
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Неверојатниот Виктор Џокерес, кој ги тресе мрежите каде и да се појави, покажа што може да направи во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Португалија. Спортинг го победи Рио Аве со 2:0, а Швеѓанецот беше стрелец на вториот гол. Изведе удар од белата точка во судиското надополнување на првото полувреме, а тоа го направи на маестрален начин – речиси совршена „Паненка“. Gyokeres Panenka… Wow wow wow 🤩 pic.twitter.com/TCf2GnkM6z — george ...
Претседателот на Украинскиот фудбалски сојуз, Андриј Шевченко, кој не влезе во новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на европски фудбалски сојузи (УЕФА), ја обвини организацијата дека не сака да има претставник од земјата во раководството. Коментарите на Шевченко ги пренесе прес-службеникот на федерацијата. Конгресот на УЕФА се одржа на 3 април во Белград. Во гласањето за новиот состав на Извршниот комитет учествуваа 55 земји, ...
Феноменалниот белгиски фудбалер Кевин Де Брујн (33) следното лето ќе го напушти Манчестер Сити, со што ќе биде означен крајот на една фудбалска ера на Островот. Денеска Де Брујн и официјално објави дека ќе ги напушти Граѓаните по истекот на договорот на лето, а тоа значи дека Сити ќе остане без прославениот Белгиец по десет години, кога го носеше нивниот дрес. Dear Manchester. 💙 pic.twitter.com/2EdhVYOLti — Kevin De Bruyne (@KevinDeBruyne) ...
Информацијата дека легендарниот Португалец Кристијано Роналдо (40) сериозно размислува за можноста да стане сопственик на Валенсија беше објавена кон крајот на февруари, а сега шпанскиот новинар Јулијан Редондо потврди дека навистина нешто конкретно се случува. Имено, тој во својата колумна за Мундо Депортиво напиша дека Роналдо ќе стане нов сопственик на Валенсија, но под услов клубот да го задржи прволигашкиот статус. Валенсија моментално се ...
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го објави финансискиот извештај за сезоната 2023/2024, во кој е вклучена и платата на нејзиниот претседател, Александар Чеферин. Поранешниот прв човек на Фудбалскиот сојуз на Словенија (НЗС) доби покачување и со тоа инкасира годишна плата од 3,4 милиони евра (бруто износ). Чеферин доби и значителна сума за извршување на потпретседателската функција во Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА), поточно ...
По четвртфиналниот натпревар од Купот на Турција меѓу Фенербахче и Галатасарај (1:2), дојде до инцидент меѓу тренерот Жозе Мурињо и Окан Бурук, а сега е откриено што му претходело на нивниот конфликт. Според пишувањето на турскиот весник „Милиет“, Мурињо по натпреварот им пришол на судиите и го изразил своето незадоволство од нивната арбитража, велејќи: „Лошо ја судевте играта“. There's always drama with José Mourinho… 💥💥 ...
Англискиот репрезентативец Кајл Вокер изјави дека ниту знае, ниту може да каже дали кариерата ќе ја продолжи во Милан. Вокер е во Милано на позајмица од Манчестер Сити, од каде во јануари пристигна во Серија „А“. Иако се шпекулира дека Милан ќе го потпише на перманентен договор на крајот од сезоната, самиот Вокер вели дека не знае што го чека во иднина. -Кога ќе дојдеш до точка кога треба да се збогуваш, навистина е тешко. Кога се поздравив, Пеп ...
Бугарските фудбалски легенди од Светското првенство 1994 година собираат пари за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани. На 27 април ќе се одржи хуманитарен фудбалски натпревар меѓу ѕвездени тимови на истакнати фудбалери од Бугарија и Република Македонија. Натпреварот го организира Фондацијата „Национали 94“ во партнерство со општина Варна. Собраните средства ќе бидат донирани за лекување на настраданите од пожарот во дискотеката ...
На најновата ранг-листа на Светската фудбалска федерација, Македонија остана на 67. место. „Црвено-жолтите“ во мартовскиот циклус на Мундијалските квалификации го победија Лихтенштајн и ремизираа со Велс. Од нашата група Белгија е 8-ма, Велс 29-ти, Казахстан се наоѓа на 113. место, Лихтенштајн е на 205. позиција. Лидер во светскиот фудбалски поредок е Аргентина, пред Шпанија и Франција. Во Топ 10 се и: Англија, Бразил, Холандија, Португалија, ...
По натпреварот од Купот на Турција меѓу Фенербахче и Галатасарај (1:2), дојде до инцидент помеѓу тренерот на домашната екипа Жозе Мурињо и тренерот на гостите Окан Бурук, а по скандалот Галатасарај на брутален начин на социјалните мрежи го исмејуваше Жозе Мурињо. По завршувањето на натпреварот, Мурињо му пришол на Бурук и го фатил за нос, поради што Бурук театрално реагирал паѓајќи на земја. Овој инцидент предизвика бурни реакции во турската ...
