Реал Мадрид одлучи да му го плати на тренерот Карло Анчелоти преостанатиот дел од неговиот договор, иако е јасно дека Италијанецот си заминува, објави денес шпанскиот медиум „Релево“. Реал, исто така, планира да му понуди на Анчелоти почесна позиција како амбасадор на клубот доживотно, откако ќе одлучи да се пензионира од тренерската кариера. Одлуката доаѓа по низа шпекулации за неговата иднина што се засилија по неодамнешниот пораз од Барселона ...

Ламине Јамал долго време се сметаше за следната голема ѕвезда во светскиот фудбал, но по сè што направи и постигна на 17-годишна возраст, со право може да се каже дека младиот Шпанец веќе е меѓу елитата. Најголемото достигнување на 17-годишникот сигурно беше освојувањето на Европското првенство со Шпанија минатото лето, како еден од најдобрите играчи во својот тим. На крајот од турнирот, тој беше прогласен и за најдобар млад играч на Европското ...

Фудбалерите на Болоња го потврдија своето место во финалето во Купот на Италија, откако синоќа триумфираа со 2-1 (1-1) и на реваншот против Емполи, кој во првиот полуфинален дуел го совладаа со 3-0. Фабијано во 7 минута ја донесе Болоња во водство. Коваленко го израмни резултатот на 1-1 во 33 минута, пред Далинга да ѝ ја донесе победата на Болоња во 86 минута. Болоња ќе игра во финалето на 14 мај во Рим против Милан, кој во средата го ...

Македонската машка кошаркарска репрезентација ќе игра во групата Б со селекциите на Унгарија и Романија во второто коло од европските претквалификации за Светското првенство во 2027 година, одлучи денешната жрепката одржана седиштето на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) швајцарски Миес. Во жрепката беа вклучени осум репрезентации кои не успеаја да се пласираат на овогодишниот Евробаскет, како и четирите најдобри репрезентации од првото ...

Иднината на Лука Модриќ во Реал Мадрид се уште е неизвесна, но денеска хрватскиот ветеран доби продолжување на соработката што ретко ја гледаме. Договорот на Лука Модриќ истекува на 30 јуни годинава. За разлика од претходните договори кои ги потпиша со Реал, Модриќ денеска го продолжи договорот на само еден месец. Реал Мадрид има сериозна причина за ова, а тоа е да може да игра на Светското клупско првенство, ново натпреварување со 32 екипи кое ...

Некои фудбалери, колку и да биле добри или лоши, се препознаваат по имиџот кој навистина лесно се памети. Еден од тие фудбалери беше и поранешниот фудбалер на Челзи, Давид Луиз. Триесет и седумгодишниот Луиз се врати во татковината и игра за бразилскиот клуб Форталеза, но сега многу малку луѓе би можеле да го препознаат „на прв поглед“. Најдобрите фудбалски денови Луиз ги имаше меѓу 2011 и 2021 година, кога играше за Челзи, ПСЖ и Арсенал, а ...

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) е подготвена да воведе три нови правила во Лигата на шампионите за следната сезона, без разлика што се уште трае нокаут фазата, пишува германски Билд. Имено, од следната сезона треба да стапат во сила нови правила кои би можеле значително да го променат натпреварувањето, а се ќе биде решено на 30 мај на состанокот на УЕФА. Првото правило е воведување пенали наместо продолженија, поточно укинување на ...

Министерот за спорт, Борко Ристовски денеска изјави дека во Македонија ќе се организираат Европските младински олимписки игри, каде ќе има околу 4.000 учесници, а најавува уште 2000 гости од странство. -Отприлика 6.000 луѓе ќе бидат во државата и ќе трошат средства. Генерално сите ќе имаме бенефит, но, најважно е што ќе има македонски спортисти вака големо натпреварување и ќе можеме преку нив да градиме нови идоли кои што во изминатите години ни ...

