Фудбалерите на Реал синоќа доживеаја вистински потоп во првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите на гостувањето кај Арсенал (3:0), а во реваншот ќе мора да играат без Едуардо Камавинга. Имено, ѕвездата на Реал заработи исклучување во 94-тата минута. Лукас Васкез го фаулираше Леандро Тросард во средината на теренот, а откако судијата досуди прекршок Камавинга ја шутна топката надвор од теренот. Камавинга доби жолт картон за ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, ги сподели своите впечатоци пред неговиот рекорден 18-ти настап на Мастерс турнирот во Монте Карло. – Убаво е да се знае дека играм овде толку многу години. Монте Карло отсекогаш бил посебно место за мене – живеев тука многу години, моите деца се родени тука. Добро ги познавам овие терени и луѓето што работат овде. Атмосферата е неверојатна. Многу фанови доаѓаат тука, особено од Франција и Италија, кои навистина ...

Во Скопје и Куманово од 20 до 26 јули ќе се одржи Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ). Се очекува во земјава да пристигнат околу 4.000 млади спортисти и тренери од Европа, кои ќе се натпреваруваат во 15 различни спортови. Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски очекува успешна организација на масовниот спортски настан во нашата земја. – Ќе организираме исклучително голем спортски настан. Привилегија е Скопје ...

Актуелниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен утрово победи на трката за ГН на Јапонија на патеката „Сузука“. Возачот на Мекларен Ландо Норис го освои второто место со +1,423 секунди заостанување зад лидерот. Трет беше неговиот клупски колега Оскар Пјастри (+2,129). При излезот по првиот пит стоп, Верстапен и Норис за малку ќе се судреа. Британецот беше принуден да направи заобиколување на тревата, поради што загуби ...

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ги оцени шансите на неговиот тим во реваншот со Арсенал по тешкиот пораз (0:3) синоќа на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. – Мора да бидеме искрени во сопствената критичка самооценка. Не бевме лоши во долгите делови од играта – имаше некои работи што ги направивме добро во првото полувреме. Имавме можност да го подигнеме нашето ниво повисоко, но целосно пропаднавме во вториот дел. За ...

Интер се враќа со голема победа од гостувањето во Минхен каде славеше со 1:2. Ова секако е шок за Баерн, ако се знае како Италијанците стигнаа до победара. Првите 30 минути неколку големи шанси за домаќините, статива на Кејн и четири одлични интервенции на Сомер. Но, во 38-ма минута молк на Алијанц, фантастична акција и Лаутаро погоди за 0:1. Во вториот дел Интер организиран, Баерн со иницијатива, но за израмнување се чекаше до 85-та минута кога ...

Фудбалерите на Баерн и Интер вечерва во Минхен од 21:00 часот го играат првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Лидерите во германското и италијанското првенство треба да приредат спектакл за паметење, а можеби тоа ќе им помогне на новинарите на угледниот „Билд“ да дознаат кој е тренер на тимот од Милано. La Bild ha confuso gli Inzaghi. pic.twitter.com/ziGmRfhbaw — Pasquale Guarro (@GuarroPas) April 8, 2025 Еден од ...

Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска соопшти дека судиите на претстојното Светско клупско првенство ќе бидат опремени со камери на нивните тела и ќе се применува ново правило за борба против губењето време од страна на голманите. „Судиите на натпреварот ќе носат камери на телото како дел од експерименталната фаза. Тестовите се одобрени од ИФА, телото кое ги надгледува правилата на играта“, соопшти ФИФА. It's Ref Cam – live! Pierluigi ...

Хотелот „Pestana CR7“, сопственост на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, се најде во центарот на драмата откако во објектот избувна пожар кој предизвика голема материјална штета. ➡️ Hotel de Cristiano Ronaldo é atingido por incêndio no Marrocos O Hotel Pestana CR7 em Marrakech, no Marrocos, teve um incêndio registrado nesse sábado (5/4) Leia: https://t.co/Kp9SchbNEc pic.twitter.com/pdUyly2VVU — Metrópoles ...

