Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Англискиот репрезентативец Трент Александар-Арнолд ги разочара навивачите на Ливерпул минатото лето, кога по освојувањето на Премиер лигата и истекот на договорот, реши да го напушти клубот каде што се прослави и да се пресели во Реал Мадрид. Се очекуваше Реал да добие огромно засилување на позицијата десен бек, но Шпанија не „му легна“ за Англичанецот. Честите повреди и лошата форма, придонесоа тој да настапи на само 11 натпревари оваа ...
Реал Мадрид е млубот што заработил најмногу во сезоната 2024/25, покажува извештајот од „Дилојт“. Реал Мадрид, оствари профит од една милијарда и 200 милиони евра, иако минатата сезона не беше ниту шампион на Шпанија, ниту ја освои Лигата на шампионите. Во првите 10 клуба што заработиле најмногу, има шест од Премиер лигата, 15 во првите 30. Кога станува збор за Премиер лигата, Ливерпул е „број 1“ во сезоната 2024/25, во која ја освои ...
Јусуф Нуркиќ и Џоел Ембид со по трипл-дабл ја обележаа ноќта во НБА лигата. Репрезентативецот на БиХ, Нуркиќ, го забележа третиот трипл-дабл во кариерата, втор по ред. Тој во поразот на Јута Џез од Сан Антонио Спарс со 109:126, забележа 17 поени, 11 скокови и 14 асистенции. На претходниот натпревар, против Минесота, Нукриќ имаше 18 поени, 18 скокови и 10 асистенции. По едно продолжение, Филаделфија го победи Хјустон со 128:122, во натпревар ...
Во дербито на првото коло од Група 1 од Главната рунда на Европското првенство во ракомет, еден од домаќините, Данска, ја победи Франција со 32:29. . Поразот од Португалија фрли сомнеж врз можностите на светскиот и олимписки шампион, но, Данска покажа во најтешкиот можен момент, против вечниот соперник Франција, дека не се откажува лесно од амбицијата да ги обедини сите титули. Французите беа подобриот противник околу 40 минути. Данска ...
Foto/ EPA Фудубалерите на Црвена звезда победија во Малме (1:0), во претпоследното коло, во Лига Европа. Со четвртата последовна победа (интересно сите остварени со резултат 1:0), играчите на српскиот првак обезбедија место во нокаут фазата. Дуелот на два тима, чии национални првенства се уште не се започнати, во целост им припадна на играчите од Белград. Покрај голот што го постигна Василије Костов во 16-та минута, имаа уште неколку добри ...
Манчестер Јунајтед објави дека нема да му понуди нов договор на Касемиро. Договорот на 33-годишниот фудбалер истекува на 30 јуни оваа година. Касемиро ќе бара нов клуб, како слободен играч. Во Манчестер Јунајтед тој пристигна во 2022 година, од Реал Мадрид за сума од 70 милиони евра. Еден од најтрофејните играчи во историјата на модерниот фудбал, кој некогаш беше член на Реал Мадрид во времето кога кралскиот клуб доминираше во Лигата на ...
Норвешка, во ново формираната Група 1, на Европското првенство ја победи Шпанија со 35:34. Шпанија, во најголем дел го контролираше натпреварот во Хернинг, меѓутоа Норвежаните беа подобри во финишот, мога анулираа минус од два гола и го презедоа водството. Голот за победа го постигна Сагосен на 12 секунди до крајот. Шпанија имаше напад за реми, меѓутоа во ситуација шест на четири (Норвашека имаше двајца играчи помалку), Фернандез од чиста ...
Барселона објави дека шпанскиот репрезентативец Педри ќе биде надвор од теренот во следните четири до пет недели поради повреда на тетивата, што значи дека ќе пропушти помеѓу седум и десет натпревари. Педри се повреди вчера, во Прага против Славија, во Лигата на шампионите. Според каталонските медиуми, во тој период Барселона ќе биде без еден од клучните играчи за врска најмалку шест до седум натпревари, вклучувајќи ги натпреварите во ...
Германија со победа над Португалија 32:30 (11:11) ја отвори главната фаза на 17-то Европско првенство во ракомет. Тимовите од новоформираната Група 1 наизменично водеа во првото полувреме, додека Германците постојано беа во водство во вториот дел, а Португалците направија сè за да ги стигнат, но не успеаја. Разликата ја направи горманскиот голман Андреас Волф, кој забележа 14 одбрани, додека од другата страна, Густаво Капдевила и Педро ...
Главна цел на Ливерпул во летниот преоден рок ќе биде дефанзивецот на Тотенхем, Мики ван де Вен (24). Холанѓанецот има „јак“ договор со Тотенхем до 30 јуни 2029 година, но бројни извори известуваат дека „Црвените“ ќе ги тестираат со богата понуда. Ливерпул во Ван де Вен го гледа вистинскиот наследник на сонародникот, Вирџил ван Дајк. Ван де Вен ја игра својата трета сезона во Тотенхем, каде што пристигна од германски Волфсбург. Ја започна ...
