Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Еден од најголемите фаворити за освојување на Светското првенство, Шпанија, го започнува настапот против дебитантот на Мундијалите, Зелено’ртските Острови. Сè освен убедлива победа на Фуријата ќе биде големо изненадување, а квотата за победа на Шпанија може да ја зголемите доколку ја искомбинирате со стрелец. Може да се одигра и само на стрелците, а таму најголем фаворит е Ојарзабал. Квотата за Ламин Јамал да се запише во листата со ...
Реал Мадрид и официјално потврди дека потпиша договор со дефанзивецот на Челзи, Марк Кукуреља. Шпанецот со Кралевите потпиша договор до 2032 година. Она што е интересно, официјализацијата е само неколку часа пред првиот меч на Шпанија на Мундијалот, па сега Кралевите може да се пофалат дека имаат фудбалер во составот на европскиот шампион и еден од главните фаворити за освојување на Светското првенство. 👋 Welcome, @Cucurella3! 👋 ...
Денешната програма на Светското првенство нуди четири меча, а во Sport Life може да ги одиграте на еден тип, денес тоа е да има барем еден гол во првото полувреме и најмалку три на целиот натпревар. Доколку овие четири меча ги одиграте поединечно на оваа игра, ќе добиете квота од 19.3, но ако го одиграте Дневниот бонус тип со шифра 8301 тогаш квотата ќе се зголеми на 23.00. Со оглед на двојките, Дневниот бонус тип и тоа како е реален и може ...
Шведска имаше почеток на Светското фудбалско првенство каков што само можеше да посака, со убедлива победа од 5:1 против Тунис. Голеадата на овој меч започна уште по седум минути игра, кога Јасин Ајари постигна прекрасен гол со шут од околу 25 метри. Играчот за врска кој настапува во англискиот премиерлигаш Брајтон натрча на една топка и со силен шут од далечина погоди во небранетиот дел од голот за водство од 1:0. Иако даде фантастичен ...
Дури четири натпревари ќе се играат вечерва на Светското првенство и сите четири се дел од Бет блидер понудата во Sport Life. Има вкупно 12 интересни билдерски комбинации, а коефициентите се движат од 12 до дури 28. На мечот меѓу Белгија и Египет има квота од 20 која ќе биде добитна ако: Белгија постигне барем еден гол во двете полувремиња, Белгија изведе најмалку два корнера во двете полувремиња, Белгија упати 3+ шутеви на голот во двете ...
Легендарниот холандски тренер Дик Адвокат стана најстариот селектор на еден меч од Светско првенство. Адвокат на 78 години ја имаше честа да ја предводи селекцијата на дебитантот Курасао, и тоа во пресметката против четирикратниот светски првак Германија. Изненадувачки, до пред крајот на првото полувреме Курасао играше 1:1 против огромниот фаворит, но потоа Германија заигра многу подобро, па на крајот славеше со убедливи 7:1. И покрај ...
6830 Шпанија – Зелено’ртски Острови (18 ч.) Дури 65-тото место на ФИФА ранг-листата е разликата меѓу овие две селекции. Шпанија како актуелен европски владетел е еден од главните фаворити за трофејот и на Мундијалот. За Зелено’ртските Острови пласманот на СП е испишување на историја, но не треба да се заборави дека оваа селекција со 3:0 ја победи Србија, а во претходните неколку месеци славеше и над Камерун со 1:0, а ремизира против Финска, ...
Дури 13 фудбалски федерации кои се дел од Светското првенство кое се одржува во САД, Канада и Мексико ги осудија неодамнешните коментари на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. Првиот човек на УЕФА тврдеше дека проширувањето на Светското првенство на 48 екипи би создало „непотребни“ натпревари. Од овие констатации на Чеферин погодени беа дел од земјите кои се дел од овој Мундијал и затоа решија заеднички да реагираат. Во заедничка ...
Со дури осум мечеви на кои има зголемени коефициенти, тенисот е спортот кој денеска доминира во Супер типот на Sport Life. Возбудувањата ќе започнат во пладневниот термин, а во фокусот се АТП турнирите во Хале и во Лондон, додека кај жените главните возбудувања се на турнирите во Берлин и Нотингем. Освен тенисите тука се и фудбалските возбудувања каде има зголемени коефицинети за победи на Хака, Остерс, и Норкопинг на клупската сцена, додека ...
Германија со 7:1 славеше над Курасао во меч на кој имаше неочекуван расплет во првите 30 минути кога резултатот беше 1:1. Германија како апсолутен фаворит поведе со 1:0, но изненадувачки Курасао даде гол за 1:1. Тоа беше и историски погодок за Курасао за кого ова беше прв меч на Светските првенства. Сепак, до крајот на мечот, Германија покажа зошто беше апсолутен фаворит и победи со убедливи 7:1. По мечот, голманот на Панцерите, Мануел Нојер ...
