Струмица уште еднаш потврдува дека со право може да се нарече град на спортот. Градот во последните денови е вистински спортски центар, со голем број натпревари, а особено радува фактот што дел од нив се со меѓународен карактер. Само вчера во Струмица беа одиграни три контролни натпревари, од кои два меѓународни, на различни спортски терени кои се наоѓаат на исклучително мала оддалеченост еден од друг. На СЦ „Пандев“ се сретнаа второлигашите ...

Со натпреварите од 1. коло претстојниот викенд стартува новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Во новото првенство ќе настапат поранешни шампиони како Македонија ЃП и Шкупи, како и клубови со богата традиција како Работнички и Пелистер, што дополнително ја зголемува неизвесноста и интересот за сезоната. Седум од осумте натпревари од воведното коло ќе се одиграат во сабота со почеток од 17:00 часот, додека Пелистер својот прв меч ...

Второлигашот Беласица натпреварите од есенската полусезона ќе ги игра под рефлектори односно во вечерен термин поради високите температури, а со тоа и подобри услови за игра, но и фудбалски амбиент во кој може да ужива публиката. Тоа што Беласица го практикуваше и во ланската сезона ќе го продолжи и во новата сезона, а истите ќе се играат додека налагаат временските услови, посочуваат од клубот преку соопштение. Беласица новата сезона во ...