
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Челзи се квалификуваше во нокаут фазата на Светското клупско првенство со убедлива победа од 3-0 (2-0) над Есперанс од Тунис во последното коло од Групата Д. „Сините“ не дозволија изненадување во натпреварот кој мораа да го добијат. Интересно, секој гол „падна“ во судиското продолжение – два во првото полувреме. Тосин Адарабијо го направи тоа во третата, Лиам Делап го постигна својот прв гол за Челзи во петтата минута, асистент за головите ...
Репрезентативецот на Летонија, Кристапс Порзингис повеќе не е играч на Бостон Селтикс. Во размена на три тима, Прозингинс заврши во Атланта Хокс. Бостон Селтикс решија да ги „исчистат“ своите редови и да направат ред во платниот список. Прво во понеделникот го испратија Џру Холидеј во Портланд, а за возврат го добија Енферни Симонс. Само еден ден подоцна, франшизата од Масачусетс направи нова размена и го испрати Кристапс Порзингис во Атланта ...
Бразилскиот фудбалер Нејмар постигнал договор со Сантос во врска со новиот договор и се очекува да го потпише оваа недела, тврдат бразилските медиуми. Претседателот на Сантос, Марсело Тешеира, во текот на денот треба да се сретне со таткото на Нејмар за да се договорат сите услови од новиот договор. Актуелниот договор на Нејмар со Сантос истекува на 30 јуни. Тешеира веќе навести претходно оваа недела дека е можно клубот има можност да го ...
Фудбалерите на Окленд Сити направија огромен подвиг на Светското клупско првенство. Единствениот аматерски тим на клупскиот Мундијал успеа да ремизира со аргентинскиот великан Бока Јуниорс (1:1). Овој натпревар беше последен за двете екипи на првенството, од Ц групата во осминафиналето се пласираа Бенфика и Баерн. Многумина ги потценија Новозеланѓаните откако примија 16 гола во два натпревари против Баерн и Бенфика, но против легендарниот ...
Кошаркарите на Париз се шампиони на Франција за сезоната 2024/25, откако ја добија серијата против Монако со 3:2. Во мајсторката Париз славеа победа 99:93. Екипата на Тијаго Сплитер славеше во првите два натпревари, а потоа Монако успеа да возврати и да избори мајсторка. Париз го отвори натпреварот подобро, а благодарение на серијата на почетокот на вториот период, таа достигна максимални +17. Монако успеа да фати приклучок пред крајот на ...
Бенфика го победи Баерн со 1:0 и го освои првото место во Ц групата на клупскиот Мундијал. Натпреварот во Шарлот се одигра во нехумани услови, на температура од речиси 40 степени Целсиусови. Клубот од Лисабон во 14.меѓусебен дуел успеа да го победи Баерн. Единствениот гол на натпреварот го постигна Андреас Шлердуп во 13-та минута од натпреварот. Репрезентативецот на Норвешка одлично се позиционираше и по остриот центаршут на Аурсенс и го ...
Њу Орлеанс Пеликанс го испратија својот најдобар играч Си Џеј Меколум во Вашингтон Визардс, објавија американските медиуми. Заедно со Меколум, Пеликанс го испратија и искусниот канадски центар Кели Олињук во во Визардс, како и избор од втората рунда на идниот драфт, а за возврат ќе ги добијат Џордан Пул, Садик Беј и 40-от избор на претстојниот драфт. Трејдот со Меколум е само продолжение на процесот на обнова на Пеликанс, кои во текот на ...
Шпанската полиција го лоцира и уапси навивач кој им се закануваше со смрт на шпанскиот репрезентативец Алваро Мората и неговото семејство откако промаши пенал во финалето на Лигата на нации. Станува збор за 19-годишник од Малага. Како што беше утврдено, тој испраќал закани од својот профил на социјалните мрежи до Мората и членови на неговото семејство, дури и до децата, веднаш по финалето во кое Шпанија, по изведување на пенали, беше поразена ...
Неодамнешниот тренер на Вердер, Оле Вернер, е новиот шеф на тренерскиот штаб на РБ Лајпциг. Вернер со „биковите“ кого потпиша двегодишен договор. Лајпциг бараше нов тренер откако го отпушти Марко Росе на крајот на март. Золт Лев, кој претходно беше задолжен за развој на млади фудбалери во клубот, го презеде раководењето со првиот тим до крајот на сезоната, но не успеа да избори место во европските купови. Лајпциг сезоната ја заврши на седмото ...
Шведската гол-машина, Виктор Ѓокереш го информирал Спортинг дека нема да продолжи во клубот од Лисабон. Најдобриот напаѓач во Португалија минатата година има бројни понуди од други клубови, но најконкретната е онаа од Арсенал. ЃокереШ имаше неверојатни две сезони во дресот на Спортинг, а веќе во јануари беше јасно дека Швеѓанецот нема да ја продолжи соработката со клубот од Лисабон. Напаѓачот го информирал претседателот на клубот. Според ...
