
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Палентата е одличен избор за појадок бидејќи е лесна, ви дава енергија и чувство на ситост, што помага да се издржи еден напорен ден. Иако некогаш била вообичаена на трпезите, сега е малку заборавена, но никогаш не е доцна повторно да ја вклучите во вашето мени. Оваа хранлива намирница се прави од пченкарно брашно, достапна е во различни пакувања и може да се подготви на многу начини. Пченкарното брашно или гризот делуваат позитивно на ...
Малигните заболувања се разликуваат по карактеристиките и текот на болеста од личност до личност, па затоа истражувачите се фокусираат на начините за индивидуализирање на третманот. Значителен напредок е појавата на персонализирана вакцина против рак, специјално прилагодена на уникатниот профил на болеста на секој пациент. За разлика од традиционалните вакцини кои спречуваат инфекција, персонализираните вакцини за рак, исто така наречени ...
Без мед тешко е да го замислиме животот, а многумина сметаат дека тој е најздравата намирница. Меѓутоа, медот брзо може да се претвори во отров доколку го загревате на висока температура или го додадете во зовриена вода, предупредуваат експертите. Кога по извесно време медот ќе се згусне, многумина го ставаат во врела вода за да го разредат, а тоа може да биде кобна грешка. Истото важи и за додавање мед во топол чај со свежо зовриена вода. ...
Истражувачите од американскиот универзитет „Yale“ открија поврзаност помеѓу лошиот сон и зголемениот ризик од развој на низа болести. Своите откритија ги објавија во медицинското списание „Nature Medicine“. Во истражувањето учествувале 6.800 доброволци, чијашто просечна старост изнесувала 50 години. Пред да почнат со истражувањето научниците собрале информации за учесниците, вклучувајќи ја нивната медицинската историја, висина, тежина. По ...
Островите, кои важат за скриени скапоцени камења на Јадранот, се посебни по многу нешта, а посебно се издвојува фактот што нема автомобили. Дали не сте љубители на туризмот на пуст остров, но сепак сакате вистински одмор во мир и, ако е можно, тишина? Дека морето е блиску, дека не мора да влезете во кола за да одите до продавница и дека не гледате илјадници луѓе во текот на денот. Дури и ако можете да живеете без штандови за играчки, без ...
Народот Цимане кој живее во шумите на Боливија има најздраво срце, тврдат истражувачите. Според студијата објавена во „Lancet“, кај нив нема затнати артерии, дури ни во длабока старост. „Тоа е неверојатна популација со радикално различни начини на исхрана и живот“, велат истражувачите, пренесува „BBC“. Иако остатокот од светот не може да живее како овој народ, постојат лекции кои можеме да ги ископираме. Народот Цимане има околу 16.000 ...
"Apple" би можел да им наплати на корисниците до 20 долари за своите напредни функции за вештачка интелигенција. Американската технолошка корпорација "Apple" би можела да им наплаќа на корисниците до 20 долари месечно за најновите напредни функции за вештачка интелигенција (AI), познати како "Apple Intelligence". Претставник на истражувачката агенција "Counterpoint Research" Нил Шо наведува дека инвестирањето во вештачка интелигенција е скапо ...
Хотелот „Ovo Patagoniа“ може да се опише како сместување само за најхрабрите земајќи го предвид тоа дека пристигнувањето до хотелот вклучува планинарење и спиење во капсули коишто „висат“ над бездна. Сместувањето подразбира проѕирни капсули коишто се поставени на камениот ѕид на висина од 275 метри. За да се дојде до овој хотел потребна е соодветна опрема но и храброст,бидејќи пристигнувањето до него подразбира планинарење длабоко во ...
Доколку барате лесни и освежителни закуски, ова јадење од тиквички е нешто што навистина вреди да се проба во летните денови. Постојат многу начини како да го искористите овој неодолив и супер здрав зеленчук во кујната – за пити, чорби, проја, па дури и колачи, а еден од поинтересните се ролованите тиквички со фил од сирење. Потребни ви се само 5 состојки, со додаток на сол, а се подготвуваат за многу кратко време и што е најважно на овие ...
Венчаницата од соништата постои, ја видовме кај сопругата на Алекса Аврамовиќ! Симпатичниот кошаркар пред две години се оженил за убавата Теодора, а таа по тој повод облекла софистициран фустан со домашен потпис. Алекса Аврамовиќ и неговата сопруга го кажаа судбоносното „да“ летото 2022 година во родниот Чачак. Колегите од „Zena.blic“ пронашле фотографии и сите сме воодушевени од тоа како изгледале младенците на тој важен ден. Теодора и ...
