
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Сите оние кои што синожа во директен пренос го следеа мечот помеѓу Интер и Барселона (4:3), веднаш по голот на Чалханоглу од пенал за 2:0, на екраните можеа да го забележат Франческо Ачерби како бесно гестикулира со рацете кон фудбалерите на Барселона. Причината поради која дефанзивецот на Интер беше бесен ја дознавме по мечот, бидејќи режисерот на тој натпревар во преносот не го покажа моментот, а не реагираше ниту судијата, ниту пак некој од ...
Министерот за спорт, Борко Ристовски преку социјалните мрежи најави дека на фудбалските клубови Кожуф и Башкими најверојатно ќе им биде одземена дејноста за спорт, што значи дека ќе бидат елиминирани од понатамошни настапи во Втората лига. Најавата доаѓа по вчерашните случувања, откако фудбалерите на Кожуф намерно им дозволија на противниците да постигнат гол за победа и да останат во трка за директен пласман во Првата лига – Ќе ги почекаме ...
Барселона е огорчена од судењето на Шимон Марчињак во синоќешниот реванш од полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер, а Полјакот е особено критикуван што не реагирал веднаш пред голот што го спаси Интер од пораз и испаѓање во третата минута од судиското продолжение. Имено, Интер напаѓаше во тој момент, но играчот на Барселона, Жерар Мартин, пресретна додавање кое се упатуваше кон опасната зона каде што беше Дамфрис. Another footage of ...
Вистински срамен меч одиграа Кожув – Башкими, а според начинот на кој се однесуваа фудбалерите на Кожув и голот на Башкими, јасно е дека станува збор за местенка. Јавноста е згрозена, но и ФФМ, иако од кумановскиот тим тврдат дека нема ништо сомнително, односно дека мечот не е наместен. Се огласија и од ФФМ: Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од ...
Интер се пласираше во финалето на Лигата на шампионите откако ја победи Барселона со 4-3 по продолженија во синоќешниот спектакуларен реванш од полуфиналето на домашен терен. Интер така се пласираше во финалето со вкупен резултат 7:6, каде што ќе се соочи со подобриот од ПСЖ и Арсенал, кои вечерва ќе го играат реваншот во Париз откако францускиот тим го доби првиот натпревар во Лондон со 1:0. Иако многумина мислеа по првиот натпревар помеѓу ...
Барселона синоќа беше на еден чекор од пласман во финалето на Лигата на шампионите, а имаше и навивачи на Интер кои не веруваа во чудесниот пресврт на италијанскиот клуб. Имено, откако Рафиња постигна гол во 88-та минута за водство на Барселона од 3-2, голема група навивачи на Интер го напуштија стадионот. Некои го направија тоа од лутина, некои од страв од сообраќајни метежи, но колку и да се трудат, ќе можат да си простат што си заминаа пред ...
Женската ракометна репрезентација на Македонија загуби од Полска со 22-18 (14-8) во првиот меч од баражот за пласман на Светското првенство 2025 година. Нашите ракометарки можат да бидат задоволни од резулатот, со оглед на тоа дека во еден момент губеа и со 10 разлика (22-12). Но со серија од 6-0 нашите ракометарки стигнаа до активен резултат и можност со помош на домашната публика да се пласираат на Мундијалот. Со осум гола, најефикасна за ...
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше вознемирен од неколку судиски одлуки во поразот на неговиот тим од Интер со 4-3, што ги спречи Каталонците да стигнат до своето прво финале на Лигата на шампионите по една деценија, по голот во продолжението што го постигна италијанскиот резервен играч Давиде Фратеси. Флик го критикуваше полскиот судија Шимон Марчињак, кој имаше многу работа во реваншот на стадионот „Џузепе Меаца“ од полуфиналето на ...
Италијанскиот клуб Интер го победи импозантниот тим на Барселона и се пласираше во финалето на Лигата на шампионите во вторникот вечерта, и иако тренерот Симоне Инзаги беше разбирливо импресиониран од своите противници, тој рече дека не би ги менувал своите играчи за никого друг. По нерешениот резултат 3-3 во првиот натпревар од полуфиналето, беше тешко да се предвиди дека реваншот на „Меаца“ ќе биде ист како и претходниот, но двата тима одиграа ...
Каков фудбалски спектакл на “Џузепе Меаца” со 7 голови или вкупно 13 на двомечот помеѓу Интер и Барселона. Вечерашниот реванш понуди неверојатни моменти, водство на Интер од 2:0, па потоа пресврт на Барса во вториот дел за 3:2, а кога многумина ги видоа Каталонците во финале, Ачерби погоди за 3:3 во 93-та. Во судиското надополнување Фратези погоди за 4:3, а потоа Сомер со неколку фантастични интервенции не дозволи гол на Барса и Интер се ...
