Франција и Сенегал по првите 45 минути одиграа без голови, но посебно разочарување е начинот на кој играше фаворизираната европска селекција. Популарните Галски петли кои во своите редови имаат голем број на светски ѕвезди, во првото полувреме делуваа инфериорно и воопшто не го загрозија голот на противникот. Со Килијан Мбапе, Усман Дембеле, Мајкл Олисе и Дезире Дуе во офанзивниот ред, Франција не успеа да упати ниту еден шут во рамките на ...

Репрезентацијата на Португалија утревечер ќе го игра првиот меч од Светското првенство, а противник е ДР Конго. Португалците секогаш важат како „фаворити од сенка“, па така и сега може да изненадат. На помалку од 24 часа пред одигрување на првиот меч на Мундијалот, многу медиуми најавуваат дека по завршување на планетарниот турнир, ќе си замине селекторот Роберто Мартинез. Шпанскиот стратег во 2023 година седна на клупата на Португалија и го ...

Швајцарија киксираше во првото коло на Светското првенство откако одигра нерешено 1-1 против Катар и сега се подготвува за новите предизвици. Следниот меч Швајцарија ќе го игра в четврток од 21 часот против Босна и Херцеговина, а сите во експедицијата очекуваат победа. „Очекувавме победа против Катар. Повторно го гледавме мечот, направивме анализи и видовме што беше добро, а што недостасуваше. Имавме шанси, но не ги искористивме. Не е се така ...

Еден од дебитантите на Светското фудбалско првенство 2026 година, репрезентацијата на Курасао доживеа дебакл и загуби со 7:1 од Германија. Овој резултат и не е толку големо изненадување, ако се знае дека четирикратниот светски првак Германија е еден од фаворитите и за висок пласман. Голманот на Курасао, Елој Рум, кој воедно е и капитен на националниот тим, мораше дури седумпати да ја вади топката од својата мрежа, повеќе од кој било друг ...

ФИФА официјално ги објави судиите за некои натпревари од второто коло од групната фаза на Светското првенство во 2026 година, a еден од натпреварите ќе ѝ биде доверен на жена. Тоа е 39-годишната Американка Тори Пенсо, која ќе биде главен судија на натпреварот помеѓу Чешка и Јужна Африка. Со овој избор ФИФА направи преседан, Пенсо ќе биде првата Американка што ќе суди натпревар на СП, прва жена судија на СП 2026, а втора во историјата по ...

Репрезентациите од Јужна Америка досега одиграа четири натпревари на Светското првенство и уште немаат победа. Затоа погледите им се свртени кон светскиот првак Аргентина, кој доцна вечерва игра со Алжир и ќе треба да го обели образот на континентот кој има вкупно 10 светски титули. Од можни 12 бода, тимовите од Јужна Америка досега освоија само два и пол бод за Бразил и Уругвај во мечеви на кои беа фаворити. Пријатно изненадување се ...

Еуфоријата од Светското фудбалско првенство е на највисоко ниво. На дневно ниво се играат и по пет-шест натпревари од групната фаза и секоја репрезентација има свои калкулации за тоа како може да дојде до нокаут-фазата. Планетарна еуфорија имаше и за собирањето на самолепливите сликички, а еден креатор на содржина на социјалните мрежи (инфлуенсер) стана апсолутен хит на интернет. Јутјуберот Џон Нилс од Белфаст својата љубов коn Светското ...

Еден од мечевите кои со нетрпени се очекуваат во првото коло на Светското првенство е утрешната пресметка меѓу Англија и Хрватска. Тоа ќе биде дуел на селекциите кои меѓу себе играа во полуфиналето на СП 2018 година, а тогаш Хрватите се пласираа во финалето, и тоа по подобро изведување на пенали. Сега Англија има шанси да се реваншира, но во групната фаза од Мундијалот. Сепак, од Англија стигнуваат калкулантски најави дека постои страв околу ...

Македонските фудбалски клубови Силекс и Шкендија ги добија своите ривали во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Ждрепката сакаше и Силекс и Шкендијапрвите мечеви да ги играат на гостински терен, а реваншите да бидат во Македонија. Многу подобро помина Шкендија, а и тоа беше очекувано затоа што тетовци беа во групата на носители. Екипата која минатата сезона играше во групната фаза од Конференциската лига, сега во ...

Посебен мотив за игра ќе има вечерва Лионел Меси во дресот на аргентинската репрезентација. Осумкратниот освојувач на Златната топка ќе ја има честа да се запише во историјата на фудбалот како првиот фудбалер кој заиграл на шест различни светски првенства. Меси е најавен како стартер на мечот против Алжир. Ако тоа се случи, Меси ќе истрча на теренот на шести Мундијал. Неговата приказна започна во 2006 година, а потоа играше и на СП 2010, ...

Лука Зидан кој е голман на Алжир, се очекува вечерва да биде стартер на голот на африканската селекција од која има потекло и со тоа славното презиме Зидан ќе се врати на Светско првенство после 20 години, откако неговиот славен татко Зинедин последен пат играше во финалето во 2006 година. Големиот Зизу освои СП во 1998 година, а во финалето против Италија на 9-ти јули 2006 година во Берлин, го постигна голот за Франција во ремито 1-1, а ...

