Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Франција – Мароко е првата четвртфинална двојка на Светското првенство во фудбал. Французите, во Филаделфија, во осминафиналето, со многу мака славеа над Парагвај со 1.0 (0:0). Натпреварот имаше тек каков што се предвидуваше. Франција ја имаше топката, Парагвај оганизирано се бранеше и целосно ги исклучи од натпреварот главните француски ѕвезди. И покрај тоа што имаа речиси 80 отсто од поседот на топката, фрнацуските фудбалери не знаеја што ...
Репрезентацијата на Мароко прва избори пласман во четвртфиналето на Светското првенство. Во првото осминафинале, Мароко ја победи Канада со 3:0 (0:0). Во следната рунда Мароканците ќе играат против победникот од натпреварот помеѓу Франција и Парагвај. Мароко, четвртопласиран на последниот Мундијал и официјално осма селекција на ФИФА листата, ја оправда фаворитската улога против ко-домаќинот на тековниот Мундијал, Канада. Меч винер беше ...
Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, одговори на критиките што ги добива од почетокот на Светското првенство, велејќи дека има само еден човек за кого верува дека е покомпетентен од него кога станува збор за фудбал. Бразил се квалификуваше за осминафиналето на Светското првенство со победа од 2:1 над Јапонија, а триумфот донекаде ги замолчи критиките што го следеа искусниот италијански стручњак од почетокот на турнирот. Иако „Селесао“ ...
Лидерот во генералниот пласман, возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, ја освои пол позицијата пред трката за Големата награда на Велика Британија. 19-годишниот Италијанец, претходно во текот на денот победи во спринт трката, до петатта пол позиција сезонава, дојде пред возачите на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон. Кими Антонели, стигна до пол-позицијата со време од 1:28.111 минути, 175 илјадити пред Шарл Леклер во Ферари. Најблиску ...
Во екот на настаните на Светското првенство, во САД, Мексико и Канада, од Истанбул пристигна сензационална информација. Капитенот на Норвешка и Арсенал, Мартин Едегард ја прифатил понудата од шампионот на Турција, Галатасарај. Според информациите што доаѓаат од Истанбул, 27-годишниот играч од средниот ред ги прифатил условите, а неговиот менаџер веќе се ракувал со претставниците на турскиот клуб и наскоро трансферот ќе биде официјализран. ...
Директорот за глобален фудбал во Ред Бул, Јирген Клоп, потврди дека преговара со Фудбалскиот сојуз на Германија (ДФБ). Германија во моментов е без селектор, откако Јулијан Нагелсман беше отпуштен по елиминацијата од Парагвај во 1/16 финалето на Светското првенство. „Можам да потврдам дека преговараме. Работите се случија брзо. Јулијан си замина и ДФБ бара нов тренер. И да, тие преговараат со мене“, изјави Клоп за германската телевизија ...
Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, ја забележа својата прва спринт победа, славејќи во првата трка од Големата награда на Велика Британија, деветтата рунда од овогодинешното првенство во Формула 1. Младиот Италијанец славеше на „Силверстоун“ со две секунди предност пред Луис Хамилтон во Ферари, кој стартуваше од пол-позицијата, додека бранителот на титулата Ландо Норис со својот Мекларен заврши како трет. Бодови во спринтот на ...
Актуелниот вицешампион на Светското првенство, Франција, ќе биде без стандарниот играч од средниот ред Аурелијан Чуамени, во осминафиналната пресметка со Парагвај. Според француските медиуми, Чуамени, кој требаше да го одигра својот 50-ти натпревар за националниот, се повредил за време на тренингот. Се очекува францускиот селектор Дидие Дешан да го вклучи Ману Коне во почетниот состав наместо Чуамени. Добрата вест е дека играчот од средниот ...
Бурата не стивнува по натпреварот од првото елиминациско коло на Светското првенство помеѓу Португалија и Хрватска. Најмогу се зборува за судењето, поточно за одлуките што ги донесе главниот судија, Норвежанецот Еспен Ескас, со помош на Вар асистентот. Лидерот на судиите, легендарниот Пјерлуиџи Колина одлучи, дека Ескас повеќе нема да суди до крајот на првенството. Таа одлука е можен показател дека судиската организација не е задоволна од ...
На Светското првенство во САД, Мексико и Канада, вечерва започнува осминафиналната фаза. Исто како и претходната и ова афаза ќе ја отвори ко-домаќинот Канада. Вечерва во 19 часот, Канаѓаните ќе играат против Мароко, четири часа подоцна ќе запоне мечот меѓу Франција и Парагвај. Осминафинале на СП, распоред: Сабота, 4 јули: Канада – Мароко во 19:00 часот Парагвај – Франција во 23:00 часот Недела, 5 јули: Бразил – Норвешка во 22:00 часот ...
