Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Ханси Флик донел одлука Барселона до крајот на преодниот рок да се обиде да доведе уште еден централен дефанзивец. Каталонците во моментов се фокусирани на трансферот на Хулијан Алварес, но доколку не успеат да го реализираат договорот, ќе мора да разгледуваат и други опции. Во меѓувреме, Флик сака дополнително да ја засили одбраната. Според „Спорт“, меѓу имињата кои одговараат на профилот што го бара Барселона е Емерик Лапорт од Атлетик ...
Шахтер Доњецк ќе ги игра своите домашни натпревари во Лигата на шампионите во новата сезона на стадионот „Стемфорд Бриџ“ во Лондон, соопшти Челзи. Раководствата на двата клуба постигнале договор, но украинскиот тим допрва треба да добие дозвола од надлежните регулаторни тела. „Со оглед на тоа што Челзи не се пласираше во европските натпреварувања, среќни сме што можеме да му овозможиме на Шахтер да игра во Лондон“, соопштија од англискиот ...
Сагата околу иднината на Хулијан Алварес продолжува. Аргентинскиот напаѓач сака трансфер во Барселона, но Атлетико Мадрид не сака да го продаде на директен конкурент. Мадридскиот клуб дури прифатил понуда од Арсенал, но Алварес не сака трансфер во Лондон. Неговата желба е јасна – Барселона. Во меѓувреме, се појавија информации дека неговиот поранешен соиграч, Антоан Гризман, го контактирал и го советувал да не направи грешка каква што ...
Манчестер јунајтед го договори трансферот на Карлос Балеба, кој ќе стане најголемото засилување на клубот во актуелниот преоден рок. Камерунецот пристигнува на „Олд Трафорд“ од Брајтон во трансфер вреден 76 милиони евра фиксна отштета, додека дополнителни 5,8 милиони евра се предвидени преку бонуси. Така, вкупната вредност на зделката може да надмине 81 милион евра. 🚨🔴 Understand Carlos Baleba to Man United deal fee will be £65m plus £5m ...
Олимпик Марсеј со убедлив триумф ја стартуваше новата сезона во француската Лига 1. Пред своите навивачи на „Велодром“, тимот на Бруно Женесио го декласираше Стразбур со 4-0. По првите 45 минути мрежите мируваа, но во продолжението Марсеј направи вистински удар. Амин Гуири блесна во само една минута и со два брзи гола го доведе својот тим во комотна предност и практично го реши победникот. Задачата на гостите дополнително се усложни откако ...
Ракометарите на Охрид ќе имаат можност да го бранат трофејот на меморијалниот турнир „Крсте Андоноски“, откако по неверојатна завршница одиграа 30-30 против Загреб во решавачкиот натпревар од групната фаза. Средбата донесе вистинска драма до последните секунди. Загрепчани имаа предност од три гола на само пет минути до крајот и беа на чекор до пласман во финалето, но Охрид уште еднаш покажа карактер. Избраниците на Ројевиќ во финишот ...
Арсенал со сигурна победа ја отвори новата сезона во Премиер лигата. Актуелниот шампион на „Емирејтс“ славеше со убедливи 3-0 против новиот премиерлигаш Ковентри и уште на стартот покажа дека има сериозни амбиции и во новата сезона. Топчиите од првата минута ја презедоа контролата врз играта, а доминацијата ја крунисаа во 15-тата минута. Каи Хаверц одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и го отвори резултатот. Арсенал продолжи да ...
Англискиот играч за врска, Кертис Џонс, во иднина ќе го носи дресот на италијанскиот гигант Интер. 25-годишниот фудбалер стави потпис на долгорочен договор кој го обврзува на верност кон Нераѕурите до летото 2031 година. Џонс го помина целосниот фудбалски развој на „Енфилд“, каде што преку младинските категории стигна до првиот тим и стана важна алка во составот на Црвените. За Ливерпул забележа вкупно 228 настапи во сите синергии и успеа 22 ...
Кралската шпанска фудбалска федерација официјално започна преговори за продолжување на договорот со селекторот Луис де ла Фуенте, откако тој ја предводеше Црвената фурија до втората светска титула во историјата на земјата. 65-годишниот стратег во моментов има договор до 2028 година, но челниците на шпанскиот фудбал сакаат да ја продолжат соработката и за Светското првенство во 2030 година. На тој Мундијал Шпанија ќе биде еден од домаќините, ...
Директорот на Атлетико Мадрид, Мигел Анхел Хил, дефинитивно стави точка на шпекулациите за можниот трансфер на аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварес во Барселона. Хил порача дека прашањето околу иднината на Аргентинецот е затворено уште пред повеќе од еден месец и дека Алварес останува важен дел од проектот на мадридскиот клуб. „Атлетико Мадрид, како и сите големи клубови, се гради со големи фудбалери, а за мене е јасно дека Хулијан е еден од ...
