Словенија успешно ја одбрани олимписката титула во мешани тимови на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, откако четворката во состав Ника Водан, Анже Ланишек, Ника Превц и Домен Превц приреди вистинска лекција по ски-скокови. Со вкупно 1069.2 поени, Словенците доминантно стигнаа до златото, оставајќи ги зад себе Норвешка (сребро) и Јапонија (бронза). Семејно наследство на највисокото скалило Најголемиот фокус на вечерта беше насочен ...

Најтрофејниот македонски клуб, Вардар, на импресивен начин ја отвори пролетната полусезона во ПМФЛ. Избраниците на Гоце Седлоски го демолираа тимот на Арсими со убедливи 5:1, искористувајќи го киксот на Струга за да се одлепат на врвот на табелата со четири бода предност. Блиц-криг во првите 45 минути Дилемите околу победникот беа решени експресно. Вардар одигра фуриозно прво полувреме во кое постигна четири гола: 6′ минута: 18′ минута: 30′ ...

Барселона патува во Мадрид на првиот натпревар од полуфиналето на Копа дел Реј против Атлетико со сериозни проблеми во офанзивата. Клубот денеска официјално потврди дека Маркус Рашфорд нема да биде дел од тимот за претстојниот дуел поради повреда на левото колено. Проблемите на Флик се множат Рашфорд заработил силен удар на саботниот натпревар против Мајорка, а денешниот последен тренинг потврди дека болката е преголема за тој да биде во ...

Она што вчера беше „јавна тајна“ низ скопската чаршија, денес доби своја официјална потврда. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и дефинитивно го претстави Дени Мусовски како нов репрезентативец на Македонија. Напаѓачот на Сиетл Сандерс ги заврши сите административни процедури и е подготвен да го предводи нападот во претстојните предизвици. „Ова е дел од моите корени“ Мусовски, кој доаѓа по извонредна сезона во САД каде играше против ...

Македонската фудбалска репрезентација утре со почеток во 18:00 часот ќе ги дознае своите противници за новото издание на Лигата на нации. За првпат во историјата, нашата селекција е дел од престижниот Б сегмент, што за селекторот Гоце Седлоски претставува идеален тест пред квалификациите за ЕП 2027. „Ги почитуваме фаворитите, но веруваме во себе“ Седлоски е реален во проценките, но и оптимист за квалитетот на своите избраници. Тој потенцира ...

Додека повеќето спортисти на нејзина возраст одамна уживаат во заслужена пензија, австриската сноубордерка Клаудија Риглер реши уште еднаш да се спушти по олимписките падини. На 52-годишна возраст, таа стана највозрасната жена што некогаш се натпреварувала на Зимските олимписки игри, докажувајќи дека границите постојат само во нашите умови. Инает кој трае 22 години Приказната за Риглер е исполнета со неверојатна мотивираност. Пред точно пет ...

Светот сè уште зборува за епското финале во Мелбурн каде Карлос Алкараз го совлада Новак Ѓоковиќ и го комплетираше својот „Кариерен Грен слем“ на само 22 години. Меѓу многуте честитки, најмногу внимание привлече искрената објава на Стефанос Циципас, кој со голема доза на спортска почит ги опиша двајцата финалисти. „Ова е твој свет, Карлос“ Циципас, кој и самиот е голем ривал на обајцата, призна дека Алкараз во моментов е на едно сосема друго ...

Тотенхем Хотспур официјално го разреши Томас Франк од функцијата главен тренер. Одлуката доаѓа само 12 часа по болниот пораз од Њукасл (1-2) на домашен терен, резултат кој го остави клубот на шокантното 16-то место во Премиер лигата, на само пет бода над зоната за испаѓање. Колапс на „проектот од Брентфорд“ Иако Франк пристигна во јуни 2025 година како човек кој требаше да донесе стабилност по заминувањето на Анге Постекоглу, неговиот престој ...