Гобекли Тепе во Турција е едно од највеличествените археолошки наоѓалишта. Станува збор за светилиште од каменото доба, од пред повеќе од 10.000 години. Експертите сега утврдиле дека резбариите на ѕидот од комплексот би можеле да бидат најстариот познат календар преку кој се следела промената на годишните времиња. Засега не е познато кои се функции ги имал Гобекли Тепе во древната неолитска заедница. Најверојатно го кренале ловци-собирачи како ...
Студентите по машинско иженерство на швајцарскиот универзитет „ETH Zurich“ напорно работат на врвните роботи коишто би можеле да го сменат начинот на изучување на океаните. Роботската риба „Ева“ мавта со силиконските перки поставени од двете страни на нејзиното тело и без проблеми се движи низ ладната вода на езерото во Цирих, каде научниците го тестираат проектот „Surf – eDNA“. Имено студентите од „ETH Zurich“ веќе две години изработуваат и го ...
Универзалната вистина е дека доколку имате вагина, во некој момент ќе имате и секрет. Изгледот и количината, додуша, ќе варираат во зависност од фазата на менструалниот циклус, вашето расположение и слични работи, ќе има денови кога ќе го има повеќе, ќе има денови кога нема да имате никаква трага на долната облека, но сето ова е нормално. „Вагината сама се чисти“, вели д-р Џесика Шеперд, гинеколог во Универзитетската болница Бејлор во Далас, за ...
„Коњите се многу попаметни отколку што се мислеше порано“, велат научниците откако нивната студија покажала дека овие животни имаат подобар резултат од очекуваните во рамките на една комплексна игра заснована на награди. Истражувачите откриле дека кога на коњите не им биле давани слатки поради непочитување на правилата на игра, тие моментално биле способни да ја сменат својата стратегија со цел да добијат повеќе слатки како награда. Ова ...
Научниците велат дека „Ecklonia cava“ кафеавата морска алга, можеби може да го заштити човекот од најбрзо растечкото невродегенеративно нарушување на светот – Паркинсоновата болест. Паркинсоновата болест од којашто боледуваше и познатиот боксер Мухамед Али, предизвикана е од губењето на неврони коишто произведуваат допамин, невротрансмитер вклучен во контролата на движењата и размислувањето. Лек за оваа болест не постои, а јапонските научници ...
Шармантниот Амстердам е познат по своите живописни канали, музеи од светска класа и богатиот ноќен живот. Сепак, градот може да се пофали и со разновидна и вкусна сцена на улична храна, која не смее да се пропушти. Од традиционалните холандски деликатеси до меѓународните кулинарски задоволства, понудата на уличната храна во Амстердам е доказ за богатото гастрономско наследство на градот и мултикултурните влијанија. Овој текст ќе ве однесе на ...
Често се потпираме на паметните часовници кога нѝ се потребни информации за времето, ги користиме за читање пораки, но и за гледање на моменталните здравствени параметри. Сепак, овие податоци не се корисни за секого. Паметните часовници и спортските нараквици се покажале како крајно несигурни кога станува збор за прикажување на здравствената состојба на оние кои ги носат, покажало истражувањето на научниците од Универзитетот во Северна ...
Доколку секој ден јадете ф’стаци, благодарение на нивните хранливи состојки ќе забележите бројни позитивни ефекти врз вашето здравје. „Ф’стаците се извор на протеини со сите девет есенцијални аминокиселини. Тие содржат здрави мононезаситени и полинезаситени масти, полни се со влакна и антиоксиданти“, вели диететичарката Тејлор Бергрен, пренесува „Eating Well“. Меѓу другото, тие содржат калциум и магнезиум кои ќе ви помогнат да го одржите ...
Научници пронашле стари јавни видеа од 60-тите на кои шимпанза во заробеништво го кажуваат зборот „мама“, што укажува на тоа дека нашите најблиски живи роднини можеби имаат нервна предиспозиција да зборуваат. Експертите со децении претпоставувале дека само луѓето можат да формираат значајни покомплицирани звуци. Но, когнитивниот научник Аксел Екстром од Кралскиот институт за технологија во Шведска и неговите колеги веруваат дека овој заклучок е ...
Примената на шест здрави навики во секојдневниот живот помага во спречувањето на развојот на деменцијата, велат истражувачите. Моментално повеќе од 55 милиони луѓе низ светот боледуваат од деменција од коишто 60% живеат во земјите со ниски или средно ниски приходи. Под терминот деменција се подразбираат неколку болести кои влијаат врз меморијата, размислувањето и способноста за извршување на секојдневни активности. Со текот на времето доаѓа до ...
