Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Одлуката да се платат повеќе од 100 милиони евра за трансферот на Јан Диоманде од Лајпциг во Реал Мадрид крена огромна прашина во фудбалските кругови. Младиот 19-годишен крилен напаѓач од Брегот на Слоновата Коска зад себе има добри натпревари на Светското првенство и добра сезона во Лајпциг, но прашањето што ги мачи сите навивачи и експерти е дали играч со толку малку големи натпревари во своите нозе навистина вреди толку пари. Сомнежите не ...
Денешните квоти на денот во Sport Life носат вкупен коефициент од 59.53 и ако ги уплатите на ист тикет, со вложени 100 денари би имале можна добивка од речиси 100 евра. Најмала поединечна квота е онаа од 2.00 за првиот предлог, да одиграте дека Клуж нема да загуби дома од Волунтари и дека домашните ќе постигнат два или повеќе голови. Следува комбинацијата победа на гостите и гол во второ полувреме на средбата Артис Брно – Млада Болеслав, која ...
Италијанскиот стручњак Андреа Пирло се огласи преку социјалните мрежи во врска со ситуацијата со неговото назначување за главен селектор на италијанската репрезентација. Тој ја прифати понудата да ја води репрезентацијата и се очекуваше да потпише договор во наредните денови, но работата се изјалови откако се појавија прашања во врска со неговите деловни врски со Русија. На крајот на мај, Пирло присуствуваше на промотивен настан во Москва ...
Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, не смета на Едуардо Камавинга за новата сезона. Според шпанскиот новинар Серхио Валентин, португалскиот тренер разговарал со францускиот фудбалер и му објаснил дека ќе му биде многу тешко да добие време за игра. Клубот бара опции за негов трансфер, иако самиот Камавинга во моментов изјави дека не сака да си замине и инсистира да остане. На Реал му треба една продажба на играл од среден ред за да може да ...
И покрај фантастичната голгетерска сезона во дресот на Баерн Минхен, Хари Кејн повеќе нема реални шанси да ја освои Златната топка за 2026 година. Такво мислење има поранешниот француски репрезентативец и светски шампион од 1998 година, Емануел Петит. Легендарниот играч на Арсенал, Челзи и Барселона смета дека статистиката на капитенот на Англија не е доволна за најпрестижното индивидуално признание. Кејн блескаше во Лигата на шампионите, ...
Нејмар постигна два гола во ремито на Сантос против Шапекоенсе (2:2), но наместо неговата игра, главна тема во Бразил е наводниот скандал што го предизвикал на полувремето. Нејмар го отвори резултатот во 36-тата минута, но гостите направија целосен пресврт во второто полувреме. Марсињо израмни во 51-вата минута, а само десет минути подоцна Жоао Ананијас си постигна автогол за 1:2. Сантос сепак избегна пораз, откако во 89-тата минута беше ...
Ливерпул сериозно ја разгледува можноста за ангажман на Педро Нето, но доколку сака да го доведе португалскиот репрезентативец, ќе мора да плати вистинско богатство. Сепак, на „Стемфорд Бриџ“ немаат намера лесно да се разделат со еден од своите најважни офанзивци. Напротив, челниците на Челзи ќе ги разгледуваат понудите само доколку тие ги исполнуваат нивните високи финансиски барања. Според информациите, лондонскиот клуб нема намера да го ...
Барселона, според шпанските медиуми, експресно сврте нова страница откако стана јасно дека нема ништо од трансферот на Хулијан Алварес во овој преоден рок. Аргентинскиот репрезентативец беше едно од имињата што се поврзуваше со каталонскиот гигант, но откако стана јасно дека зделката нема да се реализира, челниците на Барселона веднаш почнаа да бараат ново решение за нападот. Според весникот „Спорт“, Каталонците веќе имаат подготвена ...
Првото коло од новата сезона на Првата лига беше комплетирано со победа на Шкендија од 3-0 над Скопје. Головите за екипата од Тетово беа дело на Нѕенгуе во првото полувреме и на Тамба и Рафа во вториот дел. Со овој меч се комплетираше првото прволигашко коло, во кое беа постигнати вкупно 20 гола или во просек по четири на секој натпревар. Гостите постигнаа само еден гол, оној на Арсими во поразот од 5-1 во Кавадарци, но на крајот сите бодови ...
ПСЖ не се откажува од намерата да го ангажира Мањес Аклиуш и подготвува нов обид да го доведе офанзивецот на Монако, пренесува француски весник „Л’Екип“. Актуелниот европски шампион веќе ја подготвува својата четврта официјална понуда за еден од најталентираните француски фудбалери. Во Париз веруваат дека Аклиуш може да биде едно од клучните засилувања за новата сезона, а тренерот Луис Енрике е голем поборник за негов ангажман, убеден дека ...
