Со новиот сингл „Сестро“, пејачката Александра Јанева го најави новиот албум, кој треба да излезе оваа година. Музиката, аранжманот и целосната музичка продукција се на Лазар Цветкоски, а текстот е на Луна. „Сестра е секоја жена која ти подала рака, секоја пријателка која ти помогнала да ја откриеш сопствената вредност. 2026 година целосно ќе ја посветам на оваа порака, ќе биде година во знакот на ‘Сестро’, исполнета со многу нова музика која ...

Поп-пејачката Ана Петановска ќе има свое шоу на Српската радиотелевизија, на третиот канал, кое ќе се емитува вечерва (30 декември) од 20 часот. Петановска ќе настапи со бенд од познати српски музичари во рамките на програмата „РТС Клуб“ со репертоар од светски поп-рок хитови, песната „Далечини“ (Даљине) од Маја Оџаклиевска и „За нас почнува живот“ од Даниела Панчетовиќ. Во чест на џез-пејачката Бети Ѓорѓевиќ, која е родена во Куманово, а ...

Актерката Марго Роби носеше ѓердан на холивудската легенда Елизабет Тејлор на премиерата на филмот „Оркански височини“ во Лос Анџелес. Вредноста на ѓерданот е 8,8 милиони долари. Новата филмска адаптација на книжевниот класик на Емили Бронте е во режија на оскаровката Емералд Фенел, а главните улоги ги играат австралиските актери Роби и Џејкоб Елорди. Роби носеше фустан од „Скјапарели“, дијамантски обетки од „Лорејн Шварц“ и голем ѓердан во ...

Џенифер Греј ќе ја повтори улогата на Бејби (Френсис Хаусман) во продолжението на големиот хит од 1980-тите, „Валкан танц“. Сценаристка на новиот филм е Ким Розенсток, а продукцијата се очекува да започне подоцна оваа година. „Улогата на Бејби има многу длабоко и значајно место во моето срце, како и во срцата на толку многу обожаватели. Долго време се прашував каде би можеле да ја најдеме Бејби години подоцна и каков би можел да биде ...

Влатко Стефановски ќе добие награда за особен придонес во хрватската музика на 33. доделување на најважните хрватски музички награди „Порин“. Настанот ќе се одржи на 27 март во салата „Грипе“ во Сплит. „Оваа награда го препознава неговиот исклучителен уметнички опус кој ја обликуваше регионалната музичка сцена, вклучително и хрватскиот културен простор. Стефановски е уметник чие творештво ги надминува границите на една средина. Неговите ...

Влатко Лозаноски-Лозано премиерно ја објави новата песна „Купи ме“. За песната е снимен и видеоспот, за кој поп-пејачот вели дека визуелно ја надополнува музичката приказна. Во спотот, покрај Лозано, се појавува и манекенката Марта Михајловски. Видеото е во реализација на Гордан Божиновски, а продуцентка е Верица Донев-Божиновски. „‘Купи ме’ е стил на песна што најмногу ја чувствувам и ми ‘лежи‘“, вели пејачот, кој се подготвува за неговиот ...

Владо Јаневски и Бајага ќе одржат заеднички концерт на 14 февруари во Скопје, во салата „Борис Трајковски“, во организација на „Авалон“. На прес-конференцијата денеска (28 јануари) во Скопје, и двајцата рекоа дека се знаат долго време, а се запознале на почетокот на 1990-тите, кога Јаневски го снимал првиот соло албум. „Слушнав дека има некој дечко од Скопје кој прави фантастични текстови и кога дојде кај мене во студио, знаев кој е. ...

Добитникот на Златниот лав на Венецискиот филмски фестивал, „Татко, мајка, сестра, брат“ на Џим Џармуш, од 29 јануари ќе игра во скопското кино Синеплекс, а од 9 февруари во Кинотеката. Дистрибутерот „МЦФ мкд“ најавува дека ќе игра и во Киноверзум во скопската Општина Кисела Вода и во Центарот за култура во Битола, но термините ќе бидат дополнително објавени. „Татко, мајка, сестра, брат“ е хумористична драма на Џармуш, еден од најзначајните ...

