И покрај катастрофалните резултати во последните години, фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед финансиски, бележи нови рекордни бројки. Манчестер јунајтед оствари рекорден финансиски приход од 666,5 милиони фунти претходната година, иако тимот заврши на 15-то место во лигата, што е најлошиот пласман на „Ѓаволите“ во елитното англиско првенство од сезоната 1973/1974. Почетокот на нивниот петгодишен договор за спонзорство на предниот дел од дресот ...

Жозе Мурињо ќе стане новиот тренер на Бенфика. „Here we go“, објави фудбалскиот инсајдер, Фабрицио Романо. По отказот што го доби во Истанбул, Мурињо ќе се врати во Бенфика по 25 години. Мурињо ќе го наследи Бруно Лаж, кој беше отпуштен по изненадувачкиот пораз на Бенфика од Карабаг на отворањето на Лигата на шампионите. Искусниот Португалец ја започна својата независна тренерска кариера на „Луж“ стадионот, но во својата татковина имаше ...

Италијанскиот Суперкуп ќе се одржи од 18 до 22 декември во Ријад, објавија официјалните лица на италијанската Серија А. Од 2023 година, италијанскиот Суперкуп го играат четири клуба: актуелниот шампион и вицешампион на Серија А, како и победникот и финалистот на италијанскиот Куп. Оваа година, Наполи (шампион на Италија), Интер (вицешампион), Болоња (победник на италијанскиот Куп) и Милан (финалист на италијанскиот Куп) ќе учествуваат во ...

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего, полуде како никогаш досега во кариерата на натпреварот со Ливерпул и нападна навивач. Фудбалерите на Ливерпул го победија Атлетико Мадрид со 3:2 во спектакуларен натпревар од првото коло на Лигата на шампионите. На истекот на натпреварот, не само што го видовме решавачкиот гол за победата на Ван Дајк, туку и инцидент меѓу тренерот на гостинскиот тим, Диего Симеоне, и еден навивач, по што тој беше исклучен. ...

Во одличен натпревар од првото коло на Лигата на шампионите, фудбалерите на Ливерпул го победија Атлетико Мадрид со 3:2 со голот на Вирџил ван Дајт во 92.минута. Во уште едно дерби, Баерн беше подобар од Челзи со 3:1, додека ПСЖ и Интер исто така победија против Аталанта односно Ајакс. Атлетико минута го делеше од бод на „Енфилд“, иако имаше два гола негатива на од шестата минута. Шампионот на Англија го започна натпреварот фуриозно и со ...

Фудбалскиот клуб Вардар одбраната на титулата во Купот на Македонија ќе ја започне на домашен терен против Новаци. Во Куќата на фудбалот со ждрепка беа одредни осминафиналните двојки. Се игра еден натпревар, а термините се 24.09.2025 и 29.10.2025. Осминафинални двојки во Купот на Македонија: Македонија ЃП – Струга Трим Лум Охрид Лихнидос – Шкупи 1927 Вардар – Новаци Башкими 1947 – Силекс Шкендија – Тиквеш Работнички – Брегалница 2008 Шкендија ...

Фудбалерот на Виљареал, Томас Парти, претпладнево се изјасни за невин кога се појави пред судот во Лондон, по обвиненијата за силување и сексуален напад. Парти беше обвинет по пет точки за силување и едно обвинение за сексуален напад, поради спорни настани во 2021 и 2022 година. Обвиненијата се однесуваат на три жени. Парти во тоа време беше член на Арсенал, а веќе една година англиските медиуми пишуваат за овој случај. „Топџиите“ не го ...

Напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал, ќе го пропушти натпреварот на Барселона против Њукасл јунајтед во Лигата на шампионите во четврток на „Сент Џејмс Парк“ поради повреда на препоните, објави шпанскиот клуб. Јамал се повреди додека играше за националниот тим, а тренерот на Барселона, Ханси Флик, жестоко го критикуваше селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, дека во репрезентацијата не се грижеле за 18-годишникот, кој ја пропушти и победата ...