Додека навивачите на Манчестер Јунајтед се радуваа на голот на Бенјамин Шешко во 96-та минута за спас од пораз кај Вест Хем, еден човек во Англија веројатно сакаше да пропадне во земја. Тоа е Френк Илет, попознат како „The United Strand“, кој веќе 16 месеци води битка со сопствената коса…и губи. Залогот кој стана кошмар: 5 победи по ред или ништо! Приказната започна во октомври 2024 година, кога Френк, изнервиран од променливата форма на ...

Само неколку месеци откако го крена пехарот во Премиер лигата, Арне Слот се соочува со суровата реалност. По поразот од Манчестер Сити, Ливерпул падна на шесттото место на табелата, а холандскиот стратег не бара изговори и признава дека тимот е во сериозна резултатска криза. „Шампионскиот сјај“ избледе потрошени 450 милиони фунти Иако летово Ливерпул потроши вртоглави 450 милиони фунти на нови засилувања, вклучувајќи го и британскиот рекорд ...

Додека официјалните канали на ФФМ молчат, фудбалското Скопје веќе ја пренесе веста. Неофицијално, но потврдено од повеќе инсајдерски извори: Дани Мусовски е пристигнат во Македонија. Без помпезни најави и камери на аеродромот, напаѓачот на Сиетл Саундерс е тука со една единствена мисија, финализирање на административниот лавиринт за добивање на македонскиот пасош. „Операцијата“ се води тивко, веројатно за да се избегне притисокот пред ...

Екипата на Комо приреди вистински подвиг елиминирајќи го големиот Наполи по драматична пенал-серија во четвртфиналето на Копа Италија. По 90 минути игра резултатот гласеше 1-1, но во „рулетот“ на пеналите, гостите беа поприсебни и со 7-6 славеа во преполната неаполска арена. Елмас во првиот тим, Наполи со многу проблеми Антонио Конте се соочи со огромни проблеми со повредени играчи пред овој меч. Без Де Брујне, Ди Лоренцо и Мектоминеј, нашиот ...

Кингс – Пеликанс 94:120 Сакраменто продолжи да тоне, а Њу Орлеанс немаше милост. Треј Марфи III со пет тројки и 21 поен беше лидер на Пеликанс, додека дебитантот Џеремаја Фирс експлодираше во второто полувреме и го заклучи натпреварот. Зион Вилијамсон играше зрело и контролирано, а Кингс го запишаа 13-от последователен пораз, што е најдолга негативна серија на клубот од преселбата во Сакраменто. Светла точка беше Максим Рејно со 21 поен и 20 ...

Никола Јокиќ продолжува да ги поместува границите на кошаркарската реалност. Српскиот центар синоќа испиша нови златни страници во историјата на НБА лигата, прескокнувајќи една од најголемите легенди на овој спорт. Никола Јокиќ официјално е на второто место на вечната листа по бројот на трипл-дабл ефекти во историјата на НБА. Со својата брилијантна партија во победата на Денвер Нагетс над Чикаго Булс (136-120), центарот го забележа својот ...

Светот на Формула 1 доби нова визуелна атракција. Најновиот тим на гридот, Кадилак, официјално ја претстави својата прва дизајн за дебитантската сезона во 2026 година. Промоцијата се случи преку телевизиска реклама за време на Супербол 60, позиционирајќи го тимот како „Новиот американски тим“ со емотивниот говор на Џон Ф. Кенеди за освојувањето на Месечината. The mission begins now. Introducing Cadillac Formula 1® Team’s first livery. Our ...

Мајкл Керик останува непоразен на клупата на Манчестер Јунајтед, но неговата серија од четири последователни победи дојде до својот крај во дождливиот источен Лондон. „Црвените ѓаволи“ се извлекоа со бод против Вест Хем (1-1), благодарение на голот на Бенјамин Шешко во буквално последната секунда од судиското продолжение. „Ферги-тајм“ во режија на Керик Вест Хем, под водство на Нуно Еспирито Санто, одигра одличен тактички меч и поведе во ...

