Белгија е во четвртфиналето на Светското првенство по победата против Соединетите Американски Држави (4:1), но остана без Амаду Онана, кој се повреди во текот на натпреварот. Амаду Онана, по натпреварот мораше да се движи со помош на патерици, а селекторот на Белгија, Руди Гарсија, им рече на новинарите дека повредата е таква што е многу можно ова Светско првенство да е завршено за Онана. Онана се судри со Кристијан Пулишиќ, по што ...

Роберто Мартинез повеќе не е селектор на Португалија, нешто што беше познато и пред елиминацијата од Светското првенство, а негова замена ќе биде, искусниот стратег, Жорж Жезус. Трофејниот тренер го прифати најголемиот предизвик во својата кариера на 71-годишна возраст. Жорж Жезус го заврши својот договор со Ал Наср, во кој пристигна минатото лето со главна и единствена цел да ја освои титулата за Кристијано Роналдо. Жержус работи во ...

Карло Анчелоти останува селектор на бразилската репрезентација и покрај горчливиот пораз од Норвешка со 2:1 и елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство. Искусниот италијански стручњак и Бразилската фудбалска федерација (CBF) изјавија дека имаат долгорочен проект, иако репрезентацијата го забележа најлошиот резултат на Светските првенства од 1966 година. Сонот на Бразил за освојување на шестата титула светски шампион заврши во ...

Белгија убедливо ги елиминираше Соединетите Американски Држави од Светското првенство со победа од 4:1, а селекторот Руди Гарсија по натпреварот се осврна на контроверзијата околу Фоларин Балогун. Американскиот напаѓач настапи и покрај црвениот картон против Босна и Херцеговина, откако независната Дисциплинска комисија на ФИФА ја укина автоматската суспензија и ја замени со условна казна. По натпреварот, Балогун му пришол на Гарсија. „Дојде ...

Двократниот МВП на НБА, Јанис Адетокумбо, официјално стана играч на Мајами Хит, откако франшизата од Флорида постигна договор со Милвоки Бакс во спектакуларна размена. Според договорот, Боби Портис ќе пристигне во Мајами заедно со Адетокумбо, додека Тајлер Хиро, Кел’ел Вер, Хаиме Хакез Џуниор и Каспарас Јакутсионис ќе одат во спротивна насока. Адетокумбо ја помина целата своја НБА кариера досега во Милвоки, кој го избра како 15-ти пик на ...

Португалските медиуми се бесни по елиминацијата на Португалија од Светското првенство. Португалците, синоќа во Далас, со 1:0 загубија од Шпанија. Ги уништи голот на Микел Мерино во 91-та минута. На удар на медиумите, што досега беше незамисливо, се најголемата ѕвезда, 41-годишниот Кристијано Роналдо и селекторот, кој веќе и не е селектор на Португалија (му заврши мандатот), Роберто Мартинез. „Време е еднаш засекогаш да се затвори циклусот ...

САД испаднаа од Светското првенство по убедливиот пораз од Белгија со 4:1, предизвикувајќи потсмев од остатокот од светот. Реакциите дојдоа откако ФИФА, под притисок на американскиот претседател Доналд Трамп, го поништи црвениот картон на американската ѕвезда Фоларин Балогун, потег за кој многу критичари тврдеа дека го поткопува интегритетот на фудбалот. Прославата на белгиските фудбалери предводена од Ромелу Лукаку, кој го изведе ...

Кристијано Роналдо се збогува со светските првенства со емотивна порака по елиминацијата на Португалија од Шпанија (1:0) во осминафиналето на Светското првенство. Тој истакна дека ја напушта репрезентацијата „со чиста совест“, но и потсети на успесите што ги постигна репрезентацијата во неговата ера. Легендарниот капитен на Португалија не можеше да ги скрие солзите по поразот во Далас, каде што голот на Микел Мерино во првата минута од ...

Фудбалерите на Белгија се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство со убедливата победа над САД со 4:1 (2:1). Овој натпревар беше најконтроверзниот на Светското првенство поради хаосот што се предизвика ФИФА, откако на барање, на американскиот претседател Доналд Трамп, го поништи црвениот картон на Фоларин Балогун. Поголемиот дел од фудбалскиот свет беше згрозен од таков преседан режиран од ФИФА, ја натера фудбалската јавност да ...

Кристијано Роналдо (41) нема по добро да го памети својот последен настап на Светското првенство. Неговата Португалија беше елиминирана во осминафиналето на Светското првенство, а „џелатот“ беше Шпанија (1:0). Ова беше 233-ти натпревар за Кристијано во дресот со националниот грб. „Ова ќе биде моето последно Светско првенство. Што и да се случи, ќе си заминам со чиста совест бидејќи на репрезентацијата ѝ дадов сè што имав“, им изјави Роналдо ...

