Фудбалерите на Манчестер јунајтед и Борнмут одиграа неверојатен натпревар на „Олд Трафорд“ во 16. коло од Премиер лигата. На крајот, резултатот гласеше 4:4! Уште во 13. минута домаќините поведоа. Амад Дијало го искористи прецизниот пас и со глава ја затресе празната мрежа од непосредна близина за 1:0. Сепак, Борнмут успеа да одговори по нешто помалку од половина час игра – во 40. минута Антоан Семенјо со одличен соло-продор од пенал простор ...

Новак Ѓоковиќ викендот во салата „Атина Ривиера 91“, се сретна со европскиот шампион до 14 години. Дваесет и четирикратниот шампион на Грен слем турнирите Новак Ѓоковиќ тренираше со Рафаел Пагонис во Атина. – Денес сонував дека сум поканет да играм против Ѓоковиќ. Тој беше многу љубезен и ги сподели своите тајни за враќање на сервисот со мене. Ве молам не ме будете! Ви благодарам за ова неверојатно искуство! Се гледаме наскоро, напиша Пагонис ...

Поранешниот македонски репрезентативец и член на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, синоќа беше приведен во полициска станица по натпреварот со Охрид на гостински терен. – На 14.12.2025 година во 20:20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М.(33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што се одржа во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, ...

По оставката на досегашниот тренер на РК Еурофарм Пелистер, Рубен Гарабаја, до крајот на полусезоната екипата ќе ја води директорот на клубот, Звонко Шундовски. Пред клучните натпревари од сезоната 2025/2026, Звонко повторно ја презема одговорноста за тимот, како и многупати досега кога било најпотребно, сè до назначувањето на нов тренер. Во образложението на оставката Гараваја вели: -Сакам да потенцирам дека по натпреварот со Алкалоид не ...

За нов селектор на македонската фудбалска репрезентација ќе биде предложен домашен стратег, а неговото име ќе биде познато најдоцна до 25 декември. Ова доаѓа по денешниот состанок на Комисијата за избор на нов селектор во чиј состав се претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, потпретседателот Марјан Стојковски, директорот на националните селекции Горан Пандев, раководителот на скаутинг служба Николче Новески и членот на Управниот одбор Агим ...

Раководството на Евролигата го казни Кошаркарскиот клуб Партизан со 40.000 евра поради кореографијата што ја подигнаа „Гробарите“ за време на натпреварот против Фенербахче, на која Милош Обилиќ го убива султан Мурат. Стануваше збор за натпревар од 12. коло на Евролигата на 21 ноември, кога кошаркарите на Фенербахче ја совладаа во Белград екипата на Партизан со резултат 99:87. Домашните навивачи го отворија натпреварот со кореографија со која ...

Македонскиот репрезентативец во дресот на шкотскиот тим Глазгов Ренџерс, Бојан Миовски постигна гол за својот тим во поразот на својата екипа. Миовски мрежата на домашниот голман на Ференцварош ја затресе во 27.минута на атрактивен начин со „ножички“. Миовски на теренот беше до 67.минута кога беше заменет. Глазгов Ренџерс загуби со 2:1 на гостувањето кај Ференцварош во 6.коло од УЕФА Лига Европа. За македонскиот репрезентативец ова беше втор ...

Ѓоковиќ во отворен разговор со Пирс Морган зборуваше за многу интересни теми, а една од нив беше како славниот тенисер би сакал да биде запаметен по својата смрт. „Би сакал на мојот надгробен споменик да пишува ‘човек кој ги допре човечките срца’. Тоа ми е навистина важно. Сакам да останам запаметен како некој кој секогаш играл фер и секогаш давал сè од себе“, рече Ѓоковиќ и додаде: Ѓоковиќ изјави дека е горд на сите свои достигнувања во ...

Ракометарите на Вардар 1961 во Скопје го совладаа француски Тулуз со 37-35 и како првопласирани во групата Ф се пласираа во главната фаза во Европската лига на ЕХФ. Натпреварот во СРЦ „Јане Сандански“ беше резултатски израмнет до финишот на првиот дел, кога во самата завршница при водство на Вардар од 16-15, Тулуз постигна три голови во серија и замина на полувреме со предност од 18-16. По десет минути игра во второто полувреме, Вардар со ...

Фудбалерите на тетовска Шкендија ја постигнаа втората победа во групата од УЕФА Конференциската лига откако го совладаа Слован Братислава со 2:0. Со овој триумф Шкендија со седум бодови се искачи на табелата, но за пласманот по 5.коло ќе се знае по одигрувањето на дуелите кои почнуваат во 21 часот. Шкендија до водство дојде откако Кенан Бајриќ во 33.минута постигна автогол, а конечните 2:0 беа поставени во 45+1 минута. Стрелец на голот беше ...