Премиерлигашката вечер донесе огромни возбудувања, но и нови грижи за некои од најголемите тимови. Челси ја прекина победничката низа под водство на Лиам Росениор, додека Њукасл успеа да ги однесе бодовите од Лондон, продлабочувајќи ја кризата на Тотенхем. Челси испушти двојна предност против Лидс Лиам Росениор уживаше во совршен старт на својата ера во Челси, но синоќа научи колку може да биде суров фудбалот. „Сините“ имаа комотно водство од ...

Оваа седмица очите на македонската спортска јавност се насочени кон Брисел. В четврток, со почеток во 18:00 часот, македонската А репрезентација ќе ги дознае своите противници во новото издание на Лигата на нации. Овој циклус е историски за нас, а за првпат, избраниците на селекторот Гоце Седлоски ќе се натпреваруваат во Лига Б, сегмент кој носи многу посериозни предизвици и поквалитетни противници. Ждрепка од четвртиот шешир: Кои се ...

По денешниот воведен настап на Ставре Јада во спринт квалификациите, македонската спортска јавност го насочува вниманието кон останатите дисциплини во кои нашите претставници ќе ги бранат националните бои на Зимските олимписки игри 2026. Македонскиот олимписки комитет го потврди официјалниот календар на настапи, кој вклучува натпревари во нордиско и алпско скијање. Во продолжение ви го претставуваме комплетниот распоред на македонските ...

Еден од најкултните македонски фудбалски брендови, ФК Победа од Прилеп, повеќе не постои на натпреварувачката мапа. Преку официјално соопштение до јавноста, клубот потврди дека сениорската екипа ја напушта Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) поради целосен финансиски колапс и институционален ќор-сокак. Хронологија на пропаста: Без газда и без помош Проблемите на Победа кулминираа по промената на сопственичката структура во април 2025 ...

Светот сè уште зборува за настапот на Бенито Антонио Мартинез Окасио, попознат како Бед Бани, на полувремето на американскиот Супербол. Порториканскиот изведувач приреди спектакл исполнет со пораки за обединување, љубов и гордост кон културното наследство на својата татковина. Но, пред тој да стане глобален феномен, еден друг латино изведувач ги проби границите и ги отвори вратите за новите генерации – Рики Мартин. За помладата публика, ...

Светот е во транс по настапот на Илија Малинин во Милано. Насловните страници врескаат: „Салтото му донесе злато на Малинин“, „Американецот го изведе потегот што беше забранет 50 години“. Но, за оние кои навистина го познаваат уметничкото лизгање, приказната е малку поинаква и многу посмешна. Илија Малинин го изведе салтото наназад едноставно затоа што – може. Салтото не носи поени, туку адреналин Иако од 2024 година салтото наназад е конечно ...

Дониел Мален конечно „експлодираше“ во дресот на Рома. Со својот прв двократен стрелец во Серија А, холандскиот напаѓач му донесе важна победа на својот тим против незгодниот Каљари (2-0). Со овој триумф на „Олимпико“, избраниците на Џан Пјеро Гасперини го фатија клучниот приклучок на табелата и сега го делат четвртото место со Јувентус. Мајсторство од „мртов агол“ Иако Рома настапи значително ослабена без Дибала, Довбик и Ел Шарави, ...

На хартија, Филип Рајмунд не требаше да биде олимписки шампион. Тој никогаш немаше победено во Светскиот куп, никогаш претходно не настапил на Олимписки игри, а минатата година мораше да се повлече од натпреварување бидејќи неговото тело едноставно „закочи“ поради паничен страв од висина. Но, во понеделникот вечерта, на малата скокалница во Предацо, стравот беше заменет со злато. Битката против сопствениот инстинкт Приказната на Рајмунд стана ...

