Тренерот на „црвените“, Јирген Клоп, во пресрет на големото дерби што ќе се одигра на „Енфилд“ меѓу Ливерпул и Челзи, се осврна на иднината на клубот од кој заминува на крајот од сезоната. Причината за оваа приказна е одлуката на Јирген Клоп да си замине од Ливерпул на крајот на сезоната, а капитенот Вирџил ван Дијк изрази неизвесност за иднината на трофејниот клуб. Тој, како и Мохамед Салах и Трент Александер-Арнолд, влегуваат во последната ...

Центарот на Филаделфија, Џоел Ембид постигна 70 поени ноќеска на натпреварот од регуларниот дел од НБА лигата против Сан Антонио (133:123). Дваесет и деветгодишниот Камерунец стана деветти играч во историјата на НБА со 70+ поени по натпревар. Рекордот му припаѓа на Вилт Чембрлен, кој постигнал 100 поени на еден натпревар во сезоната 1961/62. Ембид оваа сезона одигра 32 натпревари, со просек од 36,1 поени и 11,5 скока. Филаделфија се наоѓа на 3. ...

Голема прашина крена случајот со Маркус Рашфорд откако во четвртокот вечерта излегол во ноќен клуб во Белфаст, а во петокот наутро пријавил во клубот дека е болен, што било познато со брзина на светлината и предизвикало многу негативни коментари. Поради ова тој не тренираше со тимот, а Ерик Тен Хаг го изостави од списокот на играчи за гостувањето кај Њупорт во ФА Купот (4:2). „Излегување на пијачка, излегување во ноќен клуб, тоа е нешто што ...

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Хaланд, во среда би требало да се врати на терените по речиси два месеци отсуство, најави тренерот на тој клуб, Пеп Гвардиола. „Имаме цел тим на располагање. Ерлинг се врати. Два месеци се многу, но тој се чувствува добро“, изјави Гвардиола на прес-конференцијата пред натпреварот против Барнли во Премиер лигата. Pep Guardiola confirms that Erling Haaland will be available for selection against Burnley ...

Германскиот тим Бохум и официјално соопшти дека го ангажирале македонскиот репрезентативец Агон Елези. Деталите не се познати, но јасно е дека неговиот досегашен клуб Вараждин од Хрватска направи добар потег со неговата продажба, бидејќи во јуни му истекуваше договорот, а тој според хрватските медиуми одбиваше да ја продолжи соработката. Веројатно во наредните денови ќе се дознаат сите детали. Агон Елези игра во средниот ред, има 22 години, пред ...

Фудбалската федерација на Македонија постигна договор за одигрување на контролен натпревар помеѓу македонската А репрезентација и селекцијата на Чешка. Чешка и Македонија ќе се соочат на 10. јуни во Прага. Претходно, нашиот најдобар национален тим на 3. јуни ќе одигра пријателски натпревар против Хрватска во Ријека. „Мило ми е што постигнавме договор со чешкиот фудбалски сојуз да одиграме натпревар кој ќе биде одличен тест за двете селекции. ...

-Реков дека нема да плачам. Ќе се сеќавам најмногу на она што го доживеав надвор од стадионот. Кога некој ќе пристигне во нова земја, мора да си го заслужи местото на теренот, но најважни се спомените што ќе ги остави зад себе, изјави Иван Ракитиќ, на прес конференцијата на која се прости со навивачите и соиграчите од Севиља, бидејќи заминува во Саудиска Арабија. Ракитиќ воедно додаде: -Живеевме заедно седум неверојатни години. Ја имав ...

Марио Балотели повторно е во центарот на вниманието. И, како и во многу случаи, така и сега, не поради неговите фудбалски знаења, туку поради однесувањето. Имено, на социјалните мрежи тој објави видео од Владимир Путин и американскиот претседател Бајден, сакајќи јасно да алудира на однесувањето на двајцата претседатели во одредени ситуации. Тоа секако наиде на остри реакции и бројни критики, особено поради се уште актуелната војна помеѓу Русија ...

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси ја советувал Барселона да го ангажира селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, објави „Todofichajes“. Свое мислење во корист на аргентинскиот стручњак на состанокот со каталонското раководство искажал и поранешниот репрезентативен дефанзивец Хавиер Маскерано. Договорот на Скалони со националниот тим е до крајот на 2026 година. Претходно беше објавено дека Меси се скарал со Скалони по поразот од Уругвај ...

Барселона ќе претрпи значителни финансиски загуби доколку сезоната биде неуспешна. Според „As“, доколку на крајот од сезоната не се пласираат во топ 4, на каталонскиот клуб следната година ќе му недостасуваат околу 60 милиони евра. Вообичаено буџетот за учество во четвртфиналето на Лигата на шампионите изнесува 10,6 милиони евра. Бонусот за пласман во плеј-офот е 9,6 милиони евра, за учество во групната фаза 15,7 милиони евра и до 25 милиони ...