Дури четири меча од Светското првенство се дел од денешните Квоти на ден, а доколку сите пет понудени комбинации се одиграат на еден тикет, вкупниот коефицинет кој ќе го добиете е одличен и изнесува 46.30. Шпанија е голем фаворит на дуелот против Зеленортски острови и тука треба да има од еден до три гола во првото полувреме, а најмалку два погодоци во вториот дел за да биде добитна квотата од 2.10. Единствениот меч кој не е од Мундијалот е ...
Јапонската фудбалска репрезентација уште еднаш потврди дека е во одлична форма, откако на стартот од Светското првенство одигра нерешено 2:2 против фаворизираната Холандија. Со ова реми Јапонија ја прекина низата од шест победи по ред, но покажа карактер откако два пати беше во негатива, но успеваше да се врати против Лалињата. Селекторот на Јапонија, Хајиме Моријашу на овој меч промовираше иновативен начин како да комуницира со своите ...
Холандија и Јапонија ремизираа 2:2 во дрбито на Ф групата на Светското првенство. Холандија два пати водеше, но Јапонија покажа карактер и успеа да се врати од негатива и на крајот да освои бод против фаворитот. Иако не стигна до трите бода, Холандија на овој меч испиша еден историски момент. За прв пат се случи Лалињата во стартниот тим да нема ниту еден фудбалер кој настапува во домашното првенство. Иронично, во стартниот тим на Јапонија ...
Репрезентацијата на Шведска убедливо го започна настапот на Светското првенство, откако со високи 5:1 славеше над Тунис во првото коло од групната фаза. Уште во првите 30 минути, фаворитот покажа дека нема да има проблеми и со погодоците на Јасин Ајари и Александер Исак стигна до водство од 2:0. До крајот на првото полувреме Рекик погоди за Тунис, но тоа беше само давање на лажна надеж дека може да се стигне до реми. Во вториот дел Шведска ...
Ајуб Буади од Мароко го шармираше фудбалскиот свет со играта против Бразил и за неговите услуги се заинтересираа многу клубови, прв во редот застана Арсенал кој веќе започнал преговори со агенти на 18-годишниот играч од средниот ред. Арсенал уште нема понуда до Лил, клубот во кој игра ова момче. Специјализираниот портал „Трансфермаркт“ го проценува Буади на 50 милиони евра. Договорот со Лил му е до 2029 година. Малкумина очекуваа 18-годишник ...
Откако одиграа здодевно прво полувреме без гол, Холандија и Јапонија приредија спектакл во вторите 45 минути и на крај одиграа 2-2. Од овој резултат се позадоволни Јапонците кои губеа 0-1 и 1-2, но успеваа да израмнат, вториот пат во 88-ма минута и тоа со гол од глава, само четврти гол со глава на Самураите во нивната мундијалска историја. Холандија е тим кој од 2006 нема загубено меч на СП во регуларен дел, а 32 години немаат пораз на меч од ...
Фудбалскиот клуб Вардар им се заблагодари на нашинците во Италија кои дојдоа во местото Фолињо да му дадат поддршка на македонскиот првак на пријателскиот меч таму со аматерска селекција на областа Умбрија. „Далеку од дома, но никогаш сами! За време на пријателскиот натпревар во Фолињо, Италија, бевме пријатно изненадени од Здружението на Македонци од централна Италија — A.M.I.C.I. — кои самоницијативно дојдоа да го поддржат својот омилен ...
Еден обложувач одлучил да вложи дури 730.000 американски долари, неговото предвидување било дека репрезентацијата на Курасао нема да ја победи Германија. Јасно е дека беше сигурица и дека добивката е гарантирана со оглед на огромната разлика во квалитетот помеѓу двата тима, но кога Курасао ги шокираше фаворитите во 21-та минута и израмни на 1-1, сигурно не му било сеедно. Многу корисници на социјалните мрежи се пошегуваа дека човекот што ...
Сините бранови, како што е прекарот на фудбалската репрезентација на Курасао, за неговите 155.000 жители веќе е светски првак, иако денеска претрпеа тежок пораз од Германија од 1-7. Најмалата држава која некогаш учествувала на Светско првенство, на дебито на Мундијалите даде гол против четирикратниот и со тоа ги шокираше сите, испишувајќи историја. Затоа за нив, резултатот е позитивен. Во 60-тата минута од натпреварот кога на семафорот стоеше ...
Со седумте голови против Курасао вечерва, германската репрезентација го надмина Бразил по бројот на голови во историјата на Мундијалите. Германија досега на светските првенства постигнала вкупно 239 голови, а Бразил има 238. На трето место е Аргентина со 152. Во Топ 5 на вечната листа се и Франција со 136 и Италија со 128. Панцерите по четврти пат во историјата, а трети пат во 21-ви век, дадоа 7 или повеќе голови на еден меч. Со седумте ...