Македонскиот олимпиец Ставре Јада денеска го имаше својот прв излез на патеките во рамките на Зимските олимписки игри 2026. Во квалификациите во дисциплината спринт, Јада забележа време од 3:59:56, со што успешно го проби мразот на најголемата светска спортска сцена. Фокус на издржливоста Иако спринтот е дисциплина каде доминираат фаворитите од скандинавските земји, за нашиот најдобар нордиски скијач ова беше стратешки настап за влез во ...

Она што започна како благородна мисија за искоренување на „чистите и очигледни грешки“, во 2026 година се претвори во бирократски лавиринт кој ја голта емоцијата на фудбалот. По хаотичниот финиш на дербито на „Енфилд“ помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити, каде голот на Рајан Шерки беше поништен за да се досуди црвен картон за Доминик Собослаи, прашањето веќе не е дали ВАР функционира, туку дали цената на неговото постоење стана превисока. ...

Скијачкиот свет сè уште е во шок по драматичните сцени на женскиот спуст, каде американската легенда Линдзи Вон го доживеа својот последен олимписки настап на најсуровиот можен начин. По стравичниот пад по само 13 секунди возење, кој резултираше со сложена фрактура на тибијата и итен транспорт во болница, 41-годишната Вон испрати порака која одекна посилно од кој било медал. Со скршени лигаменти во „борба со судбината“ Она што јавноста не го ...

Победата на Олимписките игри е врвот на секоја кариера, а Новак Ѓоковиќ, човекот кој пред две години во Париз конечно го дофати тоа толку посакувано злато, многу добро знае колку е тежок тој пат. Овој пат, 38-годишниот Србин се најде во улога на гледач на Зимските олимписки игри во Милано, каде со семејството уживаше во мајсториите на новата ѕвезда на светскиот спорт – Илија Малинин. 💥 LA QUE TIENES QUE ESTAR LIANDO PARA DEJAR ASÍ A ...

Додека светот на ски-скоковите очекуваше крунисување на Домен Превц, малата скокалница во Предацо приреди сценарио кое малкумина можеа да го предвидат. Во еден од највозбудливите натпревари во историјата на Зимските олимписки игри, Германија доби нов херој во Филип Рајмунд, додека подиумот го пополнија имиња кои првпат во кариерата почувствуваа олимписки сјај. 💥DIE SCHÖNSTEN GOLDMEDAILLEN SIND DIE, WOMIT MAN NICHT RECHNET!💥 🇩🇪 Philipp ...

Центарот на Хјустон Рокетс, Алперен Шенгун, е повикан како замена во „Тимот на светот“ за Ол-стар натпреварот во 2026 година. Тој доаѓа на местото на големата ѕвезда на Оклахома Сити Тандер, Шеј Гилџус-Александер, кој поради истегнување на стомачните мускули ќе мора да го пропушти претстојниот викенд на ѕвездите. Историски успех за турската кошарка За 23-годишниот Шенгун ова е втор последователен Ол-стар настап, со што стана првиот кошаркар ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
2.17
54%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 16ᴼ
2.68
71%
1018
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.06
85%
1018
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.31
66%
1019
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.64
58%
1016
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.65
90%
1019
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
1.34
41%
1014
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.45
46%
1016
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
3.91
49%
1018
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 16ᴼ
4.02
81%
1014
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
63%
1016
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
2.26
100%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.8574

Currency

71.9056

Currency

37.3898

Currency

37.9311

Currency

67.0363

Currency

7.93334

Currency

0.69969

Currency

0.33571

Currency

0.5251

Currency

1.15166

Currency

0.56567

Калај

52.24

Сребро

2007.01

Родиум

260421.05

Злато

134200.43

Кобалт

56.29

Иридиум

233896.68

Цинк

0.00

Алуминиум

3.09

Бакар

12.51

Паладиум

40220.58

Платина

52662.92

Рутениум

49.03