Foto/ EPA Завршена е првата фаза на 17-то Европското првенство во ракомет (15 јануари – 1 февруари). Половина од 24-те селекции си заминаа дома, додека останатите го продолжуваат престојот во Данска и Шведска, каде заедно со уште еден домаќин (Норвешка) се борат за пласман во полуфиналето. Како 14-та, Македонија од далеку ќе ја гледа борбата за две места во новоформираните групи 1 и 2I, добиени со вкрстување на претходните групи (A/Б/Џ, ...
Foto/EPA Синоќа беше комплетирано претпоследното коло во Лигата на шампионите. Во пресрет на решавачката, осма рунда, само Арсенал и Баерн Минхен, обезбедија пласман во осминафиналето. Покрај лидерите во Премиер и Бундес лигата, најмногу шанси за директен пласман меѓу најдобрите 16 екипи имаат Реал Мадрид и Ливерпул. Во нокаут фазата, сигурно ќе играат: Тотенхем, Пари Сен Жермен, Њукасл, Челзи, Барселона, Спортинг, Манчестер Сити, Атлетико ...
Голманот на Атлетико Мадрид, 33-годишниот Јан Облак, влезе во елитниот клуб на Лигата на шампионите во натпреварот против Галатасарај. Турскиот клуб и Атлатико одиграа 1:1, во седмото коло. Облак, го одигра 100-ти натпревар во Лигата на шампионите. Тој стана првиот словенечки играч кој ја достигнал таа бројка во најелитното европско клупско натпреварување. Воедно тој е вториот фудбалер на Атлетико кој достигнал 100 натпревари за ...
Пораншениот фудбалер на Реал Мадрид, Гарет Бејл, кој освои пет титули во Лигата на шампионите со „кралскиот клуб“, се осврна на неодамнешното заминување на тренерот Чаби Алонсо. Велшанецот коментираше за причините, зошто мандатот на шпанскиот стручњак на не ги исполни очекувањата, пишува „Марка“. Во разговор за „Ти-Ен-Ти Спортс“, Бејл прво го пофали Алонсо, истакнувајќи ги неговите успеси. „Алонсо е неверојатен тренер. Тој освои што освои ...
Францускиот фудбалер, Жан-Филип Матета го известил Кристал Палас дека сака да го напушти клубот, бидејќи за него се заинтересирани неколку тимови од Премиер лигата и Јувентус, објавија британските медиуми. На Матета му остануваат уште 18 месеци од договорот со Кристал Палас, а како што стојат работите во моментов, нема планови за продолжување на соработката, објавува Би-Би-Си. Италијанскиот гигант Јувентус се обиде да го потпише напаѓачот ...
Играчите на Манчестер Сити одлучија да им ги рефундираат парите на 374 навивачи кои патуваа во Норвешка за да го проследат дебаклот на нивниот тим од Боде/Глимт (1:3) во Лигата на шампионите. Билетот за гостинските навивачи чинеше околу 25 фунти, па играчите на Сити ќе издвојат вкупно 9.357 фунти за да ги надоместат трошоците за оние кои патуваа во Арктичкиот круг. Во име на тимот, капитените Бернардо Силва, Рубен Дијаш, Родри и Ерлинг ...
Њујорк Никс забележаа рекордна победа, најголема од основањето на франшизата во 1946 година. Во дербито на „Големото јаболко“ против Бруклин Нетс,една од двете најстари НБА франшизи триумфираше со 120:66 (38:20, 22:18, 28:18, 32:10). Пред овој, имаше само два натпревари во историјата на НБА каде што победникот имаше 120 или повеќе поени, а противникот 70 или помалку. Џејлен Брансон беше најефикасен со 20 поени со четири скока и пет ...
Комплетирано е претпоследното, седмо коло од Лигата на шампионите на УЕФА. Барса преживеа Прага и на крајот стигна до сигурна победа, Ливерпул беше убедлив во Марсеј, Јуве го доби мало дерби против Бенфика, Баерн лесно се псрави со Унион во второто полувреме, а Челзи на „мускули“ го победи Пафос. Њукасл беше убедлив против ПСВ, а Атлетик Билбао, со пресврт во вториот дел победи во Бергамо. Резултати: ГАЛАТАСАРАЈ – АТЛЕТИКО МАДРИД 1:1 (1:1) ...
Арсенал и Челзи влегувата во трка за потписот на Арда Гулер, доколку играчот на Реал биде достапен во летниот преоден рок. Според „CaughtOffside“, Гулер е долгорочна цел на Арсенал, додека „сините“ неодамна имаа неколку контакти за да се распрашаат за неговата ситуација. Турскиот интернационалец е на радарот на Арсенал уште од октомври 2024 година. Во меѓувреме, Челзи исто така сака да влезе во трката. Двата клуба веруваат дека Гулер би ...
