Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Македонскиот фудбалски тренер Цвете Делиоски има нов интернационален предизвик во својата кариера. Како што дознава Спортска Мрежа, Делиоски е нов шеф на стручниот штаб на холандскиот клуб ВВ Марсен, каде за првпат ќе работи надвор од Македонија. Делиоски, кој поседува УЕФА А лиценца, го прифатил предизвикот да го предводи сениорскиот тим на ВВ Марсен, клуб кој во новата сезона ќе се натпреварува во петтата холандска лига. Амбициите на клубот ...
Македонската ракометарка Сара Миновска би можела да ја продолжи кариерата надвор од границите на Македонија. Според информациите на Спортска Димензија, за левото крило постои сериозен интерес од неколку странски клубови, а најреална опција во моментов е преселба во Словачка, каде што би го реализирала својот прв интернационален трансфер. Миновска важи за брза и борбена ракометарка, која успешно ги извршува задачите и во напад и во одбрана, ...
Новоформираниот тетовски женски фудбалски клуб Менада ќе дебитира во новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига, а раководството на клубот во ексклузивен разговор за Спортска Мрежа ги откри плановите, амбициите и визијата за развој на клубот во наредниот период. Иако станува збор за дебитант, од ЖФК Менада имаат јасно поставен проект. Како што велат од клубот, примарната цел е најнапред да се изградат стабилни темели, а потоа ...
Брегалница продолжува со комплетирањето на ростерот за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, а штипскиот клуб потврди две значајни вести – враќањето на Матеј Ангелов и продолжувањето на соработката со голманот Никола Филевски. Во редовите на „сините“ повторно се враќа Матеј Ангелов, фудбалер кој потекнува од младинската школа на Брегалница и кој во меѓувреме изгради солидно искуство. Станува збор за модерен дефанзивен играч за ...
Брегалница в сабота ќе го одигра првиот домашен меч од новата сезона во рамките на 2. коло на ПМФЛ, а на кој меч кој се игра под рефлектори „сините“ ќе бараат први бодови. Капитенот на Брегалница, Стефан Коцев вели дека работеле напорно изминатиот период и дека се фокусирани на зацртаната цел – три бодови. „Атмосферата во клубот е одлична. Работиме напорно, владее позитивна енергија и сите сме максимално посветени и фокусирани на зацртаната ...
КК Пелистер продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во редовите на битолскиот клуб е американскиот бек-шутер Камрон МекДауел. Станува збор за 23-годишен кошаркар висок 196 сантиметри, кој зад себе има одлична колеџ кариера и во Битола пристигнува со улога да биде еден од лидерите на тимот. Во текот на пет сезони во американската колеџ лига, МекДауел одигра 92 натпревари на кои постигна 1.519 поени, а забележа и 317 скокови ...
Каменица Саса ги започна подготовките за сезоната 2026/27 со јасно поставена цел – експресно враќање во Втората македонска фудбалска лига. Откако минатата сезона клубот испадна од второлигашката конкуренција, откако во баражот во Кратово беше поразен од Еуромилк ГЛ со 2:1, „рударите“ сега започнуваат нова мисија за враќање меѓу второлигашите. Под водство на тренерот Сашо Велиновски, фудбалерите ја одржаа првата прозивка, на која претседателот ...
ЖФК Каменица Саса успешно го отвори циклусот контролни натпревари во пресрет на новата сезона. „Рударките“ славеа со 0:2 против екипата на Речица, а херој на натпреварот беше капитенката Ана Димитровска, која ги постигна двата погодоци за победата. Овој пријателски натпревар беше уште една можност стручниот штаб предводен од Зоран Златковски да ја провери моменталната форма на тимот, а Каменица Саса во периодот што следи ќе одигра уште ...
Прволигашот Башкими не чекаше долго по тешкиот пораз од Силекс во воведното коло од новата сезона и веднаш повлече конкретни потези на трансфер-пазарот. Кумановскиот клуб во еден ден го засили својот играчки кадар со дури десет нови фудбалери, испраќајќи јасна порака дека амбициите остануваат високи и покрај лошиот старт. Нови членови на „црно-зелените“ се стоперите Џулинај Капланај и Андреј Љубевски, левиот бек Билал Исени, играчите од ...
Второлигашот Пелистер продолжува активно да го комплетира играчкиот кадар за новата сезона, а најново засилување во битолскиот клуб е 19-годишниот напаѓач Давид Ивановски, кој пристигнува од редовите на Кожуф. Станува збор за млад офанзивен фудбалер кој треба да внесе дополнителна конкуренција во нападот на „зелено-белите“. Ивановски своето фудбалско образование го стекнуваше во младинските школи на швајцарските Винтертур и Сент Гален, пред ...
Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига, Камјани триумфираше на меѓународен пријателски меч против косовски Лепенци со резултат од 2:1. На мечот одигран на стадионот во Камјани, новиот македонскиот второлигаш беше подобар на тест меч против косовскиот тим. За Камјани стрелци беа Хузри Џемаили и Арменд Адеми, а ова беше уште една можност за проверка на тоа како оди подигањето на формата пред стартот на новата сезона закажан за 15 ...
Од 10 до 15 август 2026 година, Македонија ќе биде домаќин на еден од најатрактивните и најавтентични спортско-културни проекти реализирани во регионот, во организација на „Лолипоп ентертаинмент груп“. За првпат во Македонија пристигнува светски познатиот изведувач на улична кошарка и еден од највлијателните креатори на кошаркарска содржина во светот, Мат Киатипис (MK – MKIATIPS). Тој ќе биде дел од шестдневната турнеја „Macedonia Takeover – ...
ГРК Вардар Неготино и официјално го назначи Аце Станковски за нов шеф на стручниот штаб, откако искусниот македонски стратег во последен момент постигна договор со раководството на клубот и ја одржа првата прозивка со ракометарите во спортската сала при СОУ „Св. Кирил и Методиј“. Иако како сериозна опција за тренерската функција се споменуваше и Игор Котевски, неготинскиот клуб на крајот се одлучи довербата да му ја укаже на Станковски, ...
Македонскиот футсал шампион Проект и голманот Филип Лазаров и официјално ја завршија меѓусебната соработка, со што 22-годишниот чувар на мрежата станува слободен во изборот на новата средина. Лазаров зад себе остава успешна сезона во дресот на клубот од Јосифово, со кој ја освои двојната круна во македонскиот футсал, триумфирајќи и во шампионатот и во Купот на Македонија. Во Проект пристигна во февруари 2025 година и беше дел од генерацијата ...
КК Пелистер продолжува да инвестира во својата иднина, со јасна определба покрај резултатите на сениорско ниво да посвети големо внимание и на развојот на младинските категории. Од битолскиот клуб истакнуваат дека примарна цел и оваа сезона е успешен настап во Првата лига и продолжување на традицијата на добри резултати. Паралелно со тоа, раководството останува посветено на создавање и афирмација на млади кошаркари кои во иднина треба да ...
Поранешниот шампион на Македонија и освојувач на Купот на Македонија, ЖФК Љуботен, продолжува активно да го засилува играчкиот кадар во пресрет на новата сезона. Тетовскиот клуб официјално ги претстави четирите нови засилувања кои ќе го носат сино-белиот дрес и ќе бидат дел од амбициозниот проект на клубот. Ново име во редовите на Љуботен е 21-годишната Габријела Јовиќ, која пристигнува од српскиот Спартак Суботица. Станува збор за ...
Третолигашот Пчиња промовираше две нови засилување, станува збор за Андреј Петрески и Кристи Крајоски, кои во пакет доаѓаат од прилепска Победа. Петрески има 18 години, првите фудбалски чекори ги имаше во Перак, а потоа настапуваше за Академија Евро Гол, ФК Прилеп, од каде во септември 2022 година се пресели во Победа. Крајоски кој има 20 години, минатата година беше капитен на Победа, а кариерата ја започна во ФК Перак. Инаку, Пчиња ќе го ...
Второлигашот Новаци продолжува активно да го комплетира ростерот за новата сезона, а најново засилување во редовите на клубот е Јусуф Каба, кој пристигнува од актуелниот прволигаш Струга Трим Лум. Станува збор за 22-годишен играч за врска, кој и покрај младоста веќе има солидно искуство на македонската фудбалска сцена. Каба своите први фудбалски чекори ги направи во Охрид, а потоа беше дел од младинските категории на Струга Трим Лум, од каде ...
Амбициозниот третолигаш Илинден продолжува квалитетно да го засилува својот ростер за предизвиците во Трета лига регион 1, каде целта ќе биде шампионскиот пехар и бараж за Втора лига. Најново име во тимот на Горан Симов е искусниот Бурхан Алији, 36-годишникот последно настапуваше за Шкендија Арачиново, а низ неговата кариера беше дел од Башкими, Силекс, Охрид, Еуромилк ГЛ, Гостивар, Дрита Боговиње, тетовска Шкендија, Тетекс и Милано Куманово, ...
Прволигашот ГФК Тиквеш продолжува со засилувањата во пресрет на продолжението од сезоната, а најново име во редовите на кавадаречкиот клуб е Октај Ракипи, кој и официјално го облече црвено-белиот дрес. Ракипи во Кавадарци пристигнува од словенечкиот Јесенице, а зад себе веќе има искуство и на македонската фудбалска сцена, настапувајќи за Беса 1976, Борец Велес и Шкендија. Станува збор за млад, амбициозен и технички поткован фудбалер, од кого ...
