
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Диригентот Виктор Митревски, кој живее и работи во Виена, на 8 и 10 јануари настапи како гостин во Операта во Малме, Шведска во новата продукција на една од најизведуваните опери од Моцарт, „Така прават сите“ (Cosi fan tutte). Претставата, според неговите соработници, доживеа голем успех во Малме, била поздравена со овации од публиката и добила позитивни критички осврти во шведските медиуми. Оваа поставка на „Така прават сите“ носи поднаслов ...
Националниот џез оркестар ќе одржи концерт насловен „Џез лектира: Quintessence by Quincy Jones“ на 24 јануари во Филхармонијата од 20 часот како почеток на својата нова концертна сезона. „Концертот го покрива значајниот биг бенд опус на сестраниот музички магнат Квинси Џонс, од неговиот прв албум издаден во 1959, преку ексклузивни неиздадени аранжмани и негови аранжмани за Френк Синатра и оркестарот на Каунт Бејси, до биг бенд аранжмани на ...
Црногорскиот кантавтор Сергеј Ќетковиќ ќе одржи концерт во Скопје на 21 март во Филхармонијата, објави пејачот на својот Инстаграм профил. „Драго мое Скопје, се гледаме на 21 март во прекрасната сала на Македонската филхармонија заедно да ги прославиме нашите заеднички 25 години. Едвај чекам да се дружиме и заедно да пееме“, рече Ќетковиќ. Тој има издадено 13 албуми. Првиот, „Кристина“, излезе во 2000, а новиот, „Куфер“, во 2024. Во 2011 одржа ...
Меган Маркл го одложи своето ново шоу на „Нетфликс“ до март поради катастрофалните пожари во Лос Анџелес, кои досега однесоа најмалку 24 животи. Серијата „Со љубов, Меган“, која се снимаше во градот Монтесито во јужна Калифорнија, требаше да има премиера на 15 јануари. „Нетфликс“ соопшти дека ѝ дал полна поддршка на Маркл во нејзиното барање за одложување на серијата, опишувајќи ја како „искрена посвета на убавините на јужна Калифорнија“. Новиот ...
Британскиот актер Џуд Ло ќе го глуми рускиот претседател Владимир Путин во млади години, во филмот „Волшебникот од Кремљ“ на режисерот Оливие Асајас. Филмот ќе се снима според истоимената најпродавана книга на Џулијано да Емполи, сместена на почетокот на 1990-тите, како последица на распадот на СССР. Филмот ја носи приказната за Вадим Баранов, ТВ-продуцент, кој неочекувано станува спин доктор за актуелниот рускиот претседател кога го започнува ...
Посета на малите градови, набљудување на ѕвездено небо и тениските натпревари се на врвот на листата на трендови за патување во 2025, според новото истражување од „Прајслајн“. Веќе не е актуелен трендот на „одмазднички патувања“ (патувања кои биле одложени поради пандемијата), почнува нова ера на „посакувано патување“, обележана со разумно трошење и персонализирани маршрути. На листата е карактеристично и дека луѓето се повеќе се ангажираат во ...
Француската издавачка куќа „Галимар“ го објави своето издание на збирката раскази „Не одам никаде“ од македонската писателка и професорка Румена Бужаровска. Како што велат од Издавачкиот центар „Три“, француското издание на „Не одам никаде“ од Бужаровска следува откако претходно „Галимар“ ја издаде и „Мојот маж“, додавајќи го своето издание на листата од петнаесет преводи на збирката што оствари и шест театарски продукции во земјава и странство. ...
Сара Мејс со девојките на Божиќниот концерт ја развеселија публиката во распродадената сала на Велешкиот театар, кој се одржа сношти (10 јануари). Пеејќи Божиќни песни таа и девојките, во музичка придружба на Камерниот оркестар од Битола, ја донесоа магијата на празничната вечер. „Вообичаено за Божик, семејството се собира дома, за да го одбележи овој голем христијански празник. Ви благодарам што нѐ примивте како дел од семејството и со оваа ...
Најголемиот град во Казахстан, Алмати е најинтересното место да се посети според „Си-Ен-Ен травел“ и го нарекуваат „најкул“ место во светот. Тој е еден од оние ретки градови кои навистина имаат сè – одлична храна, просперитетен ноќен живот, брзорастечка уметничка и културна сцена и лесен пристап до некои од најневеројатните, недопрени пејзажи во светот. Метро станиците во Алмати се буквално уметнички дела, совршено надополнување на неговите ...
Прецизно изработени храмови и замоци од мраз се меѓу атракциите на традиционалниот Фестивал на снег и мраз во кинескиот град Харбин, кој се отвори по 41. пат. Скулптурите од мраз привлекуваат голем број туристи во овој поранешен индустриски центар, кој поради близината на Русија се одликува со архитектура од царската ера каква што не може да се најде никаде во Кина. Оваа година можат да се видат копии на Таџ Махал, Замокот на Осака и Храмот на ...