Тренерот на Милан, Серхио Консеиао смета дека дербито со Интер е најважниот натпревар на тимот. Во среда вечер, двата гиганти од Милано ќе се соочат во реваншот од полуфиналето на Купот на Италија. Првиот натпревар заврши 1:1. Консеисао сепак смета дека ова не е натпревар кој ќе ја спаси сезоната на тимот. -Нормално е Милан да стигне до финалето на купот. Но, натпреварот со Интер е најважен во моментов – натпревар во кој не е важно кој се смета ...

Парична награда во износ од 1.5 милиони денари ќе добијат македонските ракометарки доколку успеат да се пласираат на Светското првенство, објави Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Одлуката е донесена во пресрет на мундијалскиот бараж во кој противник на македонската женска ракометна репрезентација ќе биде Полска. Првиот натпревар е закажан за в среда во Битола, а реваншот е на гостински терен в сабота. „Управниот Одбор на РФМ одреди ...

Бразилската одбојкарка Присила Оливеира Хелдес го привлече светското внимание бидејќи уште во петтиот месец од бременоста играше на меч за својот тим Флуминенсе во бразилското првенство. Хелдес играше во четвртфиналната плејоф серија на бразилското првенство и блесна на позицијата техничар во која настапуваше и за репрезентацијата на Бразил. Mãe! 🤰 Pri Heldes, grávida de 5 meses, comanda os levantamentos do Fluminense e dá um show nas defesas. ...

Кога некој игра фантастичен натпревар и добива почести за играч на натпреварот во повеќето лиги, има награда за тоа. Во зависност од самата конкуренција, таа награда се менува, но во Норвешка е видена хит сцена. Играчот на натпреварот доби прасе тешко 23 килограми. Да, добро прочитавте. На играчот му беше дадена свиња да ја однесе дома по натпреварот. На мечот од Норвешкиот куп, кој заврши со убедлива победа на прволигашот Брин против ...

Фудбалерот на јужноафриканскиот Дурбан Сити, Синамандла Зонди (22) почина откако му се слоши за време на загревањето во пресрет на тамошниот првенствен натпревар од втората лига. Имено, Зонди без претходни проблеми, со соиграчите од Дурбан Сити, нормално се загреваше во пресрет на првенствениот дуел против Милфорд. Младиот фудбалер во еден момент колабирал на теренот и итно бил префрлен во блиската болница. Иако во меѓувреме започна натпреварот ...

Интер веќе подолго време е во преговори со Енрике, кој ги избра Нероаѕурите пред Баерн. „Футмеркато“ пишува дека деталите од неговиот петгодишен договор сега се договорени и кариерата ќе ја продолжи на Сан Сиро, но сепак Интер допрва треба да се договори со Марсеј околу обештетувањето. Понудата од 24 милиони евра плус 4 милиони евра бонуси веќе отиде на адреса на францускиот клуб. Од Интер се надеваат дека трансферот ќе биде комплетиран за ...

Тешко е да се запамети кога фудбалер од светска класа падна во заборав толку брзо како Филипе Кутињо, третиот најскап играч во историјата на фудбалот. Кутињо (32) денеска требаше да доминира во светскиот фудбал. Сепак, постојаните падови, проблемите со повредите и лошата работна етика го направија третиот најскап фудбалер заборавен преку ноќ. За многумина беше интересно да дознаат, а за што денес пишуваат англиските медиуми, дека Филипе Кутињо е ...

По катастрофалната сезона во која дури и опстанокот во Премиер лигата во еден момент беше доведен во прашање, Манчестер Јунајтед сака да го реновира офанзивниот дел од тимот со две големи засилувања. Манчестер Јунајтед се подготвува за многу активно лето, можеби клучно за непосредната иднина на клубот. Тоа ќе биде прв преоден рок за Рубен Аморим со кој сака да гради иднина на тренерската позиција. Аморим и Манчестер Јунајтед ќе се ослободат од ...

