Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе има поинаква атмосфера на натпреварите од Регионалната ракометна лига, откако навивачката група „Чкембари“ објави дека нема организирано да присуствува на средбите од ова натпреварување. Битолската навивачка група како причина го наведува ставот дека Регионалната лига не претставува приоритет, но и незадоволството од начинот на кој е креиран распоредот. Особено се посочува фактот што во период од само ...
Четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три денови, а ќе се отвори во петок со мечот меѓу Скопје и Тиквеш кој ќе стартува во 17 часот. Два часа подоцна во Штип ќе се одигра натпреварот меѓу Брегалница и Башкими, кој ќе стартува во 19 часот под рефлектори. За сабота е планиран еден меч – Шкендија Арачиново ќе биде домаќин на Арсими од 16:30 часот. Колото се затвара со два натпревари в понеделник. Од 17 часот Вардар ќе ...
ГРК Охрид со победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски – Охрид 2026“, откако бранителот на трофејот славеше над У-20 репрезентацијата на Египет со 31-27. Охриѓани уште од самиот почеток ја презедоа контролата над натпреварот и со одлична игра во одбраната стигнаа до предност од 4-1. Во продолжението домашниот состав одржуваше предност од неколку гола, но пропуштените можности за дополнително зголемување на разликата ...
Вардар со убедлива победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, совладувајќи го Олимпијакос со 39-27 во меч во кој разликата беше направена уште во првото полувреме. По почетните 3-3, македонскиот шампион влезе во серија од девет погодоци и стигна до убедливи 12-3. Одбраната функционираше одлично, а Валах со неколку интервенции дополнително ја олесни работата на својот тим. До одморот Вардар веќе имаше двоцифрена ...
Детонит Плачковица продолжува да биде клуб кој дава простор и можност за развој на млади фудбалски таленти, а потврда за тоа е и најновиот репрезентативен успех на двајца фудбалери кои се дел од радовишкиот второлигаш. Емир Шаботиќ и Давид Голубов се најдоа на списокот на младинската репрезентација на Македонија до 20 години која ќе настапи на Медитеранските игри во Таранто, Италија. Шаботиќ е 18-годишен везен фудбалер кој потекнува од ...
Натпреварот од 2. коло на Втора лига е одложен и ќе се игра во нов термин Викендот мечот кој требаше да се игра во Радовиш меѓу Детонит Плачковица и Охрид се одложува и ќе се игра во нов термин, дознава Спортска Мрежа Барање за одложување на овој натпревар имаше поднесено Охрид и истото е прифатено од страна на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Двајца фудбалери на Охрид ќе настапат на Медитеранските игри во Италија и тоа е причината ...
Викендот ќе се играат натпреварите од второто коло на Втората македонска фудбалска лига, а еден натпревар од оваа рунда ќе биде одложен и ќе се одигра во нов термин. Натпреварот меѓу Тетекс и Работнички е одложен на барање на домашниот клуб, поради тоа што двајца фудбалери на „штофарите“ ќе бидат дел од Медитеранските игри во Таранто, Италија. Останатите мечеви ќе бидат одиграни викендот. Викендот ќе се играат натпреварите од второто коло на ...
Пелистер натпреварот од второто коло на Втората македонска фудбалска лига против Брера Струмица наместо во Битола ќе го игра во Кавадарци. Со тоа битолчани ќе мора да патуваат во Кавадарци за да го следат натпреварот на Пелистер, а причината е обновување на тревната подлога на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, а влезот ќе биде слободен. „Фудбалскиот клуб Пелистер ја информира јавноста, навивачите и спортската јавност дека натпреварот од ...
Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп добива нов лик и повторно е подготвен да биде сцена за фудбалски натпревари. По периодот на запоставеност и нарушување на состојбата на зелените површини и инфраструктурата, направена е целосна рехабилитација на стадионот. Како што информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, во соработка со ЈКП „Водовод и канализација“ и Локалната самоуправа, на одредени делови е поставена нова бусен-трева, извршено е ...
Во село Ораовица ќе се одржи посебен спортски настан посветен на промоцијата и развојот на женскиот фудбал, со кој се испраќа јасна порака дека фудбалот е спорт за сите девојки кои сакаат да тренираат, да се дружат, да стекнуваат нови пријателства и да започнат ново спортско поглавје. Настанот ќе се одржи во недела, 23 август 2026 година, со почеток во 20:00 часот, на фудбалскиот терен во Ораовица, во вечерен термин под рефлектори. Во рамки ...