Сидни Свини и официјално влезе во светот на модата откако го претстави својот бренд за долна облека „Сајрен“ (SYRN). Оваа колекција претставува нејзин премин од актерка во претприемачка, а како модел на линијата „Romantic“, Свини стави и личен печат на премиерата на брендот. Таа го најави брендот на контроверзен начин откако закачи парче долна облека на култниот знак Холивуд. Како единствена основачка на брендот, Свини има преземено практичен ...

Музичкиот фестивал „Скрим“ годинава ќе се одржи на 7 ноември во салата „Борис Трајковски“, објави продукцијата „Прагма“. Главна ѕвезда ќе биде шкотската пејачка Емели Санде, која за првпат доаѓа во Македонија. „Концертот на Емели Санде во Скопје ќе се реализира во рамките на ‘Скрим фестивал’, кој ќе вклучи и други внимателно одбрани музичари“, велат од „Прагма“. На претходните изданија на фестивалот настапуваа групи и музичари од Македонија и ...

„Француски вагони“ e новата песна на поп-пејачот Александар Тарабунов-Тара, која е промовирана на дигиталните платформи. Тарабунов е комплетен автор на песната – музика, текст и аранжман. Спотот, кој е снимен во центарот на Скопје, го снимаше Владислав Гавриловски. „Песната ја направив за една недела, музиката, текстот, аранжманот, придружните вокали, главниот вокал, продукцијата, сѐ. Инспирацијата си дојде природно, без да мислам на нешто ...

На 29 јануари од 20 часот, Филхармонијата ќе го одржи концертот „Небо без војни“, на кој премиерно ќе го изведе вокално-инструменталното дело „Вооружениот човек (Миса за мир)“ од британскиот композитор Карл Џенкинс. Диригент е Сашо Татарчевски, настапува и хорот „Про Арс“, а солисти се Mартина Георгиевска, Ана Ценевска-Мучева, Емили Христоска, Исабела Димовска, Дејан Симоски, Мартин Блажевски и Месут Куртис. „Напишано по повод милениумот и ...

Документарниот филм на Тамара Котевска, „Приказната за Силјан“, е дел од филмовите кои ќе играат во Кинотеката во февруари. Февруарската програма го вклучува и новиот филм на независниот американски автор Џим Џармуш, „Татко мајка сестра брат“. Европската селекција ја проширува програмата со филмовите „Љубовта што останува“, „Луда љубов“, „Двајца обвинители“, „Приватен живот“ и „Ромериа“. „Посебно значајна е програмата за најмладата публика, ...

Пионерите на електронската музика „Крафтверк“ се враќаат во Скопје по осум години пауза. Откако претходно одржаа распродадени концерти на Скопски саем и во арената „Борис Трајковски“, овојпат ќе настапат на отворено, во рамките на Скопје колинг. „Авалон“ објави дека следниот скопски концерт на легендарните Германци е на 25 јули на Стадионот на АРМ во Градски парк и е дел од новата турнеја „Мултимедија“. „Крафтверк“ се основани во 1969 година ...

Млади пејачи и музичари настапија вчера (25 јануари) во спомен-куќата „Тодор Проески“ во Крушево на одбележувањето на денот кога Тоше Проески ќе наполнеше 45 години. Песни од Тоше пееја Ребека и Леона Јанкоски, Кирана Ивановска, Дорис Димовска, Марија Аличанец и Јана Мрческа. Покрај музичкиот дел, беше промовирана и книгата „Душа остана“ од младиот автор Бојан Тодоровски од Битола. Книгата е насловена по една од песните на Тоше. „И по толку ...

Двете номинации на актерката Ема Стоун за филмот „Бугонија“ ѝ овозможија да сруши еден од рекордите на холивудската легенда Мерил Стрип. На 22 јануари, Стоун доби номинација за најдобра актерка за улогата во трилерот, а истовремено е и една од продуцентите на филмот, кој е номиниран за најдобар филм. Стоун, на 37 години, сега е најмладата жена во историјата која добила седум номинации за Оскар во текот на својата кариера. Стрип претходно го ...

