Италијанскиот фудбалер Џовани Падовани (28) е осуден на доживотен затвор затоа што до смрт ја претепал својата поранешна девојка Алесандра Матеци. Злосторството се случило една недела откако бил пријавен за следење, а несреќната жена ја претепал со чекан пред нејзината куќа на 23 август 2022 година, пишува Дејли Мејл. Падовани (28), кој играше за нисколигашот Санкаталдес како стопер, беше осуден во понеделникот, а деталите за убиството кои се ...

Кеба Кебел Сусо е нов играч на ФК Вардар. 26 годишниот напаѓач од Гамбија доаѓа од екипата на Јадран Декани од Словенија каде постигна 7 голови на 12 натпревари, а во досегашниот тек на кариерата настапувал и за екипите на Атард и Викторија Хотспурс на Малта. Воедно, нов играч на Вардар е и 25 годишниот интернационалец од Хрватска Михаел Бришки. Игра на позициите дефанизивен играч за врска и централен дефанизивен играч, потекнува од ...

Страшни вести стигнуваат од Индонезија каде фудбалер загина откако во саботата на натпревар го удри гром. Станува збор за Септајн Рахарја, кој играше за Субанг на пријателскиот натпревар против Бандунг во Западна Јава, а гром го удри додека се загреваше. Според извештаите на локалните медиуми, Рахарџа не починал на лице место, неговите соиграчи веднаш му пришле и виделе дека се уште дише, а иако итно бил пренесен во локалната болница, тој не ...

Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта тешко се справи со новиот кикс на неговиот тим, кој синоќа на домашен терен одигра нерешено со Гранада (3:3) и со тоа практично ја загуби секоја надеж за одбрана на шампионската титула. Уште еден неуспех на каталонскиот клуб го налути претседателот Лапорта кој направи хаос во ложата на стадионот. Имено, првиот човек на Барселона целосно ги загуби нервите и фрлаше се пред себе. 🚨Joan Laporta was very angry ...

Поранешниот селектор на германската репрезентација и Баерн Минхен Ханс Дитер Флик наскоро може да ја предводи Барселона. Според новинарот и инсајдер Алфредо Мартинез, специјалистот веќе почнал да се подготвува за работа во каталонскиот клуб. Го учи јазикот и бара помошници кои ќе му помагаат во Барселона. Претходно се дозна дека Чави ќе ја напушти функцијата во Барселона на крајот од сезоната. Во септември 2023 година, Флик го напушти ...

Во средбата од 24. коло на англискиот фудбалски шампионат, Манчестер Јунајтед на гости ја победи Астон Вила со 2:1. Јунајтед поведе во 17. минута со голот на Расмус Хојлунд, израмни Даглас Луиз во 67. минута, а Скот Мектоминај погоди во 86. за победа на „црвените ѓаволи“. Тоа беше трета последователна првенствена победа за Јунајтед, а четврти меч во низа без пораз. Јунајтед моментално е шести на табелата и сега ја намали разликата од ...

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со убедлива победа во два сета на Холанѓанката Маделиеф Хагеман го почна ИТФ фјучрс турнирот во Анталија кој се игра за награден фонд од 25.000 долари. Ова беше прв меч за Македонката по квалификациите на Австралија опен. Ѓорческа која е трета носителка на турнирот во Анталија, во второто коло ќе игра со победничката од мечот меѓу Унгарката Амариса Киара Тот и Владислава Андреевскаја од Казахстан. ...

Единаесет години откако се пресели од Сантос во Барселона во „блокбастер“ трансфер, за кој тогашниот претседател на клубот Сандро Росељ мораше да оди на суд, и го започна своето искачување кон ѕвездите на светскиот фудбал, Нејмар Јуниор (32) повторно можеше да игра во белиот дрес на бразилскиот клуб. Гледајќи како се бори со најтешката повреда во кариерата со застрашувачки вишок килограми, претседателот на Сантос, Марсело Тешеира реши да му ...

Фудбалскиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти и овојпат на прес-конференцијата не сакаше многу да зборува за Килијан Мбапе. Новинарите инсистираат стратегот на Реал да каже нешто ново за најавеното доаѓање на Килијан Ембапе во Мадрид, сепак, Италијанецот е резервиран, политички коректен, како што треба. Сепак, се чини дека малку претера во вчерашната изјава бидејќи не беше баш реален. Јасно е дека секој тренер високо ги цени своите играчи, ...

Легендарниот Златан Ибрахимовиќ синоќа го означи почетокот на 74-от италијански фестивал Канзоне Санремо кога на сцената се појави во ритамот на познатиот хит Лепа Брена. Самиот изглед на светски популарниот фудбалер предизвика големо внимание, а во позадина се слушаше музиката од песната на Брена „Луда за тобом“. Инаку, ова не е првпат Ибра да гостува во Санремо, бидејќи првпат се појави пред три години, а потоа на сцената се појави во ритовите ...

