Грчката музичка ѕвезда Александра Прехер му испрати порака на најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ. Аура, како што е позната во Грција, му се обрати на српскиот тенисер од Атина и му испрати порака. „Ноле, не сум од Србија, но… Ноле, слушнав дека си се преселил во Атина и те барам, затоа што сакам да ти ја отпеам ‘Ти моје злато’“, рече Александра, а потоа додаде: „Па, каде си Ноле, каде си? Те барам, те барам“, изјави таа и ја ...

Менaџерот на Ливерпул, Арне Слот, ја изрази својата фрустрација по првиот пораз на тимот во Премиер лигата оваа сезона, истакнувајќи ја слабата игра при одбрана на статични позиции. Ливерпул загуби со 2-1 на „Селхерст Парк“ од Кристал Палас, откако Исмаила Сар и Еди Нкетија го искористија корнерот и долгото додавање за победа, прекинувајќи го перфектниот старт на тимот. И покрај одличниот настап на голманот Алисон Бекер, одбраната на Ливерпул ...

Реал Мадрид доживеа убедлив пораз од 5-2 во дербито со Атлетико Мадрид, прв под водство на Чаби Алонсо. По мечот, тренерот призна дека тимот не бил на потребното ниво и дека проектот што го гради е сè уште во развој. „Одигравме лош натпревар, ниту колективно, ниту индивидуално. Не бевме на висина ниту со топка, ниту без неа. Ова е прв пораз сезонава, но ќе продолжиме напред. Нема оправдувања, поразот беше заслужен. Ова е дерби и навистина боли ...

Јувентус и Аталанта одиграа реми 1-1 во петтото коло на Серија А на стадионот „Алијанц“. И покрај очекувањата за динамичен дуел со голови, натпреварот мина во силна борба, со малку реализирани шанси. Во првиот дел, Аталанта ја имаше првата шанса преку Никола Крстовиќ, додека за Јувентус најопасен беше Аџиќ. Водството за Аталанта дојде во судиското надополнување на првиот дел, кога Камалден Сулејмана реализираше од одлична акција. Во вториот ...

Рекордерот по најбрзо постигнати 100 голови за клуб од топ 5 европски првенства, Хари Кејн, зборуваше по убедливата победа над Вердер со 4-0. Капитенот на Англија постигна нови два погодоци, со кои ги надмина достигнувањата на Кристијано Роналдо и Ерлинг Халанд, достигнувајќи ја бројката од 100 голови само за 104 натпревари. Капитенот на Англија го коментираше својот подвиг. „За мене ова е лудост. Чест е да достигнам 100 голови за овој голем ...

Монако претрпе тежок пораз на гостувањето кај Лориен со 3-1 во рамките на шестото коло од Лига 1. „Кнезовите“ останаа со играч помалку уште во 38. минута по црвениот картон за Тило Керер, што значително ја олесни задачата за домаќините. Само две минути подоцна, Бамба го отвори резултатот за Лориен, а во завршницата Пабло Пажис со два погодоци ја потврди доминацијата на својот тим. Единствената утеха за Монако беше погодокот на Ансу Фати од ...

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го одиграа својот најдобар натпревар сезонава во Ла Лига и го победија Реал Мадрид со 5-2 во мадридското дерби. Тимот на Диего Симеоне конечно забележа две победи во низа, додека „кралевите“ доживеаја прв пораз по шесте последовни триумфи. Натпреварот започна со спектакл уште во првото полувреме, со четири гола. Ле Норман ја отвори серијата во 15. минута со гол со глава, а Реал возврати преку Арда Ѓулер и Мбапе, ...

Кристал Палас му го нанесе првиот пораз на Ливерпул во новата сезона од Премиер лигата, победувајќи со 2-1 на свој терен. Домаќинот обезбеди триумф со голот на Еди Нкетија во 97. минута. Претходно, Палас поведе со погодокот на Исмаила Сар во 9. минута, а Федерико Киеза израмни за Ливерпул во 87. минута. Во останатите натпревари, Челси загуби на „Стемфорд Бриџ“ од Брајтон со 1-3, Манчестер Сити убедливо славеше против Барнли со 5-1, додека Лидс ...