Репрезентацијата на Аргентина ги победи Зелено’ртските Острови на стадионот „Хард Рок“ во Мајами во осминафиналето на Светското првенство. Актуелниот светски шампион славеше по продолженијата – резултатот во регуларниот дел беше 1:1, а по 120 минути игра беше 3:2. Аргентина победи благодарение на головите на Лионел Меси во 29-та, Лисандро Мартинез во 93-та и автоголот на Дине Борхес во 111-та минута. Лионел Меси испиша историја, станува ...
Репрезентацијата на Аргентина се квалификуваше во осминафиналето на Светското првенство откако, во спектакуларен меч ги победи Зеленор’ските острови со 3:2 во продолжението. Иако актуелните светски шампиони водеа двапати со головите на Лионел Меси (29′) и Лисандро Мартинез (93′), храбрата африканска репрезентација се врати во игра двата пати. Прво, Дерој Дуарте (59′) израмни на 1:1, додека Сидни Лопес Кабрал постигна гол во 103-та минута за ...
Со подобро изведување на пенали, Египет ја елиминираше Австралија (1:1 (4:2)) и се пласираше во осминафиналето на Светското првенство. Египет прв пат во историјата не само што играше во нокаут фазата, туку и успеа да ја мине првата рунда. Резултатот по 120 минути игра беше израмнет, Египет поведе со голот на Ашур во 13-та минута, Австралијанците израмнија со автогол на Хани во 55-та минута. Хани втор пат си постигна автогол на Мундијалот, ...
Холандскиот дефанзивец Натан Аке го напушти Манчестер Сити само неколку дена откако беше елиминиран од Светското првенство. Донекаде изненадувачка дестинација за триесет и едногодишниот лев бек, кој исто така игра задоволително како стопер, но сега е познато дека ова е повеќемесечна операција од страна на раководството на турскиот гигант. Натан Аке е новиот играч на Фенербахче, официјализирано е денес попладне. Тој беше поврзуван со Интер ...
Никој не остана рамнодушен на она што се случи во драматичниот финиш од натпреварот Португалија – Хрватска, кога израмнувачкиот гол на Гвардиол, во 103-та минута, беше поништен на контроверзен начин. Славниот англиски фудбалер, сега аналитичар Гари Линекер, не штедеше зборови во својата емисија „Останатото е фудбал“, која ја води заедно со Џо Кол, Алан Ширер и Мика Ричардс. „Многу ми е жал за Хрватите. Уште еднаш, наместо да зборуваме за ...
Фудбалскиот клуб Ливерпул им оддаде почит на поранешниот напаѓач Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, кои трагично ги загубија животите пред точно една година. Во емотивна порака објавена на социјалните мрежи, англискиот великан нагласи дека нивното сеќавање не бледнее и дека нивниот белег и наследство остануваат длабоко вткаени, не само во светот на фудбалот, туку и во срцата на луѓето ширум светот. „Денес, како и секој ден, се сеќаваме ...
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, ја освои пол-позицијата пред спринт трката што ќе се вози како дел од Големата награда на Велика Британија, деветтата рунда од овогодинешното првенство во Формула 1. Седумкратниот светски шампион го победи Андреа Кими Антонели во Мерцедес за само 11 илјадити делови од секундата, во борбата за најдобрата стартна позиција. Најблиску до нив двајца беше возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен. Голема борба беше ...
Музичката ѕвезда Ед Ширан одржа приватен концерт за англиската фудбалска репрезентација во нејзината тренинг-база во САД, каде што фудбалерите се подготвуваат за продолжението на Светското првенство, пишува „Дејли мејл“. Ширан извел неколку од своите најголеми хитови, меѓу кои „Shape of You“, „Bad Habits“ и „Perfect“, а настапот следувал по победата на Англија против ДР Конго. Пејачот подоцна објави фотографии со фудбалерите на Инстаграм. ...
Масимилијано Алегри официјално е назначен за нов тренер на Наполи, откако спогодбено се раздели со Милан, со што беа отстранети последните пречки за неговото доаѓање на клупата на актуелниот вицешампион на Италија. Наполи објави дека потпиша договор со 58-годишниот стручњак до 30 јуни 2029 година. Алегри го наследи Антонио Конте на клупата на Наполи, кој го напушти клубот по две сезони, во кои го освои италијанското првенство и ...
Хрватската репрезентација беше елиминирана од Светското првенство со пораз од 1:2 од Португалија. Хрватска поведе со голот на Иван Перишиќ во 53-та минута. Португалија израмни во 68-та минута со голот на Кристијано Роналдо од пенал, а пресвртот го направи со голот на Гонсало Рамош во 94-та минута. Три гола и беа поништени на Хрватска поради офсајд, како и еден на Португалија, која ќе игра против Шпанија во осминафиналето. Останува прашање ...
