Индијана Пејсерс изборија мајсторка за титулата во НБА лигата. Пејсерс го изедначија резултатот во финалната серија на 3:3, откако ги победија Оклахома табдер со 108:91. И двата тима се борат за првата титула шампион на НБА, а за прв пат од 2016 година ќе се игра мајсторка во финалето. Решавачкиот меч е закажан за понеделник во 2 часот наутро по средно европско време во Оклахома. Индијана до победата ја предводеше Оби Топин со 20 поени, Ендру ...

Атлетико Мадрид го победи Сиетл со 3:1, а Ботафого го шокира ПСЖ во второто коло на Светското првенство за клубови. Централна фигура на дуелот меѓу Атлетико и Сиетл беше Пабло Бариос. 21-годишникот постигна два гола во победата 3:1. Бариос погоди во 11. и 55.минута. Гол за Атлетико постигна и Витсел во 47., а единствениот гол за Сиетл е дело на Русник во 50.минута, по грешката на Ле Норман. Во вториот меч Ботафого го шокира актуелниот ...

Со спектакуларниот гол на Лионел Меси, Интер Мајами го победи Порто со 2:1 и дојде на чекор до пласман во осминафиналето на Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави. Еден од најдобрите играчи во историјата ја намести топката во 54-та минута и изведе совршен слободен удар од околу 20 метри. Аргентибецот го погоди левиот горен агол од голот на Клаудио, кој не можеше да се одбрани. Тоа беше клучен момент на натпреварот. Во ...

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе е хоспитализиран поради акутен гастроентеритис и е задржан на понатамошни тестови. Во превод, Мбапе има стомачен грип, а оваа информација официјално ја објави неговиот клуб, Реал Мадрид. „Нашиот играч Килијан Мбапе има акутен гастроентеритис и е хоспитализиран на дополнително тестирање и лекување“, се вели во соопштението. Реал и Мбапе моментално се во Соединетите Американски Држави, каде што ремизираа со ...

Поранешниот српски репрезентативец Марко Дмитровиќ (33) кариерата ќе ја продолжи во Еспањол. Искусниот голман во Еспањол пристигна од Леганес, со кого не успеа да избори опстанок во Примера. Поранешниот српски репрезентативец доаѓа во Еспањол како замена за Џоан Гарсија, кој неодамна се пресели во Барселона во трансфер вреден 25 милиони евра. Дмитровиќ треба да биде првата опција на голот на Еспањол следната сезона. Инаку, откако испадна од ...

Новиот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Џенаро Гатузо, денес ја имаше официјалната промоција. Гатузо изјави дека тимот има сè што е потребно за да се квалификува за Светското првенство во 2026 година. Гатузо функцијата ја презеде од Лучано Спалети. „Дресот на репрезентацијата е тежок, но зборот „страв“ не смее да постои. Имаме тим кој е доволно добар за да се квалификува за Светското првенство. Треба да го вратиме ...

Дуелот помеѓу Бока јуниорс и Бенфика, покрај ремито до кое Португалците стигнаа по дефицит од два гола, беше обележан и со три црвени картони. Како што се очекуваше, Андер Ерера доби строга казна. Казната што му беше изречена на Јорген Фигал е построга од очекуваното. Ерера доби црвен картон надвор од теренот, кратко откако беше заменет поради повреда, поради напад врз судијата кој се приближи до БАР мониторот за да провери дали прекршокот ...

Нико Вилијамс (22) ќе игра за Барселона почнувајќи од следната сезона, тврдат највлијателните каталонски медиуми и најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо. Конечниот договор меѓу двете страни „падна“ на Ибица, каде што Нико моментално одмара, а каде што претставниците на каталонскиот клуб, предводени од спортскиот директор Деко престојуваа во претходните денови. Според Романо, тој дел од работата е завршен, како и финансискиот дел од ...

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, изјави дека сака да ја освои „Златната топка“ за египетскиот народ. Салах е еден од фаворитите за освојување на „Златната топка“, откако минатата сезона постигна 34 гола на 52 натпревари во сите натпреварувања. Со 22 гола во лигата, тој му помогна на Ливерпул да ја освои титулата во Премиер лигата и ја освои „Златната копачка“. „Ако ја освојам, ќе биде одлично. Ако не ја освојам, и понатаму ќе мислам дека ...

Голманот на македонската репрезентација, Столе Димитиревски, по само една сезона ќе ја напушти Валенсија. Тренерот на „лилјаците“, Карлос Корберан, побарал да му донесат нов голман, во моментот кога Георги Мамардашвили замина во Ливерпул. Столе Димитиревски, пред една година, како слободен играч го напушти Рајо Ваљекано. Во тој момент имаше неколку понуди, тој реши да ја прифати онаа од „Местаља“. Тогаш Валенсија го продаде Мамардашвили во ...

Сите членови на Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Турција поднесоа оставки откако пораките што ги разменувале преку апликацијата „Whatsapp“, во кои главна тема бил Жозе Мурињо, стигнаа до јавноста. Жозе Мурињо не е од оние што се срамат јавно да го искажат своето мислење. Тој не е од оние што ќе речат: „ако кажам нешто, ќе бидам казнет“. Таа негова карактеристика беше особено видлива откако дојде во Фенербахче. Во Турција, тој ...

