Англискиот фудбалер Џејмс Тарковски го продолжи договорот со Евертон до крајот на јуни 2028 година, објави клубот од Ливерпул. Тарковски (32) е член на Евертон од 2022 година и во тој период одигра 128 натпревари и стана заменик-капитен. „Многу сум возбуден и горд што сум играч на Евертон и што го продолжувам ова патување. Беа луди неколку години со огромни падови и огромни подеми. Успеавме да ги надминеме тешките времиња и се надеваме дека ...

Тажни фудбалски вести ја погодија Аргентина, ненедејно почина тренерот на Бока Јуниорс, Мигел Анхел Русо. Поранешниот стратег на Бока имаше 69 години и долго време се бореше со рак на простата. Тој почина изминатата ноќа. Русој се сметаше за еден од најпочитуваните тренери во Јужна Америка, поради неговата кариера што траеше повеќе од половина век. Прво беше фудбалер, а потоа и тренер, освојувајќи бројни трофеи. Го крена трофејот на Копа ...

Најбогатиот Британец, ко-сопственик на Манчестер Јунајтед, воедно задолежн за спортскиот сектор, Џим Ретклиф нема намера да му врачи отказ на Рубен Аморим, без оглед на лошите резултати на клубот. Сер Џим Ратклиф, во подкастот „Бизнис“, рече дека тренерот ја има неговата целосна поддршка. Повтори дека на Аморим ќе му се даде време да ги имплементира своите идеи во тимот и дека доколку мнозинскиот сосптвеник, семејството Глејзер побара да му ...

Јанис Адетокумбо, кошаркарот на Милвоки Бакс, реши да се огласи по повод шпекулациите дека во блиска иднина би можел да ја напушти франшизата од Висконсин. Јанис Антетокумпо е жива легенда на Милвоки Бакс и, заедно со Карим Абдул-Џабар (Лу Алсиндор), оставија најдлабок белег во историјата на овој клуб. Токму двајцата ги донесоа единствените две шампионски титули. Јанис беше МВп на финалната серија против Феникс во 2021 година. Со денови се ...

Португалскиот тренер Сержио Консеисао, кој е беше без работа откако во мај го напушти Милан во мај, го презеде Ал Итихад, актуелниот шампион на Саудиска Арабија. „Победата не е избор. Таа нè дефинира. Противниците можат да се менуваат, сојузниците да паѓаат, но шампионот останува. Тој е господар на играта. Јас сум Сержио Консеисао, дојдов да изградам слава со Ал Итихад“, рече Португалецот во видео објавата, во која не беа наведени деталите за ...

Кошаркарите на Макаби од Тел Авив го победија Хапоел со 103:90 во првиот натпревар 3. коло од Евролигата. Натпреварот се одигра во Софија, каде што Хапоел како домаќин ги игра натпреварите во Евролигата. Натпреварот беше неизвесен до самиот крај, се играше во серии, а потоа Макаби успеа на „крилата“ на Џефф Даутин Џуниор да направи клучна предност и рутински го до заврши натпреварот. Ова беше прва победа на Макаби во сезоната, како и прв пораз ...

Еурофарм Пелистер, во четвртото коло го доживеа третиот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите. Вечерва во Плоцк, македонскиот првак доживеа убедлив пораз од Висла 36:25. Еурофарм Пелистер на Висла и се спротивстави само во првите 20 минути. Една третина од натпреварот избраниците на Рубен гарабаја делуваа добро на теренот. Битолчани имаа предност 8:9, кога започна серијата на Висла од 6:1. Таа серија се покажа како клучна за ...

Фудбалската репрезентација на Египет обезбеди место на Светското првенство следната година откако го победи Џибути со 3:0 во африканските квалификации. Во групата А, коло пред крајот, Египет на првото место има недостижни пет бода повеќе од Буркина Фасо, која е на второто место. Египет четврти пат во историјата избори место на Мундијалот, претходно „фараоните“ беа дел од најголемата фудбалска смотра во 1934, 1990 и 2018 година. Од Африка, ...

Репрезентациите на Англија и Велс ќе одиграат пријателски натпревар во четврток за да ја подигнат свеста за Алцхајмеровата болест. Во втората половина од натпреварот, играчите на двата тима ќе истрчаат на теренот облечени во дресови без имиња на грбот, што симболично означува губење на меморијата, еден од најчестите симптоми на оваа сериозна болест. Оваа иницијатива е дел од партнерството помеѓу Фудбалската асоцијација (ФА) и Здружението за ...

Барселона и Реал Мадрид ќе го одложат продолжувањето на договорите со Евролигата, објавува „Мундо Депортиво“. Како што објави овој шпански весник, Барселона и Реал Мадрид сакаат да ја задржат слободата да одлучуваат за евентуално преселување во новата европска лига, која НБА планира да ја лансира во 2027 година, поради што сè уште го одложија на потпишувањето на продолжување на договорот со Евролигата. За време на состанокот на 13-те ...