Англискиот 75-годишен стратег Ник Ворнок го нарече Бојан Миовски најдобриот напаѓач во неговата тренерска кариера, откако македонскиот репрезентативец со два гола во саботниот дуел против Бонириг Роуз дојде сезонава до бројката од 22 погодоци и го однесе Абердин во четвртфиналето во шкотскиот Куп. Комплиментите за Миовски доаѓаат од еден од најискусните англиски тренери кој зад себе има над 1.600 натпревари во елитната англиска лига како ...

Ден по поразот од Баер Леверкузен, германските медиуми пишуваат за засилувањата на Баерн Минхен следното лето. „Скај Спортс“ истакнува дека Томас Тухел ќе направи се за да го доведе Роналд Араухо на лето и ќе му предложи на раководството на Баерн во замена да го понуди Матијас де Лихт. Холанѓанецот ја загуби довербата на Томас Тухел, кој повеќе им верува на Упамекан и Ким, па дури и на Диер, кој вчера доби шанса пред скитничкиот Де Лихт. Не е ...

Фудбалерите на Јужна Африка го освоија третото место на Купот на африканските нации, совладувајќи го синоќа ДР Конго во натпреварот за бронзениот медал во Абиџан со 6-5 на пенали. Малото финале заврши без голови во регуларниот дел, а првиот изведувач од белата точка во редовите на ЈАР, Мокоена, ја погоди стативата. Почетната предност ДР Конго ја задржа сè до петтата серија кога Мбемба имаше можност со реализација од белата точка да го обезбеди ...

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид денеска ја потврди повредата на Џуд Белингем. Англичанецот го напушти теренот во победата над Жирона, откако постигна два гола, откако заработи повреда на скочниот зглоб. По денешните прегледи е утврдено дека повредата не е безопасна, а Белингем ќе отсуствува две до три недели. Тоа значи дека Белингем ќе го пропушти гостувањето кај РБ Лајпциг во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, како и ...

Кристијано Роналдо тотално полуде. По поразот од Ал Хилал од 2:о на патот кон соблекувалните, некој од публиката фрли шал на Ал Хилал кон Роналдо. Тој го подигна од земја и ги избриша гениталиите со него. Cristiano Ronaldo rubbing an Al Hilal scarf against his crotch after the Riyadh Cup defeat is so unprofessional Can't be my Goat pic.twitter.com/PdMaGZOtSg — New Sheriff⚓ (@NewsheriffUtd) February 9, 2024 Но, тоа не е се. Веќе за време на ...

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски во првата реакција на вечерашната жрепка за групната фаза во Лигата на нации рече дека целта на „црвено – жолтите“ е да го освојат првото место во групата Ц 4 во конкуренција на Ерменија, Фарски Острови и Латвија. „Ако во претходните циклуси бевме во групи кои реално сакавме да ги избегнеме, овој пат тоа не е случај. Секој противник носи различен пристап, но не бегаме од ...

Попладнево се одржа жрепка за Лигата на нации. Македонија е во Лига Ц, а се најде во Групата Ц4. За противници ќе ги има селекциите на Ерменија, Фарски Острови и Летонија. Ова се секако противници по мерка и се освен прво место во групата би претспавувало големо разочарување. Воведното коло ќе се игра на почетокот на септември, а завршното во ноември. Четвртфиналните дуели се на програмата од 20 до 25 март, а завршниот турнир од 4 до 8 јуни 2025 ...

Навивачите на баскискиот кошаркарски клуб Басконија скандираа „да живее слободна Палестина“ и развиорија десетици палестински знамиња на натпреварот на домашен терен во Евролигата против израелски Макаби одигран изминатата вечер. Домашните навивачи за време на натпреварот извикуваа и „геноциден Израел“, противејќи се на израелските нападите во Појасот Газа во кои од ноември лани се убиени над 26.000 палестински цивили, во најголем број деца и ...

Изјава на капитенот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски за бараж мечот против Фарски Острови за пласман на Светското првенство 2025 година. -Добивме еден од помалку посакуваните противници во баражот. И покрај ова ние ќе влеземе како фаворити и тоа треба да го искористиме. Фарски Острови е селекција која е во подем, играат брз ракомет, има играчи кои играат во Бундес-лигата и нивната игра се темели на квалитетите на тие ...

Претседателот на францускиот фудбалски првак ПСЖ, Насер Ал – Келаифи, изјави денеска дека клубот ќе го напушти „Паркот на принцовите“ на кој ги игра своите домашни натпревари од 1974 година. Најавата доаѓа откако градските власти во Париз одбија да го продадат стадионот. „Со години се обидувавме да го купиме стадионот за сега од Градот да ни соопштат дека не е на продажба. Загубивме многу време во оваа приказна и таа сега за нас е завршена. ...

Нил Ворнок од пред неколку дена е назначен за нов тренер на Абердин, тим за кој настапува македонскиот напаѓач Бојан Миовски. Тој засега има одлична сезона, а како што вели новиот тренер, му предвидува до крајот дека ќе постигне 30 голови. Ворнок вели дека му е драго што во зимскиот преоден рок Миовски не бил продаден и покрај тоа што имало интерес за него. -Му кажав на Миовски, не сум видел играч како тебе ниту во Премиер лигата, не само во ...