Јулијан Нагелсман (38) повеќе не е селекторот на Германија. Младиот тренер доби отказ по неуспехот на Светското првенство. Нагелсман ја доби работата во летото 2023 година за да ја прекине низата дебакли на Германија или во најдобар случај неуспеси на големите натпреварувања, но тој само делумно успеа на Европското првенство пред две години. Тогаш, во четвртфиналето, беше елиминиран од Шпанија, која подоцна стана европски шампион. Тековното ...
Фудбалскиот клуб Реал Мадрид го негираше интересот за капитенот на Челзи, Енцо Фернандез. Во официјално соопштение клубот објави дека нема намера да испрати понуда до Челзи. Во клупското соопштение, Реал го пофали аргентинскиот репрезентативец, но и потенцира дека тој не е во нивните планови. Official Announcement. — Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) July 3, 2026 „Во светлината на извештаите и изјавите што се појавија во последните ...
Светската фудбалска федерација (ФИФА) објасни зошто голот на Хрватска против Португалија беше поништен. Јошко Гвардиол го совлада Кошта во 13-та минута од судиското продолжение, “>но технологијата го спречи израмнувањето. Асистентот Марио Пашалиќ беше во офсајд, затоа што неговиот соиграч Игор Матановиќ имаше минимален контакт со главата пред тоа. „Според податоците обезбедени од технологијата „Connected Ball“ што се наоѓа во ...
Португалија, по пресврт и со гол во 94-та минута, ја елиминира Хрватска од Светското првенство. Португалците во Торонто славеа победа со 2:1, херој на победата е новиот напаѓач на Милан, Гонзало Рамош. Постигна Хрватска гол за изедначување во 103-та минута, преку Гвардиол, но истиот ВАР-от го поништи, бидејќи Пашалиќ се активираше од недозволена позиција. Натпреварот до 68-та минута мина во доминација на Португалија. Хрватска свесно играше ...
Европскиот првак Шпанија рутински избори пласман во осминафиналето на Светското првенство. Шпанците ја победија Австрија со 3:0 (1:0), со головите на Микел Ојерзабал (два) и Педро Поро. Две асистенции забележа Марк Кукуреља, една Алекс Баена. Верувале или не ова е прва победа на Шпанија во нокаут фазата на Мундијалите, уште од шампионатот во Јужна Африка, кога во 2010 година ја освои титулата. Во следната фаза од натпреварувањето, Шпанија ...
Македонската сениорска репрезентација успешно ја привршува првата фаза од претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година. Со убедливата победа над Ирска, остварена вечерва во Скопје, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал ја забележаа петтата победа во низа и го потврдија првото место во А групата. Македонија ја победи Ирска со 77:56 Подмладениот национален тим уште еднаш покажа карактер, енергија и квалитет, ...
Бразилскиот играч од средниот ред Лукас Пакета ќе го пропушти осминафиналниот натпревар на Светското првенство во недела против Норвешка, во Ист Радерфорд поради повреда, изјави извор од Бразилската фудбалска конфедерација (CBF) за АФП во четврток. Пакета, заработи повреда на тетивата на левата нога за време на тешката победа од 2-1 над Јапонија во Хјустон во понеделникот, поради што мораше да го напушти натпреварот во раната фаза на ...
УЕФА потврди дека нема да го применува контроверзното ново правило за директен црвен картон, за играчите кои ја покриваат устата за време на разговор со противниците во нивните натпревари. Европската фудбалска организација нема да ја искористи можноста за примена на ова правило во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига. Правилото, неофицијално познато како „Лекс Винисиус“ или „Законот на Винисиус“, се најде во ...
Англискиот репрезентативец Елиот Андерсон (23) е нов играч на Манчестер Сити, потврди клубот. Во исто време, ова е нов историски момент во Премиер лигата: Андерсон стана најскапо платен англиски играч досега, поточно играч за кого клуб плати највисока отштета – 116 милиони фунти (135 милиони евра). Претходниот рекордер беше Џек Грилиш, чиј трансфер од Астон Вила во Сити, го чинеше „граѓаните“, 100 милиони фунти 116 (милиони евра). Манчестер ...
Диего Армандо Марадона, аргентинска и светска фудбалска икона, во 2018 година предвиде што ќе се случува на Светското првенство, кое моментално се одржува во САД, Мексико и Канада. Аргентинскиот великан тогаш тврдеше дека организаторите би сакале да воведат четири полувремиња поради рекламите. Осум години подоцна, неговото предвидување се оствари. Во 2018 година, Марадона не беше воодушевен што Мундијалот ќе се организира во Северна ...