Иако Вардар и Силекс ги завршија своите настапи на европската сцена, двата македонски клуба ќе добијат значителни финансиски средства од УЕФА како дел од солидарната програма за клубовите кои беа елиминирани во квалификациите за европските натпреварувања. Според распределбата на Европската фудбалска асоцијација, вкупно 75 клубови од 35 земји ќе поделат 40,635 милиони евра, а средствата се распределени во четири категории, зависно од фазата ...

Поранешниот шампион на Македонија и освојувач на Купот, ЖФК Каменица Саса, интензивно се подготвува за новата натпреварувачка сезона, во која клубот има јасна цел – враќање во самиот врв на македонскиот женски фудбал и напад на шампионската титула. Избраничките на тренерот Зоран Златковски со подготовките започнаа на 20 јули, а тренажниот процес се одвива во Македонска Каменица, каде, според клубот, се обезбедени одлични услови за работа. ...

Струга Трим Лум продолжува да инвестира во младите таленти, а најнов доказ за тоа е дебито на Агон Демири за сениорскиот тим. Младиот фудбалер на само 16 години и шест дена го запиша својот прв настап за првиот состав на стружани и со тоа стана еден од најмладите дебитанти во историјата на клубот. Демири својата шанса ја доби на пријателскиот натпревар против второлигашот Охрид, кој Струга Трим Лум го доби со 3-1. Талентираниот фудбалер во ...

Познати се термините за второто коло од Првата македонска фудбалска лига. Познат е терминот за големото дерби меѓу Вардар и Шкендија, а во Штип ќе се игра фудбал под рефлектори. Втората рунда се отвара со мечот меѓу Шкендија Арачиново и Силекс, натпревар закажан за 7 август од 17 часот на стадионот Чаир. На 8 август ќе бидат одиграни два натпревари. Од 17 часот во Куманово е се игра мечот меѓу Башкими и Тиквеш, додека пак во 19 часот ќе се ...

По повеќе од две недели возбудливи натпревари, вечерва ќе биде спуштена завесата на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2026“, кој традиционално се одржува во штипската населба Чардаклија и важи за еден од најпрестижните меморијални турнири во Источна Македонија. На Денот на Републиката – 2 Август, љубителите на малото фудбалско игралиште ги очекува богата програма исполнета со емоции, спорт и почит кон ликот и делото на Влатко ...

Новото засилување на прволигашот Башкими од Куманово, талентираниот играч за врска Клаудио Мартинез, денес ги имаше првите минути за новиот клуб на пријателскиот меч против второлигашот Камјани. Мартинез за Опен ТВ истакна дека е многу среќен за неговите први минути во дресот на Башкими. „Ова беше мојот прв натпревар овде и многу сум среќен поради првите 15 минути што ги одиграв со екипата. Веќе две недели сум тука и можам да кажам дека ...

Македонскиот вицешампион Шкендија ги дозна официјалните лица кои ќе ја делат правдата на првиот натпревар против шкотски Хибернијан во рамките на третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ја довери арбитражата на судиска екипа од Кипар. Главен судија на натпреварот ќе биде Менелаос Андониу, а негови помошници ќе бидат Павлос Георгиу и Ираклис Комодромос. Улогата на четврти судија ќе ја ...

Еден од фудбалерите со најдолг стаж во Осогово, Драган Паунов се раздели со „жетварите“, со што 35-годишниот фудбалер ќе бара нова средина каде да ја продолжи кариерата. Паунов во објава на социјалните мрежи истакна дека секогаш играл со срце за Осогово, притоа надополнувајќи дека матичен клуб може да биде еден. „Дојде денот кога после една голема фудбалска ера со мојот матичен клуб се разделувам. Клуб што ми одзел повеќе отколку што ми дал. ...

Македонскиот интернационалец Константин Чешмеџиев има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во Италија, каде во новата сезона ќе ги брани боите на Санремезе, член на Серија Д. Триесетгодишниот дефанзивец пристигнува во италијанскиот клуб по успешниот период во исландски Вестри, со кој настапуваше и на европската сцена. Пред преселбата на Исланд, Чешмеџиев беше дел од Радник Бијелина во Босна и Херцеговина. Интересно е што спортски директор на ...

Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига Камјани славеше минимална победа (0:1) над прволигашот Башкими во Куманово. Стрелец на единствениот гол кој го реши победникот на средбата беше Бесарт Реџепи. Инаку, екипата на Камјани за првпат ќе заигра во Втората лига, а сезоната ја отвара против Пелистер во Битола. Тимот на Башкими кој со висок пораз од Силекс (6:0) ја отвори сезоната на домашен терен против Тиквеш ќе бара рехабилитација. ...

Денес на СЦ „Пандев“ во Струмица беше одигран пријателски меч меѓу второлигашите Брера и Кожуф од Гевгелија, а тимот ланскиот прволигаш од Струмица забележа голем триумф од 4:1. Овој тест-меч беше уште еден во низата на контролни средби каде стручните штабови и на двете екипи имаа нова прилика за проверка на формата, но и да се види со каков ростер располагаат пред стартот на сезоната во Втора лига закажан за 15 август. Новата сезона Брера ...

