Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски освои златен медал на меѓународниот турнир „Скопје опен Г1“. Георгиевски до златото дојде со четири фуриозни победи. Прво го совлада Абдула Ал Магди од Австрија, потоа беше подобар од европскиот шампион Иван Шапина од Хрватска, во полуфиналето го елиминира бронзениот светски медалист Пашко Вожиќ од Хрватска, додека во финалето со доминација го совлада Илиа Рудерман од Израел. По денешниот ...
Женската македонска ракометна репрезентација ги почна подготовките за претстојните два (последни) натпревара од квалификациите за Европското првенство. Селекторот Кристијан Грчевски повика 20 ракометарки за двата дуела, а повторно на списокот ја нема Сара Ристовска, која е во процес на рехабилитација. Македонската репрезентација со победата над Белгија во Куманово (33:28) го обезбеди третото место во групата и на тој начин останува со шанси ...
Барселона загуби со 2:0 од Атлетико Мадрид синоќа во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Натпреварот се одигра на стадионот „Камп Ноу“ во Барселона. Во 44. минута, Каталонците останаа со 10 играчи откако дефанзивецот Пау Кубарси беше исклучен поради прекршок врз Џулијано Симеоне. Судијата Иштван Ковач првично му покажа жолт картон на дефанзивецот, но по ВАР, ја смени својата одлука и му покажа црвен картон на Кубарси. ...
Познатиот голфер Тајгер Вудс неодамна беше уапсен, а сега се објавени и снимки на кои јасно се гледа како полицијата постапувала со славниот спортист. Снимките од полициските камери на телото ги открија деталите од апсењето на Вудс (50) поради возење под дејство на наркотични супстанции, кој воедно предизвикал сообраќајна несреќа На снимките се гледа изненадувањето на познатиот голфер кога му биле ставени лисици од страна на полицијата, по ...
Баерн Минхен го победи Реал Мадрид со 2:1 синоќа на првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Натпреварот се одигра на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Гостите го отворија резултатот со голот на Луис Дијаз кон крајот на првото полувреме. Хари Кејн го дуплираше водството во 46. минута. Домаќините намалија во 74. минута преку Килијан Мбапе. Реваншот ќе се одржи на 15 април на „Алијанц Арена“ во Минхен. На вториот ...
Голем успех постигна фудбалскиот клуб Водно, кој учествуваше на силниот фудбалски турнир Овиедо Куп во Шпанија. Со две генерации стигнаа до првото место. Пехари освоија дечињата родени во 2015-та и нивните другарчиња од клубот родени во 2013-та година. Според информациите од ФК Водно, турнирот се играл во многу силна конкуренција, а младите фудбалери одиграле одлично низ целиот турнир и на крајот славеле двоен триумф, и за генерацијата 2013, ...
Ракометарите на ГРК Охрид во полна сала в сабота ќе го пречекаат грчки Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето во ЕХФ Европскиот куп. Македонскиот ракометен прволигаш објави вечерва дека сите билети за реваншот против Олимпијакос во салата „Билјанини извори“ се продадени. На првиот натпревар одигран минатата недела во Атина, ракометарите на ГРК Охрид извојуваа победа од 31-25 и се на чекор до пласман во полуфиналето. Утрешниот реванш е ...
Се враќаат возбудувањата во најелитното фудбалско натпреварување. Вечерва почнуваат првите мечеви од четвртфиналните пресметки. На програмата е дерби меч, Реал Мадрид го пречекува Баерн Минхен, па љубителите на фудбалот со право очекуваат „атомски“ фудал. Овој дуел почнува во 21:00 часот. На вориот дуел вечерва Арсенал му гостува на Спортинг Лисабон. Утре не очекуваат два супер интересни дуели. Барселона ќе игра против Атлетико Мадрид, ...
Советниците во општина Центар на денешната седница ја усвоија иницијативата на градоначалникот Горан Герасимовски, салата во Градскиот парк да го носи името на легендата на македонската кошарка Лазар Лечиќ. Спортската сала во Градскиот парк минатиот месец беше ставена во функција по едногодишна реконструкција според највисоките стандарди за одигрување кошаркарски натпревари. „На мој предлог, салата се преименува во чест на човекот кој остави ...
Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, потпиша нов договор со клубот од „Олд Трафорд“, објави прес-службата на клубот. Новиот договор на 33-годишниот Англичанец е со важност до летото 2027 година, со опција за дополнителна сезона. Неговиот претходен договор истече ова лето. Мегваер е во Манчестер јунајтед од 2019 година. Оваа сезона, тој има 20 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и задавајќи една асистенција. ...
Меѓународниот олимписки комитет (МОК) донесе одлука дека на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028 година правото на настап во женските категории ќе биде ограничено исклучиво на биолошки жени, пренесува Би-Би-Си. Настапот на трансродови спортистки со ова ќе биде забранет, а сè ќе се утврдува со еднократно генетско тестирање. Оваа одлука претставува радикален пресврт во однос на досегашниот пристап и крај на ерата во која поединечните спортски ...