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, истакна дека навивачите продолжуваат да веруваат во тимот и покрај елиминацијата на клубот од Лигата на шампионите. Вчера Реал Мадрид го победи Атлетик во 32. коло од шпанскиот шампионат (1:0). – Не се сомневав дека навивачите ќе не поддржат. Тие беа одлични како и секогаш. Ние, како и тие, веруваме дека сепак можеме да постигнеме нешто оваа сезона, рече Анчелоти на прес-конференцијата по натпреварот. ...

Холандскиот фудбалски клуб Go Ahead Eagles од Девентер синоќа го прослави освојувањето на првиот трофеј по долго 92-годишно чекање. Go Ahead Eagles на самите почетоци на холандскиот фудбал важеше за гигант. Овој тим освои четири шампионски титули на Холандија и беше вистински гигант на почетокот, но последната титула ја освои далечната 1933 година. Сушата траеше 92 години, но беше прекината синоќа кога го освоија својот прв трофеј по долго ...

Хари Кејн има 31 година и е еден од најдобрите напаѓачи во светот. Сепак, иако играше на високо ниво, нема ниту еден трофеј. Дали е судбина во прашање или лош избор на клубови во погрешен момент, не се знае, но тој сезонава има шанса да го освои првиот шампионски трофеј во сезоната. До крајот на Бундеслигата има уште 4 кола и во игра се 12 бодови. Баерн има 72 бодови на лидерската позиција, пред Леверкузен кој има 64. Тоа значи дека има осум ...

И покрај поразот од Вулвс, Манчестер Јунајтед и официјално обезбеди опстанок во Премиер лигата бидејќи Ипсвич беше поразен од Арсенал, па „црвените ѓаволи“. Со овој пораз на Ипсвич и разликата во табелата, Јунајтед може да продолжат да губат натпревари до крајот на сезоната, па доколку и на сите забележи пораз ќе остане во Премиер лигата. Ипсвич е првиот тим на границата во опасната зона со 21 бод, а Манчестер Јунајтед има 33 бодови. До крајот ...

Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе ќе биде подготвен за дуелот против Барселона во финалето на Купот на кралот, пишува „Tiempo de Juego“. Според шпанскиот портал, 26-годишниот Французин е блиску до целосно закрепнување од повредата на скочниот зглоб што ја заработи на реваншот против Арсенал (1:2) во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Постои шанса Мбапе да биде подготвен за настап против Хетафе во 33. коло од Ла Лига. Средбата ќе се ...

Легендарниот аргентински голман Хуго Гати почина на 80-годишна возраст, само неколку месеци откако имаше одредени компликации по операцијата. За време на кариерата, Гати го доби прекарот „Лудакот“ поради неговиот ексцентричен начин на игра, а во кариерата одигра повеќе од 350 натпревари за Бока Јуниорс. Веста за неговата смрт дојде неколку недели откако тој беше префрлен на интензивна нега по заразување со пневмонија. Гати имаше и операција на ...

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вечерва би можел да добие отказ доколку неговиот тим не оствари позитивен резултат во дербито од 32. коло во Примера против Атлетик Билбао, пренесува шпанскиот портал Relevo. Според Relevo, тренерската позиција на Анчелоти е во опасност да се разниша уште по елиминацијата од четвртфиналето на Лигата на шампионите од Арсенал, а евентуален кикс вечерва би значел и крај на неговата соработка со Кралскиот ...

„Трето полувреме“ имало на натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Гостивар. По завршувањето на мечот имало инцидент помеѓу фудбалерите на двата тима. Фудбалскиот клуб Гостивар соопшти дека тројца нивни фудбалери и еден член на техничкиот персонал се приведени во струшката полиција. „Тројца наши играчи и еден член на персоналот веќе 5 часа се приведени во струшката полициска станица. Не смеат да се сретнат со сопругите или соиграчите. Раководството ...