Фудбалската федерација на Македонија и аптеките ВИА ФАРМ официјално започнаа соработка преку договор за партнерство и спонзорство, со кој дополнително се зајакнува поддршката за медицинската грижа во македонските национални селекции. Како дел од соработката, ВИА ФАРМ ќе обезбедува медицински средства и суплементи потребни за репрезентативните тимови, со што ќе се создадат уште подобри услови за здравствена грижа, регенерација и подготовка на ...
Охрид повторно живее за ракометот. Од денеска до 22 август, спортската сала „Билјанини Извори“ ќе биде домаќин на петтото, јубилејно издание на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“, кој годинава носи исклучително силна конкуренција и осум екипи подготвени за четири дена ракометни возбудувања. Турнирот е поделен во две групи. Во групата А се домаќинот ГРК Охрид, Загреб, младинската репрезентација на Египет и Војводина. Во групата ...
КК ТФТ продолжува да го гради својот состав со фокус на младите и перспективни македонски кошаркари, па во клубот пристигнуваат Матеј Митревски и Григориј Ѓорѓевиќ од редовите на КК Вардар. Митревски има 19 години и настапува на позицијата бек-шутер. Станува збор за млад и перспективен кошаркар кој во дресот на ТФТ ќе добие можност за понатамошен развој и докажување, како во Првата македонска лига, така и на регионалната сцена во АБА2-лигата. ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје вчера го одработија првиот тренинг во пресрет на новата сезона, во која ги очекуваат настапи на три фронта – домашната Суперлига, АБА2-лигата и ФИБА Еврокупот. Шефот на стручниот штаб Васко Атанасов на располагање го имаше поголемиот дел од составот, а подготовките започнаа во позитивна и работна атмосфера. Амбициите на клубот остануваат високи – борба за сите домашни трофеи, но и успешен настап во регионалното и ...
МКК Куманово го официјализираше ангажманот на Алек Петкоски, кој во новата сезона ќе биде дел од составот на кумановскиот клуб. Петкоски е роден на 16 октомври 2004 година, висок е 190 сантиметри и настапува на бековската позиција. Во досегашната кариера има настапувано за КК Маџари ГБ во Првата лига и Суперлигата на Македонија. Новиот кошаркар на МКК Куманово претходно беше дел и од екипите на ТФТ и Феникс 2010, а има и репрезентативно ...
Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, со акцент на млади и перспективни ракометари кои треба да донесат дополнителен квалитет во бековската линија. Нов член на битолскиот суперлигаш е 18-годишниот Марин Крстевски, кој пристигнува од Мулти Есенс. Младиот среден бек зад себе има успешни настапи во младинските категории, каде со својот поранешен клуб освојуваше трофеи, а воедно е и репрезентативец на ...
По пауза од цели 20 години, ФК Јуниор од Доброшане повторно се враќа во Третата македонска фудбалска лига, откако минатата сезона го освои шампионското место во Општинската фудбалска лига во Куманово и обезбеди пласман во повисок ранг. Екипата веќе три недели ги одработува подготовките за новата сезона во Трета лига – регион 2, а досега одигра и два контролни натпревари, преку кои стручниот штаб ја темпира формата и го подготвува тимот за ...
Ракометната Академија на РК Младост 1977 продолжува со уписите на нови членови, а можност да станат дел од школата имаат момчиња и девојчиња родени 2014 година и помали. Академијата е предводена од врвни спортисти и поранешни репрезентативци, со јасна цел преку тим, дисциплина и спортски дух да се создаваат нови ракометни генерации. Тренинзите во Богданци започнуваат на 24 август 2026 година од 17:30 часот, во спортската сала „Млаз“, а ќе се ...
Фудбалскиот клуб Шкупи се соочува со сериозни финансиски проблеми, поради што новото раководство упати јавен повик до бизнисмените и компаниите од Скопје да му помогнат на клубот во периодот на стабилизација. Од Чаир посочуваат дека по преземањето на клубот од претходното раководство биле наследени големи долгови и низа наталожени проблеми. И покрај тешката ситуација, новите луѓе во клубот велат дека веќе започнал сериозен процес за ...
Прволигашот Кочани за новата сезона во Првата женска фудбалска лига се засили со три млади фудбалерки. Се работи за Софија Велинова, Вероника Коцева и Сара Горгиева, трите доаѓаа во пакет од редовите на ЖФК Фудбал Старс од Кочани. Велинова и Коцева се родени 2011 година, а пак Горгиева е родена 2008 година, се работи за талентирани фудбалерки, кои се дел од младинските репрезентации на Македонија. „Софија, Вероника и Сара се членки на У-15 и ...