Првиот човек на европската куќа на фудбалот им кажа во лице на Италијанците дека имаат срамна фудбалска инфраструктура. Чеферин беше во Милано, даде интервју за Спорт Медиасет, а едно од прашањата беше поврзано со фактот дека „Сан Сиро“ не доби можност да биде домаќин на финалето од Лигата на шампионите. -Мислам дека фудбалската инфраструктура во Италија е срамна“, порача Чеферин. И продолжи на ист начин: -Вие сте една од најголемите фудбалски ...
Ламин Џамал ќе остане во Барселона до 2030 година! Новата ѕвезда на светскиот фудбал ќе ги стави своите иницијали на петгодишен договор кога ќе наполни 18 години, како што објавија шпанските медиуми. Барса успеа! Од почетокот на оваа година, каталонскиот гигант работеше брзо и сериозно на можни продолжувања на договорите со своите најважни играчи од првиот тим, па договорите ги обновија Гави, Педри, Араухо, Кубарси, Мартинез… Но, бомбата ...
Фудбалерите на Жирона извојуваа синоќа важна победа во битката за опстанок во шпанското првенство, совладувајќи ја минимално Мајорка на домашен терен со 1-0. За Жирона ова беше прва победа во Ла Лига по пауза од 11 натпревари, а македонскиот репрезентативец Бојан Миовски имаше скромна минутажа, влегувајќи од клупата за резерви во 87 минута. Победничкиот гол го постигна Стуани во 10 минута. Победата.прва од почетокот на февруари, ја искачи Жирона ...
Фудбалерите на Интер и Барселона вечерва ќе ги одмерат силите во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, а средбата на европските гиганти привлекува големо внимание. „Нероаѕурите“ имаат предност на домашен терен и поволен резултат од првиот дуел кога беше 3:3, но мала предност ѝ се дава на Барселона, која игра феноменален фудбал оваа сезона под водство на Ханси Флик. Тие веќе го освоија Купот на Шпанија и Суперкупот, додека во Примера ...
Лука Дончиќ се скрши и заплака додека го гледаше видеото што му го подготвија во Далас по враќањето, а по натпреварот призна дека воопшто не знае како го одиграл натпреварот. Словенецот беше пречекан одлично, бидејќи сите навивачи на Далас во салата носеа маици со натпис „Лука ти благодариме за се“ на словенечки, а повеќето од нив донесоа и пароли за благодарност до Дончиќ. Пред официјалното претставување на играчите, на големиот видео бим во ...
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, беше задоволен од победата од 1-0 над Лече на гостински терен во натпревар од 35-то коло на италијанското фудбалско првенство. По овој дуел, неговиот тим ја задржа водечката позиција на табелата и предноста од 3 бода пред Интер. -Нема да лажам, тоа беше важен чекор кон Скудетото, иако не и најважниот. Се плашев од натпреварот против Лече на нивниот домашен терен бидејќи тие се борат за опстанок, додека ние ...
Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, очигледно се помирил со фактот дека неговиот клуб нема да ја освои титулата откако вчера загубија со 1-0 од Бешикташ во 32-то коло од турското првенство. Фенербахче така заостанува осум бода зад лидерот Галатасарај, на четири натпревари до крајот. „Нема да зборувам за Галатасарај. Можам да зборувам за лигата. Ниту еден збор не се промени од она што го кажував цела сезона. Еден од проблемите што ги има ...
Со двете победи во сингл мечевите македонските тенисерки ја навестија втората победа во групата во Ларнака на мечевите од Втората Евроафриканската зона и со тоа го поврдија второто место во групата.По триумфот во двојки Македонија дојде до максимални 3:0 над Косово. Во првиот меч за нешто помалку од два часа игра Магдалена Стоилковска ја совлада Веса Ѓинај со 2-1 во сетови (26 64 62), додека во вториот меч Лина Ѓорческа беше убедлива против ...
Англискиот дефанзивец Трент Александар-Арнолд (26) официјално го напушта англискиот Ливерпул на крајот од сезоната. Александар-Арнолд јавно се збогува со клубот во кој беше член 20 години. Роден е во Ливерпул и е во истоимениот клуб од детството, за кој постигна 23 гола и асистира на 92 гола во 351 натпревар. After 20 years at Liverpool Football Club, now is the time for me to confirm that I will be leaving at the end of the season. This is ...
Барселона и Интер вечерва ќе го играат своето прво полуфинале во Лигата на шампионите. Откако ПСЖ вчера го победи Арсенал со 1-0 на гости, второто полуфинале помеѓу Барселона и Интер е закажано за денес. Тоа ќе биде реприза на полуфиналето од 2010 година, во кое Интер на Мурињо ги нокаутира Каталонците во двомечот, а подоцна го освои пехарот. Барселона игра импресивно оваа сезона, влегувајќи во вечерашниот натпревар охрабрена од победата од 3-2 ...