Легендата на македонскиот ракомет и РК Вардар, Стојанче Стоилов од новата сезона ќе го предводи суперлигашот Бутел Скопје, откако потпиша договор на две сезони. Тој ќе го замени Горан Кузманоски, кој на крајот од сезоната заминува од клубот. – Сакам да се заблагодарам за довербата на раководството на Бутел Скопје. Ситуацијата во македонскиот ракомет е чиста – сега имаме четири клубови кои се помоќни финансиски од другите, но за да имаме силна ...
Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, смета дека неговиот тим е далеку од трофејот во Серија А. Милан синоќа на гостински терен загуби од Наполи со 1:0 во дербито на 31. коло. – Беше натпревар со малку шанси за гол, па сметавме дека една шанса може да биде одлучувачка. Наполи ја искористи својата шанса. Ние не издржавме иако нашата одбрана беше солидна. Требаше да ги завршиме нападите малку побрзо во второто полувреме, но се двоумевме и му ...
Европското првенство во фудбал 2032 година треба да се одржи во Турција и Италија, но шест години пред почетокот на турнирот постојат огромни проблеми во организацијата. Наводно, УЕФА размислува да ѝ ја одземе на Италија можноста да биде домаќин на големото натпреварување, бидејќи фудбалската инфраструктура во таа земја не е на завидно ниво. Дека стадионите се стари и не баш репрезентативни веќе добро знаат сите љубители на фудбалот, но кога ...
Интер ја совлада Рома со убедливи 5:2 на домашен терен. Два гола на Лаутаро, по еден на Турам, Чалханоглу и Барела. За Рома погодија Манчини и Пелегрими. Со оваа победа Интер направи исчекор кон титулата и има девет, односно десет бодови предност во однос на Милан и Наполи кои вечерва играат меѓусебен меч. Инаку, Чалханоглу постигна фантастичен погодок од далечина, кој сигурно ќе биде во конкуренција за гол на сезоната во Серија А. Интер ...
Португалскиот фудбалер Бернардо Силва (31) ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната, што е и официјално потврдено. Долго време се шпекулираше на оваа тема, а на „Етихад“ се надеваа дека ќе успеат да го натераат Силва да се предомисли, но во тоа не успеа ниту неговиот тренер Пеп Гвардиола. Бернардо Силва така, по девет години, ќе си замине од Манчестер Сити, најверојатно во САД или Саудиска Арабија, каде што го очекуваат богати ...
Машката ракометна репрезентација денеска имаше собир во пресрет на мини подготовките за пријателскиот дуел со Австрија што се игра в сабота. Овој натпревар се игра во рамки на ЕХФ неделата. – Треба да бидеме задоволни што го избегнавме првиот бараж со квалитетниот настап на Европското. Имаме квалитетен противник, сигурно нема да одиме да загубиме, ама резултатот ќе биде во втор план. Ќе пробаме некои работи што би ги користеле во баражот во ...
Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Џенаро Гатузо, ќе ја напушти својата функција, објави инсајдерот Фабрицио Романо. На 31 март, Италијанците загубија од Босна и Херцеговина (1:1, 1:4 на пенали) во плејофот за Светското првенство во 2026 година. Италијанската репрезентација ќе го пропушти Светското првенство трет пат по ред. Претседателот на тамошната федерација, Габриеле Гравина, изјави дека го замолил Гатузо да остане на ...
Легендарниот голман на Италија Џанлуиџи Буфон потврди дека поднесе оставка на позицијата шеф на националниот тим, а пред него замина и претседателот на федерацијата Габриеле Гравина. Серијата откази доаѓа по непријатниот пораз и елиминацијата од БиХ во баражот, односно неучество на Светското првенство. Италија загуби на пенали и третпат не успеа да избори пласман на Мундијалот. Буфон веднаш по натпреварот во Зеница реши да поднесе оставка, но ...
Македонската фудбалска репрезентација не успеа да избори финале бараж за Светското првенство по поразот од Данска, а потоа одигра нерешено во дуелот со Република Ирска. Двата натпревара нашиот тим ги играше на гости. Претседателот на ФФМ нагласи дека репрезентацијата не е само резултат, туку има и поголеми вредности. „Едно поглавје останува зад нас, сега сме пред нов предизвик. Македонската репрезентација не е само резултат. Тоа е чувство, ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да учествува на АТП 1000 турнирот во Мајами. Натпреварувањето ќе се одржи од 17 до 29 март. Триесет и осумгодишниот Ѓоковиќ се откажа поради повреда на десното рамо. Во 2025 година, тој стигна до финалето на Мастерсот, каде што загуби од Чехот Јакуб Меншик. Претходно на турнирот во Индијан Велс, Србинот загуби во четвртото коло од Британецот Џек Дрејпер (6:4, 4:6, 6:7 (5:7)). Ѓоковиќ е 24-кратен шампион на ...
