Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Брегалница Штип стигна до првиот триумф по враќањето во Првата македонска фудбалска лига, откако на домашен терен убедливо го совлада Арсими со 4-0 во второто коло. Штипјани од самиот почеток го презедоа контролирањето на натпреварот и брзо го најавија посакуваниот исход. Мартин Стојанов во 10. минута ја затресе мрежата по одличната акција и асистенцијата на Методи Максимов за 1-0. Брегалница продолжи да притиска, а вториот погодок пристигна ...
ГФК Тиквеш продолжува со максимален ефект на стартот од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Кавадарчани на гостувањето во Куманово го совладаа Башкими со убедливи 0-5 и по две одиграни кола имаат шест бода на своето конто. Домаќинот успеваше да го одржи резултатот во почетната фаза, иако Тиквеш имаше иницијатива и контрола врз играта. Отпорот на Башкими беше скршен во 36. минута, кога Лусианињо асистираше, а Висдом ја затресе ...
КК Кожув продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а најново засилување во составот на гевгеличани е 30-годишниот српски бек Стефан Симиќ. Симиќ е висок 193 сантиметри и во Гевгелија пристигнува со значајно искуство од српската и црногорската кошарка. Во досегашната кариера настапувал за екипи како Мега Баскет, Слобода Ужице, Младост Земун и Вршац, а има играно и за црногорскиот клуб Сутјеска. Новиот кошаркар на Кожув зад себе има ...
Капитенот на Арсими, Арѓенд Гафури, верува дека неговиот тим ќе одигра многу подобро на гостувањето кај Брегалница во второто коло од Првата фудбалска лига. По лошиот старт на сезоната, Гафури смета дека екипата имала доволно време да ги анализира направените грешки и да ги отстрани слабостите. Тој очекува Арсими во Штип да покаже карактер и да одигра далеку поквалитетен натпревар, со кој ќе се обиде да стигне до позитивен резултат. “Не го ...
Брегалница во првото коло претрпе пораз од актуелниот шампион Вардар, но штипјани со прикажаното на теренот оставија позитивен впечаток. Во одредени периоди од натпреварот Брегалница беше и подобар противник, но сепак на крајот остана без бодови. Сега пред штипскиот тим е нов предизвик и дуелот со Арсими. Натпреварот ќе се игра на домашен терен, во вечерен термин, што се очекува да биде дополнителен мотив за фудбалерите на Брегалница да ...
Новајлијата во Втората женска фудбалска лига, Менада од Тетово ја промовираше 18-годишната Ема Стевоска како најново засилување. Станува збор за перспективна фудбалерка, која може да покрива повеќе позиции на теренот, што ќе биде опција за ротација во тимот. Доаѓа од екипата на Љуботен, а има настапувано и за тетовска Шкендија. ЖФК Менада е новоформиран клуб кој за првпат ќе се натпреварува во Втората женска фудбалска лига, а повеќе за клубот ...
Башкими и Тиквеш со сосема различно расположение го дочекуваат денешниот меѓусебен дуел во Куманово. Домашниот тим сака да го заборави лошиот старт на сезоната и убедливиот пораз од 6:0 против Силекс во Кратово. Кавадарчани, пак, пристигнуваат со значително поголема самодоверба, откако во првото коло со одлична игра го совладаа Арсими со убедливи 5:1 и на најдобар можен начин го отворија новото првенство. Иако Тиквеш важи за фаворит во оваа ...
По тешкиот старт на сезоната и убедливиот пораз од Силекс (0:6) во Кратово, Башкими денеска ќе има можност пред домашната публика да покаже реакција и да стигне до првите бодови во шампионатот. Кумановскиот тим го очекува сериозен предизвик, бидејќи во гости доаѓа Тиквеш, кој во првото коло одигра одлично и со високи 5:1 го совлада Арсими. Иако против себе ќе има мотивиран и самоуверен противник, во редовите на Башкими веруваат дека можат да ...
Македонската репрезентативка Александра Марковска прави нов интернационален чекор во кариерата. 29-годишната фудбалерка потпиша едногодишен договор со турскиот клуб Хајманаспор, каде што ќе настапува во новата сезона. Фудбалерката за врска зад себе има богата домашна кариера и едно интернационално искуство во Србија. Нејзиниот фудбалски пат започна во Билјанини Извори, по што настапуваше за Тиверија и ЖФК Кочани. Потоа следуваше период во ЖФК ...
Три клучни судиски одлуки на воведниот натпревар од второто коло од Првата МФЛ помеѓу екипите на ФК Шкендија Арачиново и ФК Силекс. Во 27. минута од натпреварот, главниот судија не забележува очигледен прекршок врз играчот на домашната екипа кој е внатре во казнениот простор на гостинската екипа, близу до линијата. По правилна ВАР проверка и интервенција, главниот судија по преглед на снимка на терен (OFR) досудува казнен удар за домашната ...