Младиот дефанзивец на Реал Мадрид, Дин Хаусен, денес го напушти кампот на шпанската репрезентација и нема да игра за „Фуријата“ на претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство против Грузија во сабота и Бугарија во вторник. Хаусен има повреда на мускулот и селекторот Луис де ла Фенте реши да го врати во Мадрид. Првите проценки се дека повредата не е сериозна и дека ќе отсуствува околу две недели. Селекторот на Шпанија, Луис де ...

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, изјави дека управното тело на европскиот фудбал никогаш нема да создаде или поддржи ексклузивно натпреварување, дополнително потврдувајќи го својот став против Европската Суперлига. Дванаесет од водечките европски клубови, вклучувајќи шест од Премиер лигата, потпишаа планови за формирање на Европската Суперлига во 2021 година. Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Тотенхем ја ...

Искусниот француски кошаркар Томас Ертел покренал судска постапка против Барселона. Кошаркарот бара отштета од 1.600.000 евра на име на трансферот што пропадна во последен момент, дознава „Мундо Депортиво“. Сè се случи во првите денови од тековната календарска година, кога Ертел практично се договорил за сите услови со Барселона, но веднаш по слетувањето во Каталонија, го пречекале непријатни вести бидејќи клубот го прекршил својот збор. За да ...

Беше само прашање на време кога Кристијано Роналдо ќе стане првиот фудбалер во историјата со милијарда на својата смертка во банка. Поточно, Португалецот е „тежок“ 1,2 милијарди евра. Според „Блумберг“, водечкото американско финансиско списание, Португалецот ја преминал магичната линија благодарение на профитабилните повеќегодишни договори со компаниите „Најк“ и „Армани“, но овој финансиски скок му донесе продолжување на соработката со ...

Лошото момче на италијанскиот фудбал, Антонио Касано, во подкастот „Viva el futbol“, жестокот го криткуваше крлиниот напаѓач на Милан, Рафаел Леао. Касно рече сена Леао „не знае правилно да ја шутне топката“. „Кога го гледам тој човек, не знае да игра кога со грб е свртен кон голот. Има само брзина и тоа е неговиот единствен квалитет. Не знае како да ја шутира топката ниту со левата ниту со десната нога. Мисли дека Роналдо Ил Феномено. Не е ...

Поранешниот капитен на Англија, Стивен Џерард, рече дека „златната генерација“ не успеала да освои ништо бидејќи ѝ недостасувал тимски дух и бидејќи играчите биле „себични губитници“. Од 2000 до 2014 година, Џерард одиграл 114 натпревари и постигнал 21 гол за репрезентацијата на Англија, со која не освои ниту еден трофеј. Тој припаѓа на таканаречената „златна генерација“, заедно со Дејвид Бекам, Пол Сколс, Рио Фердинанд, Џон Тери, Вејн Руни, ...

Манчестер Јунајтед наводно се согласил да го продаде капитенот Бруно Фернандеш во Саудиска Арабија наредното лето. Како што објавија некои англиски медиуми, Ал Хилал ќе плати 115 милиони евра за Португалецот. Ал Хилал му понудил иста сума на Јунајтед ова лето, а Португалецот потоа изјави дека е подготвен да си замине доколку клубот смета дека е време да профитира од неговиот трансфер. Сепак, Јунајтед и Фернандеш, кои имаат договор до летото ...

Македонската А репрезентација со полн состав се подготвува за претстојните натпревари од квалификациите за СП 2026 против Белгија (10. октомври, Гент) и Казахстан (13. октомври, Скопје). Напаѓачот на Глазгов Ренџерс, Бојан Миовски смета дека овие натпревари се едни од најважните во поновата репрезентативна историја. „Знаеме против каква репрезентација играме. Веќе сме во последната фаза на квалификациите, а досега покажавме дека знаеме да ...

Австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ зборуваше на разни теми пред натпреварите во дресот со националниот грб. Арнаутовиќ не беше во составот на Црвена звезда за дуелот со Напредак (3:0), па имаше доволно време да се подготви за натпреварите во квалификациите за Светското првенство. На Марко му недостасуваат три гола за да се изедначи со Тони Полстер на вечната листа во австриската репрезентација. Меѓу другото, тој зборуваше за неговата ...

Фудбалерите на Бетис го победија Еспањол со 2:1 на гости пред три дена, и со три нови освоени бода, го зазедоа четвртото место на табелата. Видео од тепачката во ложата на стадионот се шири на социјалните мрежи. Поранешниот претседател на Еспањол, Жоан Колет ја започнал тепачката. Според извештаите од Шпанија, инцидентот во ложата се случил откако гостинските навивачи започнале со провокации по последниот свиреж на судијата. Неколку навивачи ...

Англискиот репрезентативец, Џордан Хендерсон, вели дека му било тешко кога го напуштил Ливерпул за да се пресели во Саудиска Арабија и дека „можел да донесе поинакви одлуки“. 35-годишникот се соочи со остри критики кога го напушти Ливерпул во 2023 година за да игра за Ал-Етифак, во земја каде што истополовите врски се нелегални. Хендерсон претходно беше истакнат поддржувач на ЛГБТ правата и се извини што ги разочарал или повредил членовите на ...

