Атлетико Мадрид повеќе нема да го чека Марио Ермос и се врти кон цели на пазарот. Според „Релев“, стоперот на Нотингем Форест Муриљо е голема желба на Диего Симеоне. Станува збор за левоногиот 21-годишен стопер, кој сезонава е еден од најстандардните во Премиер лигата, бидејќи пропушти само три натпревари за „шумарите“. Неговата пазарна вредност е околу 20 милиони евра, кои Атлетико е подготвен да ги плати доколку остане без Хермос. Тој се ...

Се поизвесно е дека заминувањето на Јирген Клоп ќе направи целосен пресврт во политиката на Ливерпул, бидејќи Мидо, поранешен напаѓач на Премиер лигата, денеска објави дека ѕвездата на Ливерпул веќе потпишал договор со клуб од Саудиска Арабија. Поранешниот напаѓач на многу клубови од Премиер лигата на својот Твитер профил го објави трансферот на сонародникот Мохамед Салах во Саудиска Арабија, но не објави за кој клуб станува збор. Интерес за ...

Иако нема играно од Австралија опен, Новак Ѓоковиќ ја продолжи доминацијата на АТП листата и овој понеделник влезе во 414-та недела! Тоа значи дека Ноле сега е две години подолго на првото место од следниот тенисер во историјата, а тоа е Роџер Федерер, кој беше на врвот 310 недели. Со оглед дека разликата меѓу нив двајца е 104 недели, а една година има вкупно 52, јасно е дека Новак е недопирлив. Ноле сега има 9.675 бодови и следната недела има ...

Следното лето Рома би можела да остане без еден од најважните, ако не и најважниот играч оваа сезона, Паоло Дибала, и тоа за „ситно“. Во актуелниот договор со „Волчицата“ аргентинскиот фудбалер има опција за откупна клаузула која ќе важи во текот на целиот месец јули и ќе изнесува само 12 милиони евра. Таа цена нема да важи за сите клубови, со оглед на тоа што опција да го купат поранешниот играч на Јувентус за 12 мил. Во тој случај само Дибала ...

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, информира дека играчот од средниот ред Џек Грилиш, доживеал повторна повредата на препоните. Дваесет и осумгодишниот Англичанец се повреди синоќа на натпреварот против Лутон (6:2) во осминафиналето на ФА Купот. Тој беше заменет во 38. минута. – Грилиш се пожали на болка во препоните. Пред тоа се чувствуваше добро, но за жал повредата му се повтори. Ова е тешка сезона за него. Мора целосно да закрепне ...

Габриел Гарсија (38), една од најсилните жени на светот, ако не и најсилната, објави дека по шестгодишна пауза се враќа во ММА. Бразилката беше незапирлива кога и да беше во рингот или октагонот, ништо во меѓувреме не се смени, а сега има проблем кога ќе се врати бидејќи никој нема да се бори со неа. Во ММА, Гарсија имаше перфектен скор од шест победи од исто толку борби, но кога противниците ќе видат дека таа е висока 187 сантиметри и преку 110 ...

Килијан Мбапе нема да биде единствениот Мбапе во тимот на Реал следната година. Заедно со него во Мадрид ќе замине и неговиот помлад брат Итан, кој во моментов е и член на Пари Сен Жермен. Мбапе Јуниор има само 17 години и игра на позицијата централен играч за врска. Годинава за францускиот шампион одигра само три натпревари. Според информациите од Франција, Килијан во преговорите со Флорентино Перез побарал со него во пакет да оди и неговиот ...

Мавовите се шокирани. Кога Пи Џеј Вашингтон заби на три секунди до крајот, изгледаше како да ја однесат победата во Тексас. Но, Макс Штрус имаше време да крене глава и од дваесетина метри да ја исфрли топката кон кошот. Таа влезе како „капка“, следеше лудило на теренот и на трибините Кливленд на неверојатен начин го доби мечот. Историјата вели дека ова е втор најдолг кош од поле зад победничкиот кош на Девонте Греам против Оклахома. Струс, кој ...

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос го прокоментира својот испад на последниот натпревар меѓу неговиот клуб и Севиља во шпанската Примера. Германецот беше санкциониран за прекршок за кој тврдеше дека не го направил. Целата ситуација се одвиваше пред судијата Дијаз де Мер Ескудеро, што го налути Крос, кој бурно протестираше. Интересно е што со жолт картон е казнет и тренерот Карло Анчелоти поради протест против судијата, што е ...

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Стојан Ѓуроски беше еден од најдобрите поединци во вчерашната победа над Полска во квалификациите за Европското првенство 2025. Ѓуровски смета дека клучен елемент во триумфот на „црвено-жолтите“ беше енергијата која ја демонстрираа на теренот. – Влеговме максимално мотивирано во натпреварот. Знаевме од каква значење е за нас. И тоа дефинитивно ни се исплатеше. На нивната игра одговоривме со една многу ...