Македонскиот фудбалски тим, со долгогодишна традиција, Тетекс бара фудбалер преку оглас. Имено, во огласот објавен од Агенцијата за вработување, пишува дека фудбалскиот клуб има потреба од работно место фудбалер, една позиција, за почетна плата од 24.400 денари. Работното време на фудбалерот би било од 09 до 16 часот. Договорот би бил на неопределено време. Зошто е ова интересно? Затоа што не е вообичаено да биде објавен оглас за ангажирање ...

Приведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето На 10.12.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот ...

Репрезентацијата на Литванија на 10 секунди до крајот губеше 87:80 од Велика Британија, а до крајот постигна девет поени и со пресврт стигна до победа. Ова беше прв натпревар од квалификациите за Светското првенство. Игнас Саргијунас ја „започна“ серијата поени и со тројка намали на 87:83. Акваси Јебоа беше фаулиран и погоди едно слободно за 88:83. Веднаш потоа Саргијунас погодува уште една тројка за 88:86 на 3,5 секунди до крајот. По лошо ...

Нашиот Филип Поповски доби уште едно големо признание од УЕФА со ангажманот како делегат на синоќешното мега-дерби од групната фаза во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити на „Сантјаго Бернабе“. Престижниот ангажман претставува силна потврда за угледот на македонските фудбалски професионалци и на Фудбалската федерација на Македонија во европските фудбалски структури. Поповски останува еден од највисоко котираните ...

Тренерот на Ливерпул очигледно задоволен од победата против Интер од 0:1 во дербито на колото во ЛШ. Сепак на прес конференцијата после мечот имаше интересен коментар за пеналот кој беше досуден во 88-та минтуа. Тој вели дека голот што им го поништиле поради играње со рака претходно, бил порегуларен од пеналот што го добиле. Како што вели Арне Слот, доколку ова против Интер беше пенал, тогаш би требало да добијат десет такви во оваа сеозона. ...

Фудбалерот на Реал, Килијан Мбапе, е неизвесен за натпреварот од шестото коло на Лигата на шампионите против Манчестер Сити, бидејќи поради повреда го пропушти тренингот пред дуелот со англискиот тим. Мбапе има проблеми со мускулот на левата нога, а шпанските медиуми наведуваат дека стручниот штаб на Реал денес попладне ќе донесе конечна одлука дали францускиот фудбалер ќе игра на следниот натпревар од Лигата на шампионите. „Мбапе е под знак ...

Младата македонска фудбалерка Меланија Грозданова која настапува за ЖФК Љуботен во иднина може да ја продолжи фудбалската кариера во италијанскиот фудбалски гигант Јувентус. Интересот за 16-годишна фудбалерка се смета дека е поради нејзиното стандардно место во првиот тим на репрезентацијата, пласманот во А-дивизија со У-19 како и значајната ефикасност со осум голови досега за ЖФК Љуботен и 12 погодоци претходната сезона за ЖФК Истатов. – ...

Судот во Истанбул нареди апсење на 20 осомничени, меѓу кои и неколку професионални фудбалери, како дел од проширената истрага за местење натпревари и обложување во турскиот фудбал. Меѓу уапсените фудбалери се Мерт Хакан Јандаш од Фенербахче, Метехан Балтачи од Галатасарај и сенегалскиот интернационалец во редовите на Коњаспор, Аласане Ндао. Јандаш (31) има еден настап за турската репрезентација, Балтачи (23) беше стандарден во турската ...

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, ја коментираше ситуацијата со напаѓачот на тимот Мохамед Салах. -Имав краток разговор со Салах. Секогаш верував дека можеш да се вратиш од секоја ситуација. Нема што повеќе да се каже. Не знам дали тој го одигра последниот натпревар во дресот на Ливерпул, рече Слот на денешната прес-конференција. Претходно беше објавено дека Салах не е вклучен во составот на Ливерпул за натпреварот од Лигата на шампионите ...

Иако е во голема криза, пред се резултатска, сепак Ливерпул успеа да слави на гостувањето кај Интер во дербито на колото во Лигата на шампионите со 0:1. Голот го постигна Собослаи од пенал во 88-тата минута, момент кој предизвика бура реакции пред се во Италија. Имено, Вирц беше повлечен за дресот од Бастони, а судијата по реакцијата од ВАР собата покажа на белата точка. Коментарите се дека пеналот е престрого досуден, особено при резултат ...

Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, го пропушти тренингот на тимот пред натпреварот од 6. коло од Лигата на шампионите против Манчестер сити, објави новинарот Марио Кортегана на социјалните мрежи. Натпреварот ќе се одржи утре, 10 октомври, и ќе започне во 21 часот. Според шпанските медиуми, францускиот фудбалер Едуард Камавинга, исто така, го пропушти тренингот со тимот. Мбапе одигра 21 натпревар за Реал Мадрид во сите натпреварувања во ...