Ланскиот второлигаш Каменица Саса промовираше неколку нови засилување со кои значително го подига квалитетот на повисоко ниво за новата сезона во Трета лига регион 3 – целта ќе биде експресно враќање во Втората лига. „Рударите“ од Македонска Каменица се засилија со искусниот Драган Паунов, Стојанче Тренчев, Марко Соколов, Христијан Ангелов, Христијан Крстов, Матеј Станојковски и голманот Бобан Атанасовски, дознава ексклузивно Спортска Мрежа. ...
Прволигашот Каменица Саса ја претстави Црногорката Анџела Савовиќ како најново засилување за предизвиците во сезона 2026/2027 во Првата женска фудбалска лига. 22-годишната фудбалерка доаѓа од хрватскиот шампионат каде настапуваше за екипата на Сплит, а за Савовиќ ова е враќање во македонскиот фудбал, бидејќи во период од септември до ноември 2025 година настапуваше за Вардар. Во првата женска фудбалска лига новата „рударка“ има осум настапи ...
Вардар со победа го започна натпреварувањето во новоформираната Регионална лига, откако вечерва со 36:30 го доби вицепрвакот Војводина во Охрид. Тренерот на македонскиот шампион Вардар, Иван Чупиќ, по натпреварот за Спортска Мрежа истакна дека одиграле квалитетен натпревар и заслужено стигнале до победата. „Мислам дека одигравме коректен натпревар бевме од почетокот до крајот квалитетен противник и ја заслуживме првата победа. Ја изротиравме ...
Ракометарите на Вардар 1961 со победа го започнаа настапот во новоформираната Регионална лига, откако во Охрид беа подобри од српскиот вицепрвак Војводина со 36-30. Дуелот требаше да се одигра во рамките на осмото коло, но по договор меѓу двата клуба беше поместен и се одигра денеска во СЦ „Билјанини Извори“, во пресрет на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“. Почетокот беше израмнет, а Војводина успеа да има предност во воведните минути. ...
Познати сите екипи кои ќе се натпреваруваат во Трета лига регион 6 за сезона 2026/2027. Овој регион е всушност Трета лига – Запад од минатата сезона. Во овој регион ќе настапат вкупно 12 екипи, кои ќе се борат за првото место вредно шампионски пехар и бараж за влез во Втора лига. Екипа Трета лига регион 6 сезона 2026/2027: Цетинска, Доброшти, Дрита, Гостивар, Градец, Кораб, Љуботен, Ренова, Речица, Скендербег, Вардар Брвеница и Џепчиште. ...
Повратникот во Супер лигата, Младост од Богданци започна со одигрување на пријателски натпревари за проверката на формата пред стартот на новата сезона во ракометната елита на Македонија. Денес тимот од Богданци одигра пријателски натпревар против Куманово, кој го загуби со 30:24, но резултатот оди во втор план, бидејќи стручниот штаб ја проверуваше формата на играчи и ротираше со цел да види со што располага за новата сезона. Покрај овој ...
Денес на Градскиот стадион во Крива Паланка се одигра пријателски натпревар меѓу Академија Осогово 2022 и Кул од Скопје, во рамки на летните подготовки за новата сезона, а со тоа по 30 години се врати сениорскиот фудбал. Фудбалска енергија која недостасуваше цели три децении, 30 години жителите на Крива Паланка немаа свои клуб во сениорски фудбал за кого да навиваат, но од денес Крива Паланка е на фудбалската карта на Македонија. ФК ...
ФК Братство Љубин со големи амбиции влегува во сезоната 2026/27, која треба да донесе нова енергија и ново поглавје во историјата на клубот. Љубинчани во новата сезона ќе настапуваат во Општинската фудбалска лига – Скопје, но амбициите се многу поголеми. Клубот добива ново раководство, нови играчи и екипа која во изминатиот период активно се подготвуваше за предизвиците што следуваат. Главната цел е јасно поставена – борба за пласман во ...
Третолигашот БВК Коњаре забележа убедлива победа на пријателскиот натпревар против Пчиња со резултат од 4:1. Стрелци за победничката екипа беа Руфат Чилафи, Арџент Зибери, погоди и капитенот Онур Емини, како и Гзим Бакиу. Продолжуваат подготовките на двете екипи за новата сезона во која БВК Коњаре ќе настапува во Трета лига регион 1, а пак Пчиња во Трета лига регион 2. Третолигашот БВК Коњаре забележа убедлива победа на пријателскиот ...
Камјани беше блиску до сензација и деби победа во Втората македонска фудбалска лига, откако одигра 1:1 против Пелистер во Битола во фудбалски амбиент во вечерен термин, меч со кој се затвори првата рунда. Дебитантот во второлигашката конкуренција преку искусниот Љупчо Трпески дојде до водство од 0:1 за отварање на резултатот, Охриѓанецот погоди против својот поранешен клуб. Со минимална предност Камјани замина на полувреме. Во вториот дел ...