
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Шпанскиот фудбалски великан Барселона го избриша Дани Алвеш од листата клупски легенди. Бразилецот неодамна доби затворска казна поради силување девојка во еден ноќен клуб во Барселона. Алвеш кој е и поранешниот фудбалер на бразилската репрезентација беше прогласен за виновен за силување и осуден на 4,5 години затвор. Адвокатите на фудбалерот ја обжалија одлуката. На списокот на легенди на Барселона се наоѓаат 102 играчи кои играле за клубот во ...
Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, по поразот од Фиорентина е разочаран од играта на неговиот тим, но и од начинот на кој се работи во клубот. Добар одговор за жалопојката му даде прашањето зошто засилувањата Валентин Кастељанос и Даичи Камада не се во преден план. „Секој носи кој сака. Ми се чини дека на клубот му беше јасно кој се занимава со трансфери. „Ако барам играч кој е план А, а ме натераат да избирам меѓу оние кои се опции Ц или Д… ...
Каталонскиот гигант му го одзема статусот на Дани Алвеш на клупска легенда откако тој и официјално беше осуден за силување. Барселона чекаше судската одлука и официјално да биде донесена за да реагира. Дани Алвеш е избришан од листата на клупски легенди на Барселона на која партиципираат 102 фудбалери. Жорди Алба, Серхио Бускетс и Жерар Пике се последните кои беа додадени на оваа листа. Дани Алвеш за Барселона одигра 408 натпревари за осум ипол ...
Динамо и Ријека се сретнаа во 24. коло на СуперСпорт ХНЛ на Максимир, каде продолжи битката за шампионската титула. Сините победија со 1:0 со голот на Фран Бродиќ во последната, 95. минута од натпреварот од пенал. Левиот бек на Ријека, Бруно Года, направи несмасна грешка во шеснаесетникот на Шпикиќ, а Бродиќ ја реализираше најстрогата казна и на тој начин дебитираше во првиот тим во дресот на Динамо. Во пресрет на самиот натпревар Марко Ливаја ...
Слики и видеа од фудбалски натпревари во Катар ни доаѓаат се почесто. Светското првенство е минато, азискиот куп исто така, а фокусот таму е националниот шампионат. И токму од еден натпревар пристигна необично видео. Богатиот шеик Калифа бин Хасан Ал Тани слезе од ложата на стадионот на теренот и незадоволен од судењето ја прекина играта. Тоа беше мечот меѓу Ал Вакрах и Ал Шад, кој по кратка пауза сепак се одигра и заврши нерешено – 0:0. A ...
Македонската машка кошаркарска репрезентација загуби вечерва од Естонија во Скопје со 69-74 (20-19, 23-17, 10-21, 16-16) во рамки на 1. коло во групата Х во квалификациите за пласман на Европското првенство 2025. Македонските кошаркари одиграа одлично прво полувреме по кое стекнаа предност од седум поени (43-36), но во продолжението тешко наоѓаа решение за естонската одбрана, а клучна за конечниот резултат се покажа третата четвртина во која ...
Милан одигра 1:1 на домашен терен против Аталанта, па се чини дека го губи здивот во трката за титулата со Интер. Во моментов „Росонерите“ имаат дури 13 бодови помалку од лидерот Интер и натпревар повеќе. Иако Милан не победи, сепак сите зборуваат за голот на Леао за 1:0. Прекрасен продор, во негов стил, и откосо шутираше неодбранливо. Ова е верувале или не прв гол на Леао по пауза од четири месеци. Португалецот има постигнато голови во ЛШ и ЛЕ, ...
Билетите за натпреварот Македонија – Естонија во рамки на квалификациите за Евробаскет 2025 се распродадени! Вратите на СРЦ Кале, за сите оние кои успеаја да купат билет, ќе бидат отворени од 18:00 часот. Натпреварот започнува во 19:00 часот. Македонската кошаркарска федерација се приклучува во акцијата за собирање на средства потребни за лекување на Леонид Индов. Комплетниот приход од продадени влезни билети од натпреварот ...
Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо е критикуван за неговиот гест по победата во натпреварот од шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Шабаб (3:2), пренесува „Асошиетед прес“. Откако Андерсон Талиска го постигна победничкиот гол во 86. минута, многу навивачи на Ал Шабаб почнаа да го скандираат името на Лионел Меси. Како одговор на ова, 39-годишниот Португалец покажа непристоен гест кон трибините. Локалните медиуми јавуваат дека Саудиската ...
Познатиот германски весник Билд денеска објави дека англискиот фудбалер Ерик Диер ненадејно ќе го напушти Баерн Минхен. Во јануари 30-годишниот Англичанец пристигна на позајмица во Баерн, кој во мај може бесплатно да го задржи во својот тим, но нема да се решат на тој чекор бидејќи стручниот штаб на Баварците е шокиран од брзината на овој фудбалер. 🚨 Eric Dier is unlikely to stay at Bayern Munich beyond the summer with the German side concerned ...
