Скопје
-4ᴼ /
-4ᴼ
Ангелос Постекоглу беше во својот 24-ти ден како менаџер на Нотингем Форест кога Митјиланд дојде на „Градскиот стадион“, во четврток вечерта. Речиси три децении, точно 29 години, навивачите чекаа европски натпревар на нивниот стадион. Натпреварот заврши со скандирањето „утре ќе добиеш отказ“. За само 24 дена и шест натпревари, Постекоглу успеа да стане најлошиот менаџер во историјата на Нотингем Форест. Тој е првиот менаџер по сто години кој ...
Екипата на Глазгов Ренџерс доживеа пораз и во второто коло од Лигата на Европа. По Генк и Штурм беше подобар од тимот од „Ајброкс“, но она што дополнително ги повреди сите во клубот е фактот дека оваа генерација изедначи рекорд стар 128 години. Кога во седмата минута Хорват му донесе водство на Штурм, тој веќе го означи израмнувањето на негативниот рекорд на клубот. Ова беше 22-ри натпревар по ред во кој Ренџерс не успеа да го одбранат својот ...
Макс Ферстапен победи на последните две трки во шампионатот на Формула 1 и ја намали разликата на 69 поени во однос на лидерот Оскар Пјастри, возач на Мекларен. Двете победи на Холанѓанецот, повторно ја разгоре приказната за тоа дали, четирикратниот светски шампион би можел да влезе во борбата за титулата. Кога беше прашан за тоа пред Големата награда на Сингапур, Макс имаше интересен одговор. „Моите шанси се 50 проценти. Или ќе ја освојам или ...
Официјачна промоција имаше топката што ќе се користи на Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико. Топката создадена од Адидас го симболизира единството на трите нации – САД, Канада и Мексико, домаќините на првенството, но исто така носи и важен технолошки исчекор. Нејзиниот напреден сензор работи на фреквенција од 500 херци во секунда и ги евидентира сите детали од движењето во реално време. Информациите се испраќаат до ВАР ...
Капитенот на кошаркарите на Олипијакос, Костас Папаниколау, во поразот на својот тим во Мадрид, од Реал (89:77), испиша нова страница во клупската историја. Папаниколау, против Реал го одигра 748-от натпревар во дресот на Олимпијакос. Тој стана играч со најмногу одиграни натпревари во дресот на Олимпијакос. На вечната листа мина уште една клупска легенда, Јоргос Принтезис. Папаниколау има 370 настапи за Олимпијакос во Евролигата, 339 во ...
Фудбалерите на Ливерпул, влегуваат во серијата тешки натпревари, без голманот Алисон Бекер. Бразилскиот голман се повреди во средата, во поразот од Галатасарај (1:0), во Лигата на шампионите. Алисон се пожали на повреда на „задната ложа“. Според првичните информации тој ќе отсуствува до крајот на ноември. Голманот ќе пропушти неколку важни натпревари во овој период, како што се дуелите со Челзи, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, како и Реал ...
Ерик Тен Хаг наскоро би можел повторно да седне на клупата на клубот каде што бележеше најдобри резултати. Во последно време, јавноста многу зборува за ненадејниот пад на кариерата на Тен Хаг откако беше отпуштен од Манчестер Јунајтед и Баер Леверкузен. Според последните информации што доаѓаат од Холандија, Тен Хаг би можел да се врати во Ајакс, со кого постигна фантастични резултати пред пет години. Великанот од Амстердам игра лошо од ...
Денвер Нагетс се сериозни во врска со трошењето огромни суми пари за обнова на шампионскиот тим околу Никола Јокиќ. Српскиот ас веројатно ќе потпише максимален договор следната сезона, а челниците на тимот од Колорадо сакаат да го осигурат останувањето на играчи кои ќе му помогнат да и донесе на франшизата уште една титула. Во оваа група е и Кристијан Браун, кој ја одигра најдобрата кошарка во својот живот во сезоната 2024/25. Одличниот бек ...
Три натпревари го отворија второто коло во кошаркарската Евролига. Победи забележаа Реал Мадрид, Баерн Минхен и Партизан. Реал Мадрид со голем пресврт, во последната четвртина го победи Олимпијакос со 89:77. Најефикасни играчи во Реал Мадрид беа Марио Хезоња со 18, Габриел Дек со 13, Факундо Кампацо со девет поени и осум асистенции. За Олимпијакос, Тајлер Дорси постигна 20, Еван Фурние 14, Саша Везенков 13, Никола Милутинов 10 поени со девет ...
Црвена звезда загуби во Порто, а Динамо Загреб забележа победа над Макаби, во второто коло во Лига Европа. На „Драгао“, Порто ја запиша деветтата победа од почетокот на сезоната. Порто ја победи Црвенз звезда со 2:1, со голот на Родриго Мора во 89-та минута. Играчите на српскиот првак скапо ги платија грешките на „Драгао“. Учена со несмасна реакција направи пенал во шестата минута, а Гомез погоди за 1:0. Изедначи во 33-та минута најмладиот во ...