Само пет дена поминаа од почетокот на Светското првенство, а јасно е дека овој Мундијал може да биде со многу изненадувања. Досега се одиграа вкупно 16 натпревари, а речиси половина од нив, односно дури седум завршија со нерешен резултат. Од тоа што досега го покажаа репрезентациите на теренот, се покажува дека речиси и да нема аутсајдери и сите „знаат да играат фудбал“. Претходно, фактот дека бројот на учесници беше зголемен од 32 на 48 ...

ФК Вардар можеше да помине и многу полесно во ждрепката за првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Црвено-црните ќе си го одмерат силите со финскиот првак Куопион Палосеура, или скратено како што е познат во светот, КуПС. Осумкратниот фински првак КуПС во својот актуелен состав има дури 11 странци, а моментно се трети на табелата во финската лига. Тоа пто лигата им е во тек и имаат натпреварувачки ритам, може да биде предност ...

Сезоната во шпанскиот кошаркарски шампиоинат сè уште не е завршена, а Валенсија веќе работи на иднината и има најава дека ќе го купат натурализираниот македонски репрезентативец Ти Џеј Шортс. Валенсија во Шортс гледа идеална замена за Жан Монтеро, кој оди во европскиот шампион Олимпијакос. Шортс сезонава ја мина во Панатинаикос, со кого има уште една година од договорот. Беше едно од најзвучните засилувања во Евролигата минатото лето, дојде ...

Дефанзивецот Тино Ливраменто има повреда и ќе го пропушти Светското првенство. Ова е огромен малер за играчот на Њукасл пред дебито на Мундијалите. Англија уште го нема играно првиот меч на СП, па може да повикаат друг играч на местото на Ливраменто, па место во составот веројатно ќе има за Тревор Чалоба од Челзи, кој веднаш треба да замине во САД и да се најде во комбинација за настап на средбата со Хрватска. Вечер во 21 часот е крајниот ...

Бразилската фудбалска конфедерација е во центарот на голем скандал откако протече информација дека претседателот Самир Шауд наводно ги користел средствата на Федерацијата за финансирање луксузни патувања и сместување за својата љубовница за време на подготовките за Светското првенство. Според истражувањето објавено од познатиот новинар Лео Диас, Шауд престојувал во Њујорк со извесна Камила Кристина Андраде, фитнес претприемачка. Двајцата ...

Натпреварот од Светското првенство меѓу Иран и Нов Зеланд, одигран во Лос Анџелес, заврши со резултат 2-2, но контроверзната прослава на голот на иранскиот репрезентативец Мохамед Мохеби го засени фудбалот. Средбата мина во тензии, за време на иранската химна публиката беше поделена, па некои свиркаа, додека други ја поздравија. Стрелецот на израмнувачкиот гол за 2-2, Мохеби, откако постигна гол, се сврте кон трибините и гестикулираше како да ...

Вечерва програмата на Светското фудбалско првенство почнува во 21 часот по македонско време, а на терените ќе се појават три ѕвезди, од кои се очекуваат многу голови. Килијан Мбапе беше прв стрелец на претходниот Мундијал и ќе биде мотивиран да го повтори тоа и да го урне рекордот на Мирослав Клозе, од којшто го делат четири гола. Квотата за Мбапе да даде гол вечерва против Сенегал е 1.90. Во Специјалот имате опција и да се обложите дека ...

Можеби делува изненадувачки за многумина, но факт е дека Шпанија има победено на само три натпревари на светските првенства, откако станаа светски прваци во 2010 година. Касилјас, Пујол, Пике, Чави, Иниеста, Вилја и останатите од Црвената фурија, го покорија светот на Мундијалот во 2010, но после тоа повторно се редат непријатни изненадувања за нив. Вчерашниот тежок кикс против Зеленортските острови кога одиграа 0-0, покажува дека оваа ...

Иран добил наредба да ги напушти САД само неколку часа по завршувањето на натпреварот против Нов Зеланд. Ова го откри селекторот на репрезентацијата, Амир Галеноеи. Галеноеи не прецизираше од каде дошла наредбата што ги принудила Иранците да го променат својот план и наместо да ја минат ноќта во Калифорнија, веднаш да заминат. „Немавме време за закрепнување. По натпреварот ни беше кажано дека мора веднаш да ја напуштиме земјата. За ...

Финалистите на последното Светско првенство, Аргентина и Франција, го започнуваат својот настап на шампионатот, па во Sport Life може да најдете вистински ѕвезден Бет билдер со квоти кои достигнуваат и до 30.00. За четирите денешни меча има 12 опции, по четири од нив се за дуелите на кои ќе настапат Tриколорите и Гаучосите, а за останатите дуели има по две опции. Франција и Сенегал имаат две опции со квоти од по 20.00, како и по една со квоти ...