Фудбалскиот клуб Олимпик Лион е исфрлен во втората француска лига поради неусогласеност на финансиите на клубот со прописите на натпреварувањето. Олимпик Лион е седумкратен шампион на Франција и петкратен освојувач на Купот. Според француските медиуми, долгот на клубот ја пробил границата од половина милијарда евра. Во среда, Француската фудбалска федерација ја потврди одлуката донесена минатата зима, во меѓувреме, Лион не успеа да ги „испегла ...
Фудбалскиот клуб Нотингем Форест ја одби понудата од Њукасл за крилниот напаѓач Ентони Еланга, тврди „Атлетик“. Еланга може да игра на левото или десното крило. Тој е член на клубот од „Сити Граунд“ од летото 2023 година, кога „шумарите“ го купија по неуспешниот обид да се етаблира во Манчестер јунајтед. 23-годишникот ги одигра сите 38 натпревари во Премиер лигата минатата сезона, со учинок од шест гола и 11 асистенции. Тимот на Нуна Еспирито ...
Баерн Минхен влезе во трката за потписот на 20-годишниот Џејми Гитенс. Младиот англичанец извесен период се поврзува со трансфер во Челзи. Аглискиот клуб веќе се договори за седумгодишен договор со младиот англиски репрезентативец, кој постигна 12 гола и имаше пет асистенции во 49 натпревари минатата сезона. Иако Челзи неодамна го потпиша Лиам Делап за 35 милиони евра, клубот е заинтересиран да ги зајакне и крилните позиции. Сепак, според ...
Британскиот тенисер Енди Мареј ќе добие статуа во комплексот Вимблдон. Мареј, кој го заврши 77-годишниот пост на Британците на Вимблдон, ќе биде почестен на теренот на Ол Ингланд Клубот. Мари го победи Новак Ѓоковиќ во финалето во 2013 година, а ја освои титулата во 2016 година со триумф над Милош Раониќ. Тој се повлече од тенисот минатото лето, по Олимписките игри во Париз. Деби Џиванс, директорка на Ол Ингланд Клубот, вели дека планот е ...
Капитенот на Тотенхем, Сон, по 10 години ќе го напушти клубот. Опција за Кореецот е Саудиска Арабија и веројатно таму ќе ја продолжи кариерата. Тотенхем и новиот тренер Томас Франк ја означија замената за Сон. Офанзивниот играч на Кристал Палас, Еберечи Езе (26), се споменува како клучно засилување, кое ќе ги накави високите амбиции на Тотенхем во новата сезона. Англискиот репрезентативец е еден од најзаслужните за освојувањето на првиот ...
Дарвин Нуњез (26) сака да ја продолжи кариерата во Наполи, но италијанскиот клуб сè уште се обидува да постигне договор со Ливерпул, пишува „Фудбал Италија“. Уругвајскиот напаѓач доби неколку понуди ова лето, но јасно стави до знаење дека кариерата сака да ја продолжи во редовите на италијанскиот шампион. Италијанските медиуми објавија дека Наполи е подготвен да плати околу 43 милиони евра, додека Ливерпул бара 50 милиони евра. Се очекува ...
Претседателот на кошаркарскиот клуб Асвел, Тони Паркер, објави дека поранешниот играч на тој клуб, Тео Маледон, ќе игра за Реал Мадрид од следната сезона. „Маледон потпиша голем договор со Реал Мадрид“, рече Паркер во интервју за францускиот „Ле Прогрес“. Маледон (24) ја започна својата професионална кариера во 2017 година во Асвел, во клубот се врати пред почетокот на сезоната 2024/25 по четири сезони играње во НБА. Францускиот бек беше ...
Турските медиуми пишуваат дека Фенербахче е заинтересиран за Џејдон Санчо и дека во исто време клубот го раскинал договорот со голманот Доминик Ливаковиќ. Џејдон Санчо, се врати на „Олд Трафорд“ откако му истече позајмицата во Челси, а „сините“ претходно објавија дека нема да го откупат неговиот договор. Англичанецот наводно веќе прифатил 10 милиони евра по сезона, па останува Фенербахече и Јунајтед да го договорат обештетувањето. Претходно, ...
Фото/ facebook.com/hceurofarmpelister Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер и наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Европската ракометна федерација (ЕХФ) на Пелистер му додели специјална покана за настап во ракометната елита. Покрај Пелистер, специјална покана од ЕХФ добија: ГОГ, Нант, Пик Сегед, Колштад и Кјелце. Претходно беа познати 10 учесници во Лигата на шампионите: Магдебург, Загреб, Алборг, Барселона, ПСЖ, Фуксе ...
Кристијано Роналдо не размислува да стави крај на импресивната фудбалска кариера. Извесно е дека 40.годишникот ќе настапи и на Светското првенство наредното лето во САД, Канада и Мексико. Легендарниот напаѓач потпиша нов договор со Ал Наср, кој ќе го задржи во саудискиот клуб до летото 2026 година, објави познатиот новинар Николо Шира. Роналдо пристигна во Ал Наср во јануари 2023 година и брзо стана водечка фигура во тимот. Досега одигра 105 ...
