ЖФК Каменица Саса успешно го отвори циклусот контролни натпревари во пресрет на новата сезона. „Рударките“ славеа со 0:2 против екипата на Речица, а херој на натпреварот беше капитенката Ана Димитровска, која ги постигна двата погодоци за победата. Овој пријателски натпревар беше уште една можност стручниот штаб предводен од Зоран Златковски да ја провери моменталната форма на тимот, а Каменица Саса во периодот што следи ќе одигра уште ...
Пред почетокот на женскиот шампионат на Македонија, најквалитетните екипи се засилуваат како би биле покомпетитивни. ЖФК Каменица Саса се раздели со Бразилката Тчеури Гоја, но договорени две странски засилување. Во нашиот шампионат доаѓаат бугарската репрезентативка Антонина Шопска од ЖФК Лудогорец и црногорската интернационалка Анџела Савовиќ, која пристигна од хрватскиот ЖНК Сплит. Тимот на Зоран Златковски ќе ја тестира формата на ...
Викендот што следи ќе биде искористен за одигрување на нови пријателски натпревари за проверка на формата кај прволигашите во женска конкуренција, откако и во изминатиот период се одиграа неколку контролни средби кај девојките. ЖФК Каменица Саса со резултат од 0:2 ја доби Речица на контролен меч каде капитенот Ана Димитровска беше двоен стрелец. Пред тимот од Македонска Каменица ќе следуваат уште неколку контролни средби. Во Струмица овој ...