Репрезентацијата на Шпанија ќе игра во четвртфиналето на Светското првенство. Европските шампиони ја победија Португалија со 1:0. Микел Мерино со голот во 91-та минута ги испрати дома Португалците. На стадионот во Далас, Шпанците ја котролираа играта од првата минута. Имаа три доби шанси во првото полувреме. Се истакна Диого Кошта кога во неколку секунди ги одбрани ударите на Јамал и Баена. Португалците најдобрата шанса во првиот дел ја ...

Капитенот на француската фудбалска репрезентација, Килијан Мбапе (27), во понеделникот остро одговори на социјалните мрежи на расистичките навреди што му ги упати парагвајската сенаторка Селесте Амарилја. Нејзините изјави предизвикаа бурни реакции во француската политика, а следуваа по натпреварот од осминафиналето на Светското првенство, во кој Франција го победи Парагвај со голот на Мбапе од пенал (1:0). „Вие сте жена достојна за презир и ...

Бразилската фудбалска репрезентација доживува еден од најтешките денови во својата историја откако беше елиминирана во осминафиналето на Светското првенство против Норвешка (1:2). Ерлинг Халанд го обезбеди триумфот на скандинавската репрезентација со два гола, додека почесниот гол за Бразил го постигна Нејмар од пенал во 10-та минута од судиското продолжение. По историскиот дебакл, легендарниот Роналдо Назарио (50) експлодираше во јавноста. ...

Европската куќа на фудбалот (УЕФА), остро ја критикуваше одлуката на ФИФА да го „помилува“ Фоларин Балогун и да му дозволи да игра во осминафиналето на Светското првенство, и покрај тоа што во претходната рунда доби црвен картон. Скандалот избувна кога се појави информација дека американскиот претседател Доналд Трамп се јавил во ФИФА за да лобира, црвениот картон да биде поништен. Џани Инфантино, првиот човек на ФИФА, ја исполни желбата на ...

Фудбалскиот клуб Тотенхем го официјализираше трансферот на италијанскиот фудбалер Сандро Тонали. Тонали стана најскапото засилување во историјата на Спарс, клубот за него на Њукасл му плати точно 100 милиони фунти (околу 117 милиони евра). На овој начин, во рок од неколку дена, Тотенхем двапати го сруши рекордот клупскиот трансфер рекорд. Матеус Фернандеш пристигна минатата недела од Вест Хем, откако беше платен 85 милиони фунти (100 ...

Селекторот на Англија, Томас Тухел, ги критикуваше судиите на Светското првенство, велејќи дека „едноставно не биле доволно добри“. Ова го изјави по драматичната победа на неговата репрезентација од 3:2 во осминафиналето против Мексико. Во трилер натпревар на стадионот „Ацтека“, Англија остана со играч помалку, а против нив беше досуден контроверзен пенал. „Тие едноставно не се доволно добри. Судиите едноставно не се доволно добри, ...

Според информациите од британските медиуми, американскиот претседател Доналд Трамп направил сè што можел за да му биде поништена суспензијата на Фоларин Балогун пред дуелот на САД со Белгија во осминафиналето на Светското првенство. Фудбалската јавност се уште е во шок од објавата на ФИФА дека напаѓачот на Монако ќе има право да игра во четвртфиналето, и покрај директниот црвен картон што го заработи во 64-та минута од натпреварот против ...

Бразилскиот селектор, Карло Анчелоти, се најде на удар откако му дозволи на Бруно Гимараеш да го изведе пеналот против Норвешка, наместо тоа да го стори Винисиус Жуниор. „Селесао“, загубија од Норвешка (1:2) во осминафиналето на Светското првенство и го заврши турнирот предвреме. Последен пат Бразил не играл во осминафиналето во 1990 година. Можеби целиот натпревар можеше да има поинаков тек, доколку Бразил постигнеше гол, во раната фаза, ...

За прв пат во историјата, четвртфиналето на Светското првенство ќе помине без трите најтрофејни репрезентации – Бразил, Германија и Италија. Со елиминацијата на Бразил во осминафиналето на Светското првенство 2026 против Норвешка, беше испишана нова страница во историјата на Светското првенство. За прв пат по Светското првенство, ниту една од трите репрезентации со најмногу титули, Бразил, Германија и Италија, нема да биде меѓу осумте ...

Англија е во четвртфиналето на Светското првенство. Тимот на Томас Тухел славеше историска победа во Мексико Сити (3:2) во најубавиот натпревар на тековното Светско првенство. Натпревар невиден досега на Мундијалот, пет гола, безброј шанси, по два пенали и ВАР интервенција, сето тоа завиткано во фантастичната атмосфера на „Ацтека“. Англичаните постигнаа два гола за 99 секунди, се бранеа последните 30 минути со десетмина. Мексиканците ја ...

