Шкендија по победата во големото дерби над Вардар со 0-2 се насочува кон европските обврски и дуелот против Хибернијан во квалификациите за Конференциската лига. Иако екипата имаше набиена агенда и тешки натпревари, сепак, тренерот на тетовските „црвено-црни“, Артим Положани, очекува победа и пласман во плеј-офот. „Беше тешка недела за нас. Имавме тежок натпревар во Шкотска, па моравме да се вратиме во Скопје и да играме против Вардар. ...
Шкендија по поразот од 2-1 на гостувањето кај Хибернијан на реваншот ќе брка пласман во плеј-офот за Конференциската лига на УЕФА на домашен терен, но во Скопје. На денешната прес-конференција освен тренерот Артим Положани своите очекувања ги изнесе и Александар Трумчи. „Атмосферата во тимот е позитивна. Природно по дербито со Вардар енергијата во тимот е поинаква. Успеавме да доминираме и да победиме, па поради тоа сме во добар моментум пред ...

