Никола Јокиќ наскоро може да стане сопственик на најголемиот договор во историјата на НБА. Според информациите на „ЕСПН“, се очекува управата на Денвер Нагетс да му понуди на српскиот центар петгодишно продолжување на соработката, вредно околу 359,5 милиони долари. Јокиќ има договор со Денвер до 2028 година, но веќе има можност за нова максимална соработка. Доколку потпише четиригодишна екстензија, таа би му донела околу 278 милиони долари, ...
Легендарниот американски кошаркар и тренер Дон Нелсон почина на 86-годишна возраст, потврди неговото семејство. Нелсон е едно од најголемите имиња во историјата на НБА. Како играч освои пет шампионски титули со Бостон Селтикс, а уште поголема трага остави како тренер, предводејќи ги Милвоки Бакс, Голден Стејт Вориорс, Њујорк Никс и Далас Маверикс. Во текот на својата тренерска кариера запиша 1.335 победи, што долго време беше рекорд во НБА. ...