Лионел Меси нема да игра на МЛС Ол-стар натпреварот во Шарлот, што ќе биде негово второ последователно отсуство од ревијалниот спектакл. За разлика од минатата година, аргентинската ѕвезда нема да биде казнета. Иако беше вклучен во составот за дуелот против селекцијата на мексиканската Лига МХ, Меси доби специјална дозвола за одмор. Истото важи и за неговиот соиграч од Интер Мајами и репрезентацијата на Аргентина, Родриго де Пол. Од МЛС ...
Саудискиот гигант Ал-Наср се соочува со сериозна финансиска криза која би можела значително да влијае врз неговите активности во актуелниот преоден рок. Клубот досега не реализираше ниту еден трансфер, а според саудиските медиуми, главната причина за тоа се токму финансиските проблеми. Иако Ал-Наср постигнал договор за ангажман на португалскиот играч за врска Саму Коста од Мајорка, трансферот сè уште не е реализиран. Покрај тоа, клубот не ...
Освојувачот на Купот на Македонија од минатата сезона, кратовски Силекс, со убедлива победа од 6-0 над Башкими ја отвори новата сезона во прволигашката сезона. Победникот во Кратово беше решен уште во првите десеттина минута, кога Силекс дојде до водство од 2-0 со голот на Илиески и автоголот на Јамузи. До крајот на првото полувреме погоди и Делимеѓац за 3-0. Во второто полувреме беа постигнати уште три гола, а во листата со стрелците се ...
Колумбискиот фудбал се најде во центарот на голем скандал, откако угледниот новинар Хавиер Ернандез Боне изнесе тврдења дека моќни спонзори вршат притисок врз Фудбалската федерација на Колумбија за Хамес Родригез да биде повикан за септемвриските натпревари против Перу и Мексико. Според Боне, евентуалниот повик не би зависел од актуелната форма на 35-годишниот играч за врска, ниту од тоа дали во тој момент има клуб. „Спонзорите вршат ...
Навивачите на Манчестер јунајтед со загриженост ги следат најновите шпекулации, откако се појавија информации дека Јувентус сериозно размислува за ангажман на капитенот Бруно Фернандеш. Португалскиот репрезентативец е меѓу главните желби на спортскиот директор на „старата дама“, Фредерик Масара, кој бара засилување за средниот ред на тимот што го предводи Лучијано Спалети. Сепак, реализацијата на ваков трансфер нема да биде лесна. Фернандеш ...
Иднината на Мохамед Салах повторно е една од главните теми на трансфер-пазарот, откако турските медиуми објавија детали за спектакуларната понуда што ја добил од Бешикташ. Според турските медиуми, египетскиот ас добил понуда за двегодишен договор чија вкупна вредност, заедно со платата, бонусите и правата за користење на неговиот имиџ, надминува 40 милиони евра. Наводно, Салах би имал гарантирана годишна плата од 15 милиони евра, а преку ...
Раководството на Ливерпул сериозно размислува да го ангажира крилниот напаѓач на ПСЖ, Бредли Баркола, но францускиот шампион постави цена што би можела да ги одврати сите заинтересирани клубови. Според информациите, ПСЖ бара дури 170 милиони евра за 23-годишниот француски репрезентативец. Во Париз сметаат дека ваквата сума е оправдана, особено поради високите трансферни вредности што летово беа платени за играчи како Морган Роџерс и Елиот ...
Новиот тренер на Манчестер сити, Енцо Мареска е категоричен дека клубот нема да тргне во надолна линија по заминувањето на легендарниот тренер Пеп Гвардиола. Италијанскиот стратег ќе има голем предизвик да го замени Гвардиола на клупата на тимот од „Итихад“, кој имаше фантастични 10 години како предводник на Граѓаните, доминирајќи со освоени дури 20 трофеи. Мареска знае што се случи со градскиот ривал на Сити, Манечстер јунајтед кога во 2013 ...
По три години поминати во тимот на Ал Наср, Кристијано Роналдо конечно се израдува на една титула и тоа во првенството на Саудиска Арабија. Сега, Португалецот со својот клуб се подготвува за новата сезона во која ќе го бранат тронот во шампионатот. Додека во полн е летниот преоден рок, светските медиуми пишуваат дека Роналдо поставил услов до неговиот клуб Ал-Наср. За да продолжи да го носи дресот на гигантот од Саудиска Арабија, Роналдо ...
Андреа Пирло прифати да биде селектор на италијанската фудбалска репрезентација, но сега се соочува со неочекуван проблем на патот до преземање на функцијата. Според „Скај Спорт“, улогата на Пирло како глобален амбасадор за руска обложувалница предизвика голема контроверзност и пречка во преговорите. Овој комерцијален ангажман стана главна тема на дискусија во италијанската јавност и во рамките на италијанската фудбалска асоцијација. Иако ...
