Третолигашот Овче Поле од Свети Николе се засили со Метин Ќерими, откако клубот го претстави 23-годишникот како ново засилување. Ќерими во пролетниот дел од минатата сезона настапуваше за Беласица, а претходно беше дел од екс второлигашите Вардар Неготино и Победа, беше дел од Шкендија Арачиново, Братство од Житоше, охридска Воска Спорт, Братство Влазними и Скопје. Ќерими е играч од средниот ред и треба да биде вистинско освежување за ...

Овче Поле од Свети Николе ги започна подготовките за новата сезона. Стручниот штаб ќе биде предводен од Јорданчо Трендафилов, а во следните денови ќе се приклучат уште неколку играчи. Нови имиња во тимот се Никола Стоиловски кој доаѓа од редовите на второлигашот Осогово, Метин Ќерими од Беласица, Андреј Славевски од младинските категории на Њу Старс, Стефан Антониев од младинскиот погон на штипска Брегалница, а со него во пакет доаѓаат и ...