Ракометарите на Барселона успеаја да го победат Веспрем со 31:30 (21:21, 13:12) по продолженија, ја освоија титулата клупски светски шампион, од тронот го симнаа токму тимот на Веспрем. Финалниот турнир беше организиран во Египет. Во текот на првото полувреме се водеше сосема рамноправна борба, се играше по принципот гол за гол, а Барса отиде на полувреме со предност од еден гол – 13:12. Иан Баруфет постигна пет гола, Блаж Јанц три, Дика Мем ...
Првите натпревари од второто коло во Лига Европа, го обележа натпреварот на „Олимпико“ во Рим. Рома три пати промаши еден ист пенал и загуби од Лилсо 0:1. Фудбалерите на лил поведоа во шестата минута, кога грешката во одбраната на Рома ја казни Харалдсон. Она што го обележа натпреварот се случи во 82-та минута. ВАР и додели пенал на Рома, одговорноста ја презеде Довбик. Голманот Озер го одбрани пеналот, но излегол пред време од гол-линијата и ...
Македонскиот шампион Шкендија со пораз стартуваше во главната фаза во Конференциската лига. Вечерва во Мадрид, Рајо Ваљекано ја порази Шкендија со 2:0. На „Ваљекас“, Рајо мечот го реши во првите половина час, во интервалот од 28-та до 32-та минута. Унаи Лопез го постигна првиот, а Фран Перез вториот гол. ⚽️ Fran Pérez 31' UEFA Conference League | 🇪🇺 Rayo Vallecano 2-0 Shkëndijapic.twitter.com/BfW10IP8vb — Goals Xtra (@GoalsXtra) October 2, ...
Најпопуларните шпански медиуми го критикуваат Ламин Јамал по поразот на Барселона од Пари Сен Жермен (1:2) во второто коло од Лигата на шампионите. Иако има само 18 години тоје е еден од најдобрите играчи на Барселона. Медиумите во овој случај немаа милост кон неговата младост, во коментарите беа исклучително остри. Радио „Марка“ оцени дека Јамал „сè уште не треба да се смета себеси за ѕвезда“. „АС“, вели дека „младата ѕвезда“ сè уште „има ...
Фудбалската репрезентација на Македонија влегува во завршната фаза од квалификациите за Светското првенство 2026 што ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Во октомври не очекуваат два клучни натпревари, најпрво гостувањето кај Белгија во Гент, а потоа и дуелот со Казахстан во Скопје, во пресрет на ноемвриската завршница на циклусот за пласман на Мундијалот. Селекторот Благоја Милевски го објави списокот без поголеми изненадувања. Од ...
Дури и 25 години по трансферот, навивачите на Барселона не му простија на Луис Фиго што се пресели во Реал Мадрид. Португалецот го почувствува тоа на своја кожа кога се појави меѓу навивачите на каталонскиот клуб, вчера на „Монжуик“. Фиго го гледаше поразот на Барселона од ПСЖ во Лигата на шампионите во живо од ВИП ложата. Парижаните покажаа зошто се шампиони на Европа, бидејќи направија пресврт и ја победија Барса и покрај фактот дека играа ...
Кевин Де Брујне е најголемото засилување што пристигна во Наполи ова лето. Поранешниот капитен на Манчестер Сити блескаше на натпреварот од Лигата на шампионите против Спортинг. Наполитанците победија со 2:1, а Белгиецот му асистираше на поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд за двата гола. „Тимски одигравме одличен натпревар. Спортинг е сериозен тим. Не беше лесно кога израмнија, но успеавме да го постигнеме вториот гол и да ...
Милорад Мажиќ, раководител на одделот за судење и инспекција на Руската фудбалска федерација, откри кого го смета за најдобар судија во историјата на фудбалот. Србинот е вработен во најголемата земја во светот од 2023 година, а во интервју за Спорт-експрес, го издвои судијата број 1. „Без сомнение, Пјерлуиџи Колина е најдобар. Поади него јавноста и навивачите го сменија мислењето за судиите, системот, воведе конзистентност. Работел во многу ...
Кариерата на Томас Милер во Ванкувер Вајткепс доби нова димензија во ноќта помеѓу среда и четврток, а Милер го освои 35-от трофеј во својата кариера. Ванкувер Вајткепс го победија својот градски ривал Ванкувер со 4:2 и го освоија Купот на Канада четврти пат по ред. За да биде сè уште поинтересно, двата тима од Ванкувер го одиграа својот прв дуел, со оглед на тоа што не се натпреваруваат во исти лиги. Вајткепс играат во МЛС, додека Ванкувер се ...
Македонскиот првак Шкендија, вечерва го игра дебитантскиот натпревар во главната фаза на Конференциската лига. Шкендија во Мадрид му гостува на Рајо Ваљекано. Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири зборуваше пред дуелот на „Ваљехас“ стадионот. „Ова е важен натпревар за сите нас, за клубот. Историски е ова е нашето деби во Конференциската лига. Исто така, е исклучително што ќе играме против екипа од еден многу респектиран шампионат“, рече Беќири ...