Составот на групите за новата, четврта по ред, сезона во фудбалската Лига на нации ќе биде одреден утре со жрепка во Париз на маргините на 48. редовен Конгрес на УЕФА. Македонската фудбалска репрезентација во ланското издание на Лигата на нации остана во Ц-дивизијата, завршувајќи третопласирана во групата 4, зад Грузија и Бугарија, а пред Гибралтар. За утрешната жрепка во Париз закажана со почеток во 18 часот, македонскиот национален тим е во ...

Еден од новите спонзори на „Ферари“ – Перони Настро Азуро 0,0%, го издаде трансферот на векот во Формула 1 веќе во средата, но никој не го забележа. Веднаш по потпишувањето на договорот со „скудеријата“, производителот на пиво на својата веб-страница ги објави ставките што може да се добијат во неговата игра. Таму има мала црвена количка која го има бројот 44. Седумкратниот шампион Луис Хамилтон вози токму со оваа бројка. Неколку часа подоцна ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа победа во првото коло на ИТФ фјучрсот во Анталија, Турција. Таа денес ја совлада Маделиеф Хагеман од Холандијасо 2-0, во двата сета со по 6:2. Ѓорческа е рангирана како трета носителка на турнирот. Веќе утре, Македонката ќе настапи и во конкуренција на двојки заедно со Ева Ведерер од Холандија, а противнички им се јапонската двојка Козаки-Аикава. Ѓорческа и Ведерер се рангирани како втори ...

Тренерот на Барселона, Чави, нема да биде казнет затоа што зборуваше за судиски грешки по натпреварот од 23. коло на шпанското првенство против Алавес (3:1). По натпреварот Чави изјави дека исклучувањето на напаѓачот Витор Роке е уште една сериозна грешка на судиите. Тренерот неодамна изјави и дека Реал врши притисок врз судиите. „AS“ известува дека комитетот за натпреварување на Кралската фудбалска федерација на Шпанија (RFEF) не размислува да ...

Поранешниот играч на Црвена звезда и Војводина, Никола Петковиќ се огласи по нападот врз Немања Бјелица во игротека во Белград. –Се е лага“, кратко изјави за „Спортал“ и најави дека наскоро ќе излезе со соопштение. Тој во понеделникот беше сослушан во Првото основно јавно обвинителство и негираше дека му се заканувал на кошаркарот Немања Бјелица. Снимките од детската игротека во трговскиот центар Галерија ќе бидат предмет на истрага пред суд и ...

Саудиски Ал-Итихад не се откажува од трансферот на Мохамед Салах и е подготвен да му плати на Ливерпул дури 235 милиони евра за египетскиот напаѓач, објави „Атлетик“. 31-годишниот е под договор со англискиот гигант до следното лето, но се уште не е одлучен дали да го продолжи договорот и повторно се шпекулираа за негово заминување од „Енфилд“. Доколку случајно „црвените“ ја прифатат понудата на саудискиот клуб, тоа би бил најголемиот трансфер на ...

Трката за Големата награда на Јапонија на патеката Сузука ќе остане во календарот на Формула 1 најмалку до 2029 година, објавија денеска организаторите. Договорот што ја врзува Формула 1 со легендарната патека, една од омилените на возачите, требаше да истече во 2024 година, но денеска беше продолжен за уште пет години. „Сузука е дел од структурата на спортот, па јас сум воодушевен што ќе остане во Формула 1 најмалку до 2029 година“, изјави ...

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги е суспендиран на еден натпревар, па нема да биде на клупата на „нероаѕурите“ кога ќе гостуваат на Рома во 23. коло од Серија А. Инзаги мора да ја „одлежи“ суспензијата откако го доби петтиот жолт картон сезонава, што се случи во неделата кога Интер го победи Јувентус со 1-0. “Многу сум лут поради оваа одлука, мислам дека не заслужив картон. Тоа беше италијанско дерби, многу интензивно. За жал, ја напуштив мојата ...

Американскиот тим Интер Мајами во Азија се подготвува за стартот на новата сезона во МЛС, а главната ѕвезда на овој тим Лионел Меси отворено призна дека му е доста од оваа турнеја и сака да си оди дома. Интер најпрвин одигра два натпревари во Саудиска Арабија, каде беше поразен од Ал-Хилал со 4:3 и Ал-Наср со 6:0, а потоа тимот отпатува за Хонг Конг, каде го победи Ол-стар тимот на оваа земја со 4. : 1, а сега пристигнаа во Јапонија. Lionel ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1016
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
84%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1016
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1016
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
0.82
89%
1014
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
2.06
92%
1016
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
1.54
73%
1012
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
87%
1013
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
94%
1013
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
2.57
83%
1014
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 11ᴼ
1.34
75%
1014
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
5.66
82%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52