Одлуката на Леброн Џејмс да ја продолжи кариерата во Филаделфија 76ерс изненади многумина, а сега кога се дозна колку ќе биде неговата плата, шокот е комплетиран. Во својата 24-та сезона во НБА, што дополнително ќе го подобри неговиот рекорд за долговечност, Џејмс ќе потпише договор вреден 3,88 милиони долари. Со оглед на тоа што минатата сезона заработи 52,63 милиони со Лејкерс, ова е намалување од речиси 93 проценти и најголем пад на ...
Екипата на Еурофарм Пелистер од денеска ги започна подготовките за новата сезона. Под водство на новиот тренер, искусниот хрватски стратег Лино Червар, битолчани стартуваа со една цел, а тоа е да ја вратат загубената титула од Вардар. Червар буквално како на ракометен час ги собра ракометарите, оддржаа средба и договор, а потоа влегоа во сала и ги „запалија моторите“. Екипата на Еурофарм Пелистер од денеска ги започна подготовките за ...
На пријателскиот меч меѓу француски Мец и Фортуна Ситард од Холандија се случи еден неочекуван инцидент во кој на крајот настрада главната судијка. Пред крајот на првото полувреме, еден од играчите на Мец се обиде да го сопре противникот влечејќи го за дресот. Беше досуден фаул, но настана мешаница. Судијката се обиде да ги смири страстите, но наместо тоа, во мешаницата, таа беше турната на земја, при што ја повреди раката. Дури откако видоа ...
Италијанскиот клуб Комо направи пионерски чекор во заштитата на младите спортисти, станувајќи еден од првите клубови што воведе забрана за удар со глава во својата младинска академија. Оваа иницијатива, предводена од членот на Комитетот за развој и поранешен познат француски стопер Рафаел Варан, има за цел да го заштити здравјето и развојот на мозокот кај децата, но и да го поттикне развојот на подобра техника и игра „од нога до нога“. ...
Италијанскиот првак Интер не е многу активен на трансфер пазарот летово. Според планот на Нераѕурите, нема да се прават некои посебни промени во екипата и нема да бидат донесени многу нови играчи. Тоа значи дека администрацијата во клубот нема да има многу работа, барем кога се работи за дојдовните трансфери. Во тимот се врати Александар Станковиќ, а пристигнаа Мануел Аканџи и Иван Проведел, а според најавите нема да се носат нови играчи. Од ...
Градежен работник почина за време на реконструкцијата на стадионот „Камп Ноу“ во Барселона, објавија шпанските медиуми. Ова е првата смртна несреќа од почетокот на реновирањето во јуни 2023 година, пишува „АС“. Трагедијата се случи во петокот околу 15:30 часот по локално време, кога полицијата добила пријава за инцидент. Според органите за спроведување на законот, 54-годишен маж паднал и се здобил со смртоносни повреди. Брза помош пристигнала ...
Лионел Меси прв пат се појави во јавноста по поразот на Аргентина во финалето на Светското фудбалско првенство од Шпанија. Синоќа, Меси беше на трибините на стадионот да го следи мечот на екипата на Леонес кој го води неговото семејство во градот Аројо Сецо, во близина на неговиот роден град Росарио. Облечен во црна јакна со капа на главата Меси расположено им се насмевнуваше на навивачите кои го скандираа неговото име. Клубот Леонес кој го ...
Новиот тренер на Ливерпул Андони Ираола победнички започна на клупата на англискиот гигант. откако со 4-2 беше победен Сандерленд во пријателски натпревар одигран во Нешвил. Црвените беа во комбиниран тим, фалеа најголемите ѕвезди на екипата, но и покрај тоа успеаа да постигнат четири погодоци и да донесат триумф во првиот подготвителен дуел пред почетокот на новата сезона. Киран Морисон го отвори резултатот во 12-тата минута, а Сандерленд ...
3135 Мачва – Партизан (21 ч.) Партизан уште на стартот киксираше откако одигра реми во првото коло, па сега Црно-белите едноставно треба да победат. Мачва во првото коло со 5:0 загуби од Црвена ѕвезда, а сега игра и со вториот најтрофеен во Србија. Партизан има осум победи во последните 10 меча со овој ривал, но не треба да се заборави дека Мачва во минатата сезона го елиминираше белградскиот тим во Купот со 2:0, што значи дека може да се ...
Предизвиците во новото фудбалско првенство на Македонија денеска ги стартуваат уште четири екипи. Силекс во Кратово е домаќин на Башкими во меч кој започнува од 17 часот, додека Шкендија во главниот град на комплексот „Петар Милошевски“ покрај ФФМ, ќе биде домаќин на новакот Скопје. Овој меч е закажан со почеток во 19 часот. Според сите прогнози, двете домашни екипи се фаворити за победите. И Силекс и Шкендија веќе се во натпреварувачки ...