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека се чувствува спокојно пред првиот натпревар на неговата репрезентација на Светското првенство. Во среда Гаучосите ќе се соочат со Алжир во својот воведен меч од групната фаза. „Од искуството на последното Светско првенство веќе знаеме дека првиот натпревар не е пресуден, иако е важен. Убедени сме дека ништо не завршува по првиот меч“, изјави Скалони. „Нè очекува дуел против квалитетна ...

Селекторот на Уругвај, Марсело Бјелса, го изнесе своето мислење по ремито 1:1 против Саудиска Арабија во првото коло од групната фаза на Светското првенство. Поранешниот светски шампион стигна до израмнувачкиот гол дури во 80-тата минута од натпреварот, кога погоди Максимилијано Араухо. „Ова е противник што требаше да го победиме! Во одредени моменти од првото полувреме нашиот тим не беше на потребното ниво. Тоа покажува дека не одигравме на ...

Дефанзивецот Максимилијано Араухо стана првиот уругвајски фудбалер по 2002 година кој успеал да постигне гол на своето деби на Светско првенство. Пред него, последен со такво достигнување се истакна легендарниот Диего Форлан, кој се запиша меѓу стрелците против Сенегал на Мундијалот во 2002 година. Араухо го постигна својот гол на натпреварот од првото коло на Мундијалот 2026 против Саудиска Арабија, а средбата заврши со резултат 1:1. По ...

6835 Франција – Сенегал (21:00) Поранешниот светски шампион и финалист од последниот Мундијал, Франција, ја има фаворитската улога против селекцијата на Сенегал. Јасно е дека од Триколорите се очекува победа, а очекувањата се дека ќе има голови и во двете полувремиња. Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.45) 6836 Ирак – Норвешка (00:00) Норвешка е селекција од која многумина очекуваат да изненади на ова првенство, пред сè, бидејќи го имаат ...

Капитенот на Уругвај, Федерико Валверде, го коментираше ремито 1:1 против Саудиска Арабија во првото коло од групната фаза на Светското првенство. Играчот за врска на Реал Мадрид беше избран за најдобар фудбалер на натпреварот. „Во второто полувреме ги подобривме нашиот пристап и интензитет. Дебито и возбудата одиграа улога против нас. По паузата почнавме да играме подобро – го направивме токму она што селекторот го бараше од нас“, изјави ...

Натпревари од три различни спорта се дел од понудата со зголемени квоти во Sport Life, Супер типот. Доминира тенисот со осум од 16-те натпревари, следува фудбалот со шест, а два дуели се од кошарката. Токму тенисот ја отвора денешната понуда со меч кој стартува веќе во 11 часот, а првиот фудбалски натпревар се игра во 18:30 часот. Секако, најинтересни се зголемените квоти за натпреварите од Светското првенство, а во Супер типот за вторник ...

Четирите денешни меча од Светското првенство, како и еден дуел од Шведска, се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте натпревари е 40.2, додека поединечно квотите се движат помеѓу 1.95 и 2.40. Дуелот на Варнамо и Хелсингборг е единствениот кој не е од Мундијалот, а квотата од 1.95 ќе биде добитна само ако домашните не загубат во меч на кој ќе има помеѓу два и четири гола. Квотата од 1.95 за натпреварот на ...

УЕФА ги скрати списоците со можните ривали и за освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, како и за вицешампионот Шкендија. Кратовци се аутсајдери, па уште во првото коло од Конференциската лига ќе добијат и тоа како квалитетен ривал. Можни ривали на Силекс се: Астана (Казахстан), Пјуник (Ерменија), Динамо Минск (Белорусија), Дила Гори (Грузија) и Атлетик Ескалдес (Андора). Четири екипи од Источна Европа и една од Андора, која изгледа како ...

На Светското првенство се случи вистинска реткост. Во еден ден беа одиграни дури четири натпревари кои завршија без победник, и тоа за првпат по 68 години. Со нерешен резултат завршија дуелите Шпанија – Зеленортски Острови (0:0), Белгија – Египет (1:1), Саудиска Арабија – Уругвај (1:1) и Иран – Нов Зеланд (2:2). Последен пат вакво нешто се случило на 15 јуни 1958 година на Светското првенство во Шведска, кога дури четири од осумте натпревари ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
3.23
29%
1012
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
62%
1016
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
2.67
36%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.56
73%
1014
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.06
42%
1013
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 28ᴼ
0.89
55%
1017
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
4.92
34%
1012
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
4.75
23%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.77
36%
1014
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 28ᴼ
2.68
43%
1013
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
5.81
36%
1015
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 27ᴼ
6.27
81%
1014
Currency

61.645

Currency

53.9728

Currency

72.4174

Currency

37.5273

Currency

38.1008

Currency

66.7433

Currency

7.96794

Currency

0.70105

Currency

0.33399

Currency

0.52508

Currency

1.14928

Currency

0.56524

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Злато

132441.79

Сребро

1924.70

Бакар

12.63

Паладиум

40509.94

Рутениум

49029.89

Калај

52.82

Алуминиум

3.15

Платина

52244.96

Родиум

262028.58

Иридиум

245953.21