Борусија Дортмунд забележа победа на гостувањето кај Мајнц, совладувајќи го противникот со 0-2 во петтото коло на Бундеслигата. „Милионерите“ ја решија судбината на натпреварот уште во првото полувреме, кога за водство погодија Даниел Свенсон и Карим Адејеми. Во второто полувреме, Борусија Дортмунд ја контролираше играта без поголем напор, задржувајќи го водството и рутински го завери триумфот. Ова е четврта победа за тимот на сезонава, со што ...

Тиквеш успеа да слави со 2-1 против Македонија ЃП, додека Арсими ја совлада Шкупи со 4-2 во денешните натпревари од Првата македонска фудбалска лига. Во Кавадарци, Тиквеш поведе рано, во деветтата минута, со голот на Берат Садик со удар со глава. Македонија ЃП израмни во 58. минута преку пеналот реализиран од Ѓорѓи Стоилов, но Иван Ивановски во 68. минута донесе победнички погодок за домаќините. Во Гостивар, Арсими беше подобар од Шкупи и ...

Жерар Деулофеу (31), некогашниот голем талент на Барселона, веќе скоро две години не одиграл официјален натпревар поради сериозна повреда на коленото. Шпанецот призна дека постои можност да се повлече од активниот фудбал, иако сè уште се надева на враќање. „Ќе биде многу тешко, но сакам да испишам историја – да бидам играчот кој најдолго бил надвор од терените, а сепак успеал да се врати“, изјави Деулофеу. По инфекција на ’рскавицата кон ...

Манчестер Сити го продолжи договорот на средниот играч Нико О’Рајли, соопшти клубот. Договорот со 20-годишниот фудбалер е продолжен до летото 2030 година. „Никогаш нема да го заборавам овој ден. Во Сити сум од осумгодишен и да стигнам до првиот тим и да играм за него е остварување на сон. Потпишувањето на нов договор е навистина нешто посебно“, изјави О’Рајли. „Многу сум горд на себе, како и мајка ми! Таа многу жртвуваше за да стигнам до ...

Манчестер Јунајтед повторно разочара, овојпат со пораз од Брентфорд (3-1) во Лондон, во меч од шестото коло на Премиер – лигата. Херој на домаќините беше Бразилецот Игор Тијаго со два погодоци уште во првите 20 минути. Јунајтед се врати во игра преку новајлијата Бењамин Шешко, кој го постигна дебитантскиот гол и намали на 2-1, но тоа беше максимумот што „црвените ѓаволи“ го покажаа. Во второто полувреме гостите доминираа, но најголемата шанса ...

Израел презема сè можни мерки, па дури и најдрастични, за да го спречи исфрлањето од УЕФА и ФИФА, пишува британски „Тајмс“. Реагираа и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп. Според наводите на Times, премиерот Нетанјаху лично телефонски разговарал со фудбалски функционери од УЕФА и ФИФА за да спречи забрана за учество на Израел во сите меѓународни натпреварувања. УЕФА идната недела ќе одржи итен ...

Вест Хем реши да се раздели со менаџерот Грем Потер, но брзо ја затвори оваа страница и веднаш најде ново решение. Само неколку часа по разделбата, од Лондон стигна вест дека Нуњо Еспирито Санто е назначен за нов тренер на „чеканите“. Со тоа Вест Хем добива искусен стратег кој добро го познава англискиот фудбал. Португалецот веќе има богато искуство во Премиер лигата. Ги предводеше Вулверхемптон, Тотенхем и Нотингем Форест, а сега ќе се обиде ...