Тренерот на голмани во второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш, Дарко Денков, се најде на радарот на германски клуб, кој покажал сериозен интерес за неговите услуги. Доколку дојде до реализација на соработката, за штипјанецот тоа би претставувало прв интернационален ангажман во неговата тренерска кариера. Интересот од Германија претставува големо признание за досегашната работа на Денков, но и можност за отворање на ново поглавје во ...
Македонскиот шампион ЖФК Скопје го засили својот стручен штаб со младиот тренер Теодора Димитровска, која во новата сезона ќе биде прв асистент на шефот на стручниот штаб Илија Мандаров, а воедно ќе има значајна улога и во развојот на младинските категории на клубот. Димитровска, која има 28 години и е од Битола, во ЖФК Скопје пристигнува по успешно искуство во редовите на Вардар. Таа две сезони го предводеше вардаровиот состав во Втората ...
Брегалница продолжува активно да го засилува играчкиот кадар за новата сезона, а најново име во таборот на штипските „сини“ е бразилскиот фудбалер Матеус Да Силва Лемос, кој и официјално стана нов член на повратникот во Првата македонска фудбалска лига. Станува збор за 29-годишен фудбалер од Рио де Жанеиро, кој игра на позицијата лево крило, а по потреба може да настапува и на десната крилна позиција. Лемос не е непознато име за македонската ...
Брегалница продолжува со засилувањата во пресрет на продолжението од сезоната, а најново име во тимот на штипските „сини“ е Методи Максимов, кој и официјално се враќа во матичниот клуб по својата интернационална авантура. Максимов, кој настапува на позициите десен бек и десно крило, пристигнува од австрискиот ЛАСК Линц, каде во последниот период беше дел од вториот тим, а во Штип ќе игра како позајмен фудбалер во наредните шест месеци. ...
Еден од најтрофејните македонски фудбалски тренери, 71-годишниот Ѓоко Хаџиевски, по успешната сезона на клупата на Спартак Варна, ја продолжува својата богата кариера во арапскиот свет, каде што ќе го предводи тимот на Ал Мадина Вондерерс. Македонскиот стратег зад себе има импресивна домашна и меѓународна тренерска кариера, а и на 71-годишна возраст продолжува да покажува дека страста кон фудбалот и желбата за нови предизвици не познаваат ...
Второлигашот Кожуф од Гевгелија го ангажираше Дарко Крстески за нов шеф на стручниот штаб, ексклузивно дознава Спортска Мрежа. Искусниот 54-годишен стратег доаѓа на местото на Иван Варадиновски, кој минатата сезона го предводеше тимот од Гевгелија. Интересно е што дојде до своевидна „тренерска размена“ меѓу двата второлигаши. Варадиновски по заминувањето од Кожуф ја презеде екипата на Новаци, додека Крстески по разделбата со Новаци се сели на ...
Искусниот српски центар Димитрије Николиќ (28 години, 211 см) и официјално е нов кошаркар на МЗТ Скопје, откако денеска потпиша договор со актуелниот македонски шампион. Николиќ зад себе има богато професионално искуство, настапувајќи за повеќе клубови во Србија и во странство. Кошаркарскиот пат го започна во Раднички од Крагуевац, а од 2017 до 2021 година го носеше дресот на Партизан. Потоа играше за Слога Краљево, Слобода Ужице, ФМП и ...
Третолигашот Овче Поле од Свети Николе ги започна подготовките за сезоната 2026/27, со јасно поставена цел – освојување на првото место во Трета лига – регион 3 и обезбедување бараж за пласман во Втората македонска фудбалска лига. Првата прозивка беше одржана вчера со почеток од 18:00 часот, а стручниот штаб предводен од Јорданчо Трендафилов, заедно со неговите соработници Тони Серафимов и Андреја Ефремов, на располагање го имаше поголемиот ...
Третолигашот Овче Поле од Свети Николе се засили со Метин Ќерими, откако клубот го претстави 23-годишникот како ново засилување. Ќерими во пролетниот дел од минатата сезона настапуваше за Беласица, а претходно беше дел од екс второлигашите Вардар Неготино и Победа, беше дел од Шкендија Арачиново, Братство од Житоше, охридска Воска Спорт, Братство Влазними и Скопје. Ќерими е играч од средниот ред и треба да биде вистинско освежување за ...
Третолигашот БВК Коњаре ги започна подготовките за новата сезона во Трета лига регион 1 каде ќе атакува на шампионскиот пехар, а со тоа да игра бараж и за влез во Втора лига. Целта на тимот е пласман во повисок ранг на натпреварување, а за таа цел беа промовирани и неколку искусни имиња, а според информациите на Спортска Мрежа ростерот не е затворен, се очекуваат уште најмалку две до три засилувања. Клубот досега се засили со Ерблин Даци, ...