Одбранбениот фудбалер на Барселона, Роналд Араухо, може да го напушти тимот поради здравствени проблеми, објави „COPE“. Дваесет и шестгодишниот Арухо е надвор од терените од крајот на ноември. Првично, тренерот на Барселона, Ханси Флик, објави дека играчот имал инфекција со ротавирус, но подоцна се појавија информации дека Араухо зел непланиран одмор поради психолошки тешкотии. Барселона му даде на Араухо неопределено отсуство поради ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп организираше свечена вечера за саудискиот принц Мохамед бин Салман во Белата куќа, а меѓу поканетите се најде и Кристијано Роналдо. Роналдо се појави со Георгина на вечерата на која, меѓу другите, присуствуваа и претседателот на ФИФА Џани Инфантино, како и угледните бизнисмени Илон Маск, Тим Кук, Мајкл Дел, Чак Робинс, Јенсен Хуанг, Тарек Амин, Лиса Су, Мајк Вирт, Дејвид Елисон и ...

На свечена церемонија во „СЦ „Јане Сандански“ денес Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 ноември“ за 2025 година. За најдобар тренер во 2025 година наградата 13 Ноември му се доделува на Кире Лазаров – Тренер на РК Алкалоид, освојувач на титулата ЕХФ Европски куп за мажи 24/25. Од спортските екипи награден е РК Алкалоид – Победник на ЕХФ Европскиот куп за мажи за сезоната 2024/25. Наградата „13 Ноември“ за најдобар спортист ...

Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, скрши прст на левата рака за време на поразот (0:2) од Селта Виго во 15. коло од шпанската лига. Напаѓачот ја претрпел повредата кон крајот на првото полувреме по судир со дефанзивецот Оскар Мингеза. Мбапе продолжи да игра откако лекарите му го преврзаа прстот. Шпанските медиуми објавија дека 26-годишниот Французин ќе игра против Манчестер сити во 6. коло од Лигата на шампионите. Натпреварот ќе се ...

Угледниот италијански новинар Руди Галети објави дека италијанскиот фудбалски гигант со внимание ги следи настапите на македонската фудбалерка Меланија Грозданова, член на фудбалскиот тим Љуботен. Таа има 16 години, а веќе е дел од сениорската репрезентација на Македонија, а нејзините игри не останале незабележани. 🚨🔥 EXCL | Juventus have shown a strong and concrete interest in 16yo North Macedonian talent Melanija Grozdanova. 🇲🇰 The ...

Поразот на Реал Мадрид на домашен терен од Селта Вигo (2:0) предизвика хаос во соблекувалната на кралскиот клуб, пренесуваат шпанските медиуми. Исти извори наведуваат дека по шокантниот пораз од Селта, во совлекувалната „летале“ шишиња и други предмети. Како што пишуваат дел од шпанските медиуми, Џаби Алонсо не бил присутен на хаосот, бидејќи не влегол во соблекувалната ни за еден момент. Немало никаква комуникација или разговор со играчите ...

Сагата околу Мохамед Салах во Ливерпул продолжи и денес. Имено, како што објави најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, повикувајќи се на RMC Sport, Египќанецот е изоставен од тимот во пресрет на натпреварот од Лигата на шампионите против Интер. Како што наведува истиот извор, одлуката ја донеле Управата на клубот, но и тренерот Арне Слот. Потсетуваме, Салах претходните три натпревари во домашното првенство ги започна од клупата, а ...

Фудбалскиот клуб Вардар АД Скопје регистрираше промени во управувачката структура, покажуваат податоците од Централниот регистар, до кои дојде SPORTM.mk Со одлука донесена на 5 декември 2025 година, е извршена измена на Статутот и е регистрирано именување на нови неизвршни членови во Одборот на директори на клубот. За неизвршни членови се именувани Лилјана Митковска, по професија правник, и Бојан Коцевски, економист. Двајцата ќе дејствуваат ...

Претседателот на шпанскиот фудбалски првак Барселона, Жоан Лапорта, нема да се кандидира за нов мандат, објави денеска весникот „Мундо Депортиво“. Актуелниот мандат на Лапорта на чело на Барселона истекува во 2027 година. „Можам повторно да се кандидирам, но не планирам. Тоа би било несоодветно“, рече Лапорта. Шеесетитригодишниот Лапорта е претседател на Барселона од 2021 година. Претходно ја извршуваше функцијата од 2003 до 2010 година. Под ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
4.12
75%
1011
weather icon

Белград

-2ᴼ / -3ᴼ
5.66
70%
1013
weather icon

Загреб

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1012
weather icon

Софија

-4ᴼ / -4ᴼ
1.54
80%
1013
weather icon

Сараево

-5ᴼ / -5ᴼ
2.75
91%
1016
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.51
85%
1010
weather icon

Атина

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
78%
1007
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
81%
1007
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1008
weather icon

Букурешт

-5ᴼ / -7ᴼ
5.66
75%
1014
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
94%
1012
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
7.72
100%
1004
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

156424.63

Бакар

11.99

Цинк

3.34

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78

Родиум

363303.44

Алуминиум

3.15

Калај

54.25

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Сребро

3663.67

Паладиум

54624.12