НБА франшизата Лос Анџелес Лејкерс доби нов сопственик, а вредноста на зделката се проценува на 10 милијарди долари. Семејството Бас се согласи да го продаде својот мнозински сопственички пакет и да ја предаде славната франшиза на милијардерот, сопственикот на ЛА Доџерс, Марк Волтон. Волтон и групата инвеститори што ги собра за оваа пригода ќе му платат на семејството Бас десет милијарди долари за 66 проценти од сопственоста на најпознатата ...

Фудбалерите на Јувентус го декласираа Ал Аин во првото коло од Групата Г на Светското клупско првенство. Тимот од Торино победи со 5:0, а сите голови ги постигнаа стартерите во нападот на Јувентус. „Старата дама“ прашањето околу конечниот победник го реши во првите 45 минути. Тренерот Игор Тудор, во нападот го избра триото Консеисао, Коло Муани и Јилдиз, а тие постигнаа четири гола во првото полувреме. Францускиот напаѓач ја отвори серијата во ...

НБА франшизата Лос Анџелес Лејкерс наскоро ќе биде продадена, а вредноста се проценува на 10 милијарди долари. Неверојатни и неочекувани вести доаѓаат од НБА инсајдерот Шамс Чаранија, кој објави дека семејството Бас одлучило да го продаде својот мнозински удел во Лос Анџелес Лејкерс. Семејството Бас ќе ги продаде Лејкерс на Марк Волтер, извршен директор и претседател на холдинг компанијата „TWG Global“. Според Чаранија, вредноста на Лејкерс, ...

Реал Мадрид и Ал Хилал, на „Хард Рок“ стадионот во Мајами, одиграа 1:1 во првиот натпревар во Х групата, на Светското клупско првенство. За Реал, поради болест не играше Килијан Мбапе, а дебитираа тренерот Чаби Алонсо, Хујсен и Александер-Арнолд. Голманот на Ал Хилал, Боно го обележа натпреварот, му одбрани пенал на валверде во 92.минута. „Кралскиот клуб“ и Ал Хилал го одиграа најдобриот натпревар во досегашниот тек од клупскиот Мундијал. ...

Михајло Мудрик, крилниот напаѓач на Челзи, е обвинет од Англиската фудбалска асоцијација (ФА) за прекршување на прописите за допинг и сега се соочува со долгорочна суспензија. Според правилата на ФА, Мудрик може да биде суспендиран до четири години откако минатата година дал позитивен примерок „А“, за кој се верува дека ја содржи забранетата супстанца за подобрување на перформансите, мелдониум. „Дејли мејл“, претходно оваа година објави дека ...

Фудбалерите на Манчестер sити го започнаа Светското клупско првенство со победа. Фил Фоден се истакна со гол и асистенција, додека Рајан Шерки и Тијани Рејндерс дебитираа за „граѓаните“. Фудбалерите на Сити релативно лесно излегоа на крај со Видад Казабланка. Натпреварот на „Линколн Фајненшл Филд“, во Филаделфија заврши со резултат 2:0 (2:0). Фудбалерите во светло сини дресови рутински ја завршија својата работа на почетокот од ...

По испаѓањето од АБА лигата, Цибона и Морнар се надевале дека ќе останат меѓу регионалната елита преку административни средства, но тоа нема да се случи, дознава „Спортклуб“. На седницата на Собранието на АдмиралБет лигата, одлучено е Цибона и Морнар да го загубат местото во натпреварувањето, иако имаат удел во нејзината сопственичка структура. АБА лигата им понуди на Цибона и на Моран услови под кои овие два клуба ќе останат во лигата, но тие ...

Фото/ffm.mk Македонските тимови Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа имињата на противниците со кои ќе се соочат доколку го минат првото квалификациско коло во Конференциската лига. Првите натпревари, во рамките на првото коло ќе се одиграат на 10, а реваншите на 17 јули. Осовјувачот на Купот на Македонија, Вардар, за противник во првата рунда го доби тимот од Сан Марино, Ла Фиорита. Црвено-црните се фаворити во овој дуел и доколку ја ...

Фудбалскиот клуб Барселона се уште не го објавува трансферот на голманот Џоан Гарсија од Еспањол. Барселона реши да ја плати откупната клаузула за голманот (25 милиони евра), но кога ќе објави дека трансферот е официјализиран ќе следи потешкиот дел, регистрација на фудбалерот. Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, ги предупредува Каталонците дека треба добро да размислат како ќе го регистрираат Гарсија. Во текот на минатата сезона, Барселона ...

Бразилскиот фудбалер Нејмар изјави дека бил на прагот да потпише договор со Флуминенсе, но на крајот решил да остане во Сантос до истекот на договорот. Нејмар има договор со Сантос до 30 јуни оваа година. Бразилските медиуми објавуваат дека Нејмар има понуди од неколку клубови, но дека сè уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата. „Бев блиску до потпишување за Флуминенсе за Светското клупско првенство. Решив да останам во Сантос и да се ...

