Поранешниот шампион на Македонија и освојувач на Купот, ЖФК Каменица Саса, интензивно се подготвува за новата натпреварувачка сезона, во која клубот има јасна цел – враќање во самиот врв на македонскиот женски фудбал и напад на шампионската титула. Избраничките на тренерот Зоран Златковски со подготовките започнаа на 20 јули, а тренажниот процес се одвива во Македонска Каменица, каде, според клубот, се обезбедени одлични услови за работа. ...
ЖФК Каменица Саса за новата сезона во Првата женска фудбалска лига гради тим со дефинитивно ќе оди на атакување на титулата, која ја брани тимот на Скопје. Од минатата сезона ростерот во целост е сочуван, има само едно заминување, откако клубот од малото рударско гратче одлучи да се раздели со Бразилката Тчеури Гоја, а веќе се договорени две странски засилување. Станува збор за бугарската репрезентативка Антонина Шопска, која доаѓа од ...