Легендарниот фудбалски тренер Карло Анчелоти беше фотографиран во судница во Мадрид откако започна неговото судење за наводно затајување данок. Тренерот на Реал Мадрид (65) пристигна во Провинцискиот суд во Мадрид во средата пред да застане на клупата за обвинетие. Тој е обвинет дека намерно ги дезинформирал даночните власти за време на неговиот прв мандат на чело на Реал во периодот од 2014 до 2015 година за да избегне плаќање данок на доход ...
Фудбалерите на Барселона синоќа на гости го совладаа Атлетико Мадрид со 1-0 и се пласираа во финалето на Купот на шпанскиот крал со вкупни 5-4. Tenemos hambre de títulossss. 🦈🏆 pic.twitter.com/KOT7Iidb3R — Ferran Torres (@FerranTorres20) April 2, 2025 Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Феран Торес во 27. минута, а токму тој на социјалните мрежи откри како и каде фудбалерите на Барселона го прославиле влегувањето во финалето. ...
Тренерот на Марсеј, Роберто Де Зерби би можел да го преземе Милан, објави „Газета дело спорт“. Според италијанскиот весник, 45-годишниот Италијанец е прв фаворит за тренерската функција доколку биде отпуштен актуелниот тренер Серхио Консеикао. Де Зерби го тренира Марсеј од летото 2024. Пред тоа работеше во Брајтон, Шахтјор, Сасуоло, Беневенто и Палермо. Клубот ги разгледува и кандидатурите на Антонио Конте (Наполи) и Масимилијано Алегри, кои ...
Реал Мадрид синоќа се пласираше во финалето на Купот на шпанскиот крал, откако ремизираше 4-4 против Реал Сосиедад во реванш полуфиналниот натпревар, со што одбрани гол предност од првиот натпревар, но натпреварот го одбележа катастрофалната судиска грешка во корист на кралевите. Mbappe was offside here and confuse the Sociedad player, Madrid got a corner and score from the corner, the world knows. 🤌pic.twitter.com/bWvbtzwG1i — Football ...
Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо ова лето би можел да се пресели во Реал Мадрид, пренесува „Sky Sports“. Како што забележува британскиот медиум, 40-годишниот фудбалер сака да игра на Светското клупско првенство во 2025 година, за кое саудискиот клуб не успеа да се квалификува и затоа ја разгледува опцијата да потпише краткорочен договор со Реал Мадрид. ФИФА ќе отвори специјален трансфер прозорец од 1 до 10 јуни, а Португалецот ќе има ...
Тренерот на Барселона, Ханс Дитер Флик не го одобри трансферот на крилниот напаѓач на Ливерпул, Луис Дијаз, пренесува „Ел Национал“. Иако раководството на Барселона размислува да го ангажира 28-годишниот Колумбиец, Флик смета дека неговата возраст е пречка за трансферот. Германецот сака да се фокусира на млади играчи кои можат да се докажат на среден и долг рок. Флик го фаворизира потпишувањето на 22-годишниот крилен напаѓач на Атлетик, Нико ...
Селта и Лас Палмас го одиграа својот натпревар синоќа во шпанското фудбалско првенство, а се беше проследено со голема драма по дуелот помеѓу напаѓачот на Селта, Борха Иглесијас и голманот на Лас Палмас, Јаспер Силесен. Двајцата се судрија во 27. минута, а во таа прилика Иглесијас со колено го удри Силесен во стомакот, на кој долго време му се укажуваше лекарска помош. 🙏 Cillessen llega al hospital tras su choque con Borja Iglesias. 👉 El ...
Македонската машка кошаркарска репрезентација со победа внад Полска во Скопје од 88-74 го заврши квалификацискиот циклус во кој не успеа да обезбеди пласман на Европското првенство оваа година. Во натпревар без резултатско значење Македонија до вториот триумф ги предводеа Андреј Маслинко со 22 и Ти Џеј Шортс со 21 поени. Македонија ги заврши евроквалификациите како третопласирана во групата Х од која место на Евробаскетот обезбедија Литванија и ...
Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо утре ќе го прослави својот 45 роденден, а уште пред тој датум почна да слави. Поранешната ѕвезда на Барселона сподели серија фотографии на своите профили на социјалните мрежи, со што јасно стави до знаење дека прославата на неговиот роденден е веќе започната. „Толку е добро да си дома… роденденската прослава започна“, напиша бразилскиот репрезентативец. View this post on Instagram A post shared by ...
Раководството на МЛС лигата му забрани на Јасин Чеуко – телохранителот на напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, да трча на теренот за време на натпреварите. Оваа забрана е мотивирана од тоа што на секој стадион има обезбедување и нема потреба од дополнителна помош. Претходно, телохранителот на Меси постојано интервенираше во ситуации кога навивачите трчаа на теренот за да се фотографираат со фудбалерот. Меси игра за Интер Мајами од 2023. ...