Само еден ден откако од Босна пристигна веста дека нема да играат во АБА лигата следната сезона, се случи (не)очекуван пресврт и политичка реакција. Босна беше најдобра во АБА 2 лигата оваа година избори директен пласман во елитната група. Сепак, клубот, призна дека нема средства за да се натпреварува во АБА лигата. Министерот за култура и спорт на кантонот Сараево, Кенан Магода изјави дека е постигнат договор, а на состанокот одржан во ...

Шампионот на Македонија, фудбалскиот клуб Шкендија, дозна против кого ќе игра во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. За да дојде до втората рунда, Шкендија најпрвин ќе треба да го елиминира ТНС од Велс во првото коло. Доколку Шкендија го мине ТНС, во втората рунда ја очекува исклучително тежок противник ФЦСБ (поранешна Стеауа). Романскиот тим е апсолутен фаворит во првата рунда против тимот од Андора, Ескалдес. Второто ...

Под знак прашалник е настапот на напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе за натпреварот против Ал-Хилал на Светското клупско првенство. Килијан Мбапе го пропушти последниот тренинг на Реал поради болест. Според шпанскиот печат, Мбапе се разбудил со висока температура. Иако официјално не е исклучен, се шпекулира дека францускиот напаѓач би можел да го пропушти натпреварот на стадионот „Хард Рок“ во Мајами. Потенцијалното отсуство на Мбапе го ...

Џек Грилиш мора повторно да ја открие својата страст кон фудбалот ако се надева дека повторно ќе игра, изјави менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, на прес-конференција во Филаделфија. Манчестер сити го отвора клупскиот Мундијал ќе го отвори против Видад Казабланка, а Гвардиола на новинарите им откри зошто Грилиш не е со тимот во САД. „Џек е исклучителен играч, но решивме дека е подобро за него да остане во Англија и да има место каде ...

Англиската Премиер лига го објави распоредот на натпреварите за следната сезона, која започнува на 15 август. Сезоната ќе ја отворат Ливерпул и Борнмут, во петок, 15 август на Енфилд од 21:00 часот. Првото коло ќе се игра во сабота, недела и понеделник, а дербито ќе го одиграат Манчестер јунајтед и Арсенал на „Олд Трафорд“ (17 август, 17:30 часот). Манчестер сити ја отвора сезоната со гостување во Вулверхемптон, Челзи ќе биде домаќин на ...

По повеќе од три години, српскиот фудбалер би можел да се врати во Европа, ни помалку ни повеќе, туку во редовите на Реал Мадрид. Како што пишуваат помалку познатите шпански медиуми, новиот тренер на Реал, Чаби Алонсо, бара напаѓач, кој би бил „џокер од клупата“, како што беше Хоселу пред една година. Медиум близок до мадридскиот гигант тврди дека еден од кандидатите е 30-годишен Србин. Неколку часа по оваа објава, тренерот на неговиот Ал ...

Светското клупско првенство на ФИФА продолжува да ги поместува „стандардите“. Откако неколку натпревари се одиграа пред полупразни трибини, се случи еден натпревар да се игра пред речиси празен стадион. Никој во САД, не сакаше да го гледа во живо дуелот помеѓу претставниците на Африка и Азија, Мамелоди Сандаунс и Улсан. Пред почетокот на натпреварот во Орландо, еден новинар изброи помалку од 100 присутни гледачи на трибините. I count 97 people ...

Монтереј и Интер одиграа нерешено (1:1) во првото коло од Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави, а дуелот од Групата Е (во која се и Ривер Плата и Урава) се одигра на култниот стадиониконскиот „Роуз Боул“ во Пасадена. Популарните „Рахадос“ поведоа во 25-та минута со голот на поранешниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос, на 39-годишниот стопер му асистираше поранешниот играч на Атлетико Мадрид и Севилја, Оливер ...

Италијанскиот фудбалер Диего Копола е нов играч на Брајтон, објави англискиот клуб. 21-годишниот дефанзивец потпиша петгодишен договор, клубот не објави други детали од договорот. Копола кариерата ја започна во младинската академија на Верона, за која дебитираше во 2021 година, и досега има 81 настап и постигнато четири гола, два во претходната сезона во која запиша 35 натпревари. „Диего е големо засилување за клубот. Иако е млад, тој е многу ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
9.26
33%
1020
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
6.17
46%
1022
weather icon

Загреб

23ᴼ / 20ᴼ
1.03
48%
1023
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
8.75
63%
1021
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
8.3
51%
1018
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 20ᴼ
1.34
60%
1023
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
5.14
37%
1011
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
6.69
39%
1015
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
7.2
29%
1018
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
1.03
87%
1016
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
9.26
51%
1021
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
3.09
44%
1012
Currency

61.535

Currency

51.9692

Currency

70.9195

Currency

34.6976

Currency

37.8028

Currency

66.1701

Currency

7.32284

Currency

0.62621

Currency

0.35562

Currency

0.52685

Currency

1.26308

Currency

0.59239