Тренерот на Барселона, како што е познато, во јуни заминува од кормилото. Легендарниот Чави вели дека знаел уште минатото лето дека ќе замине. Вели, одлуката е најдобра и за него и за клубот. Сепак, порача дека за некои работи го предупредил и Пеп Гвардиола, порачувајќи дека во Барселона нема простување, без разлика дали си легенда или не на клубот. -Пеп ме предупреди за ова, ми кажа како одат работите во Барса. Тоа го имам зборувано и со ...

Родри Гигс, братот на легендарниот фудбалер Рајан Гигс, се закани дека ќе го „закопа“ имиџот и кариерата на иконата на Манчестер Јунајтед откривајќи приказни кои можат да го уништат угледот на 50-годишниот поранешен велшки ас. Приватниот живот на Рајан Гигс скокна во британските таблоиди откако во 2011 година, кога беше во брак со сопругата Стејси Кук, беше објавено дека има осумгодишна врска со Наташа Левер, сопругата на неговиот брат Родри. ...

Ал Хилал и Интер Мајами приредија спектакл во Ријад во меч со седум гола (4:3). Еден од нив е дело на Александар Митровиќ, заедно со уште еден кој крена бура меѓу приврзаниците на Лионел Меси. Michael dice SIUUUU 🔊 Al-Hilal, el máximo rival del Al Nassr de Cristiano Ronaldo, celebrando así el 3-1 a Inter Miami 👀#RiyadhSeasonCup pic.twitter.com/RK1x2PxMUr — DAZN España (@DAZN_ES) January 29, 2024 Во 44. минута Ал Хилал ја зголеми разликата на ...

Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ во последните денови од јануарскиот преоден рок би можел да ги напушти редовите на шпанскиот гигант Реал Мадрид, пренесува угледниот весник АС. Имено, во текстот посветен на Модриќ беа изнесени одредени податоци кои се многу загрижувачки за Хрватот, но она што без сомнение го привлече целото внимание е потенцијалното заминување. Модриќ беше замена на 17 од 32 натпревари на Реал оваа сезона, што ...

Вистинско лудило настана во Абиџан откако репрезентативците на Брегот на Слоновата Коска во драматичен натпревар го исфрлија фаворизираниот Сенегал и изборија пласман во четврт-финалето на Африканскиот куп на нации. Во најголемиот град на Брегот на Слоновата Коска и во другите градови низ земјата што е домаќин на натпреварот имаше пеење, славење и играње до крајот на ноќта. Навивачите беа особено воодушевени бидејќи Сенегал е поранешен шампион, ...

Англиските медиуми најавија продажба во Манчестер Јунајтед во пресрет на зимскиот преоден рок, а меѓу потенцијалните заминувања често се споменуваше името на бразилскиот дефанзивен играч за врска Касемиро. Легендарниот триесет и едногодишник беше желба на Ал Наср, кој сакаше да му се придружи со поранешниот соиграч од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и Марсело Брозовиќ. Сепак, самиот Касемиро сега јасно демантираше дека заминува од „Олд Трафорд“: ...

Германски Билд пишува дека Барселона од следната сезона го посакува Ханси Флик (58) на клупата за резерви. Експертскиот новинар на Билд, Кристијан Фалк ексклузивно откри дека Барселона во Флик го гледа наследникот на Чави. Да потсетиме, Чави во саботата објави дека ја напушта Барселона на крајот од сезоната. Очигледно, Флик е голем миленик на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта. Флик моментално е слободен откако доби отказ од германската ...

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка претпладнево ја победи Чинвен Женг од Кина во финалето на Австралија Опен 2024. Мечот што траеше 1 час и 15 минути заврши со 2:0, по сетови 6:3 и 6:2. Вториот светски рекет Сабаленка сервираше три аса, не направи ниту една двојна грешка и реализираше три брејк топки од шест можности. Кинеската имаше по шест аса и двојни грешки и ниту една конвертирана брејк-топка од три шанси. Сабаленка ја одбрани ...

Ливерпул го разби противникот Норич со 5:2 во ФА Купот и се пласираше во осминафиналето. Ова беше емотивен ден на „Енфилд“ со оглед на тоа дека е прв меч откако Јурген Клоп најави дека заминува по завршувањето на сезоната. Во негова чест ја пееја легендарната You’ll Never Walk Alone. This video will make you cry. Jurgen Klopp in tears as Anfield sings You’ll Never Walk Alone after his announcement that he will be leaving the club at the end of ...

Милан киксна на домашен терен и одигра 2:2 против изненадувањето на сезоната во Италија, тимот на Болоња. „Росонерите“ имаат голема причина да жалат бидејќи не реализираа два пенали, еден Жиру, а еден Тео Хернандез. Од другата страна, Болоња успеа да реализира најстрога казна во финишот на мечот и да стигне до 2:2 и да се спаси од пораз иако претходно во првиот дел поведоа со 1:0, но потоа Милан успеа да направи пресврт. Сепак, на крајот се чини ...

Барселона вечерва доживеа убедлив пораз на домашен терен од 5:3 од Виљареал, а веднаш по мечот следуваше уште еден шок. Тренерот и легендата на тимот Чави најави заминување по крајот на сезоната. „Во јуни ќе ја напуштам Барселона. Дојдовме до точката од која нема враќање и време е за промена. Како голем навивач на овој клуб, време е да го напуштам тимот“, изјави Чави и додаде: „Ќе разговарам со управата на клубот, но донесов одлука и ќе го ...