Со победата на Холандија над Грузија од 31:26 во последното коло од Групата Е од прелиминарната фаза на Европското првенство, познато е кои репрезентации го обезбедија статусот на носители во плејофот за пласман на Светското првенство следната година. Познато е кои 12 репрезентации ја продолжуваат борбата за медали и тронот на Европското првенство, како и за директен пласман на Светското првенство. Од преостанатите 12 елиминирани, познато е ...
Еден од најдобрите играчи на Евертон, Џек Грилиш, ќе мора да направи долга пауза. Како што беше потврдено денес, Грилиш доживеал сериозна повреда на стапалото, поради што го очекува пауза од околу три месеци. „Денес, Грилиш беше подложен на дополнителни медицински тестови, по што беше утврдено дека има сериозна повреда која бара долга рехабилитација и закрепнување од најмалку 12 недели“, обајави клубот.. Во најдобар случај, Грилиш ќе се ...
Голманот на Барселона и германски репрезентативец, Марк-Андре Тер Штеген, ќе игра на позајмица во Џирона до 30 јуни оваа година, објавија двата шпански клуба. Според договорот што го постигнаа клубовите, Барселона ќе исплаќа околу 90 отсто од платата на тер Штеген. Тер Штеген (33) пристигна во Барселона во 2014 година од Борусија Менхенгладбах, а оваа сезона одигра само еден натпревар за тимот од „Ноу Камп“. Тер Штеген денес го имаше својот ...
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изјави дека е разочаран од нерешениот резултат против Копенхаген во седмото коло од Лигата на шампионите, објавија денес италијанските медиуми. Фудбалерите на Копенхаген и Наполи играа вчера во Данска без победник, 1:1. Копенхаген од 35-та минута играше со фудбалер помалку, бидејќи црвен картон доби искусниот Томас Дилејни. „Ме боли и мора да ги боли моите играчи. Мора да бидеме лути, мора да бидеме ...
Барселона е подготвена да го задржи Роберт Левандовски уште една година. Неколку каталонски медиуми денес открија дека Барселона одлучила да му го продолжи договорот на Левандовски. Понудата содржи и неколку услови, Левандовски треба да прифати да биде втора опција во нападот, што значи помалку минути на теренот и да се согласи на намалување на платата од најмалку 50 отсто. Левандовски во моментов иам најголема плата во тимот, па според ...
Жан-Филип Матета е бесен на Кристал Палас, откако пропадна неговиот потенцијален трансфер во Јувентус. Напаѓачот, односно неговиот менаџер, лесно постигнал договор со Јувентус околу платата, но Кристал Палас не успеа да се договори за обештетување со Јувентус. Клубот од Лондон бараше Јувентус веднаш да го исплати трансферот, додека италијанскиот клуб понуди позајмица со право на откуп по завршувањето на сезоната. И покрај тоа што му ...
Манчестер Сити е сè уште во криза бидејќи по поразот во градското дерби против Јунајтед, загубија и од Бодо/Глимт во Лигата на шампионите. „граѓаните“ на северот на Норвешка доживеаја шокантен пораз 3:1. Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, тврди дека повредите и разните отсуства се проблем за неговиот тим. Тоа е факторот што го прави Сити неспособен да игра како што треба. Јошко Гвардиол, Матеуш Нуњеш, Рубен Дијаш, Џон Стоунс, Матео Ковачиќ, ...
Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Словенија (ФСС) го потврди Боштјан Цесар за нов селектор на репрезентацијата. Со 102 натпревари, Цесар го држи рекордот по број на настапи за словенечката репрезентација и беше капитен многу години. Тој играше на Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка, кога беше дел од генерацијата што ја однесе Словенија на Светското првенство по втор пат во историјата. Поголемиот дел од својата клупска ...
Полицијата на португалскиот остров Мадеира е во потрага по маж кој ја запали статуа на Кристијано Роналдо, го снимил неговиот чин и го објавил на интернет. Инцидентот се случил во Фуншал, главниот град на Мадеира и родното место на Роналдо. На видеото се гледа како млад човек истура запалива течност врз бронзена реплика на фудбалерот и ја пали со запалка. Потоа танцува на рап музика. Видеото завршува со тоа што тој покажува среден прст на ...
По убедливата победа на Реал Мадрид над Монако во Лигата на шампионите (6:1), Винисиус Жуниор се осврна на натпреварот и на својот настап, нагласувајќи дека играта на целиот тим е клучна за тој да ја покаже својата најдобра верзија. Бразилскиот фудбалер, исто така, призна дека изминатите неколку дена му биле тешки поради критиките и свирежите од трибините. Против Монако, тој се истакна со две асистенции и еден гол. „Секогаш сум во центарот ...
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа како гости кај Денвер Нагетс – 115:107. Дејвид Аделман не можеше да смета на Никола Јокиќ и уште неколку играчи, ддодека Остин Ривс отсуствуваше кај „езерџиите“. Лука Дончиќ беше најефикасниот поединец на средбата со 38 поени, 13 скока и 10 асистенции. Ова беше негов 52-ри трип дабл со најмалку 30 поени, сега има еден повеќе од Никола Јокиќ, додека прв на оваа листа е Оскар Робертсон со 106. Леброн ...