Премиершип синоќа влезе во нова ера бидејќи Џереми Монга играше на еден натпревар од највисоката англиска лига на само 15 години и 271 ден по неговото раѓање. Имено, Монга дебитираше за првиот тим на Лестер во дуел со Њукасл, а бидејќи уште нема 16 години немаше дозвола да го користи класичниот дрес на „Лисиците“, кој има и спонзори. Поради ова на момчето му беше направен специјален дрес, без реклами, а во него играше во синоќешниот пораз од ...

Фудбалерите на Леганес и Осасуна одиграа нерешено 1:1 во 30. коло од шпанската Примера, а натпреварот го одбележа неверојатното промашување на хрватскиот напаѓач Анте Будимир. Хрватот се посрамоти за „сите пари“. Во 30. минута од натпреварот Будимир доби топка во шеснаесетникот, голот беше празен, можеше да бира каде ќе шутира… Соиграчите веќе почнаа да го слават голот, а потоа следеше шок. Хрватот се заплетка, ја промаши топката и пропушти ...

Христо Стоичков и Горан Пандев ќе ги предводат селекциите на Бугарија и Македонија на хуманитарен натпревар во Варна. Фудбалските великани на Бугарија и Македонија на 27. април (17:00 часот) ќе одиграат хуманитарен натпревар во Варна, Бугарија. Целта е да се соберат средства и да се даде поддршка за настраданите во несреќата во Кочани. Целиот приход ќе биде дониран за настраданите во трагедијата во Кочани. Организатор на хуманитарниот натпревар ...

Изминатиот викенд на стадионот Драгао се одигра големото португалско дерби помеѓу Порто и Бенфика, а натпреварот го одбележа и судир меѓу домашните навивачи и полицијата. Очигледно, навивачите на Порто беа незадоволни од дебаклот што го доживеаја, бидејќи тимот од Лисабон победи убедливо со резултат 4:1. Навивачите на Порто започнаа пресметка со полицајците, кои веднаш реагираа и испукаа кон нив со гумени куршуми. За среќа на сите на стадионот, ...

Во неделата вечерта била фрлена бомба во куќата на поранешниот фудбалер на Ливерпул, Јоси Бенајун, јавуваат израелските медиуми. Бенајун, кој сега има 44 години, бил во својот дом со семејството во Рамат Хашарон, северно од Тел Авив, кога бил погоден од фатална експлозија. Инцидентот се случил во неделата околу 23 часот кога напаѓач со мотор застанал пред неговиот дом и фрлил експлозивна направа на вратата, по што побегнал од местото. Бенајун ја ...

Од следната натпреварувачка сезона нов член на македонскиот ракометен прволигаш Вардар 1961 ќе биде полскиот репрезентативец Марек Марцинијак. Дваесетидеветгодишниот полски ракометар, кој игра на позицијата десен бек/десно крило потпиша двегодишен договор со двократниот европски првак, до 2027 година. Марцинијак во моментов е член на полскиот прволигаш Азоти Пулави, а претходно настапуваше за Жуково, Вибжеже Гдањск и Заглебје Лублин. Ова ќе биде ...

Тренерот на Арсенал, Микел Артета ги сподели своите очекувања за четвртфиналето од фудбалската Лига на шампионите против Реал Мадрид. – Сакам да видам дека моите играчи се подготвени за победа, дека се подготвени да го победат Реал Мадрид. Мора да бидеме тимот каков што бевме во последната четвртина од сезоната. Ова е 100 отсто најголемиот натпревар во мојата тренерска кариера. Возбудата расте. Луѓето покажуваат голем интерес. Затоа се зафатив ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да ја освои 100-та титула во кариерата. Ѓоковиќ во големото финале на Мастерсот во Мајами беше подобар од младиот Чех Јакуб Меншик (19 години). Меншик победи со 2:0 во сетови (7:6(4), 7:6(4)), по нешто повеќе од два часа игра. Финалето беше одложено неколку часа поради дожд, а кога почна играчите се соочија со висока влажност и на моменти лизгав терен. Ова не му одеше најдобро на Ѓоковиќ, кој го загуби ...