Легендарниот Нориаки Касаи продолжи да ги поместува границите на човечката издржливост и успеа да освои бод во Светскиот куп во ски скокови во шестата деценија од својот живот. Касаи веќе вчера испиша историја кога на 52 години се пласираше во главното натпреварување на Светскиот куп на скокалницата во Сапоро, а денеска направи нова сензација и се пласираше во втората рунда скокови. Legendary! The jump that earned 51-year-old Noriaki Kasai 🇯🇵 ...
Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва од 19 часот е домаќин на Естонија во во СРЦ „Кале“ во обид да стигне до прва победа за успешно отворање на квалификацискиот циклус за ЕП 2025 година. Во групата „Х“ друштво ни прават и репрезентациите на Литванија, и еден од ко-домаќините на наредниот Евробаскет, селекцијата на Полска. Еден од нашите најдобри кошаркари во моментов, Ненад Димитријевиќ пред мечот изјави дека се подготвени за ...
Да посакуваа, не можеа да добијат подобри противници во осминафиналето од ЛШ. Англискиот тим Ливерпул ќе игра против Спарта Прага, додека Милан против Славија Прага. За неутралните љубители на фудбалот ова е можеби добро, бидејќи се поголеми се шансите во финалето да гледаме пресметка на гиганти. Првите средби се закажани за 7 март, а реваншите ќе се играат на 14 истиот месец Спарта Прага-Ливерпул Марсеј -Виљареал Рома -Брајтон Бенфика – ...
Ноќта во нокаут фазата од Европската лига беше одбележана со судир меѓу фудбалери и тренери на Спарта Прага и Галатасарај по завршувањето на осминафиналниот натпревар од Европската лига. Галатасарај на болен начин беше елиминиран од чешкиот претставник. Првиот натпревар Турците го добија со резултат 3:2, а потоа долго време имаа резултат да минат и во Прага. До 75. минута беше 1:1, но потоа Чесите постигнаа три брзи гола и со голем стил се ...
Пакистанската тенисерка Заинаб Али Накви (17) починала ненадејно по тренингот, потврди Пакистанската тениска асоцијација. Според локалните медиуми, несреќната девојка починала од срцев удар, односно изгубила свест додека престојувала во собата по завршувањето на тренингот пред турнирот. Нејзината баба забележала дека и е лошо и повикала брза помош, па Заинаб веднаш била пренесена во болница, но за жал не можела да се спаси. Смртта била ...
Тажна вест од светот на кошарката и нова голема трагедија во семејството Милојевиќ. Нешто повеќе од еден месец по смртта на Дејан Милојевиќ, почина и таткото на српскиот кошаркар и тренер – Милан Милојевиќ. Денеска почина таткото на легендарниот кошаркар и тренер, а причината за смртта се уште не е позната, пишува Спортал. Дејан Милојевиќ почина на 17-ти јануари во САД кога со тимот гостуваше во Јута, а беше погребан на 12-ти февруари во ...
И оваа година, исто како и претходните сезони, на НБА Ол старот ќе ја имаме привилегијата да ги видиме Никола Јокиќ, центарот на Денвер Нагетс и Лука Дончиќ, првата ѕвезда на Далас Маверикс. Познато е дека двајцата се многу блиски, кога и да се сретнат овие двајва, Никола и Лука го поминуваат времето заедно, а така беше и за време на Ол-стар викендот, каде што Балканците го украдоа шоуто. Jokic and Doncic share a hug before they hit the floor ...
Напаѓачот на лидерот во италијанското фудбалско првенство Интер, Маркус Турам (26) ќе отсуствува од теренот околу две недели поради повреда на мускулот на десната нога. Францускиот репрезентативец се повреди за време на првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампиони против Атлетико Мадрид што се одигра во вторникот во Милано. Интер денеска изрази надеж дека Турам ќе му биде на располагање на тренерот Симоне Инзаги за реваншот во Мадрид на ...
Сите пречки за изградба на новиот Максимир, стадионот на Динамо Загреб, се отстранети по 27 години, јавуваат хрватските медиуми. Во 2021 година Динамо го објави основниот распоред на новиот стадион, кој треба да биде завршен во рок од три години. Деновиве и официјално беше решен спорот со Католичката црква, па се очекува изградбата на новиот Максимир да започне во 2026 година. Инаку, виртуелниот изглед на новиот Максимир го создаде загрепскиот ...
Дарко Радуловиќ, тренерот на Пелистер имаше свој коментр го загубеното финале против МЗТ Скопје Аеродром. „Му честитам на МЗТ Скопје, мислам дека речиси цел натпревар имавме контрола над играта и бевме подобра екипа. Во вториот дел имавме мал пад, но како што кажува резултатот се играше на мал број поени. На крајот, се се сведе на само една топка, во напад во кој се договоривме да правиме лична грешка. И не знам како не успеавме да направиме ...