Македонскиот тенисер Калин Ивановски во изедначен и маратонски меч успеа да го совлада шестиот носител Вјачеслав Биелински од Украина во второто коло на ИТФ фјучрсот во Опатија што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Ивановски победи со 2-1 во сетови (7:6(3) 5:7 7:6(4)) за 3 часа и пет минути игра. Во првиот сет се водеше голема борба за секој поен, а тенисерите го освојуваа гемот на сопствен сервис. Во 13-тиот гем во тај брејкот под 1:0 ...
Барселона ја совлада Осасуна со 3:0 и уште еднаш покажа дека е во добра форма. Сепак, постои можност каталонакиот клуб да остане без овие три бода. Имено, Осасуна се подготвува да поднесе жалба бидејќи постои сомнеж дека Барселона го прекршила правилото на ФИФА за задолжителена пауза на играчите откако ќе се повлечат од националниот тим поради повреда. Работата е во тоа што Иниго Мартинез синоќа играше за Барселона, а според правилата на ФИФА не ...
Масар Омерагиќ, претседателот на ФФМ во „Дејли Клик“ на ТВ21 и за можноста поранешниот капитен Стефан Ристовски да се врати во националниот тим. Тој рече дека разговарал и со Стефан и со селекторот Боби Милевски, меѓутоа последниот збор го има предводникот Милевски, и тука рече дека нема да се меша во неговиот избор. „Разговарав јас со Стефан Ристовски и со селекторот, и селекторот го има последниот збор. Одговорноста е негова за резултатите и ...
Францускиот фудбалер Н’Голо Канте (33) изградил најсовремена медицинска установа во Мали вредна пет милиони долари за деца и здравствена заштита на сиромашните семејства. Искусниот играч за врска, познат по својата скромност и воздржаност, пред неколку недели беше во градот Бамако, Мали и по тој повод донираше пет милиони долари за овој проект, со што уште еднаш ја покажа својата посветеност на хуманитарните активности. View this post on ...
Златан Ибрахимовиќ, поранешниот шведски напаѓач и актуелен советник на Милан, неодамна се бореше со грип кој го држеше врзан за кревет со денови, поради што ослабе три килограми. Шегувајќи се за себе, Ибрахимовиќ изјави дека неговото тело можеби било во шок поради неговата неодамнешна одлука да ја скрати косата. 🗣️ Zlatan Ibrahimović's interview with @DAZN_IT: “I was sick, I cut my hair and my body went into shock (laughs). Jokes aside, I had a ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со победата над Лоренцо Музети (6:2 и 6:2) се пласираше во четвртфиналето на Мастерс 1000 турнирот во Мајами, а на Флорида имаше многу интересен ден. View this post on Instagram A post shared by Tennis TV (@tennistv) Дуелот во Мајами беше интересен од повеќе причини, особено поради тоа што Ѓоковиќ беше поддржан од неговите големи пријатели Серена Вилијамс и Хуан Мартин Дел Потро. Ова не беа единствените ѕвезди со ...
Аргентинскиот тенисер Франциско Комесана наводно запалил цигара за време на паузата за време на неговиот меч против Американецот Мајкл Ммох. Cette image de Comesana qui fume une clope en plein match restera dans les annales de cette saison 2025 C'est surréaliste 😭😭 pic.twitter.com/L8WzPS8FCW — Jeu Blanc (@JeuBlanc_off) March 18, 2025 Влогот беше огромен, место во главниот ждреб на АТП Мастерсот во Мајами, каде Комесана на крајот се ...
Поранешниот романски фудбалер Адријан Муту (46) е убеден дека можел да ја освои Златната топка доколку не ја направел најголемата грешка во кариерата консумирајќи кокаин. Муту се пресели од Парма во Челзи во 2003 година за 19 милиони евра и веќе беше редовен член на тимот под водство на Клаудио Раниери во неговата прва сезона. Меѓутоа, со доаѓањето на Жозе Мурињо, неговиот статус се промени, а се кулминираше во октомври 2004 година кога беше ...
Францускиот фудбалер Килијан Мбапе беше импресиониран од неговата нова восочна фигура на музејот Мадам Тисо во Лондон. Сликата го прикажува Мбапе во неговиот потписен стил на прослава на гол, со кренати раце и насмевка на лицето, а кога го виде тоа Французинот извика: „Тоа сум јас!“. Kylian Mbappe comes face-to-face with Kylian Mbappe 🤝 pic.twitter.com/IsaP6D78L9 — Football on TNT Sports (@footballontnt) March 27, 2025 Музејот „Мадам Тисо“ е ...
Четворица играчи на Реал Мадрид, вклучително и Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор, се под истрага за наводно „непристојно однесување“ за време на натпревар од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, соопшти Европската фудбалска федерација (УЕФА). УЕФА објави дека назначила дисциплински инспектор да ги истражи наводите од осминафиналето меѓу двата тима на 12 март. Во случајот се вклучени и Антонио Рудигер и Дани Себаљос. Секоја изречена забрана ...