Олимпик Марсеј ги разочара своите навивачи откако загуби добиен меч, и тоа дома против Ле Ман. Домашниот состав имаше пет победи во низа во пресрет на овој дуел, згора на тоа водеше со 2-0 до 70. минута, но и тоа не беше доволно за да се избегне „ладен туш“ во самиот финиш. Олимпик одигра импресивно во првото полувреме, поведувајќи со 1-0 преку Гуири (негов четврти меч во низа во кој се запишува меѓу стрелците), а потоа и со 2-0 преку Паишао. ...
Екипата на Марсеј направи сериозен чекор назад во трката за врвот во француската Лига 1, откако на домашен терен загуби од новајлијата Ле Ман со 2-3 во последниот натпревар од 11. коло. Избраниците на Бруно Женезио имаа предност од два гола на полувремето, но во продолжението дозволија пресврт и ја прекинаа серијата од пет последователни победи во првенството. Домаќините ја презедоа иницијативата од самиот почеток, имаа поголем посед на ...

