Англискиот бизнисмен Џим Ретклиф, купувањето на 27 отсто од акциите на Манчестер јунајтед, го смета за почеток кон враќањето на неговиот тим на победнички патеки. – Да се стане косопственик на Манчестер јунајтед е голема чест и голема одговорност. Ова не само што го означува комплетирањето на договорот, туку и почетокот на нашето патување да го вратиме Манчестер Јунајтед на врвот на англискиот, европскиот и светскиот фудбал со услови од светска ...

ПСВ и Борусија Дортмунд одиграа 1:1 во Ајндховен во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. Германците поведоа во 24. минута со убавиот гол на Дониел Мален, а ПСВ избегна пораз со голот на Луук Де Јонг во 56. минута од многу сомнителен пенал. Реваншот се игра за три недели во Дортмунд. ПСВ доста добро го отвори натпреварот и иако не успеа да создаде вистинска шанса, доминираше од првата минута. Првата шанса на мечот ...

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер ги засили своите редови со полскиот кружен напаѓач Матеуж Пиеховски. „Повремениот полски репрезентативец и ракометар со големо искуство низ европските лиги веќе е во Битола и му се става на располагање на стручниот штаб“, соопшти вечерва клубот. Дваесетиосумгодишниот Пиеховски кариерата ја почна во Висла, а потоа настапуваше за шпански Адемар Леон, руски Виктор Ставропол, германски Емшдетен и ...

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, ги повика своите играчи да го променат својот менталитет и да го зголемат фокусот со оглед на серијата од четири натпревари без победа на тимот. Тој воедно ги предупреди своите играчи дека се уште не е сигурен пласманот на „бјанконерите“ за следното издание на Лигата на шампионите. -Мораме брзо да се вратиме на она што бевме пред негативниот период, особено во однос на менталитетот и фокусот. Не треба ...

Интер го победи Атлетико Мадрид со 1:0 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите на Сан Сиро. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Марко Арнаутовиќ во 79. минута. Реваншот ќе се игра за две недели во Мадрид. Интер беше подобар во текот на целиот натпревар, создаде повеќе шанси и заслужено славеше. Интер влезе во натпреварот со намера да доминира и тоа успеа во првото полувреме. Атлетико најмногу се бранеше и не успеа ...

Милан е на прагот да објави распродажба на играчи, која ќе следи во текот на летото, а ова го објавува „Газета дело спорт“. Рафаел Леао е веќе подолго време на мета на ПСЖ, големо внимание привлекува и Тео Ернандез, се цени и голманот Мајк Манион, а би можеле да им се приклучат и Оливие Жиру и Симон Киер. Наводно сите овие би можеле да бидат продадени на лето. Неизвесно е дали Пиоли ќе остане тренер. Така, додека „Газето дело спорт“ ја најавува ...

Најбогатиот фудбалер на светот, Брунејанецот Фаик Болкиах, заработи тешка повреда која долго ќе го оддалечи од фудбалските терени. Внукот на султанот од Брунеи настапува за Рачабури во тајландската Премиер лига и тешко се повреди по дуелот со противничкиот фудбалер и итно беше префрлен во болница каде беше опериран. Болкиах (25) се повреди откако влезе како замена на полувремето против Полис Теро на стадионот Буњачинда. 🤕 Ratchaburi have issued ...

Утре во осминафиналето на Лигата на шампионите, лондонски Арсенал ќе му гостува на Порто во Португалија каде ќе ја има поддршката од своите навивачи. Навивачите на “Топџиите“ утринава патуваа со авион за да го посетат стадионот Драгао, а на истиот лет беше и легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд. Ова не можеше да помине без ситни провокации, а Фердинанд во еден момент реши да го искористи разгласот за да ги „пецне“ ...

Лионел Меси ја донираше осмата Златна топка на Музејот на Барселона. Аргентинецот ја доби оваа награда по 8-ми пат минатиот октомври како играч на Интер Мајами. Според новинарот Микел Бласкез, Меси му ја доделил наградата на музејот на Барселона покрај седумте „Златни топки“ на напаѓачот што веќе се складирани таму. Меси играше за Барселона од 2003 до 2021 година. Во 2016 година, во музејот на клубот беше отворен дел посветен на Аргентинецот. з ...

Наводно, тој потпишал петгодишен договор со мадридскиот клуб и станал најплатен играч на тимот со 20 милиони евра по сезона покрај бонуси и голем дел од парите од маркетиншки права. Во неделата англиските медиуми пишуваа дека Манчестер Сити ќе се вклучи во трката за Килијан Мбапе (25), чиј договор со ПСЖ завршува летово , но шпанска Марка пренесува дека веќе некое време – се е решено! Според неговите шпански колеги, францускиот напаѓач пред две ...