Еурофарм Пелистер со убедлива победа ги започна контролните натпревари во рамки на подготовките за новата сезона. Битолчани славеа со 36-24 против репрезентацијата на Катар, во натпревар кој донесе и интересен тренерски дуел. Избраниците на Лино Червар уште од самиот почеток го презедоа контролата врз играта и на полувремето имаа шест гола предност – 18-12. Во вториот дел битолскиот тим продолжи во ист ритам, постепено ја зголемуваше ...
Женскиот ракометен клуб Овче Поле Славјански Универзитет од Свети Николе ги започна подготовките за новата сезона во Првата лига, со јасно поставена цел – пласман во Супер лигата. Ракометарките од Свети Николе главната фаза од подготовките ќе ја одработат во Претор, Ресен, каде што од клубот велат дека имаат одлични услови за работа. Во овој период акцентот е ставен пред сè на општата физичка подготовка, по што тимот ќе продолжи со ...
Македонскиот футсал шампион Проект од Јосифово продолжува со подготовките за новата сезона, а во рамките на истите ќе одигра пријателски двомеч против шампионот на Бугарија, Амиго Нортвест. За составот на Проект ова ќе биде одлична можност за два квалитетни теста и дополнително воигрување пред големиот европски предизвик – настапот во прелиминарната рунда од УЕФА Футсал Лигата на шампионите. Првиот натпревар е закажан за утре (сабота) од ...
Второлигашот Камјани продолжува со создавање конкурентен состав за својата историска прва сезона во Втората македонска фудбалска лига, а најново засилување е Герт Арифи. Арифи е офанзивен фудбалер кој најдобро се снаоѓа на крилните позиции и може подеднакво успешно да игра на двете страни. Се одликува со голема брзина, одлична техника, креирање шанси и способност да биде конкретен во завршницата. Новиот фудбалер на Камјани својата кариера ја ...
Денес на стадионот во Ѓорче Петров беше одигран контролен натпревар за проверка на формата меѓу ланскиот прволигаш Македонија ЃП и амбициозниот третолигаш Илинден, контролка на која беа постигнати два погодоци, а немаше победник (1:1). За тимот на Илинден стрелец беше Ивановски кој погоди во 10. минута од средбата. Инаку, екипата на Илинден гради квалитетен ростер со кој ќе се наметне како прв фаворит за влез во Втора лига, а пак Македонија ...
Македонскиот футсал шампион Проект се засили со капитенот на македонската футсал репрезентација Иван Крстевски, популарниот „змија“ се враќа во тимот од Јосифово. 34-годишниот Крстевски во Проект доаѓа од редовите на Бутел, низ неговата кариера настапуваше за Форца, Велес и Железарец, а меѓународна кариера градеше во Србија каде настапуваше за Врање, како и во Црна Гора носејќи го дресот на Титоград Подгорица. За „змија“ ова ќе биде трето ...
Суперлигашот Ѓорче Петров 2 ги започна подготовките за новата сезона со високи амбиции за што потврда се квалитетните засилувања кои беа промовирани во изминатиот период. Младите „лавици“ се изборија за влез во елитното друштво совладувајќи го Пелистер во бараж меч кој се одигра во Радовиш, откако заврши на второто место во Првата лига. Старо-новиот суперлигаш создаде квалитет ростер, а тимот под водство на Милева Велкова ќе цели кон што ...
Шкендија Арачиново и Силекс одиграа 1-1 во натпреварот од второто коло во Првата македонска фудбалска лига, во кој двата гола паднаа од пенал. Домаќинот, кој своите натпревари ги игра на стадионот во Чаир, одигра храбар натпревар против фаворизираниот Силекс и стигна до првиот историски бод во елитното друштво. По почетната иницијатива на кратовчани, Шкендија постепено воспостави рамнотежа, а во 32. минута доби можност од белата точка. По ...
Македонскиот фудбалски тренер Шабан Сулејман е пред важна одлука за продолжението на својата тренерска кариера, откако за 38-годишниот стратег постои сериозен интерес од клубови од Саудиска Арабија, Кувајт и Дубаи. Сулејман зад себе има богато тренерско искуство, иако се работи за млад стратег. Тренерската кариера ја започна како помошник во Беса од Добри Дол, по што работеше како прв тренер на младинските категории на Работнички. Беше дел и ...
Уште еден младински репрезентативец на Македонија во новата сезона ќе го носи дресот на КК Пелистер. Битолскиот клуб постигна договор со 20-годишниот кошаркар Бојан Димитриев, кој пристигнува како засилување за тимот. Димитриев е дел од македонската репрезентација до 20 години, а станува збор за талентиран кошаркар кој игра на позицијата крило. Висок е 202 сантиметри и минатата сезона настапуваше за екипата на Водно Санс. Со ангажманот на ...
