Потресни сцени го одбележаа натпреварот меѓу Фенербахче и Коњаспор, на кој настапи и македонскиот репрезентативец Енис Барди. Иако Фенербахче во финишот имаше убедлива предност од 4-1, резултатот падна во втор план по страшниот момент со Керем Актуркоглу. Напаѓачот на домаќините по еден воздушен дуел падна на теренот и остана неподвижен. Играчите на двата тима веднаш реагираа и побараа медицинскиот тим што побрзо да пристигне на теренот. ...

Наполи со победа ја отвори сезоната во Серија А, откако вечерва на гостувањето кај Џенова славеше со 0-2. Домашниот тим долго време успешно се бранеше и им создаваше проблеми на гостите, кои и покрај иницијативата не успеваа да пронајдат начин да го скршат отпорот на Џенова. Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без голови, на сцена стапи Кевин Де Бројне. Белгискиот мајстор во 82-та минута ја затресе мрежата и го донесе Наполи во водство ...

Баерн Минхен е освојувач нa Суперкупот на Германија, кој го носи името „Франц Бекенбауер“, откако славеше над Борусија Дортмунд со 1-2 на „Сигнал Идуна Парк“. Баварците подобро го отворија натпреварот и стигнаа до предност во 28-та минута. Браун го совлада домашниот голман за 0-1 и го донесе Баерн во водство. Борусија Дортмунд успеа да ја затресе мрежата и да израмни, но радоста на домашните беше краткотрајна. По интервенција на ВАР, ...

ГРК Охрид повторно е победник на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“. Охриѓани во финалето го совладаа Вардар со 29-27 и по вторпат во само една недела славеа против големиот ривал. Откако триумфираа над Вардар и во финалето на турнирот во Струга, ракометарите на Охрид повторно беа подобри во директниот дуел и ја одбранија титулата на домашниот турнир. Финалето долго време беше неизвесно. Во поголемиот дел од првото полувреме се играше ...

Валенсија и Селта одиграа без голови на „Местаља“ во натпреварот од второто коло во шпанската Ла Лига. Средбата не понуди премногу возбудувања, а двете екипи тешко создаваа сериозни шанси пред противничкиот гол. Со оглед на прикажаното, и Валенсија и Селта можат да бидат задоволни што сезоната ја започнаа со освоен бод. Од друга страна, и македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски може да биде задоволен затоа што ја сочува својата ...

Фудбалскиот свет е во шок по трагичната смрт на 25-годишниот Кевин Кастро, кој почина откако колабираше за време на пријателски натпревар во Португалија. Кастро настапуваше за Реал Спорт Клубе против Естрела Амадора, но само десет минути по почетокот на натпреварот ненадејно се срушил на теренот. Медицинските екипи веднаш пристигнале и започнале со реанимација, при што бил употребен и дефибрилатор. И покрај напорите на лекарите, Кастро итно ...

Тотенхем со убедлив пораз ја започна новата сезона во Премиер лигата. Лондонскиот тим загуби со 3-0 на гостувањето кај Брентфорд, кој одигра одличен натпревар и заслужено стигна до трите бода. Домаќинот го отвори резултатот во 12-тата минута преку Кин Луис-Потер, а предноста беше удвоена во 33-тата минута. Витали Јанелт најдобро реагираше по одбиената топка во шеснаесетникот и погоди за 2-0. Тотенхем имаше свои моменти во продолжението, но ...

Интер со убедлива победа ја започна новата сезона во Серија А. Актуелниот италијански шампион на гостувањето кај Монца славеше со 4-1 и на најдобар можен начин тргна во одбрана на титулата. Нераѕурите одлично го отворија натпреварот и поведоа уште во шестата минута. Хакан Чалханоглу постигна фантастичен погодок за 1-0 и му донесе предност на својот тим. Монца не се предаде и во 29-тата минута успеа да израмни. Варела ја затресе мрежата за ...

Германскиот репрезентативец Леон Горецка лето стана слободен агент откако му истече договорот со Баерн Минхен, чиј дрес го носеше последните осум години. Играчот за врска не успеа да најде заеднички јазик со раководството на Баерн и по осум години верност кон најтрофејниот германски клуб, сега си заминува и тоа како слободен фудбалер. Како што потврдува експертот за трансфери Фабрицио Романо, Горецка наскоро ќе потпише договор со Астон Вила. ...

Челзи го обезбеди Жоао Педро на долг рок, откако бразилскиот напаѓач денеска потпиша нов договор со лондонскиот клуб кој ќе трае до 2034 година. „Многу сум среќен што потпишав нов договор со Челзи. Отсекогаш сонував да играм за голем клуб и многу ми значи што долгорочно се обврзав кон овој тим“, изјави Педро за официјалниот клупски сајт. Бразилецот е оптимист пред новата сезона и верува дека Челзи има квалитет да се бори за највисоките цели. ...

