Екипата на Еуромилк ГЛ обезбеди враќање во Втората македонска фудбалска лига, откако во бараж натпреварот одигран на стадионот „Силекс“ во Кратово со 2:1 ја совлада Каменица Саса. Шампионот на Третата лига – Север во клучниот натпревар од сезоната успеа да го надмудри второлигашот и по долги години повторно да обезбеди место во второлигашкото друштво. Од друга страна, Каменица Саса не успеа да го зачува својот статус и по повеќе сезони ...
По долги години играње во ВМФЛ, тимот на Саса од Македонска Каменица во следната сезона ќе игра во Трета лига – Исток. Ова доаѓа откако Саса беше поразена од Еуромилк со 1:2 во баражот во саботата. Секако дека разочарувањето е големо во Македонска Каменица, а како капак на фудбалските фанови од други клубови си фаќаат сеир и си играат мајтап со овој клуб. Па така еден фан се разбира со фотомонтажа си напиша: “Вака го личи стадионот на ФК ...