Трент Александер-Арнолд (26), десниот бек на Реал Мадрид и репрезентацијата на Англија, синоќа го напушти натпреварот веќе во петтата минута од натпреварот од Лигата на шампионите против Марсеј. Реал победи со 2:1, но на најмалку шест недели го загубија играчот кого го доведоа како слободен агент ова лето. Трент го повреди мускул, бицепс на левата нога, и нема да игра најмалку месец и пол, а можеби и подолго. Во тој период, Реал ќе одигра ...

Душан Влаховиќ е херојот на Јувентус во ремито против Борусија Дортмунд во првото коло од Лигата на шампионите. Јувентус и Борусија одиграа спектакуларно второто полувреме во Торино. Гостите од Германија до 94.минута имаа доство 2:4, на крајот натпреварот заврши без победник 4:4. Влаховиќ е тема во италијанските медиуми ден по натпреварот. Влезе на теренот во 60.минута, постигна два гола, а во 96.минута повлече контра и му асистираше на Кели ...

Винисиус Жуниор и Реал Мадрид повеќе не се на иста бранова должина. Чаби Алонсо реши да го остави на клупата за резерви на премиерата во Лигата на шампионите, а по тешката победа над Марсеј (2:1), започнаа шпекулациите за незадоволство на Винисиус. Сигурни мадридски извори пишуваат дека постојат три причини зошто Винисиус повторно стана тема во Реал. Првата е дека минатата сезона беше многу лош и не успеваше да прави разлика на теренот, како ...

Четврт век откако беше отпуштен од тренерската позиција на Бенфика по само десет натпревари на клупата, сега ветеран од европските фудбалски битки и повеќе пати поразен генерал, Жозе Мурињо се враќа во Лисабон. „Си-Ен-Ен Португалија“ објави дека остануваат мали формалности до втората промоција на „Специјалниот“ на позицијата тренер на најтрофејниот португалски клуб. „Бенфика и Жозе Мурињо се согласија за основните принципи на соработка, така ...

Роберт Просинечки доби отказ на функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Црна Гора. Како што дознава „Спорт Клуб Хрватска“, причината за оваа одлука на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора се неуспесите во дуелите со Чешка и Хрватска. Исто така е познато кој ќе биде новиот шеф на стручниот штаб на црногорската репрезентација. Функцијата од Просинечки ќе ја преземе Мирко Вучиниќ, легендарниот црногорски фудбалер. Просинечки ја презеде ...

Ливерпул вечерва ќе го пречека Атлетико Мадрид од 21 часот во Лигата на шампионите. На прес конференцијата пред натпреварот, тренерот на тимот од Мадрид, Диего Чоло Симеоне рече дека неговиот тим ќе даде се од себе против „исклучителниот Ливерпул“. „Јорганџиите“ ќе му се спротивстават на Ливерпул без пет исклучително важни играчи. „Треба да гледаме позитивно, играчите што ќе играат ќе имаат можност да покажат што можат. Дел од фудбалот е тоа ...

Фудбалскиот клуб Бенфика го отпушти тренерот Бруно Лаж по шокантниот пораз од Карабаг во првото коло од Лигата на шампионите. Бенфика претрпе пораз во Лисабон по пресврт, иако по 16 минути игра домашниот тим водеше со 2:0. Карабаг во Лисабон испиша историја на азербејџанскиот фудбал. Стана првиот клуб од Азербејџан што ги освои сите три бода во натпревар од Лигата на шампионите- и тоа на своето деби во елитното континентално фудбалско ...

Се зборува многу за иднината на Рубен Аморим на клупата на Манчестер јунајтед. И таа, и покрај зборовите на поддршка од Џим Ратклиф, би можела да биде решена со една клаузула во неговиот договор. По поразот во градското дерби против Манчестер сити (3:0), Аморим изјави дека нема да ја менува својата филозофија и тактика. И кратко рече „сменете ме“. Статистиката е неумолива – Аморим е најлошиот менаџер на Јунајтед по Втората светска војна во ...