Македонската велосипедистка Дуња Иванова викендот го освои второто место на маратонот во шпанското приморското гратче Камбрилс. Маратонот – Куп во планински велосипедизам беше дел од календарот на Светската велосипедска федерација УЦИ. На маратонот во организација на „БТТ“ учествуваа 300 натпреварувачи од целиот свет. Иванова која е членка на клубот Енерџи се натпреваруваше во сениорска конкуренција. Таа 63 километри со висинска разлика од ...

Со денешните пет натпревари комплетирано е 26 .коло во Првата македонска фудбалска лига. Гостински победи остварија Вардар, Шкендија и Силекс, а единствена домашна екипа со три бода е Беса. Резултати на денешните натпревари во ПМФЛ: АП Брера – Вардар 0:2 Беса – Гостивар 2:1 Шкупи – Работнички 0:0 Тиквеш – Шкендија 0:1 Воска – Силекс 1:2. Вчера, Струга – Пелистер 4:1. Табела: Шкендија 56 бода, Силекс 52, Работнички 49, Гостивар 44, Струга 42, ...

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас постигна уште еден гол во дресот на Торино, вкупно четврти откако дојде од Лајпциг и се врати во Италија. Попладнево тој на мечот со Верона стрелаше во 67-та минута, но неговиот тим не успеа да победи. Дуелот заврши 1:1 бидејќи три минути пред голот на Елмас, Сар и донесе водство на Верона. ⚽️ GOAL: Eljif Elmas 🇮🇹 Torino 1-1 Hellas Veronapic.twitter.com/hgR49YHxlb — Goals Xtra (@GoalsXtra) April 6, 2025 ...

Фудбалерите на Ливерпул доживеаја неочекуван пораз во 31. коло од англиската Премиер лига против Фулам со резултат 3:2. Ливерпул поведе во 14. минута со прекрасниот гол од далечина на Мек Алистер, но до полувремето „црвените“ губеа со 3:1. Сесењон погоди за 1:1 во 23. минута, Ивоби го доведе Фулам во водство од 2:1 во 32. минута, а Муниз во 37. минута зголеми на 3:1. Ливерпул постигна втор гол до крајот кога Дијаз погоди во 72. минута, но до ...

По големата победа против Реал Мадрид, грузискиот голман Џорџи Мамардашвили откри дека Винисус Јуниор му должи 50 евра и со тоа ги изненади присутните новинари во микс зоната. Играчот на натпреварот откри дека разговарал со Бразилецот непосредно пред да го изведе пеналот на Реал Мадрид на средината на првото полувреме и дека се обложил со него од 50 евра. „Зборував со Винисиус и тој ми должи 50 евра“, низ смеа објасни грузискиот голман, на што ...

Во Спортскиот центар Аеродром – ООУ „Блаже Конески“ – Скопје вчера се одигра хуманитарен меѓународен натпревар во духот на заедништвото, солидарноста и љубовта за настраданите во Кочани, објави Бигорски манастир. Натпреварот се одржа меѓу екипите ФК Бигорски – духовни чеда на Манастирот „Свети Јован Бигорски“ и екипата од Република Србија– поклоничко друштво „Пут на Свету Гору“. Во пријателскиот натпревар одигран во спортски дух подобра била ...

Ѕвездата на Барселона, Рафиња целосно ја загуби контролата по синоќешното реми помеѓу каталонскиот тим и Бетис, што го забележаа многу гледачи на стадионот. Прво Роберт Левандовски се обиде да го смири, а потоа и останатите играчи кои застанаа меѓу него и помошниот судија за да спречат понатамошен конфликт. Тој се упати кон соблекувалната каде го пречека Ханси Флик кој сакаше да го поздрави и смири, но Бразилецот не сакаше ниту да го послуша и ...