Роби Вилијамс ги надмина легендарните „Битлс“ откако стана музичар со најголем број албуми на првото место во историјата на британската топ-листа. Албумот на Вилијамс, „Бритпоп“, кој излезе на 16 јануари, е негов 16. албум што го зазеде првото место во соло кариерата, која започна во 1997 со „Life Thru A Lens“. „Ова е неверојатно. Апсолутно неверојатно. Едноставно е фантастично тоа што се случи. Се чувствувам како Форест Гамп на ...

Филмот „Меланија“ за првата дама на САД, Меланија Трамп ќе има светска премиера на 30 јануари. Филмот го документира нејзиниот живот во 20-те дена пред втората инаугурација на претседателот Доналд Трамп. Вечерва (24 јануари) во Белата куќа, ќе има затворена проекција и тоа ќе биде првпат претседателот, нејзиното семејство и блиските пријатели да го погледнат филмот во целост, изјави Марк Бекман, надворешен советник и агент на првата дама. ...

На 27 март од 20 часот во Филхармонијата ќе се одржи концертот „Миланова игра“, во чест на Милан Завков, врвниот инструменталист и композитор, првенецот на Националниот ансамбл „Танец“ кој почина на 7 февруари во 2023. „Овој концерт има за цел повторно да го приближи неговото творештво до публиката преку современи музички интерпретации што ги спојуваат традицијата и современиот израз, при што делата ќе бидат изведени со камерен оркестар, ...

„Амазон МГМ“ објави трејлер за новата филмска верзија на Хи-Мен, во кој главната улога ја има англискиот актер Николас Галицин. „Господари на универзумот“ го следи мускулестиот херој со меч како се бори да ја спаси неговата планета Етернија од Скелетор (Џаред Лето). Во останатите улоги се Камила Мендес, Алисон Бри, Морена Бакарин, Идрис Елба и Џејмс Пјурфој. Филмот се развиваше од 2010 и откако смени неколку филмски студија, во 2023 беше ...

На 10 и 17 февруари, во камерната сала на Филхармонијата концерти ќе одржи Институтот „Фејмс“, составен од млади музичари од повеќе земји. Првиот концерт е насловен „Барајќи го грувот“, а вториот „Од студио до сцена“, двата од 20 часот. Првиот концерт е под уметничко водство на Даниел Роланд, реномиран холандски виолинист и професор на Кралскиот колеџ за музика во Лондон и се фокусира на процесот на трансформација на музичкото дело од ...

Раперот Раде Врчаковски-Врчак најави нов албум по 20 години пауза. Последниот албум го сними во 2006, а беше насловен „Во твоето срце“, според дуетот со дуото „ДНК“. „Албумот долго се работеше и би требало да излезе некаде на крајот од февруари или во почетокот на март“, ни рече Врчак и го најави дуетот со поп-пејачката Лара Иванова. „Снимивме преубава песна со Лара Ивановa, се вика ‘Те сакам’, а ќе ја посветиме на жените за да придонесеме во ...

Австралиската музичка легенда Ник Кејв ја доби првата номинација за Оскар. Тој е номиниран заедно со Брајс Деснер во категоријата најдобра оригинална песна како автор на музиката и текстот на песната „Соништа за возови“ од истоимениот филм на „Нетфликс“. За истата песна претходно беше номиниран и за Златен глобус, но изгуби од мегахитот „Златна“ од „К-поп ловци на демони“, која и сега е огромен фаворит. Во истата категорија е номинирана и ...

Дуото „Некст тајм“ десет месеци порано го најави својот концерт во Скопје, кој ќе се одржи на 27 ноември во салата „Борис Трајковски“. Организатор е продукцијата „Прагма“. „Со гордост ви го најавуваме нашиот концерт во Скопје, на 27 ноември во арената ‘Борис Трајковски’. Ова е вечер за сите генерации. За сите ‘некогаш’ и сите ‘сега’. За љубовта кон музиката. И за љубовта кон македонската песна“, велат близнаците Стефан и Мартин Филиповски. ...