Италијанскиот фудбалски стручњак Алесио Лиши (39) е назначен за нов тренер на Осасуна, објави шпанскиот клуб. Лиши потпиша договор со Осасуна до 30 јуни 2027 година. Италијанскиот стручњак го замени Висенте Морено, кој ја напушти Осасуна на крајот од сезоната во Ла Лига. Клубот од Памплона ја заврши сезоната 2024/25 на деветтото место во Ла Лига. Лиши ја започна својата тренерска кариера во Леванте, а е на чело на Мирандес од 2023 година. ...
Интер Мајами и Палмеирас одиграа нерешено 2:2 во последното коло од Групата А, со што двата тима се пласираа во осминафиналето на Светското клупско првенство. Една од главните приказни на натпреварот беше средбата помеѓу легендата Лионел Меси (38) и големиот талент Естевао Вилијан (18). Меси и Естевао си ги разменија дресови во тунелот на полувремето, а моментот стана хит на социјалните мрежи. Естевао подоцна рече: „Меси ми намигна и веднаш ...
Бразилскиот голман Матеус (33) ќе стане нов играч на Црвена звезда, објави португалскиот „Рекорд“. Овој голман од Бело Хоризонте ќе потпише тригодишен договор (по принципот 2+1) со српскиот шампион. Црвена звезда ќе ѝ плати на Брага еден милион евра, додека трансферот би можел да се зголеми за уште 250.000 во зависност од настапот на Матеус. Искусниот голман е член на Брага од 2014 година, а последната полусезона ја помина на позајмица во ...
Пол Погба кариерата ќе ја продолжи во Монако. Поранешниот француски репрезентативец кој последниот натпревар го одигра пред две години, во интервју за ТФ1 обвини дека не добил никаква помош од Јувентус, во текот на суспензијата поради допинг, која траеше 18 месеци. „Мислев дека сум во војна со антидопинг властите, а не со клубот. Иако побарав помош од Јувентус, не ја добив“, изјави Французинот за каналот TФ1. Французинот падна на допинг тест ...
Бостон Селтикс го испратија Џру Холидеј (35) во Портланд Треил Блејзерс во замена за Анферни Симонс (26) и два пика од втората рунда на драфтот. Бостон на тој начин се ослободи од еден од клучните играчи во освојувањето на титулата минатата година, а причините се првенствено финансиски. Холидеј има договор уште три години и ќе заработи нешто повеќе од 100 милиони долари во тој период. Со неговото заминување, Бостон ќе заштеди околу 40 милиони ...
ПСЖ со победата над Сиетл Саундерс (2:0) во последното коло обезбеди пласман во осминафиналето, каде што го чека Интер Мајами. И покрај победата и пласманот во нокаут фазата, тренерот на европскиот првак, Луис Енрике го изрази својот гнев за квалитетот на терените на кои се игра клупскиот Мундијал. „Сакам да истакнам дека, иако победивме, состојбата на терените на првенството е под нивото потребно за играње фудбал. Квалитетот на тревата овде е ...
Фудбалерите на Интер од Мајами се квалификуваа за осминафиналето на Светското клупско првенство, откако одиграа нерешено против Палмеирас 2:2 на домашен терен, во натпреварот од последното, трето коло од Групата А. Покрај Интер, пласман во осминафиналето обезбеди и Палмеирас. Двата тима ја завршија групната фаза со по пет бода, а бразилскиот тим ќе оди во нокаут фазата од првото место на табелата поради подобрата гол-разлика. Тадео Аљенде му ...
Арсенал не го крие интересот за крилниот напаѓач на реал, Родриго. Свесни за интересот од Лондон, на „Сантијаго Бернабеу“ ја одредија цената за Бразилецот. Како што објави „Кадена СЕР“, минималната цена што Реал е подготвен да ја прифати е 90 милиони евра. Изворот исто така наведува: „Реал Мадрид знае за интересот на Арсенал, но играчот сака да истражи некои други решенија бидејќи знае дека Гвардиола со Манчестер сити е секогаш опција“. ...
Манчестер јунајтед се насочи кон камерунскиот напаѓач Брајан Мбеума. Толку многу што по одбивањето на првата понуда од Брентфорд, од „Олд Трафорд“ во Лондон испратија втораа, значително подобрена. „Црвените ѓаволи“ веќе потрошија над 78 милиони евра за Матеус Куња и Диего Леон. Но, тие немаат намера да се уште да го завршат преодниот период. Рубен Аморим сериозно е заинтересиран за Брајан Мбеумо. Јунајтед испрати втора понуда за најдобриот ...
ПСЖ и Ботафого изборија место во нокаут фазата, од Б групата, на клупскиот Мундијал. Турнирот од оваа група заврши за Атлетико Мадрид и Сиетл. Во последното коло, Атлетико го победи Ботафого со 1:0, а ПСЖ против Сиетл победи со 2:0. ПСЖ, Ботафого и Атлетико, Б група ја завршија со по шест бода (по две победи и пораз), на мини табелата најлош скор имаше екипата од Мадрид. Атлетико, дури во 87.минута го скрши отпорот на бразилскиот тим. За нешто ...