Реал го победи Марсеј со 2:1 во првото коло од Лигата на шампионите на домашен терен. Тимоти Веа ги доведе гостите во водство во 22-та минута, а Килијан Мбапе ги постигна двата гола за домашниот тим од пенал, во 29-та и 81-ва минута. Реал од играше со еден играч помалку од 72-та минута откако Дани Карвахал беше исклучен од Ирфан Пељто. Судијата од БиХ е под критики од Французите за вториот пенал за Реал, од кој Мбапе постигна гол за голема ...

Португалскиот играч од средниот ред Бернардо Силва (31), кој е еден од клучните играчи на Манчестер сити осум години, веќе знае дека ќе мора да бара нов клуб на крајот од сезоната. Клубот нема намера да го продолжи договорот со Силва, кој истекува во јуни следната година, објавија британските медиуми. Силва ќе ја доживее истата судбина како и Белгиецот Кевин Де Брујне (34), кој беше отпуштен по десет години. Де Брујне потпиша за италијанскиот ...

Неверојатна вечер во Лигата на шампионите. Во терминот од 21 часот се одиграа четири натпреари. Сите минаа во сенка на спектаклот во Торнио, дури и сензационалната победа на Карабг во Лисабон. Долго ќе се прашуваат во Дортмунд како ја испуштија победата во Торино. „Милионерите два пати водеа, Јуве два пати се враќаше во мечот, а кога Бенасабијани во 86.минута од пенал погоди за 2:4 се чинеше дека победникот е решен. Борбеноста сепак им се ...

Поранешниот фудбалер на Црвена звезда, Дејан Миловановиќ, почина на 42-годишна возраст за време на натпреварот на ветерани помеѓу Звездара и ПКБ. Миловановиќ се падна на тревата за време на натпреварот помеѓу ветераните ФК на Црвенз звезда и ПКБ, екипата за итни случаи пристигна релативно брзо и го реанимираше на лице место, а потоа беше пренесен во болница. Миловановиќ постигна гол во 7-та минута од гореспоменатиот натпревар, кој започна ...

Со гостински победи на Арсенал и дебитантот Унион Сен Жилоа, започна сезоната 2025/2026 во Лигата на шампионите. Арсенал на „Сан Мамес“ во Билбао, не прикажа некоја спектакуларна игра, но успеа да го победи Атлетик. Два гола постигнаа играчите од клупата за резерви. Мартинели по нецели 15 секунди откако влезе во игра во 72.минута погоди за 0:1. Конечниот резултат го постави Тросар во 87.минута. Резервите на Артета си поделија по една ...

Шејн Ларкин, кошаркарот на Ефес, одлучи повеќе да не го носи дресот на Турција. Искусниот плејмејкер го водеше тимот на Ергин Атаман до сребрен медал на Евробаскетот, по што реши да стави крај на репрезентативната кариера. Тој ја информираше јавноста за својата одлука на социјалните мрежи. „Пред седум години се согласив да играм за Турција без никакви очекувања. А седум години подоцна, чувствувам дека ова е мојот втор дом. Начинот на кој ме ...

Ливерпул, утре, ќе го пречека Атлетико Мадрид во еден од најпривлечните натпревари во првото коло, во Лигата на шампионите. „Јорганџиите“ ќе бидат хендикепирани на „Енфилд“, тренерот Диего Чоло Сименоне нема да може да смета на првиот напаѓач, Хулијан Алварез. За време на викендот против Виљареал, Аргентинецот почувствува непријатност во коленото, беше заменет, а по лекарските прегледи беше одлучено да се одмори и да го прескокне дуелот со ...