Од вечерва (22 јануари) до 5 февруари во Скопје ќе се одржи зимското издание на Мрежата на фестивали на Јадранскиот Регион. Во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Македонија, беслатно ќе играат наградувани регионални филмови, во кината и онлајн. Вечерва (22 јануари) од 19 часот во киното „Синеплекс“ во Скопје, ќе игра „Мајка Мара“ (фото) во режија на Мирјана Карановиќ која ја игра и главната улога. Карановиќ ќе ...

Денеска (22 јануари) од 20 часот, оркестарот на Филхармонијата ќе одржи концерт насловен „Јинг-Јанг“, на кој како солисти ќе настапат врвниот виолинист Теди Папаврами (Албанија/Велика Британија) и пијанистката Маки Окада (Јапонија/Швајцарија). Диригент е Олси Кинами, а на програмата се увертира од операта „Крадливата страчка“ од Џоакино Росини, Концертот за виолина и оркестар бр. 1 во Д-дур, оп. 6 од Николо Паганини и Концертот за пијано и ...

Националниот џез оркестар ќе ја отвори годинашната концертна сезона на 30 јануари со концерт во Филхармонијата насловен „Национален џез оркестар со гудачки ансамбл“. Џезерите ќе настапат со гудачки ансамбл составен од музичари од Националната опера и балет. „Во овој редок и внимателно обликуван спој, оркестарскиот звук се проширува и продлабочува, создавајќи нова звучна димензија. Под диригентство на маестро Џијан Емин, ќе бидат изведени ...

Кантавторот Јон Ајди го објави новиот сингл „Знај го ова засекогаш“ (Know It Always), за кој вели дека е интимна и топла песна снимена за американската издавачка куќа „Нвак колектив“. „Оваа песна ја напишав во момент кога бев вљубен и навистина се чувствував сакан. Сакав да го фатам тој миг и да го зачувам засекогаш. За мене, тоа беше и момент на редефинирање на значењето на љубовта“, вели Ајди. Песната го најавува претстојниот албум, на кој ...

„Снежана“ и „Војна на световите“ добија по шест номинации за Златна малина, награди со кои се одбележува најлошото во Холивуд во изминатата година. За најлош филм конкурираат и „The Electric State”, „Hurry Up Tomorrow” и „Star Trek: Section 31″. За најлош актер се номинирани Дејв Баутиста, Ајс Кјуб, Скот Иствуд, Џаред Лето и пејачот Викенд, а во женска конкуренција оскаровките Аријана ДеБосе, Натали Портман и Мишел Јео, како и Ребел Вилсон и ...

Пред нејзиниот 80. роденден вчера (19 јануари), Доли Партон објави нова верзија на нејзиниот сингл од 1977 година „Light of a Clear Blue Morning“, во кој се учествуваат пејачите Лејни Вилсон, Квин Латифа, Реба Мекинтајр и Мајли Сајрус. „Првично напишана и снимена пред 50 години во 1976, за време на период на лична транзиција и обновен оптимизам, песната долго време стои како едно од најинспиративните дела на Доли“, се вели во објавата од ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
67%
1018
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
2.06
50%
1019
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
51%
1019
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
62%
1018
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
1.8
57%
1017
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
0.45
92%
1019
weather icon

Атина

19ᴼ / 14ᴼ
0.89
67%
1017
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
77%
1018
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
55%
1017
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
2.24
60%
1018
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 8ᴼ
0.89
51%
1020
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
5.66
70%
1019
Currency

61.635

Currency

52.6211

Currency

71.1326

Currency

37.7924

Currency

38.4589

Currency

66.6514

Currency

7.69643

Currency

0.69862

Currency

0.3297

Currency

0.52534

Currency

1.16849

Currency

0.55626

Сребро

2345.35

Алуминиум

3.58

Калај

50.51

Рутениум

52984.43

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Родиум

321507.47

Злато

148834.32

Паладиум

46007.72

Иридиум

253540.09

Платина

62758.26

Бакар

12.04