Мадридското дерби меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид ќе ја раздвижи шпанската престолнина денеска, кога двата гиганти ќе се сретнат на стадионот „Ер Метрополитано“. Натпреварот од седмото коло на Ла Лига започнува во 16:15 часот и се очекува да биде еден од најинтересните судири на почетокот од сезоната. Тимот на Диего Симеоне ќе се обиде да го сопре залетаниот противник, кој досега покажува импресивна форма во првенството. Реал Мадрид ...

Екипата на Македонија ЃП на последните четири меча во домашниот шампионат има три победи и еден пораз. Во текот на оваа серија совладани се Пелистер, Брера и Шкупи додека единствениот неуспех беше на гостувањето против Вардар. Благодарение на победничката низа „лавовите“ полека но сигурно се искачуваат на табелата со девет освоени бода и во моментов се на шестата позиција. Денеска Македонија ЃП ја очекува нов предизвик. Во Кавадарци од 15:00 ...

Во осмото коло од Првата македонска фудбалска лига, Арсими ќе го пречека составот на Шкупи. Натпреварот има големо значење за домашниот тим, Арсими сака да се врати на победничките патеки по незгодниот пораз од Брера во Струмица додека Шкупи е во серија на лоши резултати и бара излез од кризата. Дуелот во Гостивар е одлична можност за домашната екипа да освои значајни бодови во трката за подобра позиција на табелата. Еден од носителите на ...

Екипата на Шкупи сè уште нема бодови ниту по седум кола во елитниот фудбал во Македонија. Денес пред нив е Арсими, кој ги загуби последните три натпревари во Гостивар. Шкупи верува дека сега е време да ги освои првите бодови во оваа сезона. Играчот од средниот ред Адонис Милај бара максимална посветеност од своите соиграчи, а во исто време предупредува да не се потценува тимот од Чегране. „Иако е тим кој штотуку пристигна во Првата лига, врз ...

Вест Хем го отпушти тренерот Грем Потер по само осум месеци на клупата, откако тимот под негово водство забележа само шест победи во 25 натпревари. Одлуката следеше по поразот од Кристал Палас (1-2) на домашен терен, со што лондонскиот клуб падна на 19. место во Премиер-лигата со само три бода од пет кола. Оваа сезона Вест Хем прими 13 голови, а постигна само пет. Англискиот стручњак во јануари потпиша двегодишен договор и го наследи Хулен ...

Тиквеш се соочува со проблеми уште од почетокот на сезоната, но се чини дека полека работите доаѓаат на своето место и се верува дека токму по денешниот натпревар следуваат подобри резултати во Првата фудбалска лига. Кавадарчани во моментов се на десеттото место на табелата со пет освоени бода и со евентуален триумф денеска на свој терен од 15:00 часот против Македонија ЃП, нештата може само да се подобрат што е и примарна цел за сите во ...

Дисциплинскиот комитет на ФИФА донесе строги мерки против Фудбалската асоцијација на Малезија (ФАМ) и седум интернационални фудбалери – Габриел Палмеро, Факундо Гарсес, Родриго Холгадо, Иманол Мачука, Жоао Фигеиредо, Џон Иразабал и Хектор Хевел – поради злоупотреба на документи и прекршување на Дисциплинскиот кодекс. Играчите имаат аргентинско, шпанско, бразилско и холандско потекло, а Гарсес настапува за шпанскиот тим Алавес од Ла Лига. ...

Бразилскиот фудбалер и капитен на Пари Сен Жермен, Маркињос, го повреди левиот бутен мускул и нема да игра во наредните неколку недели, соопшти клубот од Париз. ПСЖ не прецизираше кога Бразилецот ја добил повредата, иако тој одигра цел натпревар против Марсеј (1-0) во понеделникот, како и натпреварот од Лигата на шампионите минатата недела против Аталанта (4-0). Маркињос така ѝ се приклучи на листата на повредени во која веќе се наоѓаат Осман ...