Второлигашот Пелистер минимално славеше на пријателскиот меч против прволигашот Шкендија Арачиново во гости со резултат од 0:1. Стрелец на единствениот погодок беше Кире Ристевски кој погоди во 59. минута од средбата. Инаку, токму Шкендија Арачиново во баражот славеше над Пелистер и со тоа битолчани испаднаа во Втора лига, а тимот од Арачиново обезбеди историски влез во елитата. Пелистер новата сезона ја отвара против Камјани на домашен терен ...

Денес на Градскиот стадион во Радовиш се одигра пријателски натпревар меѓу второлигашите Детонит Плачковица и Беласица, каде струмичани беа подобри со голот на Рон Адеми постигнат во самиот финиш од мечот за конечни 0:1. По првите 45 минути мрежите мируваа, а на полувреме тренерите Горан Здравков и Мартин Алаѓозовски одлучија да прават промени со цел да им се даде шанса на сите играчи и да се провери нивната форма. За Беласица ова беше трет ...

Вчера во Фудбалската федерација на Македонија беше извлечена ждрепката за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига со што е познат распоредот за новата сезона која започнува на 23 август. Шампионот Скопје одбраната на титулата ја започнува на домашен терен против Кочани, првото коло носи дерби во Скопје меѓу Вардар и Истатов. Љуботен сезоната ќе ја отвори на домашен терен против Каменица Саса, Тиверија Брера на домашен терен ќе игра ...

Амбициозниот третолигаш Илинден денес го одигра првиот контролен натпревар против младинците на Вардар и на истиот загуби со резултат од 1:3, мечот се играше на теренот во Илинден. Стрелец за екипата на Илинден беше Давид Ристов кој погоди во 4. минута од средбата. Следните контролни средби за тимот на Илинден кој го води Горан Симов ќе бидат против Македонија ЃП закажан за 7 август, против второлигашот Санта Луција од Малта на 12 август во ...

Македонскиот второлигаш Новаци одигра меѓународен контролен натпревар за проверка на формата против албанскиот второлигаш Орику, кој заврши со триумф од 2:1 за тимот кој го предводи Иван Варадиновски. Натпреварот се играше на стадионот во Новаци, а по првите 45 минути резултатот беше 0:1 за тимот од Албанија. Во вториот дел Новаци го сврте резултатот на конечни 2:1, а заслужни за победата беа Талески и Стојановски за триумф на Новаци. Новата ...

Женскиот ракометен клуб Пелистер продолжува со засилувањата за новата сезона, а како што објави Спортска Димензија, нов член на битолскиот суперлигаш е една од најталентираните млади македонски ракометарки, Еџе Сејадин. Станува збор за ракометарка која зад себе има одлична сезона и важи за една од најголемите надежи на македонскиот женски ракомет. Сејадин беше најдобар стрелец во кадетската лига со 86 постигнати погодоци, додека во Првата ...

Второлигашот Кожуф од Гевгелија продолжува со екипирањето за новата сезона, а како најново име е промовиран повратникот Христијан Бејков, кој одново ќе го облече дресот на Кожуф. Бејков во Кожуф доаѓа од редовите на третолигашот Победа Валандово, а во минатото 28-годишникот настапуваше и за Вардарски, Беласица, Металург и СЦ Истатов од каде и ја започна кариерата. Според информации на Спортска Мрежа ростерот на Кожуф во следните денови ќе ...

ЖФК Вардар продолжува да гради квалитетен ростер за следната сезона, а најново име кое е промовиран во скопскиот тим е Викторија Недева. 23-годишната Недева во Вардар доаѓа од редовите на Љуботен, а низ кариера настапуваше и за Тиверија Брера и Габер од каде и ја започна кариерата, а пак во странство настапуваше за Хајдук Сплит во Хрватска. ЖФК Вардар минатата сезона беше дебитант во Првата женска фудбалска лига, а за новата сезона е решен да ...

Ракометниот клуб Илинден продолжува со формирањето на стручниот штаб во пресрет на новата сезона, во која клубот за првпат ќе настапува во Првата ракометна лига на Македонија. Ново име во редовите на дебитантот е поранешниот македонски репрезентативец Дејан Пецаковски, кој ќе ја извршува функцијата помошник тренер. Пецаковски зад себе има богата и успешна играчка кариера, настапувајќи за неколку од најреномираните македонски клубови, меѓу кои ...

ЖФК Вардар продолжува да гради квалитетен ростер за следната сезона, а најново име кое е промовиран во скопскиот тим е Викторија Недева. 23-годишната Недева во Вардар доаѓа од редовите на Љуботен, а низ кариера настапуваше и за Тиверија Брера и Габер од каде и ја започна кариерата, а пак во странство настапуваше за Хајдук Сплит во Хрватска. ЖФК Вардар минатата сезона беше дебитант во Првата женска фудбалска лига, а за новата сезона е решен да ...