Јанис Сверопулос (58), грчки кошаркарски тренер повеќе не е тренер на Црвена звезда. Клубот реши да ја раскине соработката по двата порази во Евролигата и шокатниот пораз од Задар (79:85) дома во првото коло од АБА лигата. Сверопулос ќе води само уште еден натпревар од Евролигата против Фенербахче во петок, по што заминува. Српските медиуми пишуваат дека фаворити за негов наследник се Дејан Радоњиќ и Саша Обрадовиќ. Звезда инвестираше околу 20 ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имаше големи физички и задравствени проблеми во осминафиналниот натпревар во Шангај против Хауме Мунар. Листот на левата нога го мачеше Ѓоковиќ во текот на целиот меч, а дополнителен проблем му правеше високата влажност во воздухот. Новак повраќаше неколку пати и во претходниот дуел, а го стори тоа и во дуелот со Мунар. За ова му се извини на својот ривал. „Извини што чекаше, морав да ја исчистам повраќаницата“, ...

Светското првенство за играчи до 20 години моментално се игра во Чиле, а веќе во групите се случи првата голема сензација. Бразил го заврши учеството по три кола и за прв пат во историјата доживеа елиминација во групата. Во оваа возрасна категорија Бразилците се петкратни шампиони. Бразилците го отворија турнирот со нерешен резултат 2:2 со Мексико, а потоа загубија од Мароко со 1:2. Во третото коло против Шпанија им беше потребна победа за да ...

Луис Хамилтон успеа да сруши рекордот на Михаел Шумахер на неделната трка за Големата награда на Сингапур. Седумкратниот светски шампион, кој од оваа сезона вози за тимот на Ферари, го освои осмото место во Сингапур, откако во финишот јамше проблеми со сопирачките, но успеа да груши рекорд на славниот Германец. Британецот го извози најбрзиот круг на гореспоменатата трка. Тоа му успеа во последните 15 кругови кога на својот болид стави меку ...

Фудбалерите на Милан досега одиграа шест натпревари во Серија А, а статистичарите извлекоа информации што укажуваат колку е дефанзивно моќен тимот. Тимот што го предводи Масимилијано Алегри, моментално е трет во италијанското првенство. Досега примија само три гола, а Рома е единствениот тим во лигата што прими помалку од нив (2). Она што се издвојува е фактот дека во шесте одиграни натпревари, Милан на четири од шестте натпревари не прими ...

Еден од најдобрите играчи од средниот ред на сите времиња, за многумина во кругот на најдобрите фудбалери на сите времиња, Чави, се согласи на популарна игра во која мора да молчи додека не го чуе името на играч за кој мисли дека бил или е подобар од него. Во случајот на Чави, се бараше подобар играч од средниот ред. На Чави му беа понудени многу имиња на играчи на позициите во средниот ред пред да го прекине молчењето. За него, тоа не беа ...

Еден од најважните луѓе во поновата историја на Барселона, Матео Алемани, од денес е новиот спортски директор на Атлетико Мадрид. Многумина не знаат и не се свесни што направил Алемани, но тој беше ставен на чело на операцијата во револуцијата што ја спроведе Џоан Лапорта по неговото враќање во клубот во 2021 година. Алемани доби празна каса, стотици милиони долгови, неможност за купување на пазарот, но и покрај тоа, во текот на следните две и ...

Репрезентацијата на Македонија до 21 година ги започна подготовките за претстојните натпревари од октомврискиот циклус на квалификациите за пласман на Европското првенство 2027 година. На 10. октомври, во рамки на 3. коло, нашата селекција во Битола на стадионот „Петар Милошевски“ ќе ја пречека репрезентацијата на Ерменија, додека на 14. октомври во Тузи ќе гостува кај Црна Гора. Селекторот на нашата репрезентација, Горан Станиќ поради повреда ...

Фудбалскиот клуб Пелистер се раздели со тренерот Димитар Капинковски. Клубот ја објави одлуката по вчерашното реми со Шкендија (0:0), со кое беше комплетирани деветтото коло во домашниот шампионат. „ФК Пелистер ја известува јавноста дека се раздели со шефот на стручниот штаб Димитар Капинковски. Клубот му се заблгодарува на Капинковски за ангажманот и професионалноста и му посакува успех во понатамошниот тек на кариерата“, стои во клупското ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
93%
1027
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
94%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / -2ᴼ
1.03
66%
1030
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.9
80%
1029
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
1.79
84%
1029
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
75%
1029
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
81%
1029
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
100%
1028
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
96%
1027
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1029
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Родиум

258009.74

Алуминиум

2.90

Калај

42.35

Злато

139470.53

Рутениум

29192.88

Платина

61733.50

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Паладиум

52470.02

Бакар

10.93

Цинк

3.03

Сребро

2128.87