Манчестер сити не успеа да победи во Монако, во второто коло во Лигата на шампионите. Бод на Монако му донесе поранешниот англиски репрезентативец Ерик Даер со гол од пенал во 90-та минута. Двата гола за Сити ги постигна Ерилнг Халанд. Норвежанецот го одигра јубилејниот 50-ти натпревар во Лигата на шампионите. Во исто време, тој постави рекорд за најмногу голови во првите 50 натпревари во елитното европско натпреварување. Со овие два против ...
Српскиот кошаркар и крилен центар на Мајами Хит, Никола Јовиќ, се согласи да ја продолжи соработката со франшизата за уште четири години. Потпишувањето вреди дури 62,4 милиони долари, изјавија за ESPN неговите менаџери Џеф Шварц, Шон Кенеди и Џаред Муча од агенцијата „Excel Sports Management“. Јовиќ минатата сезона постигнуваше просек од 10,7 поени по натпревар – што е неговиот најдобар настап во неговата НБА кариера досега. Со потписот на ...
Раководството на Милан прави список на желби на фудбалери што ќе се обидат да ги доведат веќе во јануарскиот или евентуално летниот преоден рок, на врвот на листат е името на Роберт Левандовски. Спортскиот директор на Милан, Игли Таре, веќе го контактирал менаџерот на Левандовски, Пини Захави, и започнал преговори. Фактот дека договорот на искусниот напаѓач со Барселона истекува на крајот од сезоната, значи дека тој во јануари може да ...
Десниот бек на Њукасл и Англија, Тино Ливраменто, ќе отсуствува од терените помеѓу шест и осум недели поради повреда на коленото. Ливраменто се повреди на натпреварот од Премиер лигата со Арсенал, кој неговиот тим го загуби со 2:1. Најголемиот квалитет на Ливременто е неговата способност да игра подеднакво успешно на левата и десната бековска позиција, дури и во средниот ред. Ова го прави еден од најперспективните англиски фудбалери во ...
Foto/ EPA Јувентус и Манчестер сити во 90-та минута испуштија победи на гостувањата во Виљареал, односно Монако. Благодарение на „врската од Манчестер“ и голманот Вања Милинковиќ Савиќ, Наполи славеше против Спортинг. Арсенал се мачеше против Олимпијакос, но забележа сигурна победа. Борусија Дортмунд беше убедлива, додека на Баерл Леверкузен и ПСВ одиграа без победник. Вечерашните натпревари во Лигата на шампионите, покрај победата на ПСЖ во ...
Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја победија Барселона со 2:1 (1:1) во дербито на втората рунда во Лигата на шампионите. ПСЖ победи и покрај тоа што против Барселона Луис Енрике играше без петмина од првиот тим. На стадионот „Монжуик“ видовме „само“ три гола, иако двата тима имаа неколку изгледни шанси, да постигнат уште некој гол. Натпреварот отвори Ламин Јамал кога со убав потег се ослободи од двајца играчи, подготви шанса за Феран Торес во ...
Манчестер сити не ја започна сезоната онака како што посакуваа во клубот. Доживеаја два порази во Премиер лигата и на табелата имаат пет поени помалку од лидерот Ливерпл. Она што може да го радува Пеп Гвардиола се офанзивните перформанси на неговиот тим. По шест кола се најдобри во англиското првенство, но ако целосно се погледне статистиката забележлива е една бизарност. Имено, втор најдобар стрелец на „Граѓаните“ е стоперот на Барнли. Максим ...
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) и навивачите го дадоа својот глас и заеднички одлучија дека Џуд Белингам е најдобриот англиски фудбалер за сезоната 2024/2025. Веднаш зад него беа Деклан Рајс и Хари Кејн, што покажува дека конкуренцијата за оваа награда беше навистина голема. Тој одигра осум натпревари за националниот тим, а Англија избори промоција во А дивизијата на Лигата на нации. Покрај тоа, тој учествуваше и во квалификациските ...
Вардар 1961 го доби првото дерби во првенството оваа сезона против Еурофарм Пелистер. Вечерва во СЦ „Јане Сандански“, црвено-црните славеа против акруелниот шампион со 31:28 (16:14). Вардар ја прекина серијата од четири порази во дуелите со најголемиот ривал и го задржа максималниот ефект во првенството по пет одиграни натпревари. Пелистер го доживеа првиот пораз, но има и едно реми и поради тоа со седум бода се наоѓа на четвртото место. ...
Фудбалерите на Наполи ќе го пречекаат тимот на Спортинг во 21:00 часот, а на дуелот од второто коло од Лигата на шампионите му претходеа тепачки низ улиците на Неапол. Хулиганите на италијанскиот клуб нападнаа група навивачи на португалскиот тим во елитното натпреварување, меѓутоа, како да не очекуваа жесток отпор од другата страна. Тепачката на улиците на италијанскиот град траеше неколку минути, а кога навивачите на Наполи проценија дека се ...