Македонскиот вицешампион Шкендија ќе има активен резултат пред реваншот од третото квалификациско коло во Конференциската лига, откако на гостувањето во Единбург загуби со 2-1 од Хибернијан. Тетовци беа на чекор да се вратат со реми, но шкотскиот состав до победата стигна во судиското продолжение. Избраниците на Јетон Беќири одиграа дисциплиниран и тактички зрел натпревар, особено во првото полувреме кога успешно ги неутрализираа нападите на ...
В недела со почеток од 19:30 часот, на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица ќе се одигра интересен пријателски натпревар меѓу поранешните прволигаши Беласица и Работнички. Овој дуел ќе биде последната контрола, односно генерална проба за двете екипи пред почетокот на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, која стартува на 15 август. Натпреварот ќе биде одлична можност и за двата стручни штаба да ја проверат формата на своите ...
22-годишниот Аљбан Мемети ќе бара нов клуб за продолжува на соработката, откако реши да не заигра за дебитантот во Втората лига, Камјани, иако беше промовиран во овој клуб, ексклузивно дознава Спортска Мрежа. Мемети минатата сезона настапуваше за Брегалница, а централниот напаѓач, кој може да игра и како лево крило беше дел и од Кожуф, Башкими, Воска Спорт, Детонит Плачковица, тетовска Шкендија, Куманово Еуроспорт, Милано Куманово, а ...
Делегирани судиите за второто коло на Првата македонска фудбалска лига, кое се отвара во петок со еден меч, а се затвара во недела со два натпревари. Колото го отвараат Шкендија Арачиново и Силекс в петок од 17 часот на стадионот Чаир. Главен судија на овој меч ќе иде Игор Стојчевски, а негови помошници ќе бидат Гоце Петрески и Филип Ицковски, а пак четврт судија е Александар Василевски. во ВАР собата ќе бидат Бењамин Ќерими и Дарко Видиниќ, ...
Македонскиот фудбалски тренер Цвете Делиоски има нов интернационален предизвик во својата кариера. Како што дознава Спортска Мрежа, Делиоски е нов шеф на стручниот штаб на холандскиот клуб ВВ Марсен, каде за првпат ќе работи надвор од Македонија. Делиоски, кој поседува УЕФА А лиценца, го прифатил предизвикот да го предводи сениорскиот тим на ВВ Марсен, клуб кој во новата сезона ќе се натпреварува во петтата холандска лига. Амбициите на клубот ...
Македонската ракометарка Сара Миновска би можела да ја продолжи кариерата надвор од границите на Македонија. Според информациите на Спортска Димензија, за левото крило постои сериозен интерес од неколку странски клубови, а најреална опција во моментов е преселба во Словачка, каде што би го реализирала својот прв интернационален трансфер. Миновска важи за брза и борбена ракометарка, која успешно ги извршува задачите и во напад и во одбрана, ...
Новоформираниот тетовски женски фудбалски клуб Менада ќе дебитира во новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига, а раководството на клубот во ексклузивен разговор за Спортска Мрежа ги откри плановите, амбициите и визијата за развој на клубот во наредниот период. Иако станува збор за дебитант, од ЖФК Менада имаат јасно поставен проект. Како што велат од клубот, примарната цел е најнапред да се изградат стабилни темели, а потоа ...
Брегалница продолжува со комплетирањето на ростерот за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, а штипскиот клуб потврди две значајни вести – враќањето на Матеј Ангелов и продолжувањето на соработката со голманот Никола Филевски. Во редовите на „сините“ повторно се враќа Матеј Ангелов, фудбалер кој потекнува од младинската школа на Брегалница и кој во меѓувреме изгради солидно искуство. Станува збор за модерен дефанзивен играч за ...
Брегалница в сабота ќе го одигра првиот домашен меч од новата сезона во рамките на 2. коло на ПМФЛ, а на кој меч кој се игра под рефлектори „сините“ ќе бараат први бодови. Капитенот на Брегалница, Стефан Коцев вели дека работеле напорно изминатиот период и дека се фокусирани на зацртаната цел – три бодови. „Атмосферата во клубот е одлична. Работиме напорно, владее позитивна енергија и сите сме максимално посветени и фокусирани на зацртаната ...
КК Пелистер продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во редовите на битолскиот клуб е американскиот бек-шутер Камрон МекДауел. Станува збор за 23-годишен кошаркар висок 196 сантиметри, кој зад себе има одлична колеџ кариера и во Битола пристигнува со улога да биде еден од лидерите на тимот. Во текот на пет сезони во американската колеџ лига, МекДауел одигра 92 натпревари на кои постигна 1.519 поени, а забележа и 317 скокови ...