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров за пријателскиот дуел со Австрија повика нов играч. Пикерот на Вардар Кристијан Атанасовски доби прв повик за настап во сениорската репрезентација. Тој треба да го пополни испразнетото место на Марко Стојковиќ. За оваа акција во рамки на ЕХФ неделата селекторот Лазаров уште претходно објави дека нема да смета на искусните: Маркоски, Митревски, Пешевски како и повредениот ...
Познатата австралиска репортерка Даника Мејсон се најде во центарот на вниманието откако пред камерите се појави во видно алкохолизирана состојба. Нејзиното јавување од Зимските олимписки игри стана вирален хит. Расположената Даника се вклучи во живо од Италија за австралискиот Канал9 и ги изненади гледачите. Таа заплеткуваше со зборовите, зборуваше за цената на кафето, за игуаните, а потоа дури и се валкаше по снегот. „Цената на кафето овде ...
Кошаркарската федерација на Македонија, како организатор на натпреварот: Македонија-Луксембург, кој е дел од претквалификациите за Евробаскетот 2029 година, информира дека од денеска, сите заинтересирани љубители на кошарката ќе можат да си обезбедат влезен билет, преку онлајн сервисот на „МКТикетс“. Еден влезен билет за овој натпревар, чини 150 денари (во делот од салата, односно трибината зад кошевите во салата „Градски парк“), а 200 денари ...
Селекторот на Италија, Џенаро Гатузо, го коментираше поразот од Босна и Херцеговина (1:1, 1:4 на пенали) во плејофот за Светското првенство во 2026 година. – Италијанскиот тим не го заслужи ова. Покажавме страст, игравме со десет играчи од 40. минута… тажни сме, но тоа е фудбалот. Горд сум на мојот тим. Но, во моментов е болно, изјави Гатузо по мечот во Зеница. Италијанскиот тим ќе го пропушти своето трето Светско првенство по ред. „Азурите“ ...
Со одигрувањето на финалните средби од баражите, познати се сите учесници на фудбалскиот Мундијал 2026. Ирак стана последен учесник на Светското првенство, откако рано утрово во Монтереј (Мексико) ја совлада Боливија со 2:1. Синоќа преку европските баражи, пласман на планетарниот собир изборија, Босна и Херцеговина по победата над Италија на пенали (4:1), Турција по триумфот над Косово (1:0), Чешка над Данска (на пенали 3:1) и Шведска над ...
Дерби натпреварот од 2. коло од плеј офот од Супер лигата во ракомет меѓу првакот Еурофарм Пелистер и лидерот Вардар ќе се игра пред полна сала во Битола. Домаќинот на натпреварот објави дека салата „Боро Чурлевски“ е распродадена, а најавено е присуство на гостински навивачи. Почетокот на дуелот што се игра во недела е во 19 часот, а натпреварот ќе го судат Исмаил Металари и Ненад Николовски, додека делегати се Марјан Начевски и Лери ...
Фудбалерите на Босна и Херцеговина и Италија одиграа бараж финале за СП кое заврши 1:1. Победникот беше решен на пенали, а БиХ избори пласман на Мундијалот. „Змаевите“ во полуфиналето го победија Велс, а Италија Северна Ирска. Италија поведе во 14. минута преку Кин по грешка во одбраната. До крајот на полувремето БиХ напаѓаше, но безуспешнп. Потоа Италија остана со играч помалку, Бастони заработи директен црвен, по што следуваше целосна ...
Македонската фудбалска репрезентација утревечер, со почеток во 20:45 часот, ќе се соочи со Република Ирска во натпревар меѓу двете селекции кои не успеаја да се пласираат во финалето на плејофот за Светското првенство. Средбата ќе се одигра на стадионот „Авива“ во Даблин. Селекторот Гоце Седлоски потенцира дека, и покрај разочарувањето, тимот мора да ја задржи највисоката можна мотивација, бидејќи настапот за националниот дрес секогаш носи ...
РЕПУБЛИКА ИРСКА – МАКЕДОНИЈА 0-0 Стадион „Авива“. Гледачи: 39.560. Судија: Иван Грифит (Велс). Жолт картон: Столе Димитриевски (Македонија). Ирска: Келехер, Еган, Колинс, Оши, Колман, Најт, Молумби, Скејлс, Огбене, Азаз; Парот. Македонија: Димитриевски; Зајков, Фетаи (65′ Муслиу), Велковски (46′ Серафимов), Херера, Алими (60′ Дориев), Костадинов (60′ Николов), Барди (46′ Мусовски), Чурлинов (60′ Рамадани – 71′ Бејтулаи), Елмас (60′ ...