За првпат во својата 40-годишна историја, италијанското дизајнерско дуо Долче и Габана ја прикажува својата работа на изложба во Париз. Родното место на високата мода е домаќин на моќниот италијански бренд. Изложбата наречена „Од срцето до раката“ се отвора денеска (10 јануари) во Елисејската палата и ќе трае до 31 март. Распространета е на 1.200 квадратни метри и содржи над 200 парчиња од колекциите „Алта мода“ и „Алта сарторија“, 300 рачно ...
Оркестарот на Филхармонијата на 17 февруари ќе одржи концерт во Софија заедно со Софиската и Солунската филхармонијата. Во салата на НДК ќе ја изведат сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, а ќе диригира Најден Тодоров. Како солистка од Македонија ќе настапи сопранката Ана Дурловски (фото), заедно со грчкиот тенор Николас Спанос и бугарскиот баритон Иво Јорданов. Од Филхармонијата велат дека овој проект бил договорен кон средината на ...
„Секогаш препорачувам избалансирана исхрана. Без разлика која ни е целта, не би требало речиси никогаш да ги избегнуваме главните три макронутриенти: протеини, јаглехидрати и здрави масти“, вели нутриционистката Ива Кацарска кај своите клиенти позната како Ива Красива. Според неа, ако долгорочно се откажеме од некој од нив или го елиминираме од нашата исхрана може да се случи да се соочиме со несакани дефицити на витамини и минерали, советува ...
На 10 јануари, во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе се одржи божиќно-хуманитарен концерт на Сара Мејс и девојките, заедно со Камерниот оркестар на Битола. Организатор е Општина Велес, во соработка со театарот и Општинската организација на Црвен крст. Концертот, што почнува во 20 часот, е најавен како хуманитарен. Средствата од продажбата на билетите, чија цена е 400 денари, се наменети за опремување на Детското одделение при ...
Ријана се прогласи себеси за кралица на Денот на вљубените, претставувајќи ја новата колекција на долна облека на нејзиниот моден бренд „Фенти“. Таа сними секси фотосесија во која го глуми Купидон за да докаже дека нејзината долна облека е совршена униформа и совршен подарок за претстојниот празник на вљубените. „Поклонете се, пристигна Кралицата на Денот на вљубените!“, стои во објавата на Инстаграм профилот на „Savage X Fenty“. Колекцијата ...
„Снегови“ е новата песна на поп-пејачот Александар Тарабунов, која излезе на Божиќ, 7 јануари. „Чест ми е што на овој најголем христијански празник ви ја подарувам ‘Снегови’, моето парче душа и новиот вистински јас“, кажа Тарабунов за новата балада. Тој е комплетен автор на песната, ги напиша музиката, текстот и аранжманот, а виолината ја отсвире неговиот колега од Битола, композиторот и пејач Димитар Андоновски. Тарабунов е вработен во хорот на ...
Кинотеката на Македонија ја започнува новата година со разновидна програма за сите генерации преку тематски и ексклузивни проекции. За најмладата публика, Кинотеката од утре (9 јануари) организира утрински проекции во рамките на „Кино утро“, а љубителите на македонската кинематографија ќе имаат можност да гледаат документарни и кратки македонски филмови. Новина е зимското издание на фестивалот „Браќа Манаки“. Ќе бидат прикажани пет наслови – ...
Украинска народна мелодија е денес најпопуларната божиќна песна во Украина која има интересна историја. „Шчедрик“ или како што ја знае светот „Carol of the bells“ е од суштинско значење за украинскиот народ бидејќи е првата песна која на украински јазик се слушнала низ светот. Ја компонирал Микола Леонтович, а песната станува славна со настапите на хорот на Александар Кошиц во 1919, а откако добива и англиска преработка станува неизоставен дел ...
Кина објави дека го гради најголемиот аеродром на светот на вештачки остров. Меѓународниот аеродром „Далијан Џинжу беј“ се гради покрај североисточниот брег на Кина, на остров од 20 квадратни километри. Аеродромот ќе има четири писти и патнички терминал од 900.000 квадратни метри. Првата фаза треба да биде отворена во 2035 година. Најавено е дека годишно ќе опслужува 80 милиони патници од 540.000 летови. Кога ќе биде завршен, тоа ќе биде ...
Идната прва дама на САД Меланија Трамп ќе биде во фокусот на нов документарен филм на „Амазон прајм“, што треба да излезе подоцна оваа година. Стриминг платформата не објави детали за проектот, туку само кажа дека ќе „сподели вистински уникатна приказна“. Трамп е извршна продуцентка на документарецот, што кажува дека има уредувачка контрола врз него. Филмот почнал да се снима минатиот месец и прво ќе биде објавен во кината, а на „Амазон прајм“ ...