Селекцијата на Уругвај се соочува со проблем пред заминувањето во Мајами каде утревечер треба да играат против Саудиска Арабија. Уругвајците се заглавени во нивниот тренинг центар во Канкун бидејќи авионот што требаше да ги однесе во Мајами нема соодветна документација според американските прописи. Според уругвајските медиуми, ФИФА не успеала да ја комплетира потребната документација за да му дозволи на чартер летот со екипата на Марсело ...
Германија потсети дека не треба да биде потценета, сепак тие се четирикратен светски првак, а рутинската и убедлива победа од 7-1 над дебитантот Курасао покажа дека Панцерите имаат екстра квалитет и менталитет. Шест различни фудбалери се запишаа во листата на стрелци кај Германија (рекордот на Мндијалите е седум различни стрелци и го држи некогашна Југославија од 1974 година), а Каи Хаверц даде два гола. Курасао предводен од најстариот ...
Тетоважите одамна станаа заштитен знак на современите фудбалери, тешко е да се најде врвен играч (освен Кристијано Роналдо) кој нема барем некаков цртеж на своето тело. Сепак, додека навивачите гледаат естетика и стил во тоа, научниците решија да истражат – како мастилото под кожата влијае врз перформансите на теренот и однесувањето на фудбалерите за време на најголемите претстави како Светското првенство? Резултатите на истражувачите се ...
Германија очекувано води со 3-1 по првото полувреме на дуелот со малиот Курасао, држава која е дебитант на светските првенства. За Германија голови дадоа Нмеча, Шлотербек (двајцата од Борусија Дортмунд), а Нмеча го изнуди пеналот за 3-1 кој го реализираше Хаверц. Сепак, голот на Курасао е тој што шокираше и предизвика најголемо внимание. Ливано Комененсија кој има 22 години и игра за Цирих, даде историски гол за холандската колонија. Нивниот ...
Барса по 13-ти пат во последните 35 години е европски шампион во ракомет за мажи. Каталонците ја вратија титулата во своите витрини, победувајќи го Фуксе Берлин во финалето со 37-34. Каталонците имаа повеќе мака во полуфиналето со Алборг каде играа продолженија, отколку во финалето во кое во првото полувреме постигнаа 20 голови. Тимот од Берлин и лани беше поразен во финалето, тогаш од Магдебург. Фуксе не бил европску првак, и тоа неискуство ...
Луис Хамилтон има 106 победи во богатата Формула 1 кариера, но денешната му беше посебна, прва во болидот на Ферари, тим за кој вози од лани. Емоциите го совладаа Хамилтон, па тој се расплака додека ги слушаше химните. Овој триумф многу му значи, 41-годишниот Хамилтон стана седмиот најстар победник на Формула 1 трка во историјата, а интересно е дека и Михаел Шумахер првата победа за Ферари пред 30 години ја имаше истотака на Каталуња во ...
Марк Кукуреља се договорил да се пресели од Челзи во Реал Мадрид, објави познатиот новинар Фабрицио Романо, кој често објавува ексклузивни информации поврзани со преодниот рок. И Романо ова го најавува како изненадување и „бомба од нигде никаде“, бидејќи не се спомнуваше дека Реал е заинтересиран за левиот бек на шпанската репрезентација. Интерес за Кукуреља имаше од Барселона и Атлетико Мадрид, но како и во случајот со Бернардо Силва, Реал ...
Кевин де Бројне ја прифаќа својата улога како еден од највозрасните репрезентативци во селекцијата на Белгија, истакнувајќи дека чувствува оти може целосно да ужива во своето четврто и речиси сигурно последно Светско првенство. Во пресрет на првиот натпревар на Белгија во групата Г против Египет во понеделник, 34-годишниот играч за врска изјави дека искуството му овозможува целосно да ја сфати можноста што ја има. „Веројатно сум во период од ...
Англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд е на пат да ја промени својата одлука и да ја продолжи кариерата во Манчестер јунајтед. Ставот на крилниот напаѓач до неодамна беше цврст – дека повеќе нема да игра за „црвените ѓаволи“. Негова желба беше трајно да остане во Барселона, каде што настапуваше како позајмен играч во текот на минатата сезона, но каталонскиот клуб се откажа од можноста да ги откупи неговите права за 30 милиони евра. Интерес ...
Златан Ибрахимовиќ смета дека Ашраф Хакими требало да добие црвен картон за еден од стартовите врз Винисиус Жуниор на натпреварот меѓу Мароко и Бразил на Светското првенство, кој заврши без победник 1:1. Станува збор за ситуација од првото полувреме, кога дефанзивецот на ПСЖ остро стартуваше врз бразилскиот напаѓач. Според Ибрахимовиќ, судијата требало да покаже директен црвен картон поради опасноста на стартот. Vinicius clearly fouled by ...