АНДРЕАС БРЕХМЕ, поранешен германски фудбалер и тренер, почина на 64-годишна возраст од срцев удар. Бреме беше важен член на генерацијата која на Германците им ја донесе титулата светски шампион во 1990 година во Италија. Токму тој го постигна пеналот за победа во финалето во Рим против Аргентина на Марадона. За Германија одигра 86 натпревари, а клучните голови ги постигна во полуфиналето на Светското првенство против Франција и Англија. Играше ...

Една од најубавите одбојкарки на светот Мариана Коста пред десет години позираше за познатиот магазин „Плејбој“, а сега жали за тоа. Вели дека тоа и ја попречило кариерата и дека не и се допаѓа прекарот. Себеси се гледа првенствено како одбојкарка, а физичкиот изглед и популарноста што ја стекнала поради него ги смета за деструкција. “Тоа е искуство за кое се каам, но тоа е готово. Не се гледам себеси како муза туку како спортист. Затоа не сакам ...

Реал Мадрид втор пат сезонава не успеава да го совлада Рајо Валјекано, овој пат како гости одиграа 1:1. Хоселу во 3-та минута му донесе предност на Реал, а израмни во 27-та Де Томас. Двата погодоци „паднаа“ во првото полувреме, а еден од виновниците за овој резултат е нашиот Столе Димитриевски кој имаше неколку добри интервенции. Одбрани шут на Хосели од непосредна близина, а и со супер парада го спречи Тони Крос да погоди од слободен удар. ...

Шкупи е нов лидер во домашниот фудбалски шампионат, откако денеска ја победи Воска во дуел од 19.коло. Актуелниот шампион и довчерашен лидер, Струга одигра само нерешено против Работнички во Скопје и на тој начин го предаде врвот на табелата. Шкендија победи со минимални 0:1 во Ѓорче Петров против Македонија ЃП со голот од пенал на Тотре. АП Брера го совладаа Силекс во Кратово со 0:1 и со тоа го расипаа дебито на Александар Васовски. ...

Веќе сите зборуваат за Чаби Алонсо и неговиот Баер Леверкузен кој е на добар пат да ја прекине доминацијата на Баерн Минхен во Германија. Леверкузен нема ниту еден пораз сезонава, што го прави единствен тим со ваков биланс во најсилните пет лиги. И, некако во сенка на Чаби Алонсо, во Италија со Болоња чуда прави Тиаго Мота. Уште еден млад фудбалски стратег, кој покажува дека допрва фудбалскиот свет ќе биде воодушевен. Болоња во моментов е на ...

Дани Алвеш тешко го поднесува времето во затвор. Тој е во затвор веќе неколку месеци, а неодамна почна судскиот процес за сексуалниот напад за кој беше обвинет. -Тој е депресивен, депресивен е, добива помош од вработените во затворот, рекол еден од затворениците, според извештаи на бразилските медиуми, а се работи за личност со која Алвеш ја дели затворската ќелија. Наводно, во затвор посегнале по „екстремни мерки“ токму поради емоционалната и ...

Манчестер Сити се обидува да го ангажира Килијан Мбапе. „Кадена СЕР“ тврди дека на почетокот на неделата еден од менаџерите на напаѓачот бил во Манчестер и имал средба со претставници на англискиот гигант. Во принцип, официјален агент на Французинот е неговата мајка Фаиза Ламари. Сепак, има и тројца мажи кои се многу блиски со Мбапе и ја играат улогата на негови неофицијални претставници. Еден од нив е забележан минатиот понеделник во Манчестер, ...

Фудбалерите на Барселона вчера ја победија Селта со 2:1 и го одбранија третото место на табелата во Ла Лига од Атлетико Мадрид. Се уште актуелниот шампион на Шпанија до триумфот стигна дури во 97. минута, кога Роберт Левандовски го искористи повторениот пенал. – Победивме и мислам дека го заслуживме тоа, изјави Чави. На третото место Барса има два бода помалку и меч повеќе од второпласираната Џирона, додека три бода повеќе од Атлетико. – ...

Пари Сен Жермен (ПСЖ) е заинтересиран за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, пишува „Сандеј Тајмс“. Според изворот на изданието, спортскиот директор на парижаните, Луис Кампос инсистира на трансфер на 26-годишниот Англичанец и веќе преговарал со фудбалерот. Францускиот клуб верува дека напаѓачот може да го замени Килијан Мбапе, кој реши да не го продолжи договорот со тимот и на лето ќе стане слободен агент. Маркус Рашфорд е ...

Поранешниот фудбалер на Барселона, Самуел Умтити најверојатно ќе ја заврши кариерата на 31-годишна возраст бидејќи заработи нова повреда, објавија француските медиуми. Умтити беше доведен од Барселона од Лион во 2016 година во огромен трансфер од 25 милиони евра, но неговите проблеми започнаа две години подоцна кога го повреди коленото, поради што беше опериран. Sigue el calvario de Umtiti El ex del Barça podría perderse lo que resta de ...