Селекторот на Бразил Карло Анчелоти (66) ги избра најдобрите играчи што ги тренирал во својата богата тренерска кариера. Италијанецот избра седум играчи. Заедно со Модриќ, Анчелоти ги додаде и Бразилците Роналдо Назарио и Кака, кои ги тренираше во Милан, Дидие Дрогба од Брегот на Слоновата Коска, со кого работеше во Челзи, и ѕвездите на Реал Лука Модриќ, Винисиус Жуниор, Тони Крос и Кристијано Роналдо. Карло Анчелоти е еден од најуспешните и ...

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, вети дека нема да ја менува својата фудбалска филозофија, а клупските челници не планираат да го сменат тренерот, објавија британските медиуми. „Клубот од Олд Трафорд има долгорочен план и иако постои незадоволство од моменталните резултати, нема да има ненадејни реакции или по секој натпревар да се преиспитува иднината на тренерот, без разлика колку е гласна бучавата однадвор“, објави „Скај ...

Францускиот лев бек Бенжаман Менди, поранешен играч на Манчестер Сити, кој преживеа долгогодишна драма пред да биде ослободен од обвиненијата за силување, има нов клуб. Менди, кариерата ќе ја продолжи во полската Екстракласа, а новиот клуб на 31-годишникот роден во близина на Париз ќе биде Погон Шчецин, како што тврди локалниот „mezcyki.pl“ и објавија бројни европски медиуми. Станува збор за двегодишен договор, а Полјаците истакнуваат дека ...

Ергин Атаман, селектор на Турција, емотивно реагираше на еуфоричниот пречек што го доби неговиот тим во Истанбул. Кошаркарите на Турција не успеаја да се вратат од Рига со златен медал, откако Германците беа подобри во финалето на Евробаскетот (88:83), но без оглед на тоа, им беше приреден величенствен пречек. На аеродромот, Атаман низ солзи им се обрати на присутните. „Сребрен медал по толку години, секако е голем успех и турскиот народ е ...

Кристијан Ромеро изјави дека во ниту еден момент не сакал да го напушти тимот ова лето. Аргентинецот изјавата ја даде пред потпишувањето на новиот договор со Тотенхем. Бројни клубови беа заинтересирани за Ромеро и се шпекулираше дека ќе се пресели во Атлетико Мадрид, но тој сепак го продолжи договорот со Тотенхем и беше именуван за капитен. Тој ја одигра секоја минута од почетокот на сезоната, постигна гол во финалето на Европскиот Суперкуп и ...

Капитенот на Арсенал, Мартин Одегар, ќе го пропушти претстојниот натпревар против Атлетик Билбао во првото коло од Лигата на шампионите поради повреда. Тренерот на Арсенал, Микел Артета, потврди дека Едегор не е со тимот во Шпанија, откако се повреди во саботата на натпреварот против Нотингем Форест (3:0) во Премиер лигата. „Габриел Жезус, Каи Хаверц, Бен Вајт и Мартин Одегар се отсутни, за жал“, рече Артета, за „Скај Спортс“. Одегар го ...

Новата сезона на фудбалската Лига на шампиони започнува вечерва, по втор пат во новиот формат што беше воведен минатата година, а титулата ја брани Пари Сен Жермен. Во мај, ПСЖ ја освои својата прва титула во историјата со победата над Интер 5:0 во финалето, што е најубедливата победа во финалните натпревари во историјата на елитното натпреварување. Патот на Парижаните, сепак, беше далеку од лесен, бидејќи беа блиску до елиминација во неколку ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
0.51
93%
1032
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.0
93%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1034
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.01
83%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
1.03
99%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 9ᴼ
0.89
82%
1030
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
76%
1030
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
87%
1030
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
100%
1028
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
95%
1028
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
93%
1030
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Бакар

10.93

Алуминиум

2.90

Злато

139470.53

Платина

61733.50

Рутениум

29192.88

Паладиум

52470.02

Иридиум

145787.60

Калај

42.35

Кобалт

58.42

Сребро

2128.87

Цинк

3.03

Родиум

258009.74