Една од најдобрите македонски ракометарки и најдобар стрелец во историјата на женскиот ракомет во Македонија, Марија Анчева, според ексклузивни информации на Спортска Мрежа, денес кажа „да“ за трансфер во Ѓорче Петров 2, каде ќе ја продолжи својата богата кариера. Искусната 32-годишна ракометарка, која настапува на позицијата лев бек, неодамна се раздели со Астибо, откако штипскиот клуб поради финансиски проблеми се откажа од настапот во ...

Денес на стадионот „Алумина“ во Скопје се одигра контролен натпревар меѓу второлигашите Работнички и Осогово, кој заврши со триумф за „романтичарите“ од 2:1. Стрелци за „романтичарите“ беа Мисердовски кој беше стрелец на првиот гол и Кудијан кој го постигна вториот гол за тимот од Дебар Маало. Работнички кој лани испадна од Првата лига, новата сезона во ВМФЛ ја отвара против Кожуф на домашен терен, а пак Осогово ќе стартува од Струмица каде ...

Второлигашот Детонит Плачковица се засили со Леонид Кофиловски за сезона 2026-2027. Најново засилување на радовишани доаѓа од редовите на Охрид, а својата кариера ја започна во матичната Победа. 21-годишниот стопер од Прилеп бележи шест настапи во Првата македонска фудбалска лига, а има и два настапи во младинската Лига на шампиони со тимот на Победа од Прилеп. Кофиловски веќе е дел од тимот на Горан Здравков, а утре ќе има можност и да ...

Женскиот фудбалски клуб Вардар продолжува со екипирањето за новата сезона во Првата женска фудбалска лига, откако раководството на скопскиот тим се засили со Андреа Алексоска и Фросина Спирова, двете Алексоска која има 17-години доаѓа од Топ Гол, битолчанката покрај за матичниот клуб во кариерата настапуваше и за Скопје. 20-годишната Спирова покрај за Тол Го настапуваше и за Шкендија и Борец од каде и ја започна кариерата. Претходно, како што ...

Кошаркарскиот суперлигаш и актуелен вицешампион на Македонија, КК Маџари, започнува ново поглавје во своето функционирање. Клубот официјално го назначи Боро Атанасовски за нов претседател, откако Управниот одбор му ја довери оваа значајна функција. Атанасовски е успешен стопанственик и поранешен фудбалер на ФК Маџари, а со години активно го поддржува развојот на спортот и спортските колективи. Во клубот веруваат дека неговото искуство, визија ...

Ланскиот прволигаш АП Брера беше поразена на контролниот натпревар до тимот на Тетекс со резултат од 0:2. „Штофарите“ од Тетово беа подобри на овој контролен меч кој се одигра во Градско Балдовци. Следен контролен натпревар за АП Брера ќе биде против Кожуф, а тест-мечот е закажан за утре со почеток од 17:30 часот на СЦ „Пандев“ во Струмица. Ланскиот прволигаш АП Брера беше поразена на контролниот натпревар до тимот на Тетекс со резултат од ...

Поранешниот шампион на Македонија, екипата на Шкупи го одигра првиот контролен натпревар во рамки на летните подготовки за новата сезона во Втора лига, против третолигашот Фортуна и на истиот забележа победа со резултат од 3:2. Ова беше прва слика за стручниот штаб на тимот од Чаир да види како оди подигањето на формата, а шанса им беше дадено на сите фудбалери со цел да се провери нивната форма. Новата сезона ланскиот прволигаш ја отвара на ...

Заеднички став на европското фудбалско семејство УЕФА и нејзините 55 национални асоцијации стојат обединети. Едногласно и недвосмислено го отфрламе предлогот на ФИФА за пренесување на сопственички удели во Светското првенство и другите натпреварувања на ФИФА на приватни инвеститори. Светското првенство е наследство, а не инвестициски производ Светското првенство не смее да се третира како инвестициски производ. Тоа претставува едно од ...

Денес на новиот терен со вештачка трева во рамки на спортскиот комплекс „Истатов“ во Дојран се одигра пријателски натпревар меѓу прволигашите Истатов и Тиверија Брера каде тимот од Струмица беше подобар со резултат од 3:5. Резултатот беше во втор план, а ова беше можност да проверат и едните и другите како им оди подигањето на формата, дали и како би требало да се корегираат во ростерот односно да се добие првата јасна слика за тимот за ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
50%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
4.9
60%
1013
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
81%
1014
weather icon

Софија

24ᴼ / 22ᴼ
1.03
39%
1015
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
1.71
57%
1012
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
0.45
97%
1015
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
0.45
60%
1010
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
50%
1012
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
47%
1013
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 19ᴼ
4.12
82%
1013
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
9.26
70%
1013
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
4.63
69%
1010
Currency

61.4661

Currency

52.552

Currency

71.7053

Currency

37.6693

Currency

38.1517

Currency

65.6009

Currency

7.81878

Currency

0.63563

Currency

0.33059

Currency

0.5228

Currency

1.09392

Currency

0.54913

Бакар

13.22

Родиум

282926.57

Злато

147970.60

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.25

Платина

60346.95

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Сребро

2217.98

Паладиум

42792.64

Калај

56.16

Рутениум

53852.50