Европскиот ракометен спектакл во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Парис Сен Жермен заврши со очекувана победа на францускиот шампион и со спортски аплауз за сите ракометари. Ракометните ѕвезди на Парис Сен Жермен предводени од Никола Карабатиќ победија со 31:25 односно со 6 голови предност каква што имаа на полувремето кое заврши со 15:9 за гостите. Победата на Парис Сен Жњермен не беше доведена во прашање во ниту еден момент од натпреварот во ...
Дебитантот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) Воска го назначи денеска Срѓан Захариевски за нов тренер. Како што вечерва објави охридскиот прволигаш, на 50-годишниот Захариевски ќе му асистира Сеит Крека, кој досега го предводеше младинскиот тим на Воска. Воска е четвртиот клуб во тренерската кариера на поранешниот македонски репрезентативец Захариевски, кој досега ги предводеше Струга, Пелистер и Металург. Захариевски ќе дебитира на ...
Дефанзивецот на Порто, Пепе, стана најстариот фудбалер кој играл во плејоф натпревар од Лигата на шампионите. Португалецот го одигра целиот натпревар синоќа против Арсенал (1:0) во 1/8-финалето на турнирот. Во моментот на рекордот, Пепе имаше 40 години и 360 дена. Претходно, крилниот напаѓач на Барселона Ламин Јамал со 16 години и 223 дена стана најмладиот дебитант во историјата на плејофот во Лигата на шампионите. Пепе во текот на својата ...
МЗТ Скопје Аеродром ја одбрани куп-круната. Во драматична завршница, и натпревар кој беше решен во последните секунди, „металците“ стигнаа до злато вредна победа (62:60), доволно за 12. трофеј во ова натпреварување. На огромно задоволство кај шефот на стручниот штаб, Васко Атанасов: „Шампионскиот менталитет на МЗТ Скопје дојде до израз. Колку и да играме лошо, на површина излезе тој наш аеродромски инает. Оваа победа ја посветувам на навивачите ...
Четиричлена македонска група планинари успешно ја завршија експедицијата во Јужна Америка и се искачија на највисокиот планински врв Аконкагва на 6962 метри. Планинарот Зоран Николов, член на ПСК „Осогово“ од Кочани, заедно со своите колеги Филип Христов, Зоран Успрцов и Лазе Миновски, како и двајца планинари од Република Србија во средата попладне по локално време стигнале на највисоката точка на Андите, на аргентинско-чилеанската граница. ...
Ливерпул го направи првиот чекор за привлекување на Чаби Алонсо. Премиерлигашот контактирале со претставници на тренерот на Баер Леверкузен, пренесува новинарот на „Sky Sport Deutschland“, Флоријан Плетенберг. Претходно Баерн контактираше со 42-годишниот стручњак. Сега баварците и Ливерпул се главни претенденти за Алонсо. Во Баерн се свесни дека ангажман на Чаби ќе биде многу тешко остварлив, но тој останува приоритетен кандидат за замена на ...
Porsche ја проширува својата понуда на Panamera со 4 E-Hybrid и 4S E-Hybrid варијантите. Новите plug-in хибриди нудат импресивни податоци за забрзување и возачки перформанси, како и силни E-Performance карактеристики: Електричниот опсег сега е до 96 километри. Porsche дополнително го проширува својот опсег на моќности за спортската лимузина Panamera. Како дел од e-Performance стратегијата, Panamera 4 E-Hybrid и Panamera 4S E-Hybrid се додадени ...
Раководството на шпанската Ла Лига по завршувањето на зимскиот преоден рок најави нови лимити за плати на шпанските клубови, а повторно најлошо помина Барселона. Само пред една година Барселона за плати можеше да потроши 648 милиони евра, летово се намали на 270 милиони, а од вчера е само 204 милиони. Барселона со години има големи финансиски проблеми, па се очекуваше овој пад на буџетските лимити за плати. Но навивачите на Барселона се бесни ...
Англискиот фудбалер Чарли Стратон почина на 34-годишна возраст, потврди неговиот поранешен клуб Вимблдон . Напаѓачот беше познат во пониските лиги. Последниот сериозен ангажман го имаше пред неколку години, а во текот на кариерата, покрај лондонскиот клуб, најголема трага остави во Шалфонт Сент Питер, за кој на почетокот на кариерата одигра 125 натпревари и постигна 81 гол. – Исклучително сме тажни поради смртта на нашиот поранешен играч. ...
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги жали што победата над Атлетико Мадрид во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите не е изразена со повеќе голови. – Овој натпревар ни остава добар впечаток за извонреден настап против голем противник. Жал ни е што предноста е само еден гол, бидејќи претстои интензивен натпревар во Мадрид. Задоволен сум од изданието на Арнаутовиќ, тој работи многу добро. Во овие шест месеци постигнавме многу ...