Брегалница се врати на победничките патеки во Првата македонска фудбалска лига, откако на домашен терен во Штип со убедливи 3-0 го совлада Башкими во натпреварот од четвртото коло. Штипјани одиграа сигурен натпревар и заслужено стигнаа до вториот триумф сезонава. За Башкими, пак, ова беше четврти пораз во исто толку натпревари, па тимот и понатаму е без освоен бод. Брегалница од самиот почеток ја презеде иницијативата и го притисна ...
Ал-Наср стигна до втората победа во новата сезона во саудиската Про лига, откако на гостувањето кај Ал-Ријад славеше со убедливи 0-4. Кристијано Роналдо го одигра својот прв натпревар сезонава и веднаш се запиша во листата на стрелци. Португалецот го постигна четвртиот гол за својот тим во 83-та минута и го постави конечниот резултат. Ал-Наср уште во првото полувреме ја најави убедливата победа. Ал Амри и Анџело погодија за комотно водство од ...
Реал Мадрид утревечер ќе гостува во Барселона на Еспањол во првиот меч од новата сезона во шпанското првенство. На овој дуел, официјално враќање на клупата на Кралевите ќе има Жозе Мурињо. Португалскиот стратег по пауза од 13 години повторно седна на клупата на Реал. Мурињо потенцираше дека едвај чека да започнат возбудувањата во првенството. „Се заморив од пријателски натпревари, сакам да започне она вистинското, натпреварувачкиот дел. Никој ...
Езри Конса е нов играч на Арсенал. Актуелниот англиски шампион официјално го потврди доаѓањето на англискиот репрезентативен стопер од Астон Вила, а Конса потпиша четиригодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона. Арсенал на Астон Вила загарантирано ќе ѝ плати околу 59,6 милиони евра, додека со бонусите обесштетувањето може да достигне приближно 64,2 милиони евра. Конса по успешно поминатите лекарски прегледи го комплетираше ...
Скопје и Тиквеш одиграа 1-1 во дуелот од четвртото коло од Првата македонска фудбалска лига, па двете екипи ги поделија бодовите. Кавадарчани подобро го отворија натпреварот и уште од самиот почеток го притиснаа голот на домаќините. Н’Фанли Сила пропушти добра можност да донесе предност за Тиквеш, а потоа се закани и Окере Виздом, но неговиот удар беше лесен плен за Наумовски. Скопје постепено воспостави рамнотежа на теренот, а во 34-та ...
Еден од најголемите таленти што ги има македонскиот фудбал, Дитмир Хоџа од денеска и официјално е промовиран во нов фудбалер на англискиот премиерлигаш Лидс. Хоџа веќе неколку дена е во Лидс, каде ги помина лекарските прегледи и потпиша четиригодишен договор. Хоџа во првиот период ќе настапува за тимот на Лидс јунајтед до 21 година, а ќе има можност да се наметне и кај менаџерот Даниел Фарке во сениорскиот погон на премиерлигашот. ...
ФИФА ги изрече санкциите за инцидентот што се случи по завршувањето на финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија. Најтешка казна доби Леандро Паредес, кој е суспендиран на 10 натпревари поради своето учество во пресметката со шпанските фудбалери. Аргентинецот ќе мора да плати и 90.000 долари. Нахуел Молина доби суспензија од седум натпревари, како и парична казна од 90.000 долари. Помошникот тренер на Аргентина, Роберто Ајала, ...
Ливерпул испрати конкретна понуда за Јанкуба Минтех, но Брајтон веднаш одговори негативно. Клубот од „Енфилд“ понудил 58 милиони евра за 22-годишниот репрезентативец на Гамбија, но Брајтон ја одбил понудата. Минтех е еден од интересните млади офанзивци во англискиот фудбал. Кариерата ја започна во Гамбија, а потоа играше во Данска за Оденсе, пред да премине во Њукасл. Откако не доби вистинска шанса во првиот тим, беше испратен на позајмица во ...
Во голема полициска акција во Португалија бил уапсен некогашниот српски фудбалер Урош Милошевиќ. Кај Урошевиќ било пронајдено огромно количество кокаин. Полицијата го сопрела комбето кое го возел Урошевиќ, а по направената контрола, било пронајдено дрога, и тоа дури 1,5 тон кокаин. Како што пишуваат португалските медиуми, освен дрогата, во комбето биле пронајдени и две парчиња оружје кое било спремно да се употреби. Според проценките, ...
Пред шест години Јувентус го доведе Артур Мело верувајќи дека добиваат фудбалер кој во следните неколку години ќе биде главен на теренот за Старата дама. Италијанскиот гигант плати неверојатни 80,6 милиони евра за да го доведе играчот за кого многумина прогнозираа дека ќе има одлична кариера и дека ќе биде еден од најдобрите играчи за врска. Сепак, сега факт е дека не било така, а Јувентус конечно успеа да се „ослободи“ од Мело. Тимот од ...
Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојниот августовски ФИБА „прозорец“, со кој ќе започне втората рунда од претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година. Според календарот на натпреварување, нашата најдобра селекција во овој циклус ќе одигра еден натпревар. Македонија ќе гостува кај Австрија на 30 август во Виена, во ...
Најголемото засилување за Реал Мадрид ова лето е Јан Диоманде. Тој стана најскап фудбалер во историјата на Реал Мадрид откако за сума од 125 милиони евра пристигна од германскиот Лајпциг. Трансферот може да донесе и дополнителни 15 евра за Лајпциг, зависно од резултатите и дали ќе бидат исполнети бонусите. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска даде интервју за SportyTV во кое зборуваше за тоа како дошло до неговиот трансфер, каков ...
Неверојатниот и сосема неочекуван трансфер на Доминик Ливаковиќ во Барселона и официјално е комплетиран. Хрватскиот голман беше „прецртан“ во Фенербахче и се очекуваше летово да се врати во неговиот матичен клуб Динамо Загреб. Сепак, на крајот, целата оваа трансфер сага доби неочекуван пресврт. Експертот за трансфери, новинарот Фабрицио Романо објави дека Ливаковиќ е нов играч на Барселона. Според Романо, каталонскиот гигант ќе плати два ...
Лионел Меси го постигна првиот гол за Интер Мајами по смртта на неговиот татко и тоа на дуелот против Филаделфија кој заврши 2:2. Освен што даде гол, Меси на овој меч направил е еден непромислен потег поради кој сега е под истрага од страна на Дисциплинската комисија на МЛС. Иако судијата не видел, камерите го забележаа Меси како го удира противничкиот играч Квин Саливан. Двајцата фудбалери се на средината од теренот кога најпрво влегуваат во ...
Европската фудбалска федерација (УЕФА) заедно со челниците на КОНКАКАФ зоната започнале разговори за создавање заедничка Лига на нации. Во потенцијалното ново натпреварување може да учествуваат дури 96 репрезентации од Европа, Северна и Централна Америка, како и од Карибите. Според „Гардијан“, идејата е новото натпреварување да започне веќе во 2028 година, по Европското првенство. Форматот би бил сличен на постојниата Лиги на нации, со повеќе ...
Актуелниот англиски првак Арсенал ќе ја има честа вечерва од 21 часот на свој терен против Ковентри и официјално да го отвори новото првенство во Премиер лигата. Оваа сезона ќе биде специфична затоа што дури девет клуба влегуваат со нови тренери, па ќе биде интересно да се види кои екипи најбрзо ќе се вклопат во филозофијата на новите менаџери. Тренерски промени има и во дел од најголемите клубови, па така од Манчестер сити си замина ...
Иако Баерн Минхен и Хари Кејн тврдат дека продолжувањето на соработката е само формалност, ситуацијата ја следи еден од најбогатите клубови во светот – Ал-Хилал. Саудискиот клуб веќе контактирал со претставниците на Кејн и им го претставил својот амбициозен проект. Ал-Хилал е подготвен да му понуди на англискиот напаѓач една од најголемите финансиски понуди во историјата на фудбалот. Конкретната сума засега не е позната. Сепак, и покрај ...
Бразилската фудбалска легенда Роналдињо пристигна во Равена и стави почеток на едно од најнеочекуваните поглавја во неговата кариера. Шеснаесет години по заминувањето од италијанскиот фудбал, 46-годишниот Бразилец повторно се врати во Италија, овојпат како дел од проектот на Равена. Бразилска легенда не го крие задоволството од новиот предизвик. „Многу сум среќен што сум тука, со пријатели. Се надевам дека работите ќе се развиваат добро за ...
Елитниот европски фудбал се враќа на големата сцена, а тоа значи дека Бет билдерот повторно е вистинскиот избор со најголемите квоти во Македонија. Во набилданата понуда на Sport Life за петок може да најдете четири натпревари со осум опции и квоти кои достигнуваат и до 15.00. За дуелот од германскиот Куп помеѓу Ханза и Штутгарт има две опции со квоти од по 12.00, додека за мечот од француското првенство на Марсеј и Стразбур квотите се по ...
Џамал Мусијала нема да биде во составот на Баерн за утрешниот натпревар против Борусија Дортмунд во германскиот Суперкуп, пренесува „Марка“. Иако клубот сè уште нема официјално потврдено, Мусијала најверојатно ќе добие дополнителен одмор поради неодамнешните невролошки проблеми. Медицинскиот тим на Баерн не сака да ризикува по двата последователни инциденти на фудбалерот во пријателските натпревари против Лајпциг и Хајденхајм. Според ...