
Скопје
3ᴼ /
3ᴼ



Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го соопшти списокот со повикани фудбалери за контролниот натпревар против Саудиска Арабија (4. септември, стадион „Викторија Жишков“, Прага) и Лихтенштајн (7. септември, Национална арена „Тодор Проески“) од квалификациите за Светско првенство 2026. Двајца дебитанти се наоѓаат меѓу 26-те повикани фудбалери на кои ќе смета нашиот предводник. Играчот од средниот ред на Шкендија, Решат ...
Фудбалската репрезентација на Македонија на почетокот на септември ја очекуваат два натпревари, пријателски против Саудиска Арабија во Чешка, а потоа и квалификациски дуел за СП 2026 со Лихтенштајн на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Селекторот Благоја Милевски повика двајца дебитанти, Решат Рамадани од Шкендија и Елмин Растодер од Тун. Неколкумина играчи не се повикани поради проблеми со клубовите, а дел и од оние што се на ...
По пријава на делегатот на натпреварот ФК Пелистер – ФК Шкупи, Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија го предаде ФК Пелистер на понатамошна постапка во Дисциплинската комисија. Пријавата се однесува поради навредливо скандирање на дел од навивачите на натпреварот Пелистер – Шкупи против Албанците, одигран во рамки на 3. коло од Прва МФЛ, објави денес ФФМ. Натпреварот се одигра вчера во Кавадарци и заврши со ...
Тренерот на Интер, Кристијан Киву, ги искажа впечатоците по синоќешниот натпревар со Торино. Интер во првото коло од новата сезона во Серија победи убедливо со 5:0. – Се обидовме да пристапиме кон првиот натпревар во најдобра можна состојба. Психички, момците ги оставија настаните од минатата сезона зад себе, демонстрирајќи го својот вистински потенцијал. Од првиот ден, сите веднаш се вратија во реалноста, работеа под голем притисок и никогаш не ...
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот го пофали младиот и талентиран Рио Нгумора кој го постигна победничкиот гол на синоќешнито натпревар со Њукасл. На асистенција од Мохамед Салах, 16-годишниот Рио погоди во 90+10. минута и му донесе три бода на својот тим. – Не одигравме како што посакуваме. Им дозволивме да не загрозат по нафрлени топки. Ја немавме контролата на играта. Сепак благодарение на 16-годишниот Рио Нгумора победивме. Тој постигна одличен ...
Осум дена притвор доби 43 годишниот родител од Скопје, кој вчера на фудбалскиот натпревар на фудбалерите од генерација 2009-2010 година меѓу клубовите „Шкупи“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип физички напдна двајца малолетни фудбалери. Судијата на претходна постапка и воедно и портпарол на Основниот суд во Штип, Сашко Георгиев за МИА потврди дека на лицето А.А од Скопје му е одредена мерка притвор од осум дена, по што по скратена ...
Врз основа на собраните изјави, службени извештаи и пријавата доставена од Комисијата за млади категории во рамки на ФФМ, Првостепената дисциплинска комисија на ФФМ отвори и заврши неколку дисциплински постапки во согласност со Дисциплинскиот правилник. Најтежок инцидент се случи на крајот од натпреварот, кога играчот на ФК Шкупи 1927 со број 9, Абдуљи Леарт, физички го нападна противничкиот играч, нанесувајќи му сериозни повреди. Согласно член ...
Министерот за спорт Борко Ристовски кој го следеше синоќешниот натпревар на македонската репрезентација против Грузија, по победата им честите на нашите одбојкари и ги награди со премија. – Ви благодариме за се што правите за Македонија, некои подолго, некои сега почнуваат. Ние како министерство секогаш ќе стоиме зад успешни федерации, зад успешни приказни во спортот. Во разговор со претседателот на Федерацијата, на негов предлог, одлучивме да ...
Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице осомничено дека извршило грубо насилство на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, вчера за време на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на фудбалските клубови „Брегалница“ и „Шкупи“. Со дејствијата, според Обвинителство, тој ја загрозил сигурноста на две деца родени 2010 година, играчи за тимот на „Брегалница“, нанесувајќи им телесни повреди, а освен тоа, кај ...
Бугарската фудбалска федерација го прифати барањето на Лудогорец за одложување на прволигашкиот дуел против Берое пред реваншот против Шкендија во плејофот за групната во Лига Европа. Лудогорец требаше в понеделник да му гостува на Берое во рамки на 6 коло од бугарското првенство. „Лудогорец има важен реванш натпревар од плејофот на Лигата на Европа против македонската Шкендија на 28 август во Разград, во кој мора да надомести негатива од 1:2 од ...
Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва претрпе пораз од 3:0 во сетови (25:20; 28:26 и 25:23) од Бугарија на последниот ден од 49.то издание на турнирот „Бранко Хаџииљоски – Чајка“. Со овој пораз Македонија турнирот го заврши на третото место, а Бугарија е прва пред Швајцарија. Македонските одбојкари равноправни беа само во вториот сет, кој го загубија „на разлика“ со 28:26 и притоа имаа две сет топки, кои не ги искористија. Во ...
Мексиканката Лизбет Овале стана најскапата фудбалерка во историјата откако американскиот фудбалски тим Орландо Прајд му плати на нејзиниот поранешен клуб, Тигрес УАНЛ Феменил, 1,5 милиони долари отштета. Овале потпиша двегодишен договор со можност за продолжување на соработката до 2028 година. Трансферот на 25-годишната мексиканска интернационалка е рекорден во историјата на женскиот фудбал. Претходниот рекорд го држеше канадската фудбалерка ...
По неколку годинишна врска, во која имаат и деца, Роналдо и Георгина конечно се верија. Сите зборуваат за прстенот, од чија цена боли глава. Според проценките на експертите за накит, станува збор за раскошен овален дијамант со странични камења од дури 15 до 35 карати, додека вкупната тежина на сите скапоцени камења на прстенот изнесува околу 37 карати. Проценетата вредност, според магазинот PEOPLE, е околу 5 милиони долари, додека австралискиот ...
Фудбалерите на Шкендија го совладаа вечерва бугарски Лудогорец со 2-1 во Скопје во првиот натпревар од плејофот за пласман во групната фаза во лига Европа. Лудогорец дојде во водство од својата прва шанса на арената „Тодор Проески“ кога Дерој Дуеарте искористи грешка во одбраната на Шкендија и биеше прецизно во 17 минута. Шкендија беше рамноправен противник во првото полувреме и откако не искористите две – три идеални шанси за гол, го израмни ...
Десет лица се повредени, а 90 уапсени во судирите меѓу навивачите на аргентинскиот Индепендиенте и чилеанскиот Универсидад де Чиле во реваншот од осминафиналето на Копа Судамерикана во средата вечер, соопштија денеска аргентинскиот клуб и полицијата во Буенос Аирес. Натпреварот мораше да биде прекинат во 48 минута при резултат 1-1 поради судир на трибините на стадионот Авеланеда, јужно од Буенос Аирес. Во првиот натпревар од ова второ по ранг ...
Фабрицио Романо во средата објави дека дефанзивецот на Манчестер Сити, Мануел Аканџи, е многу блиску до трансфер во Галатасарај, но она што следеше ги шокираше љубителите на фудбалот ширум светот – се огласи фудбалерот, а објавата беше избришана! Имено, Фабрицио Романо, најпознатиот фудбалски инсајдер, рече дека понудата од 15 милиони е прифатена и дека остануваат само уште неколку ситни детали за договорот да биде потпишан, но следуваше шок. ...
Македонскиот првак Шкендија ќе биде без повредениот напаѓач Фитон Адеми на утрешниот натпревар против бугарски Лудогорец, соопшти денеска тетовскиот клуб. Адеми го истегна глуждот изминатиот викенд во триумфот на Шкендија на гостински терен против Македонија ЃП (3-1) во рамки на 2 коло во ПМФЛ и ќе отсуствува од теренот најмалку 10 денови. Адеми принудно го напушти теренот по само 27 минути игра,откако претходно во 9. минута со својот прв ...
За натпреварот Хуарез – Тихуана во рамки на мексиканската женска фудбалска лига најмалку ќе се зборува поради резултатот (заврши 2:0, доколку некој се интересира), а најмногу поради жестоката тепачка меѓу две фудбалерки што се случи среде терен. Веќе во 23. минута од натпреварот, додека резултатот сè уште беше 0:0, буквално се „заплеткаа“ Миа Зуазуа од Хуарез и Нативидад Мартинез од Тихуана. Имаше туркање, удирање, влечење за коса… Сцените не ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја укина котизацијата за настап во Втора македонска фудбалска лига. – За прв пат после речиси 15 години, второлигашките клубови немаат обврска да плаќаат котизација за учество во првенството. Оваа одлука, донесена по иницијатива на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, претставува значаен чекор напред кон создавање подобри услови за работа на клубовите, финансиско олеснување и унапредување на ...
Нејмар никогаш нема да го заборави понижувањето што го доживеа дома, пред своите луѓе, пријатели, семејство, соиграчи… Сантос беше поразен на домашен терен, Васко славеше убедливо со 6:0, при што постигна пет гола во второто полувреме. Еден од најдобрите бразилски фудбалери започна да плаче на теренот. Кога заврши натпреварот, на кој дури и навивачите им свртеа грб, Нејмар не можеше да ги задржи емоциите. Се расплака. Поразот тешко му падна, ...
Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка (27), се сликала разголена во горниот дел за Инстаграм и ја објавила фотографијата со коментар: „Ден поминат на сонце“. Нејзината објава добила стотици илјади лајкови, како и секогаш кога објавува фотографии од плажа или во костим за капење. View this post on Instagram A post shared by Aryna Sabalenka (@arynasabalenka) Белоруската тенисерка одамна живее во Мајами, Флорида, каде се подготвува за ...
Нов трет пораз на македонската кошаркарска репрезентација во претквалификациите за Светскиот куп 2027 во Катар. Романија забележа победа од 79:66 (26:19; 19:15; 14:15 и 20:17). Ова за македонскиот национален тим беше трет пораз во истотолку натпревари. Во текот на првото полувреме противникот беше во постојано водство, кое на полувреме изнесуваше 45:34. На почетокот на вториот дел Романија стигна до највисоките +14 (50:36), а по 64:51 ...
Јунајтед беше поразен од Арсенал со тесен резултат благодарение на голот на Рикардо Калафиори во 13-тата минута, додека новите засилувања како Брајан Мбеум и Матеус Куња не ги оправдаа очекувањата на навивачите на „Црвените ѓаволи“ на почетокот од првенството. Сепак, тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим, ги шокираше навивачите по натпреварот давајќи го своето мислење за играта на Јунајтед. Неговите играчи имаа 22 шута наспроти деветте на Арсенал, ...
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ има болки во коленото, и нема да игра против Романија. Селекторот Марјан Илиевски се одлучи за две измени во играчкиот ростер, за денешното гостување во Орадеа. На местото на повредениот Мекиќ во македонскиот национален тим ќе биде Марко Миловановиќ. Втората измена е Никола Василевски кој ќе го заземе местото на Тома Стојаноски. Василевски за прв пат во својата кариера ќе биде дел од ...
Угледниот спортски медиум „Газета дело Спорт“ објави загрижувачки вести, а и Наполи ги потврди информациите. Имено, Ромелу Лукаку бил на прегледи и тестови по повредата заработена на пријателскиот меч со Олимпијакос (2:1) одигран пред една недела. Првичните резултати покажуваат дека е скинат мускулот на левиот бут. Тој веќе ја започнал програмата за рехабилитација, а се вришат и консултации за хируршки зафат. Доколку биде приморан да оди на ...
ФИФА размислува за промена на форматот на Светското клупско првенство, објавува „Гардијан“. Според британскиот медиум, Светската фудбалска асоцијација планира да го одржува турнирот на секои две години од 2029 година и да го прошири бројот на учесници од 32 на 48 екипи. Предвидено е повеќе од два клуба од една земја да можат да учествуваат на Светското клупско првенство. Исто така, за да не се преоптовари меѓународниот календар, планирано е да ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во периодот што следува започнува со значајна донација со која 72 клубови од Трета МФЛ ќе добијат околу 1.400 фудбалски топки, а 140 младински екипи од Супер лигата, Втората и Третата младинска лига ќе добијат повеќе од 3.000 топки. Со оваа донација, секој клуб обезбедува неопходна опрема за тренинг и натпревари, со цел создавање подобри услови за работа и напредок на младите фудбалери. Оваа иницијатива ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека поднело кривична пријава против седум лица поради „местење“ на фудбалскиот натпревар ФК „Кожуф“- ФК „Башкими“, едно лице е лишено од слобода. Денеска (15.08.2025) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, по претходно обезбедена наредба од Основен суд Гевгелија, извршија претрес на две локации кај П.Ѓ. од Гевгелија, спортски директор на ФК „Кожуф“ од Гевгелија и по спроведена ...
По комплетирање на првиот микро-циклус од подготовките во Маврово за квалификациските натпревари со Грција и Грузија за пласман на Европското првенство 2026, машката сениорска репрезентација на Македонија денес отпатува за Софија каде ќе одигра пријателски натпревари со селекцијата на Бугарија. Натпреварите се играат во салата „Левски“ во Софија. Првиот натпревар е закажан за 29 јули во 17 часот, додека втората контрола на 30 јули се игра на ...
Изминатиот викенд се одржа уште еден UFC Fight Night кој понуди многу возбудувања и спектакуларни моменти. Во главната борба на вечерта се случи големо изненадување – поранешниот шампион во средна категорија и еден од најдобрите борци во таа дивизија, Роберт Витакер, беше поразен од Рајниер де Ридер. Steven Nyugen just set the record for the more knockdowns in a single UFC fight with 6️⃣ against Mohammad Yahya. 😳 (🎥: ...