Ако се обидувате да ја убедите партнерката да ги исполни вашите фантазии, веројатно само ќе наидете на отпор бидејќи така ќе ја исплашите. Бидете нежни со неа и дајте ѝ време да размисли. Кога сексот е добар, тој зборува сам за себе. Но, кога не е, мора да користите зборови кои треба внимателно и промислено да се изберат. Експертите ги открија петте работи кои никогаш не смеете да ѝ ги кажете на жената во кревет, пишува „Јаху њуз“ (Yahoo!news). ...
Компанијата „Опен АИ“ e загрижена дека корисниците би можеле премногу емотивно да се врзат за нејзиниот помошник за вештачка интелигенција Четџипити, па дури и да развијат зависност од нејзиниот глас, кој е многу сличен на човекот. Според извештајот на компанијата, корисниците би можеле да создадат „социјални врски со вештачка интелигенција и на тој начин да ја намалат потребата за односи со други луѓе“. Компанијата додава дека оваа ситуација ...
Канадскиот кантавтор Леонард Коен почина во ноември 2016 година – само четири месеци по смртта на неговата љубов од младоста и најголема муза, Мериен Илен. Кога дознал дека неговата сакана Мериен е болна од леукемија и дека деновите ѝ се избројани, тој веднаш ѝ напишал трогателно писмо кое, за среќа, таа успеала да го прочита пред да почине. „Мериен, дојде времето кога сме навистина стари и нашите тела се распаѓаат, и мислам дека ќе дојдам ...
Изминативе неколку месеци, научниците забележаа необично високи температури на Јужниот Пол, што предизвикува загриженост во научните кругови. Овие температури што се многу над просекот за таа област во тековната зима на Антарктикот, се сериозен знак за климатските промени што сѐ повеќе ја погодуваат нашата планета. Оваа појава, според стручњаците, носи со себе потенцијално катастрофални последици не само за Антарктикот, туку и за целиот светски ...
Дека црниот дроб не работи како што треба, најдобро ќе забележите ако чувствувате хроничен замор, имате лошо здравје, често чувствувате горчлив и метален вкус во устата, имате жолта обвивка на јазикот... Доколку постојано се прејадувате или јадете нездрава храна, пушите и пиете алкохол, земате силни лекови, можно е црниот дроб да го изложите на дополнителен стрес. Експертите се сигурни дека црниот дроб може да закрепне ако секој ден јадете каша ...
Кога станува збор за модата, судејќи по сè овој период од годината ѝ припаѓа на Блејк Лајвли. Имено, прекрасната актерка од ден во ден нè воодушевува со своите стајлинзи, а додека трае промоцијата на филмот, Блејк ќе продолжи да го „руши“ интернетот со своите Серена ван дер Вудсен модни избори. Таа пред само неколку дена го освои модниот свет со белото одело што го носеше во Лондон по повод премиерата на филмот „It Ends With Us“ во кој ја ...
Сезоната на лубеницата е во полн ек, а како се може да се искомбинира, на кои начини можете да ја јадете и кој треба да ја избегнува - ви пренесуваме во следната статија. Шарлот Хилтон Андерсон, новинарка од порталот The Healthy, пробала експеримент при кој секојдневно јадела лубеница. Таа зборуваше за своето искуство со диететичарката Џесика Пловман, која е и спортски нутриционист. Своето искуство и совети од диететичарката ги собрала во една ...
Кога ќе се спомене името Леброн Џејмс, речиси сите веднаш помислуваат на кошарка, трофеи и неверојатни спортски успеси. Меѓутоа, зад секој голем човек стои некој кој пружа непроценлива поддршка – во овој случај тоа е мистериозната Савана, сопругата на Леброн Џејмс. Савана и Леброн Џејмс се во брак од 2013 година, а нивната љубов со текот на времето станувала само посилна. Парот има три деца: Леброн Јуниор, Брајс и Зури. Познатите сопружници се ...
Оваа година се навршуваат 70 години од првата успешна трансплантација на човечки бубрег од жив донатор. „Сè видов“ кажа 74 годишниот Хари Стакхаус од Илинуоа, којшто беше буден во текот на неодамнешната трансплантација на бубрегот и додаде дека не почувствувал болка додека разговарал со докторите во текот на операцијата. Стакхаус беше пуштен од болница само 36 часа по операцијата во болницата „Northwestern Medicine“, којашто има за цел ...
Според една нова студија, одредени животни навики или особини, како што е дебелината, може да придонесат за повисоки стапки на рак меѓу припадниците на генерацијата Икс и милениумците во споредба со постарите генерации. Одложувањето на бременоста, исто така, може да го зголеми ризикот кај жените за развој на некои видови рак на гениталиите, заклучиле научниците. Кои се милениумци, а кои генерација Икс? Повеќе видови рак сега се почести меѓу ...