Со доаѓањето на 2025, Кемниц и Горица/Нова Горица го презедоа статусот на Европска престолнина на културата. Споменикот на Карл Маркс е една од најголемите бисти на светот, по која источногерманскиот град Кемниц е препознатлив од 1971. „На Карл Маркс не му требаат раце и нозе, неговата глава кажува сѐ“, рекол советскиот скулптор Лав Кербел за своето дело тешко 40 тони. Маркс немал никаква лична врска со Кемниц. Роден е во Трир, а умрел во Лондон ...
Германскиот град Либек своевремено бил моќен политички и економски центар, а денес е најпознат по производството на марципан. Во овој град работат четири фабрики за марципан, од кои најголемата е „Нидерегер“. Основниот рецепт за марципан е едноставен: две третини бадеми, една третина шеќер. Марципанот на „Нидерегер“ е регистриран во Европската Унија како заштитен производ со географско потекло. Бадемите најмногу се одгледуваат во Калифорнија, ...
Владо Јаневски вчера (5 јануари) ја промовираше новата песна „Твој засекогаш“ на скопското радио „Буба мара“. Кантавторот прослави 30 години музичка кариера.со пет концерти во Скопје и еден во Охрид одржани во 2023 и 2024. Пред две години, тој од скопски Чаир, што го опеа во песната „Чаирска романтика“, се пресели во Гевгелија. Откако ја продаде куќата во Чаир рече дека веќе не сака ништо да поседува и живее во изнајмен стан во Гевгелија. „Во ...
Скопје ова лето би требало да го добие својот прв фестивал посветен на метал музиката. Во организација на „Терорвоид“, засега се познати времето и местото на неговото одржување: стадионот на АРМ во Градски парк на 13 септември. „Скопје фјури“ (Skopje Fury) на своето прво издание ќе има шест учесници, чии имиња допрва ќе бидат објавени. „Сметаме дека е дојдено време Скопје да добие метал фестивал на отворено, кој се надеваме со тек на времето ќе ...
Холивудските ѕвезди донесоа многу стил на црвениот тепих на доделувањето на Златните глобуси, отворајќи ја сезоната на филмски награди во Лос Анџелес, што ќе заврши со Оскарите на 2 март. Освежени од празничниот одмор, славните личности вообичаено доаѓаат на Глобусите во разиграно и опуштено расположение и спремни малку да се забавуваат на црвениот тепих. Во поглед на модата, забележливо беше враќањето на гламурот од старата школа, дополнето со ...
Откако „освои“ три златни малини за најлоша актерка, Деми Мур го доби првото признание за својата кариера на 62 години. Мур, која беше една од најпопуларните актерки во 1990-тите, лани го имаше големото враќање во Холивуд со хоророт „Супстанција“, што ноќеска ѝ го донесе Златниот глобус за најдобра актерка во категоријата комедија/мјузикл. „Бев на многу ниско ниво пред да ја добијам улогата во ‘Супстанција‘“, призна Мур, примајќи ја наградата. ...
На 27 февруари од 20 часот, во Центарот за култура во Битола, Битолскиот камерен оркестар ќе одржи концерт насловен „За Мојата Битола“. о повод 10-годишнината на ‘Бабам Битола’. Концертот е омаж на убавината, историјата и душата на нашиот сакан град. Ќ е уживате во прекрасни песни за Битола, како и рецитали во изведба на битолски уметници“, велат од оркестарот. Првиот концерт на Битолски камерен оркестар пред повеќе од 10 години, исто така, беше ...
Повеќе од шест години по неговата смрт на 28 години, животот на номинираниот за Греми диџеј и продуцент Авичи се раскажува во нов документарен филм. „Avicii- I Am Tim“ сега се емитува на Нетфликс. Авичи, кој е роден како Тим Берглинг, го раскажува филмот преку архивски снимки. Режисерот на филмот, Хенрик Бурман, за „Билборд“ раскажа зошто ја раскажал приказната за Берглинг. „Кога решив дека ќе се раскаже оваа приказна, помислив дека можеби така ...
Финансискиот кварт на Лондон ги одобри плановите за облакодер од 73 ката што ќе одговара во висина со највисоката кула во Западна Европа. Предложената кула од 309,6 метри доби зелено светло откако претходно одобрениот план беше ревидиран „за подобро да одговори на потребите на канцеларијата по пандемијата“, соопштија од локалната власт во Лондон. Кулата ќе обезбеди 154.156 квадратни метри деловен простор, области за образование на децата на ...
Актерската двојка Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли нема да присуствува на годишната церемонија на доделување на Златните глобуси вечерва (5 јануари), поради правната битка на Лајвли со актерот и режисер Џастин Балдони. Рејнолдс (48) и неговиот колега Хју Џекмен, се номинирани во категоријата филмски достигнувања на овогодинешната церемонија. Џекмен, 56, исто така нема да присуствува. Одлуката на тројцата актери да не присуствуваат на церемонијата ...