На шест кола пред крајот на првенството, Пари Сен Жермен победи со 1:0 против Анже ја обезбеди 13-та титула францускиот шампион. На овој натпревар ПСЖ имаше дури 81 отсто посед на топка и упати повеќе од 20 удари, но само една топка заврши зад грбот на Јахија Фофана. Решавачкиот гол го постигна Дезир Дуе во 55. минута на асистенција на Квича Кваратшхелија. ПСЖ со новата победа ја продолжи серијата без првенствен пораз сезонава на 28 натпревари, ...

Интер води на полувремето на гостувањето кај Парма со 0:2. Стрелец за 0:1 беше Дармијан, а во финишот на првиот дел Турам зголеми на 0:2. Сепак, овој негов гол сигурно ќе биде хит. Имено, тој доби „топка на тацна“ од Мкитаријан, но многу лошо реагираше, па со голема доза на среќа топката преку домашниот голман, но и покрај обидот на дефанзивецот на Парма, сепак заврши во мрежата. Турам не сакаше ниту да слави, бидејќи изразот на неговото лице ...

Македонскиот тенисер Калин Ивановски обезбеди пласман во полуфиналето на ИТФ фјучерсот во Опатија, откако попладнево го совлада вториот носител Зденек Колар од Чешка со 2-0 во сетови (6-3, 7-6). Откако поведе со 1-0 во сетови, Ивановски во вториот сет надомести негатива од два гема (1-3, 2-4), а во тајбрејкот при водство ан противникот од 4-2, нанижа пет поени во серија и обезбеди место меѓу четирите најдобри тенисери. Противник на Ивановски во ...

Реал Мадрид забележа кикс на домашен терен и загуби од 15-то пласираната на табелата Валенсија со 1:2. Ова секако може да биде чекор назад во трката со Барселона за титулата, иако има уште доста до крајот на сезоната и многу бодови се во игра. Сепак, сега Каталонците со меч помалку имаат три бодови предност. Откако во 13-тата минута Винисиус не реализираше пенал, Диакхаби две минути подоцна и донесе предност на Валенсија. По само пет минути игра ...

Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без присуство на публика. Одлуката е донесена поради недолично однесување на навивачите и непочитување на минута молк во рамки на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера од 25. коло во Прва МФЛ. Дополнително, клубот ФК Шкендија е санкциониран со парична казна во износ од 5.000 евра поради лоша организација на натпреварот. ...

Младиот дефанзивец на Барселона, Алехандро Балде ги воодушеви навивачите откако во краток период покажа импресивна мускулна трансформација на прославата на победата над Атлетико Мадрид. Alejandro Balde's transformation.⚡ pic.twitter.com/lRhrQ2AMux — Barça Universal (@BarcaUniversal) April 3, 2025 Барселона успеа да победи во финалето на Копа дел Реј над Атлетико Мадрид. По 4:4 во првиот натпревар, Каталонците победија со 1:0 во реваншот и со ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
3.6
64%
1019
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
62%
1018
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
68%
1022
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
88%
1019
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.71
84%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
0.51
88%
1023
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
4.12
35%
1011
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
78%
1015
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
7.2
42%
1017
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
73%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
8.23
60%
1019
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
23%
1011
Currency

61.525

Currency

52.4744

Currency

72.1828

Currency

34.461

Currency

38.5764

Currency

65.7639

Currency

7.33487

Currency

0.66952

Currency

0.36453

Currency

0.52555

Currency

1.31868

Currency

0.6147

Алуминиум

2.58

Иридиум

142333.18

Кобалт

42.99

Никел

14957.50

Рутениум

21637.45

Калај

33.53

Сребро

1160.36

Злато

105265.95

Бакар

10.03

Паладиум

36169.59

Платина

43089.13

Родиум

175221.57

Цинк

2.74