Новак Ѓоковиќ беше поразен во полуфиналето на Австралија Опен. Српскиот тенисер пристигна на првиот сезонски Грен слем турнир со цел да ги зголеми рекордните бројки на победнички Грен слем турнири (има 24) и Австралија опен (има 10), но беше запрен пред финалето. Четвртиот носител, Италијанецот Јаник Синер, беше подобар со 6:1, 6:2, 6:7(6), 6:3. Синер на тој начин го победи Ѓоковиќ во три од последните четири натпревари. „Ова беше тежок ...

Во Келн попладнево се одржа ждрепката за плејофот за Светското првенство во 2025 година. Противник на македонската репрезентација ќе биде селекцијата на Фарски Острови. Првиот натпревар ќе го играме на терен гостински терен. Другите двојки се: Финска/Литванија – Унгарија Белгија/Италија – Црна Гора Грција – Холандија Романија – Чешка Шпанија – Србија Словенија – Швајцарија Португалија – Босна и Херцеговина Исланд – Естонија/Украина Полска – ...

Натпреварите во Светскиот куп на машки и женски скијачи продолжија денеска со женскиот спуст во Кортина д’Ампецо. Тоа е четврти спуст сезонава, а во него тежок пад доживеа најдобрата светска скијачка Микаела Шифрин. Американката која е убедливо лидер во Светското првенство стартуваше осма. По 20-ина секунди и скок на влезот во кривината изгубила контрола над скиите и завршила во заштитната ограда. Падот изгледаше застрашувачки, а Шифрин лежеше ...

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп би можел да ја предводи Рома, пренесува „Il Messagero“. Според италијанскиот медиум, Рома може да започне со потрага по нов тренер доколку тимот не покаже константни резултати под водство на Даниел де Роси, кој го презеде тимот во јануари. Доколку Де Роси замине, римјаните ќе се обидат да го убедат Клоп да стане нов тренер на тимот. На 26 јануари, Клоп го објави своето заминување од Ливерпул на крајот на ...

Јувентус одигра 1:1 на домашен терен против Емполи, во натпревар во кој домашните играчи покажаа многу нервоза. Главната причина за ремито треба да се гледа во црвениот картон на Милик уште во 18-тата минута. Покрај тоа што останаа со 10 играчи, Влаховиќ успеа да донесе водство од 1:0 во 50-та минута. Ова беше негов шести гол на последните пет одиграни меча, но тоа не беше доволно за победа. Емполи ја искористи бројчаната предност и израмни ...

Фудбалерите на Реал Мадрид славеа на гости против Лас Палмас со резултат 2:1, во натпреварот од 22. коло на шпанската Примера. Играта на „кралскиот клуб“ беше далеку од убедлива во последниот месец и на претходните четири првенствени натпревари избраниците на Карло Анчелоти доста се мачеа. Сепак, најважно за него е што се остварени четири победи, од кои онаа во последното коло против Алмерија, извојувана по голем пресврт, крена голема прашина во ...

Еден од најдобрите фудбалски тренери во светот, германскиот стручњак Јирген Клоп, објави дека по девет успешни години минати во клубот го напушта Ливерпул на крајот на сезоната. Англискиот клуб ќе мора да почне да бара нов тренер, иако има и такви кои се уште сонуваат дека Јирген ќе се предомисли и ќе ја задоволи армијата навивачи на клубот од северна Англија. Klopp didn't know Sir Alex Ferguson stepped down twice 😅 pic.twitter.com/sEDlPjXZdm — ...

Натпреварот меѓу Волфсбург и Келн од 19. коло во Бундеслигата беше прекинат откако помошниот судија остана да лежи неподвижен. Торбен Сивбер остана да лежи неподвижен на тревата откако беше брутално удрен во главата од Келн Макс Финкграфе. Нему му беше укажана лекарска помош, но беше очигледно дека ситуацијата воопшто не е добра, па натпреварот беше прекинат додека не му беше укажана помош. Недолго потоа натпреварот продолжи, а паузата траеше ...

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ја коментираше победата на италијанскиот тенисер Јаник Синер над 36-годишниот Србин Новак Ѓоковиќ (6:1, 6:2, 6:7 (6:8), 6:3) во полуфиналето на Австралија опен. – Сакам да му честитам на Синер, кој одигра извонреден натпревар. Пред него е светла иднина играјќи против легендарниот Ѓоковиќ, кој секогаш е задоволство да се гледа. Можам да кажам само едно: бидејќи имаме помлад состав, веројатно сме Синер, а ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
56%
1015
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
2.06
70%
1015
weather icon

Загреб

19ᴼ / 16ᴼ
2.06
60%
1015
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
59%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.9
70%
1014
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
1.54
79%
1016
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
3.09
44%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
56%
1013
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
53%
1013
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
4.12
69%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
2.57
56%
1015
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.66
82%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52