Француската ѕвезда Осман Дембеле, новиот добитник на престижната награда „Златна топка“ во изборот на „Франс Фудбал“, убедливо го победил Ламин Јамал, кој заврши на втората позиција. Иако дел од јавноста очекуваше израмнета трка меѓу двајцата, официјалните резултати покажаа значителна разлика. Дембеле освои вкупно 1380 гласови, додека Јамал собра 1059. Предноста од 319 гласа му обезбеди сигурна победа на Французинот. На третото место се најде ...

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, триумфираше во спринт трката на Големата награда на Јапонија, 17. рунда од овогодинешниот Мото ГП шампионат. Акцијата во Мотеги продолжува во недела од 4 часот, а главната трка во „кралската класа“ ќе започне во 7 часот. Бањаја на патеката „Твин Ринг Мотеги“ стигна до својата прва спринт-победа оваа сезона и прво саботно искачување на подиумот по Муџело, во јуни. Италијанецот водеше од старт до цел и задржа ...

Кристијано Роналдо постигна гол, а Ал-Наср ги демонстрира своите шампионски амбиции со победа од 0-2 како гостин против главниот конкурент за титулата во Саудиска Арабија, Ал-Итихад, со што се искачи самостојно на врвот на табелата. Португалската ѕвезда се запиша во листата на стрелците во 35. минута и сега има вкупно 946 голови во својата кариера. Друг херој за Ал-Наср беше Садио Мане. Сенегалецот го отвори резултатот уште во деветтата ...

Хари Кејн сруши уште еден неверојатен рекорд , станувајќи најбрзиот играч што стигнал до 100 гола за клуб во првите пет европски лиги од 1992 година. Капитенот на Англија постигна два гола во убедливата победа на Баерн од 4-0 над Вердер. Тимот на Венсан Компани поведе со голот на Џонатан Тах, Кејн го дуплираше водството кон крајот на првото полувреме откако реализираше пенал. Неговиот втор гол, неговиот 100-ти во дресот на баварскиот гигант, ...

Бареселона во раната фаза од сезоната се соочува со бројни повреди. Откако Гави беше опериран, нов удар за тимот е повредата на Рафиња. Бразиелцот заработи повреда на тетивата и клубот официјално објави дека ќе биде надвор од фудбалот околу три недели. Ова значи дека Рафиња ќе го пропушти дербиот во Лигата на шампионите против ПСЖ на 1 октомври. По шест лигашки натпревари, Барселона има пет победи и едно реми, односно два бода помалку од ...

Џузепе Марота, претседателот на Интер, во петокот учествуваше на конференцијата на Универзитетот во Милано, на која рече дека италијанската фудбалска лига (Серија А) ја изгубила својата вредност, а како пример го наведе доаѓањето на Лука Модриќ на 40-годишна возраст. „Серија А ја изгубила својата вредност и станала транзициско натпреварување во кое играчите се само минливи“, рече 68-годишниот Марота. Како пример, тој го наведе летниот трансфер ...

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, му оддаде почит на својот поранешен играч, Кајл Вокер, пред неговото враќање на „Етихад“ во редовите на Барнли. Шпанскиот стручњак истакна дека го рангира 35-годишниот англиски бек рамо до рамо со легенди како Кафу, Хавиер Занети и Лилијан Тирам. „Апсолутно. Тој е еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња. Кога требаше да го контролираме тимот со најдобрите крила, спиев како бебе знаејќи дека ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Белград

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
82%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 2ᴼ
0.51
88%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
0.0
93%
1031
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.65
80%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
1.41
97%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
0.89
83%
1029
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1029
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1029
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.68
87%
1028
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
1.34
97%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Цинк

3.03

Иридиум

145787.60

Алуминиум

2.90

Паладиум

52470.02

Платина

61733.50

Рутениум

29192.88

Сребро

2128.87

Кобалт

58.42

Родиум

258009.74

Бакар

10.93

Калај

42.35

Злато

139470.53