На вчерашниот натпревар против Килманрок, навивачите на шкотскиот гигант Селтик испратија порака за поддршка на Палестинците во војната против Израел. Тие ги позајмија стиховите на една од најголемите љубовни островски песни „Грејс“ и го повикаа целиот стадион да пее додека се креваше слоганот, што и го направија. „Размислете за последните неколку месеци, дали ќе кажат дека не успеавме, повеќе од 30.000 мртви од кои повеќе од 12.000 се деца. ...

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја одбранија титулата во Купот на Македонија, откако славеа со 62:60 (31:36) против домаќинот Пелистер. За тимот од Аеродром ова е 12-ти трофеј од ова натпреварување кое сега го носи името „Благоја Георгиевски Буштур“. Во неизвесен до крајот натпревар, Американецот Ејасу Ворку постигна кош на три секунди до крајот за 62-60, а Пелистер не успеа да го реализира последниот напад за голема разочараност на навивачите кои ја ...

Фудбалскиот клуб Болоња направи одличен гест кон својот поранешен тренер Синиша Михајловиќ со тоа што му ја исплати платата до крајот на договорот. Ова го откри неговата сопруга Аријана, која му се заблагодари на клубот за поддршката по смртта на Србинот на крајот на 2022 година. Иако се разболе од леукемија, стручњакот го водеше тимот до септември истата година, а договорот му истече минатото лето. – Синиша не ја очекуваше разделбата со клубот ...

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, во изјава за шпанските медиуми се наврати за времето поминато во Барселона, велејќи дека неговата преселба на „Камп Ноу“ во 2018 година била грешка. Французинот моментално игра одлична втора сезона во Мадрид, а во меѓувреме стана и најдобар стрелец на сите времиња на клубот со 175 гола. Тој се врати во Атлетико во 2021 година, прво на позајмица, а потоа и трајно. На почетокот, сепак, напаѓачот мораше ...

По пауза од 15 години, кошаркарскиот клуб Пелистер ќе биде учесник во големото финале на Купот на Македонија, откако вечерва го совладаа кавадаречки Еуро Никел 2005 со 78:68 (39:36). Пред своја публика во салата „Боро Чурлевски“, битолчани утре од 18 часот ќе излезат против бранителот на трофејот, МЗТ Скопје Аеродром и ќе се обидат по втор пат да дојдат до својот прв пехар во историјата. Минатиот пат, загубија од АМАК-СП во 2009 година во ...

Кошаркарите на Еуро Никел се вторите полуфиналисти на Купот на Македонија откако забележаа победа над скопски Чаир со 87-79 (47-47). Претходно МЗТ Скопје си обезбеди пласман меѓу најдобрите четири екипи. Иако на минута до крајот, кавадарчани влегоа со минимална предност од 79-78, сепак подобро се снајдоа во финишот и успеаја да стигнат до конечен триумф. Смит Меквен со 28 поени беше најефикасен кај победникот, додека во редовите на поразениот ...

Шпанските медиуми денеска ја објавија веста дека Барселона ќе бара да му се одземе титулата шпански кошаркарски шампион на Реал Мадрид и сето тоа поради фалсификуван пасош. Утврдено е дека кошаркарот Маркус Слотер во 2015 година играл во дресот на Реал Мадрид со фалсификуван пасош од Екваторијална Гвинеја и сега ќе му се суди за тој прекршок. Кога Слотер конечно ќе биде прогласен за виновен, Барселона ќе испрати барање да му се одземе титулата ...

Осумкратниот освојувач на „Златната топка“, Лионел Меси одигра изминатата вечер еден час во дресот на Интер Мајами во пријателски натпревар против својот аргентински клуб од детството Невил Олд Бојс пред полни трибини на стадионот во Форт Лоудердејл. Натпреварот заврши нерешено 1-1, а Меси ја напушти играта во 60 минута заедно со Уругваецот Луис Суарез, со кого беа клупски колеги во Барселона. За Интер Мајами ова беше последен контролен ...

Поранешната партнерка на познатата француска тенисерка Амели Морезмо, која моментално е во бракоразводна постапка, е осудена на четири месеци затвор пред судот во Бајон, Франција. Поранешната најдобра тенисерка во светот поднесе граѓанска тужба за морално вознемирување и малтретирање и го доби случајот против Мари Бенедикт Хурел. Судот во Бајон ја донесе својата одлука во вторникот, три недели по судењето зад затворени врати пред кривичниот ...

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски денес го објави списокот со повикани играчи кои ќе биде во комбинација за настап на претстојните натпревари во првиот прозорец на ФИБА од квалификациите за Евробаскет 2025. На 23 февруари „црвено-жолтите“ ја пречекуваат селекцијата на Естонија, три дена подоцна ќе гостуваат во Полска. Список на повикани кошаркари за прв собир на македонската сениорска репрезентација: ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
82%
1015
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.01
73%
1015
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
63%
1016
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1016
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.17
84%
1014
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
2.57
88%
1016
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
0.45
75%
1012
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
77%
1014
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
81%
1013
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
1.34
62%
1015
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
7.2
82%
1014
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52