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ги сподели своите очекувања за првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Барселона. – Интер е во полуфиналето на Лигата на шампионите, па не би рекол дека сега сме во тежок период. Сите со нетрпение го очекуваме натпреварот, предизвикуваме еден од најдобрите тимови во светот и еден од најофанзивните тимови. Ќе има моменти кога ќе треба да бидеме трпеливи. Технички треба да играме беспрекорно. ...
Антонио Ридигер од Реал Мадрид доби суспензија од шест натпревари поради дивјачкото однесување во Ел Класико. Германецот беше исклучен во 120-тата минута од продолжението во финалето на Купот на кралот откако фрли мраз кон судијата додека беше во техничката зона. На ова му претходеше ситуација каде што не беше досуден фаул врз Винисиус, што играчите на Реал Мадрид веруваа дека е прекршок. Соиграчите и тренерите едвај го спречија физичкиот напад ...
Во Кошаркарската федерација на Северна Македонија денес е поднесено барање за Вонредно собрание на кое ќе се гласа за смена на актуелниот претседател, Перо Антиќ. Иницијаторите за смена на актуелното раководство на КФСМ се обидоа да му изгласат недоверба на Антиќ во декември минатата година, но не им беше дозволена точката да се стави на дневен ред на Собранието. Со оглед обезбедена поддршка од мнозинството клубови, се очекува поранешниот ...
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, кој ризикува тешка казна во Шпанија откако фрли предмет кон судијата во финалето на Купот против Барселона, доби поддршка од својот сонародник и поранешен соиграч Тони Крос, објавија германските медиуми. -Тој ќе биде казнет и тоа ќе биде заслужено. Но, не треба да се однесуваме како да убил некого. Секогаш мора да бидете внимателни и да не се предавате на емоциите. Тоа беше голема грешка. И тој го ...
Тренерот на Милан, Серхио Консеисао нема намера да остане во клубот по завршувањето на сезоната, објави денеска „Калчомеркато“. Стручњакот има две опции по финалниот натпревар за „росонерите“ против Болоња за Купот на Италија. Доколку гигантот од Милано загуби во решавачкиот натпревар за трофејот, Португалецот сигурно ќе биде отпуштен. Доколку Милан сепак победи, 50-годишниот Консеисао има намера да поднесе оставка. Натпреварот помеѓу Милан и ...
Поразот од Барселона во продолжението од драматичното финале на Купот на Кралот остави длабок белег врз тимот на Реал Мадрид, а се чини дека постои поделба во соблекувалната, пишува Дон Балон. Имено, наводно имало жестока расправија меѓу играчите, дури и тепачка, каде што Антонио Рудигер, Џуд Белингам и Винисиус Жуниор биле најгласни во критикувањето на судијата, обвинувајќи го за поразот. Друга струја на играчи, меѓу кои се споменуваат Лука ...
Реал Мадрид брзо пронајде наследник на Карло Анчелоти, кој го завршува својот втор мандат во Мадрид, заменувајќи една клупска легенда со друга, открива инсајдерот Матео Морето. Xabi Alonso está a un paso de llegar a un acuerdo total con el Real Madrid y en los próximos días se reunirá con el Bayer Leverkusen para comunicarle su deseo de ir a España. La selección brasileña está ultimando todos los detalles del contrato de Carlo Ancelotti. El… ...
Арсенал и ПСЖ вечерва на стадионот „Емирати“ ќе го играат првиот натпревар од првото полуфинале на Лигата на шампионите. Арсенал влегува во полуфиналето на елитното европско фудбалско натпреварување охрабрен од елиминацијата на Реал Мадрид на исклучително убедлив начин со вкупен резултат 5:1. Во последно време не беа особено брилијантни во англиското првенство и често правеа грешки, а последната беше нерешениот резултат дома против Кристал ...
Воска Спорт нема да се наптпреварува повеќе во Првата македонска лига. Тие се револтирани, како што велат, од односот кон нив од страна на федерацијата и судиите. Поради тоа првиот човек на клубот Нефи Усеини одлучи да го повлече тимот од ПМФЛ. –Дојде одлучувачкиот момент, кога покрај постојаните неправди од страна на судиите, нашиот клуб беше погоден со најстрогата можна казна, во најкритичниот момент од сезоната. Одлука која беше сè друго, но ...
– Карло Анчелоти би можел да стане најплатениот селектор на репрезентацијата на Бразил. Претходно се дозна дека тренерот на Реал Мадрид решил да го напушти клубот и од јуни ќе ја води бразилската фудбалска репрезентација. Според новинарот Цезар Луис Мерло, Бразилската фудбалска федерација (ЦБФ) веќе доставила официјална понуда за плата до Италијанецот. Ако Анчелоти го прифати предлогот, ќе заработи повеќе од кој било друг селектор на ...