Тренерот на Брајтон, Роберто Де Зерби би можел да го води Манчестер јунајтед, пишува „Manchester Evening News“. Сопствениците на клубот сметаат дека сегашниот тренер Ерик тен Хаг треба да го напушти тимот на крајот на сезоната. Италијанскиот специјалист е еден од кандидатите за потенцијална замена за Тен Хаг. Исто така беше објавено дека Де Зерби би можел да ги води Баерн Минхен или Барселона. Тренерот е на чело на Брајтон од септември 2022 ...

Челниците на Јувентус се подготвени да му понудат продолжување на договорот на српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ до јуни 2028 година, пренесува Газета дело спорт. Влаховиќ пристигна во Јувентус на почетокот на 2022 година од Фиорентина за 80 милиони евра. Српскиот репрезентативец има договор со торинскиот клуб до 30 јуни 2026 година. Одличниот напаѓач оваа сезона се истакна во дресот на Јувентус, откако на 25 натпревари постигна 15 гола. ...

Македонската машка кошаркарска репрезентација ја забележа првата победа во вториот натпревар од квалификациската група Х за пласман на Европското првенство 2025, откако вечерва триумфираше на гостински терен над Полска со 96-71 (25-16, 22-22, 22-12,27-21). До премиерниот триумф во евроквалификациите македонската репрезентација на паркетот во Арената „Арцелор Митал Парк“ во Сосновиец ја предводеа Ненад Димитријевиќ со 32 поени и Итан Хап, кој ...

Милан одлучи за цената на Тео Ернандез. Клубот е подготвен да се раздели со играчот во летото 2024 година, пренесува новинарот Матео Морето. Раководството верува дека фудбалерот може да го напушти тимот за 70-80 милиони евра. Беше објавено дека за Ернандез се заинтересирани Баерн Минхен и клубови од Премиер лигата и Саудиска Арабија. Милан ја разгледува и можноста за продолжување на договорот со играчот. Дваесет и шестгодишниот Французин игра ...

Фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави ќе одигра пријателски натпревар против Бразил на 12 јуни во Орландо, пред почетокот на Копа Америка. Натпреварот, објавен денеска, ќе се одигра четири дена откако САД и гостуваат на Колумбија во Мериленд. Репрезентацијата на САД, која е домаќин на турнирот, го отвора Купот на Америка против Боливија, потоа ќе игра против Панама, додека групната фаза ќе ја заврши со натпреварот против ...

Капитенот на Барселона, Серхи Роберто е свесен дека последните месеци во неговиот матичен клуб се одбројуваат. Според последните информации, и покрај профитабилната понуда од Саудиска Арабија, Серхи Роберто нема намера да оди на Исток. Го привлекува животот во Америка и се очекува да избере клуб од МЛС. Роберто целата своја кариера ја помина во Барселона, а дебитираше под водство на Пеп Гвардиола во 2011 година. Израсна во „Ла Масија“, со ...

Фудбалерите на Реал Сосиедад порано го завршија учеството во Купот на кралот отколку во Лигата на шампионите. Иако се пред елиминација од Европа по поразот од Париз со 2:0 во првиот осминафинален натпревар, ќе остане забележано дека една од естетски најпривлечните тимови во континенталниот фудбал сезонава остана без место во финалето на Купот по две нерешени средби и, последователно, драматична серија од пенали во Реал арена: Реал Сосиедад – ...

Чави Ернандез заминува од Барселона на крајот од сезоната и добро информирани каталонски извори открија дека списокот е скратен на четири конечни имиња и дека на Камп Ноу ќе пристигне еден од следните тренери – Ханси Флик, Томас Тухел, Јулијан. Нагелсман или Роберто Де Зерби. Познато е дека Жоан Лапорта се приклонува кон германската тренерска школа, но Де Зерби скокна во прв план поради стилот на игра што го негува во Брајтон. Најзаинтересиран ...

Ерлинг Халанд одигра спектакуларен натпревар во ФА Купот против Лутон. Брилијантниот Норвежанец постигна пет гола за Манчестер Сити во победата од 6:2. Пеп Гвардиола, тренерот на Граѓаните ја коментираше неговата игра. „Ерлинг не можеше да оди два месеци, а сега погледнете го. Тој е се подобар од натпревар во натпревар. Пресреќен сум што се врати“, изјави шпанскиот стручњак. Гвардиола се осврна и на играта на целиот тим. „Имам голема почит кон ...

Фудбалскиот клуб Ливерпул се подготвува за живот без Јирген Клоп, а на мета за следната сезона е играчот од средниот ред на Порто, Алан Варела. Според информациите на португалскиот О Жого, скаутите на Ливерпул веќе некое време го следат одличниот 22-годишен играч за врска, чиј стил на игра наликува на Хавиер Маскерано. Варела минатото лето пристигна во Порто од Бока Јуниорс за само осум милиони евра, па ова е уште една врвна работа за ...

