Норвешкиот биатлонист Стурла Холм Легреид предизвика бура реакции на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, откако веднаш по освојувањето на бронзениот медал во поединечна конкуренција јавно призна дека ја изневерил својата девојка. Сега, во разговор за норвешкиот весник VG, се огласи и неговата поранешна партнерка, која побара да остане анонимна, и кратко и јасно порача: „Тешко е да се прости. Дури и по јавната изјава за љубов.“ ...

Неверојатна сцена на еден од последните денови на тековните Олимписки игри во Кортина. На денешните квалификации во екипен спринт во слободен стил женска конкуренција, на стартно целната рамнина се појави, верувале или не волк. Животното спонтано се појави помеѓу натпреварувачките, дури ја мина и целта, за да потоа, и самото збунето од опкружувањето излезе надвор од патеката и исчезна од кадарот на камерите. Репрезентативката на Хрватска ...