Атлетик Билбао доживеа непријатен старт пред своите навивачи во новата сезона во Ла Лига, откако на „Сан Мамеш“ беше поразен од Севиља со 1-3. Домашниот состав остана со играч помалку уште во 11-тата минута. Берчиче доби директен црвен картон поради прекршок, а Севиља експресно ја искористи бројната предност. Само четири минути подоцна гостите поведоа, но за голот голема одговорност имаше голманот на Атлетик, Унаи Симон. Шпанскиот ...

Пелистер не успеа да стигне до првата победа и во второто коло од новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Зелено-белите по ремито со Камјани во првото коло, освоија само бод и во Кавадарци каде беа домаќини против Брера. Натпреварот заврши без голови. Битолчани имаа повеќе од играта и создадоа неколку добри можности, но реализацијата повторно беше најголемиот проблем. Брера, пак, одлично се бранеше и успеа да остане непоразена, ...

Арсими продолжува со одличниот старт на сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Тимот од Чегране ја запиша втората победа во низа, откако на гостувањето кај Шкендија Арачиново на „Чаир“ славеше со 0-2. По триумфот над Башкими во претходното коло, Арсими повторно се радуваше на трите бода, а главниот херој беше резервистот Каба Јакупи. Напаѓачот влезе во второто полувреме и со два погодоци го реши натпреварот. Двете екипи имаа свои ...

Славниот кошаркарски стратег Светислав Пешиќ испрати специјална порака во чест за големиот јубилеј, 80 години од формирањето на кошаркарскиот клуб Работнички. Некогашниот српски селектор во видео обраќањето откри досега помалку познат детал од својата играчка кариера. Малку фалело Пешиќ да го облече дресот на Работнички. Кој друг ако не Лазар Лечиќ бил конекцијата со Работнички. Лечиќ го повикал Пешиќ да дојде во Скопје и му дал понуда, но ...

Елиф Елмас започнува нов предизвик во италијанската Серија А. Македонскиот репрезентативец денеска беше промовиран како нов играч на Аталанта од Бергамо, каде до крајот на сезоната ќе игра како позајмен играч од германски Лајпциг. Елмас на промоцијата го облече дресот со бројот 99, а ја упати и првата порака до фановите на Аталанта. „Здраво навивачи на Аталанта. Јас сум Елиф Елмас и сум многу среќен што сум тука. Едвај чекам да ве видам на ...

Манчестер јунајтед неславно ја започна новата сезона во Премиер лигата, откако со 2:0 загуби на гости кај Хал. Англискиот гигант беше фаворит пред мечот, но Хал кој по пауза од седум години повторно е дел од Премиер лигата, одигра одличен меч и на крајот ги освои трите бода. Како еден од виновниците за поразот на Манчестер јунајтед се посочува Хари Мегваер. Централниот дефанзивец немаше добра координација во моментите кога Хал го постигнуваше ...

Британскиот премиер Енди Барнам предложил Светското првенство во 2042 година да се одржи во Обединетото Кралство, пишува „Тајмс“. Барнам ја презентирал својата идеја на состанок на градоначалниците на градовите што се одржа во новата канцеларија на премиерот во Манчестер. Според извештаите, премиерот е во преговори со Фудбалската асоцијација и Англиската Премиер лига за можноста за поднесување кандидатура за домаќин на турнирот. „Тајмс“ ...

Екипата на Хал сити имаше враќање од Премиер лигата како што само можеше да посака. Речиси една деценија Хал чекаше да одигра меч од елитното англиско друштво и тоа сега го направи на перфектен начин. На свој терен, Хал со 2:0 го победи Манчестер јунајтед во првото коло од новата сезона. Уште во првото полувреме Хал најави дека ќе испише историја, односно за прв пат ќе слави над Манчестер јунајтед во Премиер лигата. Во претходните 10 нивни ...

Барселона доби важна вест пред првиот првенствен натпревар во новата сезона. Ла Лига официјално ги регистрира трансферите на Родри, Карим Адејеми и Ентони Гордон, како и новиот договор на Андреас Кристенсен. Така, сите четворица фудбалери веќе се на располагање на тренерот Ханси Флик за неделниот натпревар против Елче. Барселона во второто коло од Ла Лига ќе го пречека Елче на 23 август, а Флик сега може да смета и на дел од звучните ...

Реал Мадирд походот кон титулата во шпанското првенство ја започнува на гости во Барселона кај Еспањол. Кралевите ја имаат фаворитската улога. Дополнителен мотив за играчите ќе биде да му покажат на новиот тренер Жозе Мурињо дека имаат сила и квалитет да бидат на врвот. Кога играат овие два клуба, традицијата вели дека на последните 24 меѓусебни пресметки немало нерешен резултат. Реал е убедливо подобар со дури 21 победа, додека Еспањол се ...

Нашиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, и следнава сезона ќе игра во италијанската Серија А. Искусниот 26-годишен офанзивен играч денеска ги потпиша документите за позајмица во екипата на Аталанта. Калчолигашот од Бергамо се договори со германски Лајпциг за позајмица од една година, со опција за целосен откуп на договорот на Елмас, по завршување на сезоната. Welcome to Bergamo, Eljif 🇲🇰🖤💙 🔗 https://t.co/x0zKCtpjzY ...

Валдхоф од Манхајм и Кајзерслаутерн се оддалечени само околу шеесет километри, но припаѓаат на различни покраини, различни навивачки идентитети и различни фудбалски светови. Кајзерслаутерн е четирикратен германски шампион и дел од културната елита на германскиот фудбал, додека Валдхоф е градски клуб од работничката класа, со изразено чувство дека германскиот фудбал никогаш не го сфатил сериозно. Корените на современото непријателство меѓу ...

Сагата околу иднината на Хулиан Алварес добива нова димензија, откако неговиот агент Фернандо Идалго објави порака која се толкува како одговор на раководството на Атлетико Мадрид. Генералниот директор на клубот, Мигел Анхел Хил, неодамна изјави дека Алварес во последните месеци „не добивал најдобри совети“ за својата кариера. Агентот на Аргентинецот возврати преку социјалните мрежи со јасна порака: „Никогаш не прашувај лажго зошто лажел. За ...

Лионел Меси е казнет со парична глоба поради инцидент на натпреварот меѓу Интер Мајами и Филаделфија, кој заврши 2-2. Во второто полувреме дојде до конфронтација меѓу аргентинската ѕвезда и Квин Саливан. Капитенот на Интер Мајами го удрил противникот со отворена дланка во пределот на тилот, по што двајцата застанале лице в лице. Меси сепак нема да биде суспендиран, па ќе може да настапи на следниот натпревар на Интер Мајами против Торонто. ...

Микел Артета е задоволен од одличниот старт на Арсенал во новата сезона и со нетрпение ја очекува паузата за дополнителна работа со екипата. „Топчиите“ најпрво го совладаа Манчестер сити со 3-0 во Комјунити шилд, а потоа со идентичен резултат славеа и против Ковентри на „Емирати“. Артета особено е задоволен од дисциплината и начинот на кој тимот функционира, иако дел од фудбалерите доцна се приклучија поради Светското првенство, а новите ...

1882 Борусија Дортмунд – Баерн Минхен (20:30) Борусија Дортмунд и Баерн Минхен ќе водат битка за првиот трофеј во Германија оваа сезона, оној од Супер купот. Јасно е дека „баварците“ ја имаат фаворитската улога и сигурно нема да си дозволат неочекуван старт на сезона. Предлог тип: 2 & ГГ (2.55) 3002 Интер – Монца (18:30) Одбраната на титулата за Интер започнува со домашен меч против Монца, а се освен победа на шампионот на Италија ќе ...

Она што во никој случај не смее да се пропушти оваа сабота е Бонус типот на Sport Life со специјално зголемени квоти за натпреварите од најквалитетните европски фудбалски лиги. Квотата за трите меча од италијанската Серија А е 17.5, а за да биде добитна потребно е на сите натпревари да има еден или два гол во првото полувреме, но и еден до три во второто. Предноста на Бонус типот е што на овој начин добивате за 20 проценти повисока квота ...

Врвниот европски фудбалер секогаш е поинтересен и повозбудлив со најголемите квоти во Македонија, оние од Бет билдерот на Sport Life. За сабота има осум опции со квоти кои достигнуваат и до 40.00. Манчестер јунајтед на стартот од новата сезона во Премиер лигата му гостува на Хал, а двете опции за овој меч имаат квоти од 20.00 и 30.00. Интер одбраната на титулата за започнува со домашен меч против Монца, но и со Бет билдер опции од 20.00 и ...

Саботниот Супер тип на Sport Life нуди зголемени квоти за врвниот европски фудбал, кој по Светското првенство се враќа на големата сцена. Меѓу 16-те натпревари може да се најдат зголемени квоти за победите на Манчестер јунајтед, Евертон, Атлетик Билбао, Комо, Баерн Минхен, Наполи и Реал Мадрид, но не само за конечен тип, туку и за игрите на голови, тимовите, како и за комбинација од конечен тип и голови. Првиот натпревар започнува во 12:15 ...

Пет меча со вкупна квота од 41.5 се дел од понудата на Sport Life со Квотите на денот. Поединечно квотите се движат помеѓу 1.90 и 2.20. На мечот помеѓу Хал и Манчестер јунајтед се очекуваат голови во двете мрежи, а квотата од 2.15 ќе биде добитна ако има и барем еден гол во второто полувреме. Голови во двете полувремења се очекуваат на дуелот помеѓу Интер и Монца, а за да биде добитна квотата од 2.20 потребно е нив да ги има еден или два во ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35