Каталонскиот клуб се огласи по повод повредата на Левандовски на мечот со Селта Виго. Повредата на мусколот е од таков степен што ќе мора да одмора и до три недели. Тоа според распоредот на Барса, значи дека популарниот Лева нема да настапи на дуелот со Мајорка на 22-ри април, потоа финалето од Купот на Кралот против Реал Мадрид на 26-ти, против Интер во полуфиналето во ЛШ на 30-ти април, Валјадолид на 3-ти мај, Интер на 6-ти, но и „Ел Класико“ ...

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ синоќа во живо го следеше дербито од 32. коло во Ла Лига помеѓу Реал Мадрид и Атлетик, кое го реши Уругваецот Федерико Валверде со гол во третата минута од судиското надополнување. Во финишот на натпреварот Валверде постигна феноменален гол кој беше доволен за трите бода на Мадрид и продолжување на трката со Барселона за титулата шпански првак. Неговиот гол го воодушеви и српскиот тенисер, кој ...

Барселона во трилер меч ја совлада Селта со 4-3, но кон крајот на натпреварот остана без Роберт Левандовски. Полјакот ја повреди тетивата и мораше да го напушти теренот, а според првичните информации тренерот Ханси Флик можеби нема да го има на располагање за полуфиналето од Кралскиот Куп против Реал Мадрид следната сабота. -Треба да почекаме дополнителни прегледи. Ќе видиме, искуството ми кажува дека не треба однапред да даваме прогнози, ...

Дуелот помеѓу Воска Спорт и Вардар не го доживеа својот крај. Имено, во 76-тата минута домаќините се одлучија да го напуштат теренот, поради како што велат тенденциозното и неправедно судење на судиите. Тие се жалат дека се оштетени со судењето. Во соопштението на клубот се вели: Воска спорт го изразува својот револт и жалба, информирајќи ја Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за спорните судиски одлуки на последниот натпревар меѓу нашата ...

Рајо Валјекано и Валенсија попладнево ги поделија бодовите играјќи 1:1. Ова беше емотивен момент за нашиот Столе Димитриевски кој пред почетокот на оваа сезона токму од Рајо се пресели во Валенсија. На денешниот меч тој беше на клупата, но без разлика на тоа, целиот стадион, па и противничкиот табор му аплаудираше и го поздрави. Секако ова е уште еден доказ за тоа каква трага остави нашиот Столе во Рајо Валјекано. Hay ovaciones que lo dicen todo ...

Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо би можел да смени тим за да учествува на Светското клупско првенство во 2025 година. Според новинарот на „Спорт Бајбл“, Насер Џабар, Челси и Манчестер Сити се заинтересирани за потписот на 40-годишниот фудбалер. Португалецот би можел да потпише едномесечен договор со еден од овие клубови за настап на турнирот. Ал-Наср му понуди на Роналдо нов договор до летото 2027. Актуелниот договор на напаѓачот ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
64%
1018
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
5.14
56%
1017
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
54%
1019
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
3.09
50%
1017
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.38
89%
1015
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
54%
1019
weather icon

Атина

35ᴼ / 34ᴼ
6.69
29%
1010
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
57%
1014
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
3.6
48%
1014
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
6.17
39%
1012
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 26ᴼ
6.17
46%
1017
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 27ᴼ
7.72
24%
1012
Currency

61.525

Currency

52.4744

Currency

72.1828

Currency

34.461

Currency

38.5764

Currency

65.7639

Currency

7.33487

Currency

0.66952

Currency

0.36453

Currency

0.52555

Currency

1.31868

Currency

0.6147

Алуминиум

2.58

Иридиум

142333.18

Кобалт

42.99

Никел

14957.50

Рутениум

21637.45

Калај

33.53

Сребро

1160.36

Злато

105265.95

Бакар

10.03

Паладиум

36169.59

Платина

43089.13

Родиум

175221.57

Цинк

2.74