Бразил во осминафиналето го заврши својот настап на Светското првенство. Во Њу Џерси, Бразил загуби од Норвешка 1:2. Бразилските медиуми, во првите извештаи од натпреварот, немаат милост кон тимот на Карло Анчелоти. Ерлинг Халанд ги постигна двата гола за Норвежаните, додека пеналот на Нејмар во судиското продолжение само го ублажи поразот на петкратните светски шампиони. Најголемите бразилски портали и колумнисти не го криеја своето ...

Норвешка го елиминираше Бразил од Светското првенство. Во Њу Џерси, Норвежаните славеа со 2:1 и се пласираа во четвртфиналето. Ерлинг Халанд ги постигна головите за победа во 79-та и 90-та минута. Голот за Бразил го постигна Нејмар во 10-та минута од судиското продолжение од пенал. Покрај Халанд, најистаккнати во норвешката репрезентација беа голманот Ниланд и асистентот за двата гола Шјелдеруп. Бразил ќе почека на победа во дуелите со ...

Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, потврди дека го игра последното Светско првенство. Роналдо има 41 година, на Мундијалите нема повеќе да игра, а прашање е дали ќе игра на следното Европско првенство. „Ова ќе биде моето последно Светско првенство. Што и да се случи, ќе си заминам со чиста совест бидејќи ѝ дадов на репрезентацијата сè што имав“, рече Роналдо. Португалците ќе се соочат со Шпанија во осминафиналето (понеделник, ...

Фудбалската асоцијација на Белгија не може да поверува во одлуката донесена од Светската фудбалска федерација (ФИФА). ФИФА го поништи црвениот картон за Американецот Фоларин Балогун, кој го заработи на натпреварот против Босна и Херцеговина, и му додели условна казна (!?), што значи дека ќе може да игра на претстојниот натпревар против Белгија. „Кралската белгиска фудбалска асоцијација (RBFA) е запрепастена од одлуката на ФИФА да го ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Роман Сафиулин и се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон. Седумкратниот освојувач го победи 132-от тенисер на планетата со 7:6 (6), 6:3, 3:6, 6:3 по три часа и 24 минути игра. Рускиот тенисер пред дуелот со Ѓоковиќ ги елиминираше Рубљов, Ван де Зандшулп и Фонсека. Ѓоковиќ го забележа четвртиот триумф во исто толку меѓусебни натпревари. СО овој триумф Ѓоковиќ стана тенисерот со најмногу победи на ...

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, триумфираше на Големата награда на Велика Британија, деветтата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. Возачот од Моте Карло, победи во Силверстоун по 623 дена, поточно од трката во Остин во октомври 2024 година. Најблиску до Леклер беше Џорџ Расел во Мерцедес, додека вториот возач на Ферари, Луис Хамилтон, беше на третото скалило на подиумот. За Леклер, ова е деветта победа во кариерата, која ја ...

Славниот германски тренер Јирген Клоп ќе биде новиот селектор на на репрезентацијата на својата Германија. Дека Клоп ќе биде наследник на Јулијан Нагелсман на клупата на четирикратниот светски шампион се шпекулираше во претходните денови, а ова го потврдува и сознанието на фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо, кој во неделата пишува за постигнатиот договор меѓу двете страни. Клоп ги прифатил условите на Фудбалскиот сојуз на Германија (ДБФ). ...

Златан Ибрахимовиќ, кој работи како стручен консултант на телевизијата „Фокс“, ја пофали француската репрезентација која извојува тешка победа со 1:0 против Парагвај. Апсолутниот фаворит едвај ја „скрши“ јужноамериканската селекција со гол од пенал во 70-та минута. 44-годишникот објасни дека на избраниците на Дидие Дешан им било тешко поради грубоста на Парагвајците. I love a good defensive display. The real reason people are mad at ...

Арсенал се согласи да го продаде Леандро Тросард во Бешикташ по Светското првенство, тврдат англиските и турските медиуми. Белгискиот интернационалец е подготвен да го заврши својот три и полгодишен престој на стадионот „Емирати“ и се приближува кон трансфер во турската Суперлига вреден 20 милиони евра, пишува „Трансфермаркт“. Според „Атлетик“, Бешикташ веднаш ќе му плати на Арсенал 18 милиони евра, а износот со бонуси би можел да се ...

Фудбалерите на Франција го победија Парагвај со минимални 1:0. „Триколорите“ вложија многу труд воФиладелфија, а единствениот стрелец беше Килијан Мбапе од пенал во 70-та минута. Со овој гол, Мбапе стигна до вкупно 19 гола на Светските првенства во ист број одиграни натпревари, па сега е само еден гол подалеку од Лионел Меси во трката за најдобар стрелец во историјата на Светските првенства. Уште поимпресивен е фактот дека од Светското ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
74%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
62%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
85%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
67%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
59%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35