Кошаркарската репрезентација на Словенија синоќа во арената Бонифика во Копер го совлада Израел во квалификациите за Европското првенство, а дуелот имаше „позадина“ и на паркетот. Иако организаторите на натпреварот се потрудија сè да помине без проблеми и политиката да не се меша со спортот, посетата на Израел на Копер не можеше да помине без жесток пречек за Израелците и поддршка за Палестина во екот на конфликтот што траеше повеќе од четири ...

Важноста на Академијата на ФФМ, досегашната соработка и поддршка од УЕФА, како и плановите за идниот развој на Академијата, беа теми на денешната средба на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини со легендарниот хрватски фудбалер, Аљоша Асановиќ, кој престојува во дводневна работна посета на Скопје во улога на УЕФА консултант во рамки на проектот на УЕФА и ФФМ за развој на млади елитни фудбалери. „Во Академијата на ФФМ сме посветени на ...

Репрезентативецот на Доминиканската Република, малку познат дефанзивец на кипарскиот клуб, гласно се извинува за страшниот потег што го направи веднаш по натпреварот со Аполон. Аполон го победи АЕЛ со 3:1, а овој натпревар од 21 февруари остана во сенка на инцидентот што го предизвика Луили де Лукас. Luiyi De Lucas, jogador do Ael Limassol, acertou um golpe no rosto do jogador Eliel Peretz do Apollon Limassol após o fim do jogo de ontem válido ...

Напаѓачот на Ал Наср, Кристијано Роналдо е суспендиран на два натпревари поради едноставен гест кон навивачите на Ал Шабаб, кои го испровоцираа за време на натпреварот скандирајќи го името на Лионел Меси. pic.twitter.com/WKj2jIrTk4 — @TrollFootball Videos (@TF_Video) February 25, 2024 Додека приврзаниците на Ал Шабаб извикуваа „Меси, Меси“, Роналдо прво гестикулираше како да не ги слуша, а потоа го фати за меѓуножјето. Веднаш беше јасно дека ...

Неидентификувана болест на мозокот му е дијагностицирана на шведскиот фудбалски репрезентативец Криастофер Олсон (28) и тој е хоспитализиран и приклучен на апарати за одржување во живот, објави денеска неговиот клуб Митјиланд. „Кристофер Олсон очигледно боледува од акутна болест која не е последица на самоповредување или надворешен фактор“, се наведува во соопштението на Митјиланд, кое данскиот прволигаш го лиферуваше за да стави крај на ...

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујн има намера да се повлече од својот тим. Британскиот новинарот Сем Ли тврди дека 32-годишниот Белгиец очекува да го продолжи договорот со „граѓаните“ за да игра за тимот до 35 години, а потоа да се пензионира. Де Брујн игра за Манчестер сити од 2015 година. Претходно, Белгиецот играше за Волфсбург, Челзи, Вердер Бремен и Генк. Актуелниот договор на фудбалерот од средниот ред со ...

Се уште не е официјално и Реал Мадрид не го сметаше Килијан Мбапе за свој играч пред да биде претставен, но фудбалскиот свет се навикнува на идејата Килијан Мбапе да го носи дресот на шпанскиот гигант. Францускиот напаѓач на крајот од сезоната ќе го напушти Пари Сен Жермен како слободен играч и се очекува да му се приклучи на Реал. А на „Сантијаго Бернабеу“ веќе го чувствуваат ефектот од ова. Според „АС“, Реал Мадрид во последните недели добил ...

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, информираше за денешната контрола од Министерството за внатрешни работи во МОК. Соопштението го пренесуваме во целост: „Во духот на целосно транспарентно и отчетно работење на Македонскиот олимписки комитет (МОК), ве информираме дека денеска (19.02.2024) служби од Министерството за внатрешни работи (МВР) од канцеларијата на МОК побараа документација поврзана со Редовното изборно ...

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан одговори на прашање за можна работа во италијанското првенство. Педесет и едногодишниот Французин присуствуваше на премиерата на документарниот филм за поранешниот селектор на Јувентус и Италија, Марчело Липи. Таму беше прашан за можна работа во Серија А. -Зошто да не, се може да се случи. Сега правам други работи, но ќе видиме. „Се разбира, би сакал повторно да се вратам на работа, го цитира ...

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека Џек Грилиш ќе се врати во првиот тим откако ќе ја подобри својата игра. Крилниот напаѓач минатата сезона започна 41 натпревар, а Манчестер Сити ги освои Премиер лигата, Лигата на шампионите и ФА Купот. Оваа сезона англискиот репрезентативец стартуваше во првите 11 само 19 натпревари, од кои седум во Премиер лигата. „Тој е истиот фудбалер, го има истиот тренер и начинот на кој играме не е ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
82%
1015
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.01
73%
1015
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
63%
1016
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1016
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.17
84%
1014
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
2.57
88%
1016
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
0.45
75%
1012
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
77%
1014
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
81%
1013
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
1.34
62%
1015
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
7.2
82%
1014
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52