторија. Велерва Бодо/Глимт го декласира Олимпијакос со 3:0, додека Ајнтрахт победи во Амстердам, против Ајакс (2.1). Рома со пресврт го победи Атлетик на „Олимпико“. Баските дојдоа ...

Глазгов Ренџерс и Лион стекнаа предност пред осминафиналните реванши во Лига Европа, откако славеа со 3.1 како гости кај Фенербахче, односно ФЦСБ. АЗ во Алкмар го победи Тотенхем, а дербито Реал Сосиедад-Манчестер јунајтед заврши без победник. Манчестер јунајтед извлече добар резултат на гостувањето во Сан Себастијан. Имаше предност со глот на Зиркзе, а изедначи Ојерзабал од пенал. АЗ го победи Тотенхем со авто голот на Бергвал во 18.минута. ...

Бразил го повика напаѓачот на Сантос, Нејмар Жуниор за квалификациите за Светското првенство овој месец против Колумбија и Аргентина по повеќе од една година, објави во четвртокот Бразилската фудбалска конфедерација. 33-годишниот фудбалер доживеа повреда на коленото на квалификацискиот натпревар на Бразил против Уругвај во октомври 2023 година. По разочарувачкиот период во саудискиот премиерлигаш Ал-Хилал, Нејмар се врати во неговиот клуб од ...

Интер го победи Феенорд со 0:2 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. На Холанѓаните им недостигаше повеќе цел еден тим, 14 играчи се повредени или суспендирани, па Интер оствари рутинска победа со головите на Маркус Турам и Лаутаро Мартинез. По натпреварот, новинар го праша тренерот на Интер, Симоне Инзаги дали сега цели кон двојна круна (италијанското првенство и Купот на Италија). Инзаги му одговори со кренати три прста. ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
51%
1013
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
2.57
43%
1010
weather icon

Загреб

21ᴼ / 20ᴼ
5.66
56%
1016
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
4.12
57%
1014
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.47
62%
1012
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
44%
1014
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
2.57
62%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
65%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.03
33%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 26ᴼ
3.09
30%
1012
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
3.09
83%
1015
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
5.66
78%
1013
Currency

61.53

Currency

53.9615

Currency

72.9866

Currency

35.0321

Currency

39.3959

Currency

65.6314

Currency

7.50525

Currency

0.68687

Currency

0.37233

Currency

0.52309

Currency

1.3737

Currency

0.62895

Алуминиум

2.45

Кобалт

42.99

Никел

15225.00

Рутениум

19708.41

Калај

32.53

Сребро

1156.73

Злато

106452.73

Бакар

9.71

Паладиум

33